Ова времево ќе ме убие некогаш. Вчера и денес глава цел ден ме боли. Ама си се почастив со нова книга, па заборавив на главоболката. Имајте убава вечер каде и да сте.
Епа Среќен нека ми е Роденденот Дома имаме 3 родендени како и секоја година. Сакам само да бидиме здрави и живи во 21вата, и да бидам сакана и ценета од другите. Повелете )
Фина и малку отмена вечера со него. А мене сепак убавини ми се сторија на душата додека ме враќаше дома, радиото на максимум и пееме на ,,Знам дека си ти" од Угро, додека ја палам една од многуте последни цигари. И кога застана пред пругата, кажувајќи ми дека подобро е да ме земе кај него, до него, и да не ме пушта веќе.
Pak neka pisuvaat vozrasnite statusi na smetka na David. I pak neka i se cudat na denesnava mladina. Se dodeka tie se cudat,zaboravaat deka uspat deteto vo niv nerazumno si raboti. Sto poskoro da prestane cudovo nadvor,godinava ima uste denovi. Neka se cuva tamu nekade za na kaj Avgust.
не сум од тие типовите кој многу се стиснати за 2015 и имаат една полна листа со работи кои сакаат да ги остварат демек ќе вежбале секоја ден бла бла но морам да речам дека до сега задоволна сум како ја почнав оваа година само еден месец помина и презадоволна сум со се прво почнав да се грижам повеќе за себеси физички , и исто така психички пробувам да се подобрам многу нови работи се случија во јануари , влегов во national art honors society ( NAHS) и многу е забавно секоја недела таму сум и правиме многу интересни проекти.. почнав по редовно да свирам на гитара посветив повеќе внимание на школото цел месец го помивав правеќи работи кои ги сакам .. се надевам дека и вие имавте убав месец и дека Фебруари ќе биде уште подобар еве ви една слка, so tumblr, so inspirational, much trees, so winter, many captions , such perfection , wow
Каква прекрасна снежна ноќ! Одличен почеток на февруари. Обожавам снег, сакам почесто да паѓа! Ме исполнува, ме расположува, ме радува! Восхитувачкава глетка не ме остава да заспијам. Ќе продолжам да ја гледам идилава... се додека не паднам во постелава.
Ејјј ме изеде пусти срам. Пусти срам од тоа каде живеам, со какви празноглави луѓе се расправам секој ден, каде е бе животот како во филмовите? Јас сиромашна па некој министер ќе се заљуби во мене, па нема да му смрди прднатато, па чорапите ке му мирасаат на лаванда, јас ке бидам среќна домаќинка, па ке се бацуваме во уста и на 45, па ке имаме дечиња, па ке ни трчкаат во дворот..... Оффффф туго моја
Ќе учев денес. Требаше да биди само еден обичен досаден ден исполнет со трговско право. Ама не. Испадна тортура. Се скарав со дечкото. Не раскинавме далеку од то, ама се скаравме прилично многу. И плачев. Мнооооооооооогу плачев. Денес треба да ми дојди. Ми е тешко и физички и психички. Сфатив дека неколку работи сакам да се сменат во нашата врска. И сакам навистина да се сменат. И мислам дека ако не се случи то, дека ќе морам да продолжам по потешкиот пат, а тој е без него. Најсилно и најискрено се надевам дека нема да стигни ни блиску до то, ама не знам како да објаснам појасно од: Цел ден плачам од страв, од страв да не треба да биди готово. Не барам многу, не сум разгалена не сум крената и занесена. Разумно е она шо го барам и мислам дека барем толку сум заслужила во животот. И секако како шо си сум јас damaged good, вакви кавги плачки тешки психолошки мисли, одма ме тераат да си помислам на мајка ми. Се срамам. Се срамам оти поќе не мислам толку често на неа. Се срамам оти како можам да го заборам ликот на сопствената мајка... Почината е 13 години.. Не ми се верва..Се срамам шо не сум како неа. Јас многу малце ја памтам и сите спомени сите мислења шо ги имам за неа ми се од она шо ми го кажувале останатите. Дека била многу добра и на секој можела да му се најди. Ден денес ќе ме сретнат некои непознати личности ме застанват да ми кажат колку ја почитувале мајка ми... Била многу позитивна и ведра личност. Имам една слика од неа една сцена во умот шо ја памтам, кај шо мети со правослукалка и танцува онака весело енергично, а дома пука музика! И не можам да замислам од ШО била та жена напраена? Покрај се шо трпела и преживувала, толкава сила... Мој херој е иако не ја запознав. И искрено се прашвам каква личност би била јас сега, кога би пораснала со таква мајка покрај мене?? И ми е најдлабоко жал поќе од шо некогаш би можела да искажам со зборој, шо нема да доживеам уште еднаш да ја видам.
1 февруари, нов месец, втор во новава година, за убаво нека е. Мене 1 февруари многу ми значи затоа што пред точно 7 години се разбудив една вечер во 3ч и гледам ги нема ни мама ни тато и се испаничив Отидов во дневната соба и баба ми вика отидоа во болница ќе се роди брат ти. Тоа мало човече не ми се верува дека денеска полни 7 години. Голем да расте немиркото на дада. Додатно ми е убав денов затоа што надвор има снег, аа убавини.
Денеска е роденден на некој кој последниве месеци ми ги напраи едни од најубавите во животов... Сакам да знае.. дека му ја посакувам целата среќа на светов... Ете, уште еден испит помалку.. ако ништо друго..учењево барем ми се исплати периодов... Недела + снег + сонце. Би требало да го сакам ова. Обично го сакам ова. Но денеска ми е тапа некако...а да бидам искрена и знам и зашо... И многу сум среќна шо дое Фебруар. Стварно. Во петок ми е роденден и за прв пат во животов имам само една желба што страшно..најстрашно ја посакувам. Слушаш ли универзуме??? Ќе можеш ли до петок да ми ја оствариш?! ... мислам.. те молам остварија... не ме терај да ја мењам...
И таман вчера зборевме како зимата нема веќе сила, кога ете сабајлево станвме рано околу 4:30 и гледаме бело снег сè.
Ги сакам оние максимално искористени за релаксација сончево - свежи денови... Попладне почнато со долг туш, мераклиско густирање на кафето се` додека не се излади. И нетрпеливо превртување на секоја нова страна од некоја приказна, на светлина од сончевите зраци кои се пробиваат низ ролетните на твојата соба (која ни е најосветлена дома - бај д уеј токму ваквите ситуации ми се најголема причина да го сакам архитектонскиот распоред кај нас )... Накратко, lazy sunday at its best! Tуку, кога ги читам луѓево во ова време со статуси, сеуште расположени за снег, се осеќам као тип особа што најбрзо ѝ поминува еуфорија за едно годишно време и почнува едвај да ги чека убавините на наредното (овде читајте посебно посветено за зимата). Не знам за вас, ама мене после завршувањето на сите празници, и со почетокот на февруари - официјално ми почнува „едвај чекам кокичиња“ период... Веќе си се мерачам на прошетките на кеј и седење на тераса штом првото асално затоплување дојде заедно со ваков сличен сончев ден... малце ќе си почекам де, али ајде. Ајт ариведерчи...
Тоа е тоа, луѓе ќе ти копаат гроб позади грб, ама ко ќе поминуваат покрај тебе, ќе поминуваат со наведната глава, се што човек прави на други, си прави на себе си.
Како знам дека некој е прост? Многу лесно, секогаш кога не се согласува со моето мислење се обидува партиски да ме обои и ми лепи етикета. Ете така! Лесно нели?
Уште еден празен, досаден ден...дојде февруари...сурово е колку брзо минува времето И кога ќе сумирам се од предхосниот месец не гледам што всушност сменив во мојот живот како работите тргнаа на подобро.....па сеа ... ќе биде (ваљда) Ако не да бидеме реални има уште 11 месеци годинава (надежта последна умира)
Денес сум сведок на многу лош настан.Бевме со ќеркичкатаод 3,5 годни бевме на рденден во игротека JUNGLE KIDS во Карпош позади средното Ѓорѓи Димитров. И на крај кга во игралната останаа само 3 деца,меѓу кои и ќерка ми, со нв беа заедно и две девојки вработени во игротеката. Јас,бидејќи мојата ќерка има проблем со говорот и развојот,ја замолив едната од девојките да повнимава на неа,да не случајно избега,додека одам до тоалет. Мојот престој во тоалетот беше од краток пократок,и излегувам од тоалет кога слушам како родителите ме предупредуваат дека ЌЕРКА МИ ТРГНАЛА НАКАЈ ИЗЛЕЗНАТА ВРАТА. Ќерка ми кпга се свртев веќе беше тргната кон главната улица,се качуваше по скалите облечена по хулахопки,газеше накај снегот и викаше по мене. Среќа што навреме реаграв,ја земав ,ја вратив назад и отидов кај газдата да го прашам како тоа неговите вработени си го дозволија ова?! Тој само ги крена рамениците,демек тоа е тоа. А АКО ЈА ЗГАЗЕШЕ КОЛА? На настанот беа сведоци неколку други родители.
И мене исто како на Спешалка зимската еуфорија одамна ми помина, штом поминат празници и почнува школо, како балонче од сапуница ми прсна еуфоријата и сега ништо не остана од неа. Догодина пак. Во склоп со темава, денес така убаво сончевко, сите надвор, јас по пижами излегувам да си ги видам мачињата, стариот комшија сече некои тревки, другите нешто се вртат низ дворот, пискаат, а сонце си грее од далеку и му дава некој шмек на утрото. Се прошетав околу дворот и приметив дека кајсиите веќе пуштиле мали пупки, а и нарцисите и зимбулите израснале ливчиња, за неколку недели ќе се обои градината. А најмило ми беше кога видов една мала срамежлива темјанушка. Се стопив. Уште од мала, за мене темјанушките се првите весници за пролетта, бидејќи дома немаме кокичиња. Секогаш сум се радувала на првите темјанушки. Пролет, можеш да пристигнеш Инаку, јас како јас, домашната секогаш ја оставам за во недела, и денес имав доста тешка задача, па постојано наоѓав изговори. Се чешлав, се сликав, разгледував албуми кои не сум ги отворила со месеци, дури и на огледалата што ни се на скалите хухнував па погодував каде ми се очите, а да не спомнувам дека и Брачен судија гледав. Најважно е што ја завршив конечно. И така, сестра ми и татко ми гледаат ракомет, мајка ми полудува поради поплавите плашејќи се да не не’ фати, а јас уште и’ се радувам на темјанушката. П.С. Не знам за вас, ама кај мене веќе почнаа мачешките серенади.
Толку многу нешта... ама не можам, како некој синџир на рацеве да не можам да напишам, како некој фластер на устава да не можам да кажам..