Сакам да кажам дека останав сама дома, секој со свои обврски. Усисав, измив садови, го чистев купатилото, ставив ручек да ми се пече. Сега си уживам во чисто, средено, со музика и прекрасен поглед од прозорецот, снежната постелана прекривка. Да ручам после, па ќе си уживам во некоја добра книга.
Убаво, кај вас снегче. Овде појужно малку вчера се стопи. Па во ред сега, колку и да има мене пак нема да ми е доволно. Никогаш не е доволно од снег. Овие последни денови од годинава ги поминувам радосно, исполнето со многу „последни“ работи. Како на пример, последниот тест за оваа година. Дури кога ја напишав датата, се свестив дека уште малку и нема да сме 2014, и дека повторно почнува тој процес на навикнување на новата година проследено со еден куп чкртање на местото за дата Се’ на се’, убаво ми е. Многу го сакам овој период, конечно можам да спијам, почнува распустот, насекаде украсено, накитено, елки, светилки, украси... Па и новогодишното купување колку го сакам. И тетка ми со братучедите си дојдоа, и како можеш да не си весел и среќен и само да се радуваш? Едноставно, периодов нема каде да се избега од среќата и насмевките, а тоа најмногу ме радува - позитивните и насмеани лица околу мене. Па девојки, што да ви кажам, гледам дека уживате максимално, а тоа е доволно.
Како што ветив дојдов да ве известам зошто ми беше потребна толку таа среќа Денов (28.12.2014) ќе го паметам како ден во кој го имав своето прво работно интервју и тоа на англиски...Супер поминав,тремата беше неизбежна,меѓутоа успеав цели 40 мин да зборувам и да успеам да одговорам на сите прашања,со оглед на тоа што одааамна не сум зборувала на Англиски,се ми беше сведено само на читање или слушање... Сега останува да чекаме дали во новата година ќе бидам вработена личност или не Во секој случај каков и да биде исходот ова за мене беше гоолем чекор напред,и бариера која успеав да ја поминам И да ве насмеам малку ми беше поставено прашање дали знам да пеам хаха Ви посакувам најубав ден феминки и секое добро
Моите нашле кај дрвата пиленце слично на врапче ,не знаеме каков вид беше.Го држев во раце прееска и открив дека е повредено,моите не забележале,го ставивме на топло бидејќи се тресеше,мајка ми го намачка малку со масло од кантарион бидејќи не знаевме како може да му помогнеме,но пиленцето почина,буквално во раце ми почина и толку многу ми е жал,не можам да опишам колку многу.Имав желба да го спасам.Уште повеќе се разочарав и така бев премногу поради тоа што гледам кученца не заштитени,гладни,смрзнати на улица,секој ден им даваме за јадење доаѓаат,ги галиме,им пружаме љубов колку што можеме,но не е доволно и самата помисла дека има уште многу такви души и во полоша состојба.Се надевам еден ден ќе ми се исполни желбата што ја имам поврзано со тоа,голема желба е тоа,огромна.Ќе ја споделам еден ден. Ви посакувам пријатен остаток од денот.
Знаете кое е поубаво чувство од она да ви крцка снег под нозете? Тоа е да ви гори асфалтот под нозете!
Како е можно снег од 15 см до 1 метар да предизвика колапс на Македонијава.Да се нема струја и вода со саати,да останат заробени луѓе цела ноќ по патиштата... Се прашувам што ако падне снег од 4 метри како во Јапонија што знае да нафрла.Па има да си приумреме од пуста неорганизираност. Срамота и тие што изигруваат величини и великограѓани и не ги интересира ништо подалеку од нивното дворно место(а кај некои гледам и во дворот) да не се фателе за лопата да зачистат пред нивните порти. Абе... Кризен штаб за опасност од снег во декември ?Ма јас би се тоа покрај ѕид да наредам и на сите по еден куршум.
животот ми се дели ма две големи дела : - очекувања - вистина можда премногу очекувам, па затоа и вистината знае да ме здоболи. од утре не очекувам ништо од никого - освен Новата година. Ама за оваа сум ептен сигурна дека ќе дојде.
Ако некогаш мислев дека стареењето почнува со неколку бели влакна кои стануваат побројни и со мали брчки кои ќе бидат позабележливи, чекорејќи кон четвртата деценија, тоа што некогаш го слушав, а денес го живеам ми создава реална перспектива да ги согледам убавите знаци на стареење, наспрема надворешниот изглед, а тоа се зрелоста, мудроста и смиреноста што ја добиваме на почеток на средовечноста, како и полесното прифаќање на нештата кои се дел од секојдневието. После толку трагања по омиленото парче, доаѓа момент кога размислуваме модерната облека да ја замениме со удобна, па високите потпеци ги чуваме за "вонредна ситуација". Не му се восхитуваме на новиот сервис за кафе како порано затоа што не ни предизвикува задоволство. Тоа што не прави среќни е мигот кога низ аромата го проголтуваме секој убав збор споделен со стариот и добар пријател и низ искрената насмевка чувствуваме дека ништо не се променило меѓу нас. Ако некогаш можевме да изгубиме неколку часови за ноќни излегувања, сега секоја минута помината со семејството е драгоцено време кое не се враќа. Иако партнерот има навики кои тешко ги прифаќаме, сепак нашиот однос е прекрасен и со него животот е поубав. И вистинска предност е кога имате некој што ќе ве сфати дека не дошол крај на светот ако викендот го поминете дома. Кога ќе ги сумираме предностите, а ќе ги занемариме негативните страни на едно изминато време, мирот и спокојството ни помагаат да воспоставиме хармонија којашто претходно била само недопирлива желба. П.С. Чувството е прекрасно кога има на кој да посакаме добра ноќ, а задоволството обострано кога ќе го споделиме вкусот на утринскиот појадокот.
денес ми беше многу лош ден ми го украдоа телефонот што едвај го купив,мислев ме удри шлог и сеа незнам што да праам.Цел ден по станици се влечам и ако не ми го најдат е тогаш стварно незнам шо ке праам
Пројде, пројде и испитот Ама, цел божји ден отсабајле до сега чекавмо :/ права тортура Леле сега дома што попрво, дал колачи, дал да китим, дал украси да праем, дал да спием зош само 10 мин поспав ноќеска...жими спиењево
Некои луѓе зборуваат ко душата да им е в грло собрана и мислиш ако ги допреш ќе се распаднат, а посилни се од тебе верувај!
Епа, ги изненадил снегот. Очекувале топла зима, налик на лето. Не знам вие што си мислите, дека се одма ќе биде средено, па не може тоа да биде, па нема да биде интересно без колапс. Морам една доста морбидна метафора да употребам тука. Некој кој е со едната нога во гроб подолго време, ама кога ќе почине сите сепак се изненадуваат. Епа така и со снегов. Според прогнозите се очекува, ама кога ќе падне пак сите се изненадени. Да, знам, морбидно, ама изгледа само такви придавки ни ја опишуваат ситуацијата во земјава. Јас и покрај снегов и студот добро се држам, не се жалам, како храбар војник продолжувам понатаму со марширање. (Да, знам дека споредбите не ми се на место, поготово што не сум мрднала од дома по студов, а не па некакво си марширање, или пак споредбава со војник.) Не се жалам најмногу поради тоа што се плашам да не му скисне веќе на маж ми и да ме исфрли надвор на снегот ко куче да смрзнам. (Освен ако не сум некое вакво Спојлер , тогаш нема да имам гајле.) Леле, колку забегав, ко баба некоја кога ќе почне едно што да зборува и завршува со приказна од раната младост. Да одам си плакнам очи со серијата најубаво ќе ми биде.
Замисли дека си жаба што се вари. На почетокот водата е млака и неа и е пријатно, бидејќи може да живее и во таква средина. Малку по малку се грее водата, ама тоа оди толку споро што таа постепено се навикнува и не ни забележува дека водата се стоплила толку многу што на крај умира затоа што се сварила. Епа така и кога не обрнуваш доволно внимание на здравјето и малку по малку го уништуваш до степен кога нема назад.
Inzvonredno, izvonredno, izvonredno. 100% se slozuvam so ova. Iako clicnav mi se dopaga, nemozev a da ne te pofalam. Ima li poubavi godini od nasite. Jas velam se dosega bese samo ucenje, a od sega pa natamu e ziveenje.
Леле ќе дојде Нова Година, а јас не добив пакетче од Краш. Минус за мајка ми! Месецов толку брзо ми помина што сега дури се свестувам дека задутре е Нова Година. Неможам ни да си ја сумирам 2014 година. Имав премногу ups & downs. Лекциите научени, само на потешкиот пат. Ха, па да тоа сум и јас зошто да биде едноставно кога може комплицирано. Ќе гледам да го поправам тоа во иднина за да си го олеснам животот. Помалку стресувања за глупости и небитни луѓе. Викендов непланирано се подновив за Нова Година- кога читам временска прогноза -17C Whatt?! Се е спремно уште расположениево да си го поправев- ама ке биде и тоа! Знам дека буквално на 31ви попладнето ке ме фати новогодишна еуфорија. Смешни ми се луѓето што си ветуваат работи што нема никогаш да ги исполнат, па чекаат од Нова Година за да свртат нова страница. Нешто од типот на New resolution. Па ај коа веќе спомнав да си ја пишам мојата New resolution for 2015 ќе ми биде помалку да користам интернет. Останете ми поздравени!
Официјално мислам дека не постои човечко суштество што се движи побавно на снег од мене. Па и ова времево, без усул бе... треба некаква најава за паѓањево снег за нас изненаџени Скопјани што по слободна проценка и колку што ме држи меморијава, сигурно едно 2 години не сме виделе нешто поасално од шљаканици, шо не е јасно тука? И така, денеска ако видовте некоја, најпретпазливо што може (читај во ultimate желка стајл, као на минско поле ) да поминува и најмалку сомнителен за лизгање пат, можда сум била јас. На цела беља, како бонус ми се нацртаа и две растрчани кучиња на пат накај автобуска, па јас, докажана прпаџика на квадрат, фаќам цела обиколка по друг полукружен пат. Абе да беше ситуацијава навечер и викендски, гарантирам дека некој што би ме видел, би помислил дека сум пијана. Е затоа, затоа не сакам снег у никаква ситуација кога треба негде да стигнам на време (без разлика дали со рок од поозбилна причина, или едноставно оти сум таков тип што не сака да касни), уште помалку па комбинација снег + потреба од автобус за да стигнеш некаде. Само хибернирање дома до прозор или пак убер опуштена долга прошетка во која го пушташ мозокот на пасење, уживаш во пејзажи и во крцкањето на снег под нозе не мислејќи на ништо друго, само тоа ми долази у обзир. А уствари, што уште сакав да кажам... а да, да напоменам плус детал - ако видовте некоја при горенаведениот опис на ситуација, дискретно да вади мобилен да фати по некое избелено дрвце, е тоа дефинитивно сум била јас. Добро прочитавте, ај што ми беше achievement на денот да не се истресам некаде, туку на цел памет пак мора да се фати нешто од зимската идила. Ова као враќање од реалноста во зимското уживање... Мислам, I can't help myself, шта још речи... Отидов јас да се топлам на резервирано местенце покрај прозорец и парно, со кафе и книга... Ајт поздрав!
Спешлке, имат и лек за тоа, шо го секираш, скиите со тебе, опремата и стартувај, за секунда секаде ќе стасуваш не мора само на планина да скијаш
Да се надоврзам.. Сега наместо Новогодишни филмови даваат криминални емисии, глупави Турски и Индиски серии.. До сега ниту еден Новогодишен филм не сум сретнала на нашиве Македоски програми, се е вести, политики глупости... ми фали тоа време кога бев мала и недела дена пред Нова Година секоја вечер уживав со убаво филмче и чајче
Излишно е да кажам дека временската прогноза не ми се допаѓа, па затоа си самопрогласив кризна состојба поради МРАЗ и до Нова година одбивам да штрапнам преку прагот. Им свикувам на домашниве ако пробаат да излезат, закани од типот - САКАШ ДА СКРШИШ РАКА???????? ААА?? НОГАТА ЛИ?! Е АЈ ОДИ ИСПАДНИ И ОТЕПАЈ СЕ!!!!!!!! - за да ги спречам и нив и да ги повлечам во евакуација со мене. Проблемот е што најверојатно и на Нова година ќе има мраз, а како ќе го изведеме цупкањето со тоа сукњичето што планирам да го носам из јет ту би син. Не дека се припотресавам како ќе изгледам, ама моиве паѓања се обично со трагичен исход, не би да се расчепатам некаде сред град. Плус оваа снага да тресне некаде, леле... Од годинава што идее, генијална да ни биде, немам апсолутно никакви очекувања. Евентуално да се омажам во Америка. За дочекот, само очекувам да има добро вино некаде во близина, некое високо столче да приседнам кога ќе ми ску*чи, дека нели се мењава месечината, се мењавам и јас, нешто како женски врколак, добра музика, може еве нешто мезе, за да си се опрчам и да си пијуцкам винце на раат, без многу да ме замара некој. Планот е тој, ќе видиме што ќе испадне. Некако не ми се замара многу многу со било што, оу вел, стандард сите тропаат глупости, стандард од глупост во глупост се влетува со стотка на саат, не знае човек веќе ни што да каже ни па да искоментира. На крај, ново-стара тактика, безобразен биди максимално, одма си ги редиш работите во животот ко што треба. Мразам, али шта чеш, ќе те изедат за појадок иначе и ќе те искакаат пред спиење. Искрено повеќе се радувам за Бадник и за Божиќ, наредниве неколку дена, повторно имав чест да си самопрогласам распуст,, нема веќе обврски, барем не многу големи... изнасимнав серии, веќе тоа апликацијата ми се збрлаве, некои 1300 саати имам минато во гледање серии, а тие 5 што ги имам изгледано којзнае колку пати, па Пријатели само ги прегледувам еднаш годишно. Оди жено, рипни си од некаде, ама шта чеш. Занимација. Па книгиче, па домашен спа-центар, памперинг малце, , мада што некна убаво си поткинав кожичка со моето памперинг, налет... па нешто да се апне, па ишлери, мојата новопронајдена пасија, па оп мешето рипнало...... Ветувам дека откако ќе поминат празниците ќе пробам да телото од бизон ми премине во она на бештија, (зборов ми е многу смешен), мора да се пази. Треба ли да ме мажите, ааама па... А ноќеска, ќе спијат изгледа мачето и кучето заедно, е до толку е ладно. Јас дури и ролче облеков и дебели чарапи.(