Еднаш ќе го дочекам денот да заспијам без аларм и баш тогаш домашниот телефон ќе ми го прекине слаткиот сон. Си мислам, кој и да ѕвони е упорен, па безволно се извлеков од под јорган и се довлечкав до телефонот. А таму, од другата страна на линијата, една девојка која се обидува да ми продаде анатомска перница. За иронијата да биде поголема... Ми се чини дека ќе заспиев на слушалка додека ми кажуваше со какви перници располагаат - антиалергиски и антибактериски, изработени од мемори пена која целосно се приспособува на вратот и главата, збогатени со алое вера која помага за полесно заспивање и ослободува од стрес. Сакав да ѝ речам: Девојче, мене не ми треба перница за полесно заспивање, ми треба време за да се наспијам! Тоа нудите ли?
Учам...цел ден. Досадно ми е. Се ми се праи.. ми се зјапа во точка, дури и разговор сама со себе на глас, не ми изглеа лошо... ми се спие... ама.. не ми се учи бре!! Требаше да бидам балерина.... И ми се љуби... силно!! Невино и диво, детски-себично.... Ден и ноќ. На сонце и дожд...под звезди и месечини. Со поглед или усни... небитно! Ама...
Како студент, најубаво ми е она домашно новогодишно пакетче - кифлички, торта, колачиња, мармалад и бананчиња. Е така.
Имам колега со маслинесто зелени очи што прелеваат во кафено.. Искрено ми се бендисува... Денеска нешто се зафркавме, се каравме демек, се смеевме..Ме кани на кафе, а никако да ме покани... Се у лице му реков.. Мислам дека имам чувства за него... Како и да е по одредено време почнува да ме боли глава...Се враќам дома, пијам апче- не поминува... По совет од мајка ми ја зедов крстената вода и се измив 3 пари... Главата ми помина во рок од 2 мин.и станав многу смирена. Чуда... Оваа случка уште повеќе ми ја зацврсти вербата во Бога. Бог е со нас,секаде. Поминувам тежок период... Верувам дека се ќе биде во ред еден ден...
...дур да трепнеш дошол февруари. Да ви кажам искрено ни Јануари ми беше нешто посебно убав ниту пак очекувам Февруари да ми биде посебно убав. Порано бев поголем оптимист, а сега сум поголем реалист. Лани ова време се беше толку многу различно. Дури не ми се верува дека поминала една година. Ех,лета времето,дур да трепнеш поминала една година. Минува времето, за среќа тука се спомените да не потсетуваат на убавите времиња,на сите глупости и бруки и на сите бесценети моменти кој се засекогаш врежани во мојата меморија. Нејсе,ова постот ми е тотално неповрзан, сакав само да ви посакам убава работна недела и не дозволувајте лошото време да влијае на вашето расположение. Мислете позитивно и позитивно ќе ви се случува.
Она кога ќе научиш се', и потоа ќе седнеш на компјутер и не знаеш што попрво да направиш. Да седам на компјутер или да одам да , сабајле да бидам наспана. Сон е во прашање. Така денес ми беше прилично весел ден. Цел ден си потпевнувам... This hit That ice cold Michelle Pfeiffer That white gold И да, повторно чекам викенд. Да се наспијам ко човек, и да се одморам колку што можам. Немам ништо паметно да кажам, како и секогаш. Ајде, убаво да си се наспиете.
Кога на Сестра ти и‘ правиш друштво по телефон дури не излезе од темни страшни сокаци. И си правите глупави неповрзани муабети од типот на Оди потпри го Чинарон, му падна гранка Е затоа ги сакам некои луѓе. Едноставно, и наједноставните и најглупавите муабети, и оние кои немаат смисла, ти се забавни. И секој од нив завршува со хистерично смеење. И покрај тоа што ме фати лапавица на враќање од вежбање и стигнав дома накисната како маче, овој понеделник беше еден добар почеток за оваа недела. Во ист правец истата и нека продолжи.
Се гнасам од рептилските способности на луѓето за лижење и гребење повеќе од било кога. Среќа, воспитувањето не ми дозволува да и завидувам на таквите кои без трунка напор поминуваат во животот со само едно, демек она се снаоѓала. И таквите меѓу себе се познаваат и она што е намигнување за другите за нив е -оти мене не ми текна да направам ко неа- и нели, проследено со она лицемерно хихи хаха, како си. Само што се туширав (по напорен ден топлата вода оди побргу и од времето кога си среќен), па малку трип хоп ќе слушам, за да легнам смирена крај него, да не ме гледа со ликот на расправање со самата себе. Сапунчето со мирис на лубеница ме потсети на минатото лето кога се чистев во соленото море од сите зла и неправди и да, после секоја напорна недела треба да иде едно кратко лето или дајте да се качам на некоја планина. Ме смирува и ме вознемирува.
Не можам да ги сменам другите, тоа е факт, но можам да си се сменам себеси... сигурна сум дека никој не земал да плаче за мене во 3 после полноќ, како јас што го правев тоа деновиве Можеби хормоните ми се малце ван контрола (типично женско тешење нели), можеби конечно минувам низ онаа фаза каде се соочувам со се и полека болката поминува... Сами сме си криви за се , но само сами можеме и да излеземе од онаа јама во која се наоѓаме во одреден период од животот. Зарем не е така ?? Барем редам десетки во индекс ако ништо друго, еве да си се пофалам... Живот иде даље ... А кога ти срце ќе вредиш повеќе од мене самата можеби тек тогаш ќе се замарам пак со тебе, но додека си едно обично гомно (извинете на речникот) подалеку од мене и мојот живот !!
СДК WHAT'S WRONG WITH YOU PEOPLE!?!!!?!? Абе до толку ли бе, до толку без памет остана? Да останеш бремена со женет човек? Ах бе душо, толку ли немаш гордост, почит спрема себе? Па и со тој никаквиот, што три жени смени, со 5 деца што е и за ниедно што не му е гајле. Мислиш за твоето ќе му биде гајле. Ах бе ахххх
Некако мистериозно ме нашло цело community на свингери и луѓе што си бараат сексуални партнери по фејсбук и сега добивам чудни friend requests секој ден. Се изнагледав секакви чуда и не знам кога ќе сфатат луѓево дека не сакам да се дружиме. Иако се согласувам со коментарот на еден од нив, преслаткО сум.
Најубаво ми е кога цела куќа спие и можам на раат да си пишувам читам. Кога не слушам во позадина синхронизирани серии или реклами од српски шоуа. Се уклучив на пауза додека трае една песна и се гасам хаха. Викендов си поминав преубаво и за момент изминативе 4 дена заборавив на обврски, крајни рокови и остали глупости. Убаво ги почнав 24 и дај боже цела година да бидам во такво расположение. Ама еве бек ту реалити... Мастеров ми тежи на душичкава, ми фалат материјали и онака веке каснам што додатно ми прави притисок. Има работи што ми тежат на душичкава ама немам со кој да ги споделам... Се осекам моментално изгубено, и како да сум во круг од тоа што ми се случуваат се едни исти работи. Ми се смачи од топло ладно тактики. Мора нешто да сменам. Несакам нови разочарувања... Незнам дали да ми ласка или да се плашам што ми се пуштаат 20, 22 годишни момци? Озбилно што стана со машките моја генерација? или постарите У секој случај лошо.. Морам да сменам нешто. Не оди вака... И така, ајде доста беше пауза се враќам на пишување. Добра нок
А бе ми се свиѓаш дури и повеќе од тоа ама како ти кажам... знам дека нема никакви шанса да направиш нешто со колешка
Ооо уште утре, само утре и потоа ќе го осетам вистинското гушкање со мојот омилени пријатели - креветот и перницата Утре е последниот испит од оваа сесија, тако да нема кафиња на одреден период, туку само забавување и спиење Посакајте ми среќа т.е пуштете ми, ќе ми треба П.С имајте убав ден феминки и феминковци
Добро утро добричици!! Јас го почнувам моето прво кафе за денеска. Си легнав околу 2, си станав во 6:30..... није лепо мисЉим, да ви кажам!!! Невр д лес, ги сакам раните утра, ама само под услов да си имам порано легнато вечерта. Како ми се намалуваат испитиве, се помалку и помалку енергија имам. Со душа го чекам последниот за да нурнам во кревет на некои 2 недели!!! А кога сме кај утрата.... Имајте убав ден
Одвреме-навреме, на секој му е потребен совет и емотивно разбирање. Добриот збор и силната прегратка можат да направат многу за некој кому тие се најпотребни. Колку и да се силни пред сите, понекогаш дури и тие најсилните имаат потреба од разговор со најблиските кои ќе ги посоветуваат и смират со некој мудар збор. Некогаш, доволни се само два-три збора да допрат до некого за тој некој да си го смени животот од корен. Ништо не е вечно. Се доаѓа и поминува додека да трепнеме. Затоа, немојте да се држите за нештата како да ќе ви се слизнат низ раце, бидејќи токму тоа ќе се случи. Уживајте во нив додека можете и научете да ги пуштите кога е време за тоа. Се е полесно кога тоа што го знаете ќе го претворите во дело.
Кога некои суштества од луѓе ќе сфатат дека со тоа што се обидуваат да се издигнат себе си врз некој друг паѓаат многу пониско од него? Се надевам ќе сфатат еден ден колку се мизерни и бедни. Од ваквите живот се нема.
Сакам да кажам (1) дека забите креваат револуција против мене, а најголем страв ми е да одам на забар и да се качам на жичара и во ливт. Денес требаше да одам на забар ама решив да „имам“ работа и да „бидам“ зафатена. Знам дека ако не одам е полошо само за мене ама пусти страв... кога седнувам на столица почнува да ми се лоши, да ми се врти, да неможам да седам на нозе ... Па кога ќе почни да вади инструментите знам да ја фатам за рака и да ја замолам да почека малце, да почни да ми сте стемнува, како грутка да имам во грлото ... Многу пати имам станато и заминато додека таа ги вади инструментите или како шо велам „Затоа што не бев психички спремна“ ама реално никогаш и не би била. Мој другар вели дека со тек на време ќе престрашам ама се плашам од 6г., а машала сега имам 18г. Знам да се смирам со помислата „Аха, ќе побарам да ми стави анестесија“ и да се смирам извесен период и после реално знам дека кога ќе одам таму како звуко да ми се зема, неможам ништо да речам и само седнувам и ми работи без анестезија, па почнувам да паничам наново. Веќе две вечери откако знам дека треба да одам на забар премногу скоро, неможам да спијам. Шум ме буди и гледам дали е утро и дали е денот кога ќе одам и малце ми олеснува кога ќе видам дека не е денот кога треба да одам на забар. Ако е денот кога треба да одам, веднаш си смислувам оврски, станувам екстра продуктивна и све то. (2) Покрај мојот најголем проблем, почнав, сериозно овој пат, здраво да се хранам, намалив на шеќери, пијам премногу вода, чај без шеќер, кафе без шеќер и вежбам (покрај останатото зошто вежбам прв пат годинава чувстувам како гзо ме боли од самото седење) Сега скоро добив нова желба, The Flash, кога изгледав некоја епизода и кога спомена дека додека тој се движи се му изгледа како да седи в место, посакав тој да ми е забар. (3) Денес резултати од екстерното Сериозно се надевам на две 5ки, додуша и се плашам да ја добијам следната зошто мислам дека професор како професор ќе ми се налути и ќе проба да ми ја намали оценката која веќе е нешто ниска (тројка), ама што сум јас крива што прашањата се учеа со едно читање ... Накратко покрај тоа што добивам да одам и да го гушнам кучето, немам нешто најарно веќе во животот. Дури намалив и на пиво зошто „здрава храна“, „мора да се ослаби“