Најчесто сум сама,се запуштив како Робинзон Крусо , за шишање сум за фарбање,и ми треба многу веселба и позитива за да ме врати во расположение. Конечно се пријавив во заводот,но не верувам во скоро вработување.Размислувам како да го исполнам времето и притоа да заработам нешто.Многу мал е изборот. Но и длабоко во себе се надевам дека ме чекаат пријатни изненадувања.Знам дека се може да се смени за една минута.Се оддадов на времето.Секој залез на сонцето ми е тажен.Помина и овој ден,е мислата кога ќе се изгасне светлото но утре е нов, затварам очи и заспивам. Секое ново утро е само исчекување дека се ќе биде во ред. Сум го поминала ова, и нетрпението ме врати пак на првобитниот пат.Сега си ветив дека нема да брзам. Денес ме совладаа тие мисли и воопшто не сум за дружба.Како да не ми е доволно што повеќето време сум сама, па и самата избегнувам друштво. Не би му посакала на никому да го мине овој пат,зошто навистина е непреоден и тежок. Кога ќе воздивнам како да слушам глас биди силна и се ќе биде во ред. Силата ја потрошив во еден налет, кој навидум е мал и за некого непромислен,но мене ми беше потребен за да си докажам себе дека можам.Се чувствувам како ластовичка која се обидува да лета. Прави неколку обиди но не се откажува.Така и јас.Падни стани ,но тоа е и животот.Падови и подеми. и ако мојот е повеќе падови. Често ми се повторува мислата дека така требало да биде,се помирувам со тој факт,но ми тежи како планина,се прашувам зошто баш јас и до кога ќе трае сево ова? ЕХ камо да беше само еден товар?
Поголема вистина од тоа дека некој трет секогаш пресудува на други двајца за нивната среќа нема. Дали намерно или ненамерно секогаш е така. Колку врски, колку пријателства...се имаат растурено поради таа трета личност хм?
сакам да кажам баш сум револтирана од нашата влада секаде низ европа преземаат мерки за џихадистите а ние што почнаа нешто и толку , исто како 2001 за косовари јас имам блику граница роднини како кажуваат како се увезуваат со комбиња, камиони а нашите си молчат, незнам дали после 2-3 години на нас народот се не искочи на глава и пак ние ке плакаме заради нивните политики
Кога нешто силно посакуваш, кога цврсто веруваш, кога надежта за иднината ти е исполнета со виножито и насмевки, секоја желба се исполнува. Јас љубам, и сум љубена. Желбата која ја посакав за Новата Година, ми се исполни. Кажав да! На полноќ, кога повеќето славеа само нов почеток на уште една нова година, го добив најубавиот поклон за Нова Година, најубавиот прстен и најромантичниот предлог за брак.
Од толку чувствителна личност станав безчувствителна,негледам и неслушам што се случува околу мене,исполнета сум со самодоверба многу повеќе од порано ,не ми е важно што мислат другите за мене важно е што мислам јас за мене .Мислата може да те доведе на дното може и да те издигне на врвот зависи од нас самите .
"Дада"... Така мало и едноставно зборче, но изговорено од едно мало ангелче може да ти го разубави денот до недоглед... Го сакам мојот внук...
Се уште не можам да разберам што луѓе ќе имаше, некој се да направи за нив, за истите ни фала да не речат.Како да се изгуби љубезноста меѓу луѓево, култура, почит, ако не друго, да се возврати на добрината. Некому и едно „ фала“ значи, а не пак друго, ама и тоа „ фала“ исчезнало.
Si sedam kaj malava na tepih a ona si igra,naednas si dojde i si legna na mene si ja pogali mama a ona si se zavrte i pak radosno si pocna da igra Veke se poveke i poveke se momentite kade mama pomisluva na toa kolku e radosna i srejkna se mi e poubavo od kako ja imam mojata kerkicka se e poradosno i poveselo so nea Gospod na site da im dade
Конечно решив да го надминам стравот наречен забар.Од задутре почнувам.Признавам чекав да ме здоболи јако..ама ако памет за друг пат. Незнам зошто секогаш чекам крајни моменти бре.
Вратио се Шимеее Се шегувам, не сум била којзнае каде. Но, другарките ако ме наречат бејбиситерка не ја одрекувам таа придавка. Па кој може друг да чувам ако не тртлето мало Златото на дада, втората половина од мојов зимски распуст си се чувавме Па она кога два саати се смееме, се закачкаме еден со друг, па кога ќе ме погледне со тие најубави езерски сини очиња, и ќе ми рече дада, абе се стопив Заминав јас, да се наспијам малку подолго, зошто изминативе 10-тина дена тртлево ко ќе ја пуштеше сирената насабаје за станување - стануваат и останатите сакале нејќеле Добра ноќ
Сакам да кажам вечерва во сто сатот си правам стој на раце ова она .Не се знае кога ке ме прифатат за гимнастика ,од кога се разбудив некни среќна не ми се легнува па лумпувам по дома
Понекогаш си се чудам колку сум забегана Прееска го чепкав датумот и саатот на компјутеров и погрешка сум го сменила во 16. Тоа беше пред полноќ. Сега, пред 10 минути го гледам дека е 5 минути до 2 и го гледам датумов 17. А знам дека вчера беше, зашто си водам дневник и напишав 17. Леле луѓе кога ме фана една паника, си викам 2 дена по ред 17 е. Леле нешто се случува. Мама ми се изнасмеа, ја целата изпаничена ..
02:53 а јас размислувам за децата во Африка. Како кога би имала многу пари би идела лично да им дадам храна, вода, облека.. и едно не ми е јасно.. зашто не ги вдомат негде тие луѓе мислам колку долго трае гладта во Африка и е општо познат проблем.. Зар толку немаат каде да ги сместат? или така им одговара за да можат да се фалат дека донирале пари за дечињата во Африка. И несфаќам како покрај тие болести и гладови сеуште се размножуваат ? Како тие жени на кои може анатомија на коските да се учи се во состојба да раѓаат деца? Патем, добра ноќ, забегав ZzZ
Долга темна и твка ноќ ,поплава од емоции навредена од личност која премногу ми значи солзите не престануваат душата гори а спомените се вракаат...........
Ракување и разиграни погледи. Грст насмевки истурени во срдечна прегратка. Бура од споделени емоции го совладува мигот на блискост. Молкот во нивните нескротливи мисли ја засенува неподносливата врева на афалтното тло. Неискажани зборови меѓу нив создаваат слика за искажаниот израз на лицето. Доминантни сетила на заводливи мирисни ноти циркулираат во невидливиот простор. А таму, тие... Неопислива топлина струи низ нивната тела додека студот ја тестира нашата издржливост. Ветерот си поигрува со прамен од нејзината коса создавајќи заводлива глетка за него. Неодоливо задоволство измешано со наплив на страст ја придвижува среќата. Еуфорична енергија се рефлектира во нејзините очи. Острото сонце ги озарува лицата и прави вечни записи во реална димензија. Во еден навидум обичен ден за нас, а маркиран миг за нив, таму некаде се раѓа љубов... Тој и таа на патот кон вечноста... П.С И додека некои во недостиг на време конфузно итаат да ги разрешат вечните човечки дилеми, други си дозволиле можност за да го побараат составниот дел од себе. Живот... Секој го живее некако и некаде...
Што е тоа во луѓето тажно?Ги гледате спуштените тажни погледи околу себе?Усните искривени во линија спремни да заплачат?И јас сум таква ама...често ми доаѓа да направам нешто.Да не им дозволам на луѓето да паднат.Зар не ни се доволен пример физички и ментално немоќните луѓе со желба за живот,кои се радуваат на сонцето кои се смеат.А ние здрави,прави со горчина во себе..кога би можела би ги исплескала сите по ред со сукало,по ред, во секоја куќа...а прво од себе ќе почнам.
СДК ... Не ми е јасен овој процес или тркало на случувања ?! Кога ти имаш желба, волја, се потрудиш за да нешто оди како треба во позитивен правец ... некако не тргнува или пак оди напред ама со стопирање ... А кога ќе решиш да се откажеш или оставиш тркалото да се врти само без да го манипулираш, тогаш има некаков позитивен фидбек, те начекува неспремен ... Не ми е јасен овој обратнопропорционален начин на случувања ....
Љубовта од семејството е вистинското нешто што прави сите да бидеме вистински среќни,задоволни и исполнети. Чувајте ги и почитувајте ги вашите најмили,затоа што се најважни од се.Само да сме сите здрави и живи друго што треба да се случи ќе се случи. Туку сакав да кажам дека посебна е убавината кога семејството се зголемува Имајте убаво неделно попладне