Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    24.354
    Пол:
    Женски
    Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2015!
    На сите ви посакувам мноооооогу здравје, љубов, среќа, радости и исполнети желби!!!

    Јас одамна сум down со расположението, а посебно сега околу овие убави празнични денови ми фали моето семејство. Ми недостасуваат пржените лепчиња на татко ми, шегите на брат ми и муабетите со мајка ми. Како наближува мојот омилен ден во годината, Бадник, така станувам се потажна и подепресивна.

    Нели велат дека што ќе правиш на Игнат, цела година тоа ќе те следи - тогаш мене само солзи ќе ми течат ако е точно ова...

    Едвај чекам да си одам, ама не само на два дена како секој викенд, туку да си заминам од овде и да не се вратам додека не дојде вистинското време.

    Знам дека е период на славење и радости, ама мене воопшто не ми е дојдено до тоа. Секогаш кога размислувам за тоа како ми помина 2014 година, се растажувам и тешко ми паѓа за погрешните одлуки кои ги донесов.

    Се надевам дека оваа година повеќе ќе го слушам раузмот, а не срцето... Можеби тоа е лекот за среќата..
     
    На Annath, marama, Lella и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Ова е тоа ,упорност и среќа .Доволно добар мотив за успех

     
    На Lella, mileystar, Dream-Girl и 9 други им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    штотуку ведов дека еден дечко по кој што лудував лани станал доктор:rofl:
    типот е манекен работи како чувар ама ете сликан со две колечки во бел мантил деме јас сум докттор:^):rofl:
    едвај чекам по трет пат да ни се вкрстат патиштата па малце да го зезам:mm:
     
  4. zhirafa

    zhirafa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    Ме инспирираше рекламата за кока кола :D Ама решив барем месецов секој ден од него да го искористам за да направам некого среќен. :)
     
  5. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Од километар можам да познаам кој сеуште е на своите почетоци во шминкањето:D
    НЕ БЛЕНДИРААТ ! И ова не пошто јас сум многу профи , туку си знам и јас како изгледав на времето.Кога ќе ја видам таа црна строга линија не исенчана ми се превртува све и си се тешам Ларо никој не те памти ваква , што убаво што си почна рано да се шминкаш , да не шеташ сега таква :P Па кога ќе ми текне и каква промашена нијанса на руменило користев, срам ми е , сега ми е срам за тогаш , тогаш толку сум разбирала:( Во далечното ми 7 одделение беше тоа...Криминално изгледав, имаше тука и неколку промашени пудри, додека да сфатам дека користев пудра за сува кожа, на мојата тогаш пубертетска мошне мрсна Т зона, може ми требаа 3 години (facepalm):fubar::swear:

    И се можам да си простам ама кога ќе видам дека не сум блендирала дури сега ми е криво! И никој да не се сеќава на тоа мене ми е криво.

    Наравоучение: Блендирајте, инаку еден ден ќе се каете како мене :makeup:
     
    На glosipgirl, Monna.Monna, MiaNmaR и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Не знам за други, но сум против облекување на кучињата, кај има крзно, уште и облека на него, тоа како да облечеш две јакни и да те фати склет.Природата им дала крзно, сигурно не за џабе.Особено не ми се допаѓа кога ќе видам,како и шепите им ги облекуваат (facepalm) Бидејки ми изгледа како да им е терет тоа на животните, како да ги гуши едноставно.
     
    На eliesaab, Anabelle.Amorette, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  7. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Среќна Нова година драги луѓе, оваа година да ми бидете сите здрави весели насмеани и безброј убави моменти да си дочекате.:P:hug:
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    А мор види надвор Сибир е,ќе измрзнат душичките :D
    Шала настрана,и мене ми е грдо,они си се убави како што ги дарила природата,со крзно и шепички,со нивната природна боја.
    Оние што ги облекуваат,повеќе им е да привлечат внимание,отколку за доброто на животното,барем мое мислење е тоа.
     
    На eliesaab, Lella и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Дека овој татко ми многу се занесува во последно време. Гледам филм, иди и ми го трга кабелот од лап-топов без никаков збор и знаеш јас...wtf??? И овој ми вика шо ме гледаш така? И продолжува да ми се дери како од планина слезен. Како јас сум немал почит, тој секогаш во право бил, бла бла бла...никогаш му немам ништо навредливо кажано ама нека оди нека се лечи.

    ПС. Среќна Нова Година на сите (можи имам пишано ова незнам) и сите претстоечки празници
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Па не е ваљда
    ЈАВНОТО ЗАПРОС(Т)УВАЊЕ
    на некои си,да биде главна тема на сите портали на 02.01.2015 година(facepalm)(facepalm)(facepalm).
    Доста више со бљувотини....да не почне нов тренд на
    ЈАВНО РАЗВЕД(Р)УВАЊЕ.
     
    На Annath, НаталиЛили, Kala22 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    10.423
    Пол:
    Женски
    Леле Лара сега ме потсети на моите почетоци во шминкањето, некаде 15-16 кога почнав да се шминкам со пудра и тоа на Менхетен црната и Бекутан крема|((!) па по некоја моја логика ставав крема па пудра па пак крема за поубаво да ми се размачка оти со прсти се мачкав, па не се разнесува убаво таа пустата.Лудо дете колку тешка пудра ставав на млада кожа.:|:fubar:Којзнае како сум изгледала, сијалица:x(facepalm)
    Се додека другарка ми не ме просветли дека не треба така, а и камена не ставав.Камо да имав некоја постара сестра да ме поучи, не вака;(Ми требаше време да научам кои производи се добри за мојата кожа, ах да не беше Фемина форумот.
    Уф, се изнервирав и јас сега:swear:
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    За нова година, дома, на топло, во опуштена атмосвера
    Под елката, со малите штрумфчиња и сопругот, со пакетчињта...
    Толку мир во душата и љубов во една ноќ собрани
    Ви посакувам од срце на сите среќна и весела да ви биде оваа и сите наредни и добро здравје да ве служи
    Вчера по гости, мајка, сестра, золва, ручеци, мезе, торти, ќе станам крап
    И денешниов ден посебен..
    На работа колегијално ми спремиле роденденска журка, торта, цеќе, пилешки прсти мх.. Мх.. Мх..
    Ги сакам бре!
    Како овие три дена да ми биде цела година, среќна, весела, сакана
    Бод да ми ги чува овие луѓе прекрасни
     
    На Annath, Kala22, Anabelle.Amorette и 3 други им се допаѓа ова.
  13. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    123
    На празните страници од книгата со 365 страници напишете добра книга! СРЕЌНА НОВА 2015!!! :party: :) :inlove:
     
    На cresa-jagoda и MiaNmaR им се допаѓа ова.
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Се надевам дека сите имате пријатна вечер. :hug: Јас еве да чкртнам некој збор во темава,чекам да ми се симне серија,па да се стуткам под ќебе и да си гледам. Ова е најверојатно најладната зима која што ја имам осетено,буквално смрзнав. Јас сум склетџија најголем на свет,а сега сум по цели денови во огромни џемпери што буквално ми тежат и по два пара чорапи.
    Почнува да ме фаќа некоја зимска мрзоволност,па ако имате идеи за how to beat winter blues,кажувајте. :D
     
    На eliesaab, Doozy, Elena69221 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    69.255
    Шепите им ги облекуваат за да ги заштитат од солта и што и да е тоа што го фрлаат по улиците снегот да се истопи. Во спротивно им ги разjадува шепите.
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.769
    Пол:
    Женски
    Значи седењево до доцна треба да си го запишам некаде у листа на задолжителни guilty pleasures во период без обврски, дел од протокол и закон во слободни денови, whatever... :D
    Има некоја посебна смирувачка нота во тие ноќи кога никакви рокови и стресови не ти го оптеретуваат мозокот, едноставно се препушташ на омилената музика и сопствените мисли... и секако баш во такво ниедно време највеќе ти текнува на сите можни интересни активности, па и филмчиња и грицкање, наместо преку ден. :D
    И еве ме стуткана во ќебенце со лаптопот, слаба светлина плус празничниве сијалички, филмче и плејлисти, абе милина... За сибирскиве температури неврмајнд, важно јас не сум јас ако штом дојде распуст не превртам биоритам за 360 степени, молим лепо! :lol:

    А тука морам да го напоменам и фактот дека за разлика од мрзеливоста и излежувањето на сабајле кога треба да станам рано, у истиве овие слободни денови по дифолт мора да ме разбуди (читај четири очи да ми отвори :lol: ) првото свртување на посилни сончеви зраци накај прозорецот, и тоа полна со енергија без шанси да останам во кревет. Епа тоа е, Марфи је увек ту, меџу нама! 8-|

    А и да, што друго сакав да кажам... секогаш овој период се враќам на сите Нови Години у моево свежо полнолетство откако сум свесна за себе, и се прашувам - вие коишто успевате во јануари да се навикнете да ја смените последната бројка при пишување датуми, од која планета сте, каква тоа магија користите и пожелно би било откривање на тајната формула! :rofl:
    Ајт ариведерчи... :D
     
    На Annath, Monna.Monna, Anabelle.Amorette и 13 други им се допаѓа ова.
  17. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    5.893
    Несоница, воспаление на вилица, крајници и љубовни проблеми.
    Среќна Нова!
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Њу јиар резолушнс, што беше тоа?
    Никогаш не сум ги сакала, никогаш не сум ги ни правела. Мислам она озбилно да седнеш и да испланираш на списоче нумерички да ги подредиш од еден до недоглед. Едноставно не сум тој тип. По некоја скриена или откриена желба, јасно искажана или потисната сакогаш имало и ќе има.
    Оваа година навистина не знам што да си посакам на себе си. За прв пат. Ми посакаа суперлативи и чудесии, ама искрено пола од тие работи не знам јас дали на себе си сакам да си ги посакам.
    Сакам само мир и спокојство, кога ќе легнам навечер чиста и мирна да ми биде душава. Да нема немири и трепети. Искрени насмевки и топли прегратки, срца што знаат искрено да љубат, зборови што знаат да инспирираат. Дела што ќе траат.
    Како беше онаа познатата на мисиците ма јас само сакам ворлд пис:D
    Мир во душата сакам и ништо повеќе. И паметот повеќе да ме служи. Повеќе да вртат мозочните виуги. Иронично пред се што секој немир во душава ми дошол точно од премногу вртење на мозчниве виуги

    И кога сме иронијата,она што поише се дебелееш ти викаат дека си послаб. Не бре жени не, баш спротивното. Или она баш кога си у најнепожелна физичка состојба знаеш многу подобро или повешто да го скриеш. Предноста на варирање у килажа со години, феноменална перцепција каде штрчи, па знаеш и те како да се наместиш и да изгледаш подобро, барем на слики де. За малку ќе пишев небитно, ама лажам и те како ми е битно. Мислам на ред е конечно да се доведам во ред.

    Сакам да пишувам, ама сериозно да пишувам, се што ми лежни на душа, се што ме притиска и што тежи. Се што имам да кажам и сум го мислела со години, а тлеело.
    Тешка сум не само физички туку со мисли неискажани и неизречени, најубавата пополнетост според мене, креативна, со зборови и мисли.

    Во врска со новава година, 2015 била годината на овцата, ако не сте знаеле. Само не знам што сака да каже со тоа, Дали сме сите овци или па е само наклонета кон тие што се овци? Да посакаш да бидеш овца работава.
    Јас ви велам не бидете овци, зашто сите многу добро знаеме метафорички што преставува таа.
    А годинава секако ќе биде наклонета кон вас ако вие сте наклонети кон неа, т.е кон себеградење и работење. Зашто потење на газот му е само мајката и ништо друго. Ништо не паднало од небо нит некогаш ќе падне.

    Среќна нова, среќна стара, ма која и да е наша е и нема бегање. Зграбете ја пред да ви избега и тоа со двете раце.
    Зграбете ги сите нови авантури на повидок.
     
    Последна измена: 3 јануари 2015
    На eliesaab, Oxymoron, Kala22 и 24 други им се допаѓа ова.
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    Сакам на сите да ви посакам Среќна Нова Година, многу здравје, среќа, љубов и успеси во истата. Прекрасна сезона за скијање, сноубординг и санкање. Изгледа и оваа година ништо од планот да си уживам во скијањето и убавините што ги нуди Пелистер. Фала ти за се факултету мој ... Дома ми викаат не учи толку, а јас не сум почнала уште со сериозно темпо.
    Ајде заминав да учам.... 8-|
     
    На Anabelle.Amorette, Lella и Kala22 им се допаѓа ова.
  20. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Едни од најубавите спомени од детството ми се сместени во овој период од годината. Се сеќавам како со татко ми се шетавме на плоштад навечер и имаше еден куп мали тезги на кои се продаваа сијалички,лампиони и светкави честитки. Понатаму се чувствуваше мирисот на печените костени,на пуканките и на прелиените во стоен зејтин крофнички од околните тезги.
    Ја памтам мојата виолетова монтка,од која обожавав да тегнам пердувчиња,црвениот шал и студот што ми го штипеше носот. Луѓето беа весели. Ги паметам застаклените очи на продавачите,сијаличките што трепкаат и одбирањето честитки за секој член на фамилијата.

    [​IMG]
     
    На Bozica1980, eliesaab, Tiki-lolipop и 19 други им се допаѓа ова.