Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.108
    Допаѓања:
    20.026
    Пол:
    Женски
    После бурната недела, прв пат после долго време да ја сакам недела како ден. Преку ден немав време за ништо, дури вечерта седнував едно кафе на раат да испијам. Дури вчера успеав да ја дочитам книгата која ја почнав од пред еден месец.
    Иако сум спиена само три или четири саати, имам доста енергија па направив една генералка по дома, се средив и сега со едно кафе ќе ве дружам некое време. А вечерта е резервирана за уште едно кафе и добра книга.
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.937
    Допаѓања:
    164.013
    Од сите богаташи кои ги запознав во животов, може комотно да си ги изгенерализирам до две категории и уво да не ми чуе.

    Имаш сељаци и не им е гајле и имаш такви кои се сељаци, ама се трудат да не бидат.

    Сељациве се колоритни како во облеката така и во речникот. Пари трошат исклучиво на сенародни прослави од типот - слави, веридби и свадби, испод 300 гости не се смета за прослава. И генерално животот им циркулира околу тие работи. Прават пари и трошат пари, за нив алтернативна медицина е - Костантин Кјашаров и локални бајачи. Ама си поштуваат и западна медицина, јер доктор си е доктор.
    Патувања се строго фокусирани на Белград, Софија, Ќустендил, Солун... Они ти се богати за сиромашни, оти се сиромашни по дух. И се трудат сите да ги дознаат.
    Претежно тежнеат да бидат здрави, ама имаат мевови и претежно болести предизвикани од дебелина. Јадењето им е канализиратор на нивната емотивна и духовна неисполнетост. Они веруваат строго во православна црква и носат чорапи и зејтин за празници, како и донираат пари по манастири и тука сето тоа завршува.
    А да, и претежно имаат мал бизнис, кој е локално добро познат, но многу доходовен. Најчесто сте кафанџии, слаткари, бутици, козметички салони.

    Овие другиве интелектуално се малку на повисоко ниво.
    Се трудат да гаат добар стил, за нив Зара е обична марка, строго дизајнерско, но лошо комбинирано. Нешто како Мелита, со тоа што Мелита носи фејк кинеско.
    Претежно парите ги трошат за некои себенадградби од типот - реики, трети-петти димензии, ескалибури, силва методи, кристали и што ти веќе не (да не се разбереме погрешно, ајде да толерирам дел од овие работи и да речам има вистина, ама овие луѓе претежно го прават колку да пројде, духовноста им останува иста - на нула или под неа, блив ми) и такви скапи занимации. Вечна потрага по себе си, читај - бараат метода во која ќе си докажат дека се полу-богови и перфектна креација на универзумот.Додека не дојдат до она од кое што ќе го чујат вечно и засекогаш ќе вложуваат пари во вакви алтернативни обуки на себеспознавање и копање по длабочините на својата душа која претежно се испоставува дека е катран црна, па не им се допаѓа и живеат во негација и емоционална неисполнетост.
    Претежно немаат време за децата, иако се трудат да бидат посветени родители.Едноставно...преопседнати се со себе си, нивната недостапност ја нарекуваат - здраво поставување на граници во животот на детето...
    Не поштуваат западна медицина, оти не е во согласност со нивните духовни принципи, иако потајно, во длабочината на својот дом се пукаат со амоксиклав кога ќе добијат упала на синуси. А за пред народ - хомпеопатија (можам да ви набројам барем три, особено па една добро позната хомеопатка во Скопје), па шмркаат капки и прашочиња (што не викам дека не се ефикасни, сум го правела и тоа од мака, ќе пишам зошто им се смеам), акупунктура и акопресура, масажи и така натака. А често пати се и против вакцинација на децата, иако тајно увезуаат од Грција по германска лиценца. Смешката во сето ова е што МОРА ДА ГО ДОЗНАЕШ, затоа што едноставно ти го кажуваат и го кажуваат на сите страни со една цел,тие не го прават оти се грижат толку за себе, туку затоа што е СКАП АЛТЕРНАТИВНИОТ НАЧИН на лечење и водење сметка за своето здравје. Што од друга страна е морално дискутабилно во однос на нивната духовност која нели е показател за нивната нематеријалност, ахам.... Со еден збор сакаат да те убедат дека живееш неодговорно и мизерно.
    Патувањата се фокусирани вака - Виена, Прага, Париз, моооже Милано и Рим, Ница, по исклучок - тропски одмор за свадбено патување, ептен егзотично.
    Уф да, тука има најголемо незадоволство во браковите за разлика од права категорија. Првата категорија едноставно ги сфаќа работите, овие како што кажав - преопседнати се со себе анализа и себеважност што често доаѓаат до заклучок - јас можам многу подобро, оти сум полубожество, а маж ми е за никаде или па жена ми. А тоа, едниот го направил човек другиот... ако ништо друго го донел до пари.
    Претежно се на јавни функции и јадат и живеат од вашите пари, евентуално имаат фирми кои живеат од местени тендери, те пак живеат од вашите пари, синови и ќерки на бивши директори на уништени транзициски фирми чиј капитал го приватизирале и усовоиле како своја имовина.

    Е така, пак вие имајте комплекси.
     
    Последна измена: 25 јануари 2015
    На mims-89, SV1911, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    36.133
    Пол:
    Женски
    СДК... Жените се како кревко стебло кое полека, но чувствително ја впива секоја капка внимание. Полевајте дозирано за да не почувствуваат жед.
     
    На Yowannty, 3m43, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.145
    Допаѓања:
    329.242
    Пол:
    Женски
    Сдк дека денес го начекав лукијан и му зедов автограм.Ете се испонашав ко споулавена тинејџерка и гајле ми е.Еднаш се живееше нели?(fingers)
     
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Сакам да кажаммм дека ме нервираат луѓе кои под низа на околности, среќа, врски, што и да е им се погодило во животот, работа, живеачка и сл. и сега проповедаат по сите кои ја немаат нивната среќа.
    Да паметуваш некому е најлесно !!!

    Друго, некои жени сакаат да се рамноправни со мажите, а од друга страна сакаат да им се гледа низ прсти зошто се жени. Па, решете се што сакате !!!
     
  6. 757

    757 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека пред да се каже нешто треба да се размисли ..Сакам да кажам дека пред да се наведи и понижи некој треба да се ставите вие на негово место..Сакам да кажам дека убавината е вредна само доколку ја гледате одвнатре... Сакам да кажам дека среќата и љубовта се најважните работи во животот..Тоа сакам да кажам :mm:
     
    На ozbilnazena, julie77 и poenta им се допаѓа ова.
  7. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.972
    Пол:
    Женски
    Горда сум на себе се радувам што сум многу креативна и почнувам со нови идеи и креации на работите што ги правам
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Бре, бре што обожавам бадеми :inlove: крц, крц...
     
    На kala21, tessie, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    За ручек направив дома тостови за мене и за сите останати. ^_^
    Ми излегоа многу убави и сите ми ги пофалија. ^_^
    Е ова е среќа и мали нешта може да те направат среќна... ^_^
     
    На SV1911, Lella, Sunshine.Sunshine и 3 други им се допаѓа ова.
  10. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Колку ми се бега и дува од македонсково сивило...
    Сакам да живеам некаде каде ќе излезам на трчање во 5 сабајле и ќе имам каде да трчам.
    Да се зачленам во триста секции што кај нас се научна фантастика и еквивалент на секта.
    Да направам муабет со комплетен странец без да се сметаме за лудаци што сме почнале разговор.
    Да побегнам некаде каде што има забавен парк и цел ден да се осеќам ко дете.
    Да седнам сама на кафе/пиво без некој да ме гледа со сожалување и чудење.
    Да имам шанса да бирам на кои концерти ќе одам, не затоа што не ми се допаѓаат пошто се шабанска скупштина, туку затоа што не би знаела на кој попрво да одам од што се добри.

    На светлата страна, шубаво е кога ќе положиш испит за кој си се сомневал. :sun:
     
    На mila89, Giovanna, НаталиЛили и 41 други им се допаѓа ова.
  11. anuvcheto

    anuvcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    352
    Изгледа целта на нашиве ракометари денес им беше да ја гаѓаат стативана, ако е така дефинитивно им успеа
     
  12. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Дали и љубовта ја има во Менделеевиот систем како радиоактивен елемент зошто насекаде зрачи ?
     
    На SwanMay, cresa-jagoda, simonna.a и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Кога јас и баба ми ќе се споиме за готвење = хипер компинација :rofl:
    И ајде, ни се јадеше проја, па да правиме..
    Миксерот ни се скрил, 5 саати го баравме; ни „експлодира“ киселата вода; тепихот лом го направивме од смесата; првата тура не ја допековме, ама ајде ќе се изедат :D Притоа, лом невиден направивме :rofl:

    Битно, кој и да проба, не остана на едно парченце :rofl:

    Заминав јас, недовршените проекти ме чекаат, имајте убава недела :hug:8):D
     
    На Sunshine.Sunshine, Snow-Star, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    34.134
    Пол:
    Женски
    Немаме пари...излегувам и гледам кафичите полни и надвор и внатре,во продавниците се чека ред...навистина немаме пари:nod:
    Наместо да давате 100 денари во кафич,можете да дадете во хуманитарни цели.Јас бев на хуманитарен концерт и дадов 100 денари.Ама како тоа немаме пари?Еве вриеме од народ...и на кино се оди...
    Да гледам мали човечиња со ајфоништа в раце,а не со нешто да играат е навистина жалосно...
    Само фантазирам или....?
    Можеби живеам во светот на бајките:?:
     
    На SV1911, Sky-butterfly, summer-lover и 10 други им се допаѓа ова.
  15. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Уште да знаев што сакам... ме нервира кога некој пробува да ме влече за нос. Ете тоа:)
     
  16. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Гледам по страниве, народов и насекаде ко демек Прибак им подарил победа на Словенија. Тој и само тој е крив за поразот или па ете, сме немале среќа.
    Не. Мизерно одиграната партија, играњето без голман и глупиот црвен картон се причините поради која Словенија победи во тој натпревар. Промашените пенали, гаѓање на голман во СТАТИЧНА нога/рака (попознато како глупост на играчот). Е поради тоа македончињата наши се враќаат дома. Неможи бе на секое првенство да немаме ние среќа. Најјаки сме ама јебига, среќа немаме, не дека се случило од 6 разлика да дојдат на 1 за рок од 2 мин. До среќата е.
    Ебате прост народ ебате...со извинение на изразов
     
    На cresa-jagoda, Snow-Star и SwanMay им се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    @calliope ... you are right! (y) И јас едвај чекам да киднам од темнинава

    СДК ... Ниедна релација помеѓу луѓе не треба да се доживува како голема обврска. Се чудам што има такви, напори ... Во секој однос треба да има почитување, дистанца и релаксирана енергија.
    Најважно ... за било кој неуспех, паѓање, неисполнетост, вината барајте ја во себе, не во другите. 8-|
     
    На tessie, Snow-Star, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  18. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    35.182
    Пол:
    Женски
    Зошто летото не е така бавно, како што се бават часовите кога си на работа, м? :wasntme:
     
  19. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Машки
    Среќата почнува од себе, не од околината. Само кога ќе почнеме од внатре да си ги решаваме проблемите, тогаш може да ја видиме убавината надвор. А таа убавина и те како се наоѓа помеѓу луѓето, помеѓу најсаканите.

    Нека не ти пречи што прави другиот, гледај да го дадеш својот придонес и биди среќна поради тоа. Јас лично гледам да донирам во детското село Меѓаши и кога можам давам постара облека во ЦК, па се надевам дека тоа помага. Денеш за жал не стигнав за крводарителната акција во Дом на АРМ, али ај следен пат.
     
    На simonna.a, Captain-Omni и BoneMachine им се допаѓа ова.
  20. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Порано недела ми беше најглуп и најомраен ден од неделата. Но, сега ми е омилен. Сега недела е единствениот мој слободен ден и со нетрпение чекам да дојде.
     
    На marama и Dvolicen им се допаѓа ова.