Зошто о зошто постојат чичковци кои уште мислат дека се на пазарот и те вреѓаат суштински со нивните глупи досетки, а ти си тераш работа? Сакам да работам на истражување на должината на дождовните црви во Бразил, ете до толку е работава!!!
Дека времево е боооооооог да чува.. де врне де грее сонце незнае да се одлучи тоа ме прави нервозна.. со болки во грб и несоница...-.- ич ама баш незнае што сака од нас...
Ги жалам дечињава што растат со турскине серии...ехх кога ќе се сетам како со нетрпение ги чекав новите епизоди на ,,Наше маало'' ... барем на миг да можам да се вратам во тоа време каде што единствена болка ми беше раната на коленото.
Многу мразам кога некој упорно ми прави да се чувствувам непријатно и ми дофрла работи, за на крај ако му кажам да престане, да испадне дека јас сум некултурна и крива. Ги учиме девојчињата да се плашат да кажат дека некој ги малтретира. Ги учиме дека тие се криви, секогаш недоволно облечени, секогаш премногу опуштени, се шетаат по небезбедни улици, пијат премногу алкохол. Ако некој ги нападне, секогаш ќе се најде некој да ги искара зошто оделе по таа улица и зошто ја носеле таа сукња. Не ни треба феминизам затоа што сме еднакви со машките? Не се чувствувам многу еднакво кога морам да се правдам дека имам дечко, за некој да ме остави на мира. И на крај ќе ме остави на мира затоа што имам дечко, заради НЕГО, не заради моето мислење. Ги оправдуваме педофилите со тоа што девојчињата се облекуваат премногу провокативно. Не им зборуваме доволно за сексот, па не се свесни што се брои за сексуално вознемирување. Ако постар човек без апсолутно никаква рационална причина си го извади пенисот на сред улица пред дете, колку деца би го пријавиле чинот? Девојчињата секогаш мора да размислуваат зрело, секогаш треба да се однесуваат пристојно. Секогаш зборуваме како не им ЛИЧИ на женските да се однесуваат како машки. Ги учиме малите машки деца дека за нив е дозволено да се однесуваат како мали неандерталци наоколу, дури и дека е тоа симпатично. Ги фалиме машките кога имаат девојки, затоа што wow тоа значи дека се мажи и посакувани, а им викаме на девојчињата да си ги соберат нозете. Ако девојка сака да биде послободна, ја судиме. Ако девојка зборува отворено за сексот, голем дел од машките под дефолт мислат дека штом таа има секс со повеќе партнери, значи би имала со било кој, па дури и се навредуваат ако ги одбие. На женско не му личи да биде инженер, да знае математика, да прави МАШКИ работи. За женско е проблем да работи МАШКА професија. Да работи професија каде треба да е шефица на повеќе мажи. Треба да внимава како се однесува со нив, за да не се навреди некој. За женско е проблем ако е надредена некому, тој да ја сфати сериозно. А ако ја сфатат сериозно, секогаш има некој од страна што коментира: којзнае со кого легнала за да дојде на позицијата? Колкупати сте го слушнале коментарот за машко? Женско да се појави на градилиште, тоа е секогаш чудно. Треба да внимава да не навреди некој, да не случајно носи нешто што не е прикладно, и тоа, никој не размислува за безбедносните причини толку, колку што за тоа дека МОЖЕ НЕКОЈ ДА ЈА НАПАДНЕ, или да го одвлече вниманието некому. Еден ист тип ми дофрлаше глупави коментари со недели на истото место, кога конечно решив да му вратам, сите ме гледаа мене чудно затоа што ЈАС сум изгубила контрола. Ако некое машко константно ти прави услуга, според многу луѓе е сосема океј да очекува дека ти си заинтересирана за него, затоа што инаку би било искористување. Ако е женско посилно од машко и има мускули, тогаш таа е грда, неженствена. Ако женско има стомак, тогаш е одвратна, а кај машките важи: не е маж ако нема стомак. Или стомачни, зависи како му одговара на ситуацијата. И не ми кажувајте дека не се сите машки такви. Знам дека не се сите. Ама се доволно голем број, за јас да бидам исплашена да се враќам сама навечер. Доволно голем број да носам дезодоранс во ташна, за да испрскам некој во очи, за да не ме нападне. Доволно голем број да ги стегам клучевите во рака кога се враќам сама. И доволно голем број, за да не можам секогаш САМА да си носам одлуки во животот. Затоа што се уште има проблем.
Јас дојдов да си се пожалам. Се трудам секогаш да сум весела и расположена колку и да ми е денот наопаку тргнат. Се чудам зошто сите околу мене се намќори, а и ретко шала сфаќаат. Дури во последно време се случува дали да кажам нешто зошто не знам како ќе биде разбрано тоа. Чест на исклучоците ама ретки се. Уште почудни ми се оние што те прашуваат за совет или мислење, се трудиш да им помогнеш колку што знаеш и можеш, за да воопшто не е слушаат што збориш и на крај будала ќе те направат што помагаш. И за тие сум се откажала од зборење која нема фајде да си трошам зборови. Да се разбереме, ни јас не сум цвеќе за мирисање, со маани секако. Се што сакам е да се почитуваме и да сме тука кога треба.
Со сета должна почит кон постарите што ја сметам како дел од oсновно воспитување и човечност, ама... меѓу сите намуртени, наелектризирани истурачи на нервоза врз рандом луѓе што првпат ги среќаваат и немаат никаква врска со нивната лична причина за истата - посебна категорија ми се оние кои во секаква најбанална секојдневна ситуација што ќе им се случи во ден почнат на лева нога, веднаш го вмешуваат муабетот за денешните млади и нивните маани. Онака чисто за пример и илустрација - луѓе на коишто буквално им е доволно да не можеш да им направиш место во некаква гужва (во која патем ти треба евентуално во инсект да се трансформираш за да се помрднеш), за експресно да со некого во близина да разврзат на лут тон муабет од типот еее какви се денеска младите, како беше во наше време... Од што ти е незгодно и од почит кон годините само се насмевнуваш без ништо да кажеш (за што пак добиваш коментар - на кого зборувам), бараш место и глеаш побрзо да завршиш работа. Истовремено од горенаведениот муабет кој продолжува на глас со спомнување секакви примери за критика, се осеќаш као да те виделе во не знам каква пијана компромитирачка состојба... И стално во милион варијанти на вакви ситуации во себе ми се буди онаа нулта толеранција за негативна енергија, без разлика од каква популација доаѓа... Еве не знам... ај некој нека каже поголема причина за хејтање гужви, м?
Тоа што живем со него ми е една од најдобрите работи кои сум ги направила за себе, за своето здравје, за мир, и љубовта наша и за сите саксии и цветови кои планираме да ги вдомиме. Храната е повкусна, сосот со печурки ми испадна ко никогаш до сега, се смеам, се расправаме кој да свари чај шо ќе ни иде со серијата, после оргазам легнувам и спијам во неговата прегратка, не чекам такси за дома. А он, толку љубовен, не си ни зел перница од дома со оправдувањето "епа нели ти кажа дека ќе донесеш." И така, недела дена на една перница спиеме и толкава спална да имаме, пак ќе бидеме скупчени еден до друг. Тој работи пред компјутер, јас постојам пред некоја книга, па ќе пушти од таму музика и ќе ме викне на сред дневна да се сретнеме за танц. Го сакам, се сакам и себе. Можеби на иста перница спиеме, но различни соништа имаме и си тераме, зјапајќи во тоа што сакам да направам еден ден за светот и за мене.
Не знам што ми се случува. Како малку немир да чуствувам. Битола, прекрасна моја Битола.Знам дека мојте се безбедни и ги слупшам на телефон повеќе пати, но...ете, се случи земјотресот па сме заминале во Битола, градот кој без разлика на колку и болка ми создал ќе носи некој епитет во мене како заститник. Да бев во Скопје тој период можеби ќе настрадав, можеби ќе бев загината или со големи последици ќе бев. Затоа повеќе од 10 пораки пратив,мојте донирале вода. Сакам да знам дека сум помогнала и сакам да ја намалам таа нервоза во мене. Сакам да бидиме хумани, сакам да донираме за нашите, за оние кои му е најпотребно. Денес е полавено Битолско, утре кој ли знае што ќе биде ? Кој ни гарантира дека утре ќе имаме мир и спокоен ден? Затоа драги мои сакам да ја потикнам хуманоста, затоа... денес му помагам на овие луѓе, утре тие нас. Тие сега мислат како ќе прежиеат, тие и нивните насади. Земја полна со насади зеленчук или овошје. Додека никои се зафркаваат и ставаат слики на истаграм од некој десерт. Не викам, да го стопирате животот, само бидете свесни, ете...доколку имате интернет, некој нема, некој мисли од каде да се набават чиста вода, нешто што може да се направи е да се донира на тел. броеви. 070/075/077-143-400. Ете денес јас, нема да одам во кино, денов го поминав со кифла и кисело млеко, но помогнав. Се чуствувам нервозно.....оти сакам да се соберам повеќе и повеќе пари. Затоа што секој заслужува рака кога му е најтешко.
Наплив на емоции цел ден,тажен ден...Ќе помини све си велам,но дали надежта останува во таја мисла ЌЕ ПОМИНИ СВЕ ? #таженпост
Разбирам човек да се жртвува,да работи ,да биде успешен ,почитуван ,сакан .Да си дозволува луксузи ,да остава убава трага професионална зад себе ,да биде идол и репер за успех ......... Велиме дека во Македонија има мн невработени ,мрза ,немање среќа,усовршеност и професионалност итн итн итн . Што е со жутиве и иди разбери ги ? http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=60770 После се чудиме зошто се толку мн намножени
Фала ти Лилит, тетка ми е опседната со чистење, мислам дека и јас сум како неа, не можам да поднесам прашина, влакна, а тешко достапните места со четка за заби. Алал нека им е на луѓево, па маж како овај чистењето професија што си го направи... секоја чест. Не ми се допаѓа само тоа што некои не сакаат да ги допираат кваките на вратите или па да седнат на тросед.
Една приказна да ви раскажам од денес, иснпирана од темата жени кои се однесуваат како мажи. Овој мојот денес се собира со колешки за некој проект и го испратив со зборовите да се задржи колку што може повеќе оти ми треба време за себе, малку да си уживам во сопствената самотија пошо си ја сакам и си ја ценам најмногу на свет. И ме разбира тој, од вчера не ме знае. И еве, исчистив цела куќа, испив еден чај и едно кафе со Хазарски речник, напишав еден пасус што можеби некогаш ќе го искористам во расказ, се туширав, се мачкав со антицелулутен гел, и музика слушав и пеев.... и еве.. толку ме држи. А, и му пишав порака да купи некое секси чоколадо на враќање. Од толкаво негово присуство и одеднаш со никакво присуство, ми недостига неговото кикотење на се' и сешто. Се стемнува, сакам да го галам и да го имам. Го знаете оној народен мотив на жена пред прозорец? Е, така и јас се сепнувам на секој звук од надвор, мислејќи дека е тој. Хм, крај краева си мислам, ќе дојде кога ќе се заинтересирам за нешто трето. И така се' во круг, се' во круг, а тоа е толку мило.
Сакам да кажам дека искрено многу е забележително дека Битола е секогаш во втор план во нашата држава. Поплавите во Пелагонискиот регион се исто толку обемни и страшни како и останатите ако не и повеќе со оглед на тоа дека Пелагонија е котлина која се повеќе и повеќе се полни со вода! Не знам што толку има против градот нашата држава што толку е запоставена во последните 10 години. Се во Скопје се гради се во Скопје има. Се согласувам дека е главен град и дека треба да е претставник на државата, ама мислам дека ова е малце претерано! Македонија не е само Скопје. Битола нема стадион, во Спортската сала капи кога ќе врне, нема ни трговски центар, нема салам БОЛНИЦА ајде батали останатото.... Една од најлошите болници во Македонија имаме па после ќе ми кажват онде на рекламите дека треба да се консултирам со доктори и фармацевти, а не на своја рака да се лекувам... Што да одам средство за чистење да ми стават во инфузија? Подобро болна ќе си седам и не се лечам таму. Срамота....
СДК ... она што најмногу љубам од животна област, најмногу ми пореметува желби, планови ... животна енергија ... ,
Не сакам да си ветувам сама на себе цели кои не можам да ги исполнам. Ако знам дека нема да успеам, не ни почнувам. Ама кога веќе ќе почнам, не запирам додека не сум готова. Смешни ми се луѓе што секогаш ја бараат вината во други. Генетиката не е крива што имаш сто кила, туку ти. Професорот не е крив ако те мрзи да фатиш книга. На фитнес нема да вежбаат справите сами, мораш да си го помрднеш газот. Шефот не е неправеден ако ти се дере за работа за која си платен да ја завршиш. Луѓето не се лоши ако се тргнат од тебе затоа што им ја исцицуваш целата енергија. Низ животот ќе среќаваш секакви луѓе. Ако не најдеш позитивни луѓе што ти го разубавуваат денот, биди ти таа личност за нив. На неправдата не враќај со неправда, тоа не е натпревар. Тргни се од луѓето што те прават несреќна. Сакај се себеси, за и другите да те сакаат. Биди тоа што си, ама не дозволувај да станеш огорчена и завидлива личност. Сакај ги и другите, затоа што омраза и негативна енергија никогаш не се добра работа. И не давај изговори зошто не можеш, туку барај начин за да си ги исполниш целите. Затоа што можеби шефот е неправеден, можеби генетиката е кучка, можеби испитот е претежок, ама само ти треба да си во контрола на сопствениот живот. Ми требаа многу години да го научам ова, веројатно е најважната лекција во животот.
Не знам колку сте запознаени со ситуацијата во Битола , односно колку другите телевизии пренесуваат , состојбата е очајна , има големи поплави ,реката Црна направи многу штета во куќите во селото Новаци , исто и патот до РЕК е блокиран , и Манастирот Св Богородица е под вода ,многу тешко и жално ќе биде за тоа што им пропадна есенскиот труд и маката на селаните и што има закана и за пролетната заработка ,на никој не му е гајле за нив, а луѓето од тоа живееја само , на локалните тв гледам едвај по некој човек од јавните претпријатија помага , а каде е војската , зарем малку има платеници кои буквално лежат по цел ден ,не посакувам ништо слично на никој , ама да беше ова во Скопје цела држава ќе ја кренеа на нозе , дојде и претседателот , господинот беше на 2 мин да види и замина и тоа дојде со хелихоптер да потроши фино илјадници евра на терет на државата, и каде е тука општо граѓанската свест колку бавно и млитаво се берат донации , додека за Србија кога беше очи не склопуваа само да им соберат средства , а Србија каде е во случајов ?ни го заборави доброто ајдфе да не тупам веќе во овие доцни часови ( Господ нека им е на помош на оштетените граѓани )
Се згрозувам од егоизам, дволичност, едноумие, озборувања, лажни авторитети, партиски медиокритети, корумпирани медиуми, испрани мозоци, луѓе без свој став и мислење, величење погрешни идоли, вљубување во новчаници наместо во луѓе, сапуници, ефтини квизови, љубопитни познаници, куртоазни разговори и дружења... Деновиве... Се тоа во неограничени количини, на секој чекор, во секое време... Ми недостига чист воздух во секоја можна и преносна смисла на зборот, во најдобар случај и крилја да летнам и тоа што подалеку од овде. Да заминам и да не се враќам назад, да тргнам по нов пат, да направам нешто за себе, сама да ја креирам својата иднина... Да патувам многу, навечер да заспивам мирно, да останам она што сум, она во што верувам, она за кое живеам... Да не бидам демотивирана, замолчувана, деградирана, споредувана со други, озборувана... Ќе може ли?!
Што убаво на времето во акционите филмови кога имаше заложништво се знаеше што се бара за откуп.Пари.Во една актовка милион долари мх,мх да им се изнагледаш кога веќе не можеш да ги имаш.Па како ги отвараа актовките за да проверат дали се точно парите...А не сега за откуп им бараат некакви предмети од вредност,дијаманти,прстени,безбол топки,ракавици,по некој чип и какви ти не глупости.Ееехх...
Кога видов колку од моите пријателки на фејсбук го споделија албумот на Ели Сааб од најновата ревија, меѓу кои и мои другарки си помислив на тоа колку сме презаситени од она во што е претворена модата денес. Или барем јас сум. Сите сме луди по Лобутинки, купуваме секаква можна копија на нив, па сукњите со висок струк, па фустаните од 90% ликра во кои сите изгледаат како да се складно градени, а не се... Ми се носи сомот бре луѓе! Ми се носи гранџот од деведесеттите. Фармерки траперки. Чевлите со дебели потпетици. Дури и оние пластичните плетени ланчиња за околу врат ми се носат Сите наликуваме една на друга. ‘‘Модата‘‘ ни го стега телото. Сите сме со задниците напрчени ко да ни е задњо! Мислам дека секси е да изгледаш како милион долари во целосни фармерки со трегери како некој мајстор... и да се чувствуваш така. Не ми е навистина секси затегната во два броја помала кожна сукња и напрчена за на профилна. Онака јас...