Полошо од огромна бубулица прв ден на работа е огромен херпес втор ден на работа. П.С. почнав со работа
Давид (циклонот)имал брат.Да не го кривите него,брат му е лошиот. Да кажам нешто за себе,за љубовта или за животот? За изгубените моменти,за моите слабости и многу солзи. Кога сакаш се да му кажеш а немаш храброст. Емотивноста го убива човекот,наравоучение
Колку бргу поминуваат деновите ееј ... посебно ако се е како што треба еднаставно не чуствуваш како времето лета,заборавам и кој ден е веќе. Веридбата е позади врата што се вели и веќе чуствувам како ме фаќа блага паника која што многу ме засмева.Стигнав и до овој момент каде што самата на себе неможам да си поверувам што ми се случува. Моментите со блиски луѓе,муабети за тоа како и што ќе биде,планови со него, кои ептен ме занесуваат и прават да не чуствувам ништо околу себе. Вчера купи сако и кошула за него + вратоврска па не дека е мој ама преубав е бе Колку е убаво кога имаш вистински луѓе покрај себе и чуствуваш како од срце те советуваат и ти помагаат за се да биде совршено.Па да и сакам да биде совршено и секако овие денови да останат запаметени Само здравје и времето да не послужи како што треба друго се ќе биде супер,знам! Деновиве уживам во улогата на вистинска домаќинка се е спремно на време а и така треба да биде Еднаш кажав ама ајде пак,се надевам дека со тек на време нема да жалам што почесто ќе треба да сум во оваа улога Не дозволувајте дневните обврски и малите проблемчиња да влијаат на вашето расположение,искористете го овој а и секој нареден ден максимално и не дозволувајте ништо негативно да влијае на вас. Отидов јас да спремам ручек и да си свиркам од убавини
Се чуствувам прекрасно *_* Но, имаше денов мали инциденти, добро мора да има... Требаше да одам во матица, и застанав колата пред книжара, фино лепо и претходно сум одела таму или во доминос и ништо не било. И оп пајак а во мене имав пари оти требаше да платам интернет, сметка за телефон, мобилен, и требаше на шопинг да одам...леле фала богу шо во кеш му дадов оти после кај ќе си ја барав колата Ама одлично поминав на полагање, се честев макица после тоа...ама сега да ја добијам мајка ми или татко ми да ми пратат пари, ќе ме исклучат од интернет бе не е важно тоа... убав ден, убави луѓе, хахаха убава јас
Сонцеееее......... Се надевам дека вечер нема да заврне , или пак некој снег да не завее. Абе, сонце си е сонце. Едвај чекам да дојде летото. Сериозно, февруари е, а јас лето чекам. И не ги разбирам луѓето кои воопшто не обрнуваат внимание на тоа како се однесуваат. Не доликува такво однесување во такви места, навистина. Ама ете, не сите го разбираат тоа.
070/ 143400 075/ 143400 077/ 143400 Донирај за настраданите од поплавите во Источна Македонија. 100 денари некогаш значат многу. #ПомошЗаИсток
По трет пат гледам видео затоа што ми е многу слатко бебето. ПМС ШТО МИ НАПРАВИ?! Спојлер: слатко бебе :D
Мразам некултурни девојки во кабелски оператори, вработени во мобилни оератори, мразам глупи келнерки, мразам продавачки што ме следат низ продавница. Истите ги мразам повеќе со пораснати мустачиња, лакирани недосредени нокти, со надграби направени со ниет да се гледа дека платила за нокти, со кругче околу мишката, со гаќа надвор од пантатлоните. Уште повеќе ги мразам кога се жалат дека им е тешко да работат пред мутериите и прават да се чувствуваш виновен што си допол да си ја платиш сметката. Еднаш, ја прашав една девојка, кој уфкаше и кукаше додека ме услужуваше. И реков, што ти е? Не ти се работи? Рече дека била пијана цела ноќ, во 5 се вратила од град и газдата ја натерал да дојде на работа оти немало кој да ја замени. Се надевам отпуштена е досега и на нејзино место има некоја што сака да работи.
Се присетувам на последните денови од минатата година.. Белград. Душава ми е стуткана во спомени. Некогаш мислам дека ќе ме угушат. Ако ме праша некој, ако има дел од животов кој би сакала да го проживеам одново, без воопшто да размислам ќе кажам..да можам, би се вратила себе си во таа цела недела во Белград. Гушнати. Припиени еден до друг, во наш и само наш свет, далеку од сите светови, подалеку од најдалечниот универзум. Можев да се изгубам во неговите очи, да му лутам низ душата, а сепак да се чувствувам најсигурно на свет. Можев да плутам само по воздухот кој тој го издишува... и тоа да ми е доволно. Да си направам хаос во главава секогаш кога ќе затворев очи само за да се потсетам дека е вистина. Тој е до мене!..а во исто време да бидам смирена само за да не ми ги почувствува бубачките што ми го матеа умот... Па мисли дека спијам. Па ќе ме бакне, брзо, мило и полузаспано... милион пати во ноќта... а не знае дека јас почувствував се...јас бев будна...спиев будна... за да го изживеам него со душа и срце во тие броени денови, па себично обидувајќи се да го вдишам.. да зачувам дел од него...за кога ќе го нема... за кога ќе биде далеку... оти мислев дека така помалку ќе фали....ама фали... А сега, фали и многу повеќе од тоа... Шетаме по Михаилова... јас занесена во камерата да не пропуштам случајно да напраам некоја смотана рандом фотка... го изгубив од вид... ама пред да почнам да паничам.. знаев дека ќе ме најде... и ме најде... со лижавче во рака за мене... Една од оние ситници.. ви текнуе? Оние мали ѓаволско добри совршенства што вајаат насмевки на лице и топлат душа... ама истовремено ги праат разделбите потешки? Е тие ситници... толку мали, навидум незначајни... носат цели бури во нив.... “This is what I like about photographs. They’re proof that once, even if just for a heartbeat, everything was perfect.” -Jodi Picoult
Сдк убавината е во очите и душата на човекот, но нема ништо поубаво од уредна и дотерана личност, со негувана коса, кожа и тело
Ако ви остане нешто недовршено од минатото, не се секирајте ќе ви дојде на врата пак кога-тогаш. Некогаш и во два примероци. Е сега може да има некое кило плус, помалку коса, може и по некое бело влакно, ама тоа е тоа. Еве мене 2007-2008 на врата ми џмијат во последниов месец. Брееее... Патем другар ми, словенец се вика Исток... денес другарка ми помислила дека е болен, а не ја информирале кога видела она - помош за Исток... немам реќи... сите сме во шок од брзината на сфаќање на нештата. Уште се смеам... Не, ми се свиѓа вака кога ми крадете мислења од тука, па ги твитате - 1. Ставаш маскара 2. Киваш 3. Панда Плус ова уште во септември било твитнато... ц ц ц ц ц. Порано да праќате вакви работи!!!
Она кога сфајќаш дека ти недостига факултетот... Колегите...Предавањата,смеењата, дружењето, караниците дали да имаме предавање или не.... Нетрпеливото чекање во ходник со индекс во раце... Борбите за повисока оценка... Стресното чекање за усен испит (леле што ќе биде, што ќе ме праша.. И на крај си велиш.. Ма ќе ме праша што знам и СЕ точно ќе одговорам), чекањето надвор пред амфитеатар да бидеш прозван... Фонетика, Фонологија, Морфологија, Синтакса... Подмет., Прилог, Зависно сложени реченици.... Basic Sentence Structure, Inversion, Derivation, Inflection... Колку само ми недостигаат... А јас СК работам сосем спротивно.... Позз до сите филолози, преведувачи, лингвисти ...
Она возика кола низ град, стално чита добра книга, носи фенси наочари и хаљини по најнова мода.... ама тато и‘ праќа пари за сметки. Е не ги можам ваквите амеби, бе! Не ги можам! И ај да престанам, зашто ако продолжам со постов, ќе треба во Испукајте се да се префрлам. Одох ја да се просветувам. Добра ноќ.
Не знам дали некогаш постоела толкава горчина меѓу толку млад, на изглед убав и надежен свет... Сите сме правеле, правиме и неизбежно ќе направиме по некоја/две/три/петнаесет илјади грешки и глупости. Но, нема поголем затвор од оној во којшто ние сме најдобри и постапуваме најправилно, а во исто време крајно се жестиме и ужаснуваме од постапките на другите, во надеж дека истава постапка нас ќе не` направи нешто подобри. Нема поголем затвор за нас од оној во којшто со презир, потсмев, омраза и предрасуда гледаме кон оној од којшто сме постапиле поумно и поправилно според некои непишани правила. Таквиот остар пристап со потсмев или навреди зборува и ќе зборува само за нас. Доколку веќе сакаме, од некоја неразбирлива причина, да ја покажеме нашата вредност на оној којшто според некои наши мерила згрешил повеќе од нас, треба да му пружиме рака и со тон полн со топлина и прифаќање да му укажеме на која раскрсница сме се разминале и како нашите постапки станале толку поинакви. Ниту една грешка и глупост не е поголема катастрофа за нас од гаењето негативни чувства кон другите. Барем преку грешките го живееме нашиот живот и се учиме од нашите грешки.
Луѓе се опседнуваат со серии... јас се опседнувам со ова... И ми создава чудно задоволство кога го гледам. Оно имам OCD во некоја блага верзија и не во таа насока, ама мислам дека сум на добар пат и вака да го развијам...
Времето кога бевме мали и се забавувавме со обични игри ластик, брканица, жмурка, народна. Се сеќавате ли на некоја друга игра од детството ? Фали тоа време , денес се во брзање , нервози, доооооолги телефонски разговори, дигитален свет
...кафето е чудесен напиток. Наутро кога ќе станете не ви поставува глупи прашања,не ве прашува ништо, само ви ги отвара очите и ви дава сила за напорниот ден кој ве очекува.Овде е за вас во секое време. Наутро да ви ги отвори очите, поручек да ве дружи заедно со некоја добра книга или пак навечер да ви даде сила да изгледате уште некоја епизода од вашата омилена серија.
Сакам да се наспијам. Една вечер барем. Сакам да одморам ос се. Сакам време само за мене. За кафенце, за филм, за книга. Сакаммммм Ох Нека ми се живи и здрави палавковциве, а јас ќе издржам. Ќе дојде ден кога нема да им требам. Брзо ќе дојде, а јас ќе ги барам овие денови.
Колку трае еден момент? Секунда, минута, месец? Времето е димензија што ни помага да не се изгубиме во просторот низ кој се движиме. Убавите моменти траат сè додека ги негуваме, би траеле вечно доколку само знаеме да ги негуваме. Тоа се оние кои ни го прават животот исполнет и му даваат смисла. Од другата страна на случувањата се оние што мислиме дека траат вечност, ни ја опседнуваат психата, ни ја обземаат душата, а сепак исчезнуваат толку брзо... Нашите мисли постојано се во спрега да го совладаат товарот кој не е лесен да се поднесе се додека не го исфилтрираат во канта заедно со останатите помалку пријатни моменти за сеќавање кои го сочинуваат животот. И, колку трае еден момент? Најверојатно, колку што умееме да си дозволиме и колку што сакаме да почувствуваме...