Дека многу ми е досадно по целл ден и нема што да правам освен да гледам турски серии сега почнав и шпанска една и англиски.Ама не оди по цел ден.Ладно,ладно не се излегува до надвор а камоли да излезеш во град освен јадење спање инрернет и серии овие 10дена ништо не сум видела.Незнам што да правам...
На 40 и кусур години, на своето дете да му кажеш “И мене татко ми така ме воспитуваше, па што ми фали? Здрав и прав сум!” Добро бе другар, ти што ова го извикуваш гордо неколку пати месечно, ти беше ли бе убаво така татко ти кога ти збореше? Не мора да кажеш, го знам веќе одговорот. Нели имаш барем малку грижа на совест?! Си доживеал и си проаѓал низ нешто такво во младоста и сакаш и твоето дете да го направиш искомлексирано и фрустрирано створење?! Го челичиш?? Каде ќе го праќаш бе? Знаеш ли дека ти имаш огроооооомна среќа што не си направил поголем проблем? Не ти е јасно тоа?? Што не си го повредил некој тешко или не си го оставил на место! Тоа сакаш да го направи твоето дете на некого? Сакаш да ствараш деструктивни поколенија? Иднината да им е затвор? Каде е во тие моменти малото момче во тебе, кое заспивало плачејќи и се колнело дека кога ќе порасне и кога ќе има деца се ќе биде поинаку, ќе биде најдобриот татко на светот??!! За жал ова е реалноста во многу наши семејства. Тажно е што никој не признава, зошто нели срамота е некој ако чуе... а трагично е што институциите немаат никакво решение за овој проблем... А за реченицата "јас те направив јас ќе те уништам" останувам без коментар...
СДК сама сум си крива за се. Будала сум и будала ќе си останам. Никој не ми е крив што за нив го посветив цело мое време, што немам другарки, што седам дома по цели денови, сама сум крива. Крива сум и кога молчам и кога викам и кога се правам дека ништо незнам и кога се плескам во лице. Сама сум крива што дозволив да паднам волку ниско и се заради тебе, ти да не се лутиш, ти да си среќен и задоволен. И што постигнав. НИШТО. Само пекол си го направив животот. Додека ти живееш како сакаш, САМ, без мене, јас пак те чекам и изигравам добра жена. Животот ми помина, а јас уште сум во едно место, без факултет, без работа. Свесна сум за се и пак седам и чекам чудо. Кое чуууууудоооо, глупава една? Нема да се случи ништо, нема среќата од небо да ми падне, немааааааа.
Влегов во една рутина, во еден маѓепсан затворен круг и не можам да излезам.Се истото, пак истото бувално секој ден, уффф! Морам да сменам нешто.
Најлошо и нај вознемирувачко чувство е кога направената грешка не ти дава мир. Те прогонува. Не ти дава да спиеш мирно, се будиш и само помислуваш дали е правилно веќе направеното нешто и какви последици ќе донесе. Денес, чувствувам немир. Голема тежина ме притиска и не ми дава слободно да дишам. Избрзување и непромислени одлуки се причина за сето тоа. Се каам. Ама нема назад.
Имам повеќе лоши навики отколку добри. На пример лоши навики ми се : -pаботите да ги сфаќам пресериозно -потоа да ги прувeличам работите -да се лутам -откога ќе се смирам и сфатам дека грешам - грешката не ја признавам..
Често пати се прашувам како некој кој има 50-60 год. и реално е поблиску до смртта отколку до животот и понатаму се труди да го загорчи животот на своите деца.Јас лично не би сакала да оставам лош траг во душите на моите деца,за еден ден кога ќе умрам,да не сакаат да дојдат на мојот гроб, да си кажат што ги мачи и да им олесни. А постарава генерација знае да претера.
Иронично и смешно е кога некој осудува за нешто, кое истото го прави она заради кое го осудува другиот.
Сакам кажам, не знам речам. Е така се осеќам. Сакам да напишам повеќе ама од кај да почнам. Не за џабе рекле нема среќен живот, има само среќни моменти. Денес сум некако разочарана, цел ден сум со мисли што и како понатака. Ме окупирале некои црни мисли што не можам да ги исфрлам од глава. Иако е касно,идам да си ставам кафе и ќе ве дружам. И едно црно чоколадо ме дружи мене кое веројатно нема да го дочека утре денот. Сепак може денот убаво да заврши.
Ми остана помалку од 30 минути од мојата 18, а јас си седам дома на топло со какао и ви пишувам после подолго време. Не жалам што не сум надвор да го чекам роденденот во кафич (не патам од такви комплекси), сакам само да си седам дома и да ја дочекам 19 со моите. А башка 19 ми звучи многу возрасно а јас уште не сакам да се соочам со светот на возрасните, рано ми е. Ама времето одминува и тоа не зависи од мене :/ Она што зависи од мене е како ќе го искористам тоа време бидејќи сфатив дека ПС. Сте читале по депресивен пост за роденден ?!
Во Скопје пред некое време бев со другарки и во Сити мол, во Сваровски продавницава имаше едно ланче од 47.550 денари. Ланчето беше преубаво, со розови кристали, кои преливаат во посветли и потемни бои. Сон бе, сон на секоја жена. Е тоа да ми го купи некој или сама да си го купам, ќе си вработам 2ца обезбедување кога ќе го носам за да не ми го украдат.
Најголем драјв ми е кога ќе ме заебат и ќе се освестам. Не сум нервозна, не се разочарувам...ама како пропелер во гзов да имам, све ќе направам за да го докажам спротивното не со расправии, туку живот!
Се повеќе ме иритираат луѓе небитни кои ми се мешаат во животов, ајде на моите им досадуваа упорно кога ќе се мажам и зошто не се мажам, поминав преку тоа . Вчера се јавува еден познаник на татко ми , кој нема право да ми се меша во ништо и место да си зборува со татко ми , тој веднаш праша дали почнав на работа место да си гледа за децата негови , им кажав и на моите , ќе си го добие некој убаво од мене, досега бев смирена и културна , ама нема веќе
Денешната битка е импулс на силата што ќе ја поседуваме утре. Не е лесно, но среќата им се насмевнува на упорните и храбрите.