Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    12.629
    Пол:
    Женски
    ...седам вака на фемина,си ги читам мислењата и се потсеќам на сите убави и по малку лоши моменти од 2014г. Се на се беше супер година,секако дека можеше да биде и уште подобра, но што е тука е, нема назад. 2014 година би ја поделила на 4 дела: првите 6 месеци од почетокот на годината бев најсреќната и најисполнетата девојка на оваа земја планета. Летав. Немаше посреќен човек од мене,имав се што сакав и се што ми беше потребно. Потоа во следните 3 месеци бев среќна, но не и исполнета т.е не бев среќна како порано,не на ист начин.Октомври ми беше најлош месец,поминав низ многу тежок период кој за среќа брзо го надминав. И последните 2 месеци ми беа исполнети со многу стрес, но за среќа и со многу смеја и радост. Конечно после долго време се почувстував онака вистински исполнето.:inlove:
    Оваа година ќе ја паметам по многууу убави работи,година во која бев вистински среќна,имав добри оценки итн итн. И сега девојки одам да почнам да ја читам книгата која долго време стоеше на полицата поради обврски,конечно им дојде крај и сега е време за максимално опуштање и релаксација. Ви посакува среќни празници на сите,најубав помин на нова година иии тоа. :*
     
    На SparkyAngel, Lella и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Денеска снегот ме потсети на многу убави и стари моменти.На детството и детските игри.:inlove:
    И денеска решив повторно да бидам дете и да ги играм тие снежни игри.:wasntme: Повторно да се радувам правејќи стапки и ангелчиња по снегот,повторно да гаѓам со снежни топки и повторно и повторно да се навраќам на детството.^_^
     
    На sweet-cherry, eliesaab, SnowWhite8 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Се е затрупано со снег а тука сув студ....|(
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Во животот како што имаме падови, така имаме и успеси.
    Сега си највисоко, утре си најниско.
    Затоа никогаш не треба да се лета многу високо, ама баш никогаш, не знаеш што те очекува утре!
     
    На Mama25, SV1911, Kala22 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.546
    Допаѓања:
    184.459
    Пол:
    Женски
    Оваа година ја заокружувам со Солун. Белград и Солун за супер крај на 2014.. и се радувам на новите патувања планирани за 2015.. :)
    Нема да пишуем реферати за него.. доволно знаете.. можеби и премногу :$8)
    Убаво ми е..после долго време, и се радувам што во новата година влегувам со многу нови почетоци.
    Но и покрај се..сеуште се радувам на ситници, плачам за безвеза, се нервирам за безпотреба и се смеам ко ретардо на глупи ствари..

    Малку подранувам но користам шанса да ви честитам на сите Нова Година! Да го имате она што го сакате секогаш на дофат, а доколку не е така секогаш обидувајте се да се изборите за она шо го сакате зошто ако вие не го напраите тоа, никој друг нема да го напраи за вас. И најбитното, бидете среќни, зошто на никој не му е гајле ако не сте!!

    Имајте прекрасни денови, исполнети со многу хармонија и љубов :) аааа да, и алкохол!! За полесно да се пребродат ниските температури :rofl:
    Топли прегратки до сите, за студените денови што ни престојат :hug::hug::hug::hug::hug::hug::hug::hug:
     
    На SparkyAngel, Mama25, Giovanna и 15 други им се допаѓа ова.
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    35.183
    Пол:
    Женски
    Те сакам. Ми го направи животот како на бајка. - ми рече и ме прегрна силно.

    Чувството кога на некој му значиш и е среќен што те има во неговиот живот е неверојатно. Во неговите очи гледам среќа и љубов. Почна да плаче од радост кога ме виде после 10 дена.
    Тоа е љубов, детска љубов.. ако можам така да ја наречам.
    Го сакам, го сакаааааам!!!
     
    На SparkyAngel, Mama25, Ivy89 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Не сме свесни дека не ни треба оружје за некого да раниме доволен ни е јазикот и острите зборови.
     
    На Abeja, Madam-A, Mama25 и 13 други им се допаѓа ова.
  8. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Ех,и Нова Година дојде ! :x
    Колку бргу лета времето.А јас стојам во едно место,истата јас и фантазирам за некои недостижни работи.

    И кога ќе размислам,што сум направила јас оваа година?
    Хмм,епа ништо :D
    Цело лето го поминав лежејќи по дома,се досадував,чекав да излезе некој нов филм или серија.Потоа изгледав околу 1000 серии :~::worried:
    Од дома не излегов,а и немав со кој да бидам искрена,ја чекав другарка ми која беше многу далеку од мене.
    Ама добро се зачленив на фитнес,изгубив неколку кила,ама сега како што јадам пак ќе ги вратам.
    Ова со фитнесот ми беше единствена активност за цела година,верувајте :$
    Запознав нови другарки,но исто така и загубив неколку,и за тоа ми е многу жал.Навистина ми недостигаат.
    Се изглупирав безброј пати,понекогаш плачев,понекогаш се смеев.Имаше моменти кога ги сакав сите,а имаше и такви моменти кога ги мразев сите :D

    Каква ќе биде 2015 за мене,навистина не знам.Ама сакам да променам нешто,да постигнам нешто,да доживеам нешто големо,и нормално да бидам среќна.Барем се надевам!

    large (3).jpg
     
    На sweet-cherry, anina, Sunshine.Sunshine и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Бегајте дами и господа од одвратново мочуриште. Ако не за ваш личен просперитет тогаш за оној на вашите деца. Бидејќи и по дваесет години во оваа земја сеуште ќе се расправа за името, за идентитетот, за странски инвестиции и за тоа колку е розово. И тогаш ќе цвета корупцијата и тогаш идиотите ќе управуваат и тогаш вашите деца ќе бараат вработувања за 150 евра месечно и тогаш нема да има надеж.
    Ако имате прилика бегајте што поскоро. Ако нема пронајдете ја. Ако не успеете од прв пат, пробајте пак. Ако не успеете ни тогаш пробајте по трет пат. И четврт.
    Имајте ги во предвид вашите родени или сеуште неродени деца.

    Можно е ваков пост да звучи патетично и песимистички, но ако пред дваесет години постоеле форуми и некој напишел ваков пост - што би му одговориле сега? Дека не бил во право?
     
    На Abeja, SparkyAngel, MacenceEna и 17 други им се допаѓа ова.
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    Некои личности ќе влетаат во вашиот живот кога најмалку очекувате. Ќе ви направат хаос, измешани чувства, ќе ве натераат да се прашувате дури и за вашите најдобрите одлуки во животот што сте ги направиле.Ќе ве дигнат високо, ќе ве треснат од земја, ќе си ги истресат рацете и ќе си заминат.
     
    На Madam-A, marama, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  11. ViktorijaG

    ViktorijaG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2014
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Насловот на темава ме потсети на една песничка измислена од мојата најсакана личност на светот кога бев мала, беше нешто вака:

    Сакам да кажам
    да се има мир во светот
    како птиците во летот.

    Сакам да кажам
    како и Бог што кажал
    да се сака и љуби
    за да не се изгуби.

    Песничкава беше подолга, но толку паметам. Хахаха поздрав
     
    На Dream-Girl, Tumblr.123, Daydream и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.542
    Допаѓања:
    55.330
    Пол:
    Женски
    Од денес сум на диета, односно веќе бев цел ден на овошје и зеленчук, утрото го започнав со кафе и со овошје, не ми требаат многу кг за слабеење ама морам да намалам, знам дека сега се празници ама се колнам ќе се трудам да се хранам здраво и да конзумирам помалку од оние слатките и мрснички работи кои веднаш се таложат на стомачето :D:D:hug:
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Жена може да биде многу рационална во пакување, ако знае дека постои можност сé што си спакувала да носи на грб и да пешачи по планина низ снег. Кога ќе си го замислиш теренот и временските услови, сфаќаш дека торбата ти е преполна со непотребни работи. Прво се почнува од редуцирање на облеката и се зема она што е минимално потребно, зашто мода на планина не се тера. Важно е да е удобно и топло.
    После се преминува на приборот за лична хигиена - собираш мали шишенца со шампон и гел за туширање довлечкани од некој хотел, кесички со регенератор извадени од кутиите со фарба за коса, примероци од паста за заби земени од некој штанд на Колгејт, па мали кутичиња со креми извадени од списанија и voila - сепак било возможно да се сместиш во ултра мал несесер, а да имаш сé што би ти било потребно.

    Снегот не ме плаши толку како мразот и оние големи кривини. Со Господ напред и четири отворени очи, полека ќе тргнеме. Никаде не се брзаме. Па и денов убаво почна, со сонце :sun:

    Вам ви посакувам убав дочек на новата година. Пречекајте ја со алкохол по вкус ;) Ако ви била убава - наздравете и посакајте си уште поубава година. Ако ви била лоша - напијте се за да ја заборавите оваа што поминала.
    [​IMG]
     
    На Abeja, ana-girl, sweet-cherry и 33 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.751
    Пол:
    Женски
    Секогаш за време на овие празници еден дел од мене е баш уплашен ,разочаран и тажен.Најмногу во луѓето,пријателствата.И немам сила веќе да простувам и да си велам нема врска.
    Душава секојдневно ми плаче за една пријателка, на другата и кажав што мислам.Некако подобро ми е сама отколку со лажни пријателства.Боли кога ќе сфатиш дека некој вопшто не те ценел,те користел за некои свои цели и посакувал да се свиткуваш на лично поставени правила .Што ќе ми се такви?
    И што да правиме со блиските роднини кои се однесуваат ладно без причина и не умеат да направат два реда нормален муабет.До кога мора да бидам љубезна и фина,а да не морам да заврескам од мака.
    Си ја гледам Христовата икона и го замолив да не ми дозволи да станам таква.Да не станам негативна и огорчена и да ми го покаже излезот.
    Одговор се уште немам.
    Можеби одговор е ова сонце кое блеска,
    Или купот алишта кој ме чека.
    Или рецептот за свинско печиво со модри сливи и кајсии кое планирам да го правам за Н.Г, на планина.
    Или интересната порака која ја добив на фб од потполно непозната личност со големо срце.
    Можеби вие сте одговорот.
    Можеби нема одговор.
    Да ги прежувеам празниците ,да се исполнам со надеж мора во нешто да верувам.А како поинаку?
    Не го знам одговорот.
     
    На SparkyAngel, sweet-cherry, tweety26 и 24 други им се допаѓа ова.
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    ,,Соблечи ме'' Врескаше под гнилото бронзено платно кое го обли во тишина, и му изрече молк.

    ,,Сакам да крварам, струјам, патувам'' Ги слушав неговите бунтовни одзиви под утопичната празнина која тлееше пригушено под духот на традицијата.

    Молкум набљудував како му ги обуваат тромавите чевли, за да не може да диши низ своите шкрги и слободно да се препелка така соголен.

    Сакав да му помогнам, ама не можев, неговите браќа - црните оџаци тргнаа со копја да ја угнетат мојата заложба.

    Драго Скопје, во мојата меморија секогаш ќе бидеш отсликан во весела сепија.
     
    На SparkyAngel, Ivy89, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Дете на тете ќе биде на зимски распуст кај тете.
    Посреќна?
    Не можам да бидам!!!
     
    На kala21, tweety26, Dream-Girl и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Ane.a

    Ane.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Браво за дечково :)
     
    На Ivy89, anina и Kala22 им се допаѓа ова.
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.532
    Пол:
    Женски
    Почнав да размислувам за стравови. Бев плашливо дете.
    Најголем страв ко мала ми беше дека откако ќе умрам, телото ќе ми биде мртво, ама ќе продолжам да размислувам и да бидам свесна, засекогаш.
     
    На sweet-cherry и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  19. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Чувствувам дека нешто од внатре ме стега.Не ми дава воздух,ме гуши, притиска, предизвикува немир од кој крвта ми се заледува.Се плашам од самата себе а после од другите.
    Не ми се враќа во минатото,ниту ми се мисли на иднината,но не сакам ниту да тапкам во место.
    Знам дека се тече и се се менува , па така и ние.
    Подобро е човек , никогаш да не размислува да смени нешто.Така се мачи до недоглед.
    Дали маката се исплаќа, никогаш нема да дознае.
    Важно е , дека е начисто сам со себе.Се обидел барем, само тоа е важно.
    А животот, тој се состои само од обиди.
    Наважен од сите е оној да се обидеш да бидеш само еден обичен човек.
     
    На tweety26, Teodora*, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    44.398
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сум збунета,позбунета никогаш не сум била.Чувствувам дека ми треба промена,а се плашам од промени. Многу дијалози не се остварија.Многу нешта останаа неискажани. Многу нешта треба да бидат прекинати,еднаш засекогаш,но немам сила да го поднесам крајот,каков и да е. Стравот е она што ме држи назад и не ме пушта. Однадвор можеби изгледам смирено,но во мене има бура од измешани чувства. Дури не знам ни како да се искажам.

    Можеби некому ќе му изгледа смешно малку,но се чувствувам буквално како во видео игра. Бегам од чудовишта кои во овој случај се моите стравови,сите оние проблеми...Бегам,упорно бегам,а тие ме следат.На патот има многу препреки,постојано се сопнувам и тие чудовишта се' повеќе и повеќе се приближуваат кон мене.А дали ова има крај? Дали некогаш ќе успеам да ги поминам сите тие препреки и да избегам од сите стравови и проблеми? Ми треба храброст,ја немам доволно.

    Во последно време, секој ден се' повеќе размислувам. Милијарда мисли низ глава ми поминуваат, постојано ги анализирам нештата и настаните,влегувам во лавиринт и заглавувам. Размислувам и таман кога ќе си помислам дека стигнав до крајот,пак на почеток се враќам,без заклучок. И се така во круг. Ми треба одмор од се',камо да можеше мозочево да запре барем на 1час,да се опуштам како човек. Упорно мислам на минатото,а знам дека не треба,било и поминало,нема веќе назад,а помислата на иднината уште повеќе ме заплашува. Моментално мозокот ми е баш како на сликава,работи 200 на час,24/7,нема пауза. :|
    [​IMG]
    Чудно е и тоа колку моите блиски мислат дека ме познаваат,а е баш спротивно.Не можам да се изначудам,имаат скроз различна претстава за мене,ни малку не ме познаваат. Туку,доста тропотам глупости,избегнувам да пишувам овде оти во последно време не ми е баш-баш,а не сакам да ширам негативна енергија. Само се надевам дека ce' ќе биде во ред. Единствено надежта остана.
     
    На SparkyAngel, sweet-cherry, tweety26 и 9 други им се допаѓа ова.