Не знам еве, од сабајле беше со другарите на кафе. Па со друг другар на чорба, со треќи на пиво, се прибра и... Еве го сега нешто многу е расположен... Вчера знам дека тепавме во ракомет, не знам дали денес има утакмица. Го таксав за по шопинг во ситимол, ама еве уште е расположен, се плашам некоја чаша да не скрши. Го прашувам што ти е? Ме сакаш и те сакам бе, тоа е. Може и ќе се омажам до вечер. Ме прашува каков прстен сакаш и само ме бацува како да сме на ромска свадба. Нема, нема, шљап, шљап...а јас си работам како човек еве, рок ме притиска... Јас би кажала не у секој случај, освен ако не не избрука јавно, па да не го посрамотам... Што се дешава луѓе со шашавава недела? Мајка ми ми се јавува ми вика татко ти вари ПАЧИ (пресладок бебе Исусе...) и рснал фолк радио... не знам што му е, се сомневам во мозочен удар. Татко ми ВО ЖИВОТ НЕМА СЛУШАНО ФОЛК. И вика цело сабајле само ме целива и стиска како во младоС. Јас и викам дека е нервен слом, она не! Куку нонен, најбитните мажи во животов ми станаа сељачишта... Следно со папучи чик куманово низ ситимол, со синдикалка и тренерки, па и златен ланец ќе се уклопи. Луда недела...
Сакам да кажам дека време е да си се посветам на себеси, време е да почнам да живеам со полна пареа, а не да сонувам за љубов со тебе. Време е да си дадам време за себе, а не цело да го трошам на тебе, па ти не заслужуваш бе.. Сакам да кажам ех, да можам да го вратам времето пред тебе уште еден куп “грешки“ ќе направев за кои ти никогаш немаше да знаеш, а ни јас да се каам, ама нема назад.. јас себеси се изгубив, а време е да се пронајдам, а тебе ти посакувам едно големо ништо, ти дури ни среќа да ти посакам не си заслужил..
СДК слатко се изнасмеав пред малце Една феминка ми вика, видов си пишала пред 2-3 минути во темата „Дали сум бремена?“ и си викам и ти ли почна да бараш совети... Феминки фала ви што ми го правите денот
Многу ме нервираат луѓе што се прават дека се чисти и као демек чистотата им била битна, па се нервираат на мала прашинка или трошче на подот, на расфрлени играчки и ненаместен кревет. Е истите тие не знаат гзот да го избришат, а да не остават трага. Не дај Боже да имаат добиено, некој ќе помисли се случило убиство. Со извинење до сите што читате. Ама морав.
Во разговор со мајка ми и сестра ми за машко - женски работи и се вртиме двете - Аман бе мамо зошто не научи дека мажите се неспособни да мораме ние се да завршуваме? И она ни две ни три - Па да ве лажам ли? Неспособни се! Одлично не учи, ни натрупува обврски, мора се да знаеме и во се да се разбираме. Кај и да е ќе не качи на покрив да го прередиме со керамиди. Од кога не сум со него никој не ми рече - Многу ми е жал, него сите ми викаат -Лелел супер, баш се радувам! Работава не знаеш дали да плачеш или да се смееш. Него овие два дена не можам да си дојдам на себе од преубава вест. Убав старт на годината, ма пребав, да можам би вриштела од среќа. Вечер на полноќ не заборавајте да излезете надвор и да си замислите желба. Не помнам дали некогаш сум го направила тоа ама оваа година се договоривме трите заедно ќе излеземе. Можам да им ги замислам желбите
Инспирација добив од една слика од твитер да го прашам татко ми за моето раѓање. -Тато, што почувствува кога се родив јас? Беше ли многу среќен? -Среќен? Тоа не е само една обична среќа ќерко. Тоа е онаа чувство кога ќе го видеш господ. Цревата кога ќе ти се превртат од среќа, незнаеш што попрво да направиш. Дали да му се јавиш на сите, или да скокаш од среќа. Кога те видов за првпат, верувај дека нозете ми се пресечиа. Паднав на земјата. Многу ретко плачам, но тогаш се изнаплакав за сите пари од среќа. Плачев повеќе од мало дете. Mедицинските сестри неможеа да ме смират. Тоа е онаа чувство во животот за кое се вреди да се живее. Богат си кога ќе станиш родител. И после знаеш што направив? Се опукав ненормално, свирачи имаше кај нас дома 3 дена. Те гледам и плачам. Ти плачеш и јас плачам. Среќата од тогаш, па се до ден денес, ми е преголема кога те гледам.
Понекогаш, и вие сакате да оставите сè и да започнете сè одново, нели? Да продадете сè што имате до најмалата ситница и да заборавите што било до вчера. Да си го продадете минатото и да отпатувате некаде во Португалија каде ќе живеете од цртање портрети... Можеби не секој ден, но доволно често за да го наречам тоа постојано, размислувам за започнување нов живот. Убеден сум дека тоа ќе ме направи среќен и исполнет. И потоа по подолго време мечтаење ќе ме заплисне суровата вистина и реалноста. Многу пати до сега сум сонувал, сум идеализирал, а потоа трудел да го исполнам и остварам она кое го сакам. Релативно краток период на задоволство и благосостојба и потоа повторно повикот од темнината со потреба за нови промени. Колку и да бараме, колку и да добиваме, никогаш нема да бидеме задоволни од она кое го имаме во моментот. Е сега, уште да се договорам со себе, дали е тоа добра или лоша работа.
Купувам пријател!!! Ете така, како што читате, би сакала да си купам пријател. Ако Балашевиќ своевремено „продаваше пријател“ ја би да си купам еден, Не прибирам многу, може и на старо, малку користен, пали- вози...Единствен услов е: ДА ЗНАЕ ДА СЛУША! Да можам да му иксажам се што ми тежи на душава а тој да ме слуша, само да ме слуша. Не сакам да ми дели совети, да се прави дека ме разбира, сакам само активно да ги процесира моите зборови до неговите сиви виуги и да ги запечати таму. Доста ми е од пријатели на кои не смеам да им се истажам затоа што утре моите тајни ќе станат јавни, од пријатели што на мојата несреќа ќе почувствуваат олеснување за својата. Толку многу работи ми тежат на душата а нема кому да ги кажам, да си олеснам. Затоа купувам пријател! Цената не е важна, давам се што имам а ако тоа е доволно го давам и ова срце што чука во градите, додуша скршено но на вистинскиот кандидат не би требало да му смета, би знаел како да го состави.
Велат "Пријателите се како ѕвездите ~ не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се таму"...Денес е денот кога конечно можам да кажам дека сум ја сфатила поентата на истото. Емотивна средба на две далечни пријателки, силна, топла прегратка и ден исполнет со радост и смеа. Тоа е резимето за денес. Радува фактот што понекогаш дури ни километрите не се доволни за оддалечување од драгите луѓе...♥~~~~
Се каам за една постапка,не сум свесна што сум направила и нема да си простам и знам дека повредениот нема да заборави ама сите грешиме,зарем не?
Во последно време постојано нови нешта сфаќам и уште повеќе ми се менува перспективата кон светот,посебно кон луѓето.Сфатив колку многу луѓето ги преовеличуваме работите.Сфатив колку сум била judging личност,па,не толку за разлика од некои други ама сега можам да кажам дека речиси комплетно си го извадив носот од постапките на другите луѓе.Некој тој направил-голема работа бе луѓе,како што вие можете да си го контролирате вашиот живот така можат и тие. Имајте ми убава вечер и поминете си ја како вие сакате
Ја нема старата "Јас" веќе. Каде отиде не знам. Но, знам дека нема да се врати. Не сум веќе детенце. Не сум веќе онаа заљубената во книгите и цртањето. Сосема различна сум. Веќе ретко зборувам. Не ги трошам зборовите на непотребни личности. Се оддалечувам себеси речиси од сите. Лежам во собата полна чад, не јадам, не се грижам за изгледот, ниту за ништо друго... Изгубив желба. Толку нешта ме стојат на патот, ме чекаат, а јас... Јас сеуште стојам. Никако да се поместам од оваа мртва точка. И не знам што да кажам... Најверојатно најдобро ќе биде да продолжам да молчам...
СДК ... едноставно еден ден, некому секој сон му станува јаве! Се радувам многу ... како да се тоа моите соништа (кои се надевам еден ден до последниот сон ќе станат реалност) Само среќата да е наклонета ...
Се здогледавме,трчанката една кон друга и толку силна прегратка...солзите сами по себе доаѓаа. Всушност таа не ми е другарка,таа ми е сестра која заборавил господ да ми ја даде.
Сите денови се посебни лекции! Денес ја научив новата. Тргнав изненадување да правам, изненадена останав. Поштен, чесен, љубов искрена и на крај си се` обратно од тоа. Ме направи ѓубре ипол, ради поштеноста. Ми се врати ко бумеранг. Испуштам по некој крик без солзи, викам без глас. Ајде бре, солзи каде сте? Во мене војни се водат. Меланхолија страшна владее. Неред, немири.
Детски како на мало дете кое плаче по играчка што ти ја дал, значи не ја сака, ама не е негова. И плаче и се лути, држи лутина. Колку вакви мали деца има заробено во тело на возрасни? Многу. Неизбројливо. Holding grudges. Кон минатото. Најбош чувство кое не само што уназадува, скапува души. Пред некое време прочитав една прекрасна мисла напишана на влезот на еден хотел. In order to make it to your future you have to let go of the past. Во таа смисла, не го памтам точниот натпис, штета. Пакувањa, мразам, ужасна сум во тоа. Три куфери, ствари за 5. Од што да се отарасиш, што да зачуваш, у тоа пак сум уште полоша. Како да се откачам од минатото и сиот багаш што тоа го носи. Се е полесно уз пиво и чипс, освен кога почнуваат образите да ти се заруменуваат од премногу алкохол. Само едно е битно моментално, еден збор -ДОМА!
...некој луге се како етикетата на блузата, не ви создаваат болка, но ви сметат, затоа има потреба да ги отстранете од вашиот живот. А и ова ПМС-лудило. Да не можеш да се наведнеш и исправиш ко човек,башка другите работи кој не можете да ги правите како нормални луѓе.
Денес во 00 :00 часот , точно на полноќ застанав покрај прозорецот , со телефонот во рака , се погледнав кон небото ,и си посакав една едноставна желба , да бидам среќна , секогаш на Богојавление , имав некои посебни желби и барања , а денес сватив дека всушност среќата ја прават малечките нешта околу нас... ние луѓето сме не наситни створења , секогаш бараме од повеќе заслужувале или не!!! БОГ СЕ ЈАВИ , славете го неговото име , сега и секогаш !!
Вие што немате ниту една причина да ме одбегнувате и да немате образ да ми се обратите, вие што се вадите од памет да ме сретнете, а не сме си ни размениле лош збор, додека сакате да кажете лош збор за мене, зарем мислите дека не знам зошто го правите тоа? И јас би го правела тоа на ваше место ако имав гнасен образ, ако лицемерно ви се пикав да ми правите услуги, ако ми го знаете целиот срам што го кријам, ако знаете дека сум мивка без самопочит, кога би ги крадела вашите финти, за да ги кажувам онаму каде што не ме знаат, за да не ме откријат од каде ми се, кога вашите размислувања би ги присвојувала затоа што немам свое јас... ете и јас не би сакала да ни се сретнат погледите и бегло ќе го вртам мојот. Секогаш ме фасцинирале овие луѓе и од еден до еден се исти - со ниска самопочит, изгубени авантуристи без свое јас, крадачи на идентитети, под некаков си квази уметнички научнички плашт, а уствари трула мизерија... без три книги прочитани, без јасен резон каде,како и зошто, себично опседнати со себе и тоа каква импресија ќе остават, па скокаат од човек до човек се додека можат да му прават филм.