Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Простувајте, со простувањето си правите услуга на себеси. :angel:

    [​IMG]
     
    Последна измена: 22 февруари 2015
    На Hipster и elisabeta им се допаѓа ова.
  2. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    Ме нервираа Бубамара и Сашко Коцев before it was cool.

    Осетив потреба да си кажам некаде...
     
    На Candid и Azriel1 им се допаѓа ова.
  3. anuvcheto

    anuvcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    352
    Доброутро
    Уште малку остана и по втор пат да станам поголема братучеда и дада. Кој ќе дочека^_^
     
    На Plamenka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Значи не знам шо е проблемов шо само преку агенција чоек може да најде асален стан со нормална цена за изнајмување :|
     
  5. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Какво разочарување беа оскариве,немам коментар... Покрај The imitation game i American sniper,најмногу награди да собере Birdman некако ми нема смисла,ама ајде... Филмот според мене е тешка глупост,една од полошите комедии што сум ги гледала.

    Сдк2 конечно отворивме фонд за заштеда(такозвана тегла :D ) со другарките за чување пари за одмор,зошто како трошиме ќе си останеме во Ск. Во март доаѓаат деца на размена кај нас,како што пред 2 месеци ние бевме кај нив во Германија,па и за тоа многу пари ќе отидат со оглед на фактот што ќе треба да им купуваме храна,да им плаќаме прошетки и сметки во ресторани и така. Во април екскурзија една недела од школо,па и за тоа треба пари. Во мај мој роденден,и заедно со утре 3-4 матруски уште еден голем трошок... Планираме во Грција да одиме почеток на јули,и крај на јули во Охрид. Така што мора да се штеди,ама нели пари не се проблем,пари нема :D

    Сдк3 не ми оди многу диетава,ама бар сум решена и не се предавам до сам крај. Инаку почна пред точно 4 дена и трае до 18 мај. Секој почеток е тежок,па така и овој. Има време уште неполни 3 месеци,така што јас се надевам дека до тогаш ќе стигнам до саканиот резултат,полека но сигурно без јојо ефекти и дупло покачување после тоа. Секако вежбам редовно,одам по редоследот храна баш како што пишува и што е најважно одлучна сум и не се предомислувам.

    Сдк4 многу планирам и многу зборам и калкулирам,календари за диета,трошоци,учење ова она,глава почнува да ме боли. Ама мора да и се најде крај на мојава неорганизираност :D

    Имајте убав ден феминки,мене ме чека книгава биологија,30 страни не ми бегаат :*
     
    На crimson и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  6. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Еднаш ќе решам да станам порано. Да се напијам шолја кафе, да доручкувам ко човек и да се спремам за работа.
    И тогаш..


    ...снемува вода. |(
     
    На marama, Hipster и anuvcheto им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.502
    Допаѓања:
    183.979
    Пол:
    Женски
    Разочарувачка Буба Мара...уште поразочарувачки Оскари.... Се на се некако подпросечно..
    Буба Мара..ептен спектакуларно ја најавуваа, као доста саати ќе трае, многу смеење (као и секоја година пошто нели креативноста е таа).. и знаев дека нема да биде ништо посебно. Исто и Оскарите.. знаевме кои се фаворитите и обично така тоа иде.. најчесто фаворитите лапаат Оскар... ама ете се надевав дека нема да е така.. и затоа и се разочарав и не коментирав во таа тема...
    Хаљините... Што се дешава со хаљините бре?! Очекував далеку поголем гламур.. а можам да набројам само неколку шо ме бендисаа...
    ******************

    Денов убав.. не премногу за да ми удри во глава, туку доволно да бидам расположена.
    Се радувам што врне..да се наполнам со позитивната енергија што ми ја исцрпи сонцето минатите денови.
    Со свежина, со живост, со надеж... љубов...ако има на мени...
    Во секој случај заменската љубов увек врши работа.. Неговото Височество *Јако-Црно-Турско-Кафе* !!
    На здравје :coffee: :)

    il_fullxfull.674023064_dz28.jpg
     
    Последна измена: 23 февруари 2015
    На srcekrsacka, bittersweet и crimson им се допаѓа ова.
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Работете на односот со своите деца, покажете им вистинска љубов, покажете им почит како да се возрасни и научете ги на вистински вредности, зашто еден ден, кога ќе пораснат, благодарни ќе бидете за истите работи кои ќе ви ги вратат назад.

    Како низ соседството, по роднините и по телевизиите што можеме да видиме, а на форумов често да прочитаме, илјадници луѓе не знаат да комуницираат со своите родители. Нема да знаат ниту со своите деца. Секојдневие минато во расправии, несогласување и омраза. Три мига подоцна, старите веќе се заминати на небесата, младите омразата ја менуваат со тешко недостигање за своите „какви и да се, мои се“ родители, а со една нога и самите тргнати на истиот пат. Живот минат во очај. Трагедија.

    Но, можеме да прочитаме на форумот и за семејства кои одлично се согласуваат. Минуваат неделни ручеци во смеа и радост, аура на љубов блеска низ прозорците и ги заслепува случајните минувачи. Дедото во плетено сиво елече кој седи на фотелјата со бастунот потпрен до него се обидува да ја сокрие насмевката и да остане сериозен. Го следи џагорот на масата и се труди да држи чекор со финтите на внуката која збори за некаков си Твитер, нешто што нецелосно го разбира, но ги разбира насмеаните лица на луѓето околу него. Мирис на лаванда и портокали како низ лавиринт од слики со љубов и среќа се обидува да го најде патот до вратата. Останува сепак, заглавен во совршениот миг.

    Тој миг...
     
    На marama, SnowWhite8, Candid и 11 други им се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    да не знаеш што да мислиш за мажите
    пијат
    се дрогираат
    се коцкаат
    во долгови се
    разочарани во љубовта
    и за кого да се мажиш?
    што моиве запнале мажи се па мажи се
    после 30ката со стројници ке ме даваат бараат тоа гарант
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Епа посреќна не можам да бидам.
     
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.287
    Допаѓања:
    91.990
    Пол:
    Женски
    Кога имаш подршка многу полесно се оди напред по патот на успехот и остварување на замислената цел.
    Имам подршка,вистинска подршка од срце,се надевам ќе успеам :)
     
    На tessie, duffi, Elena69221 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Во животот, човек треба да е премногу итар, ако сака да опстои.Челичен да е и имун на се, друг начин нема.
     
    На baby-star, julie77 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.903
    Допаѓања:
    163.760


    Светот е факд ап, а не вие.
    Не е идејата ниту слепо да веруваш дека те бива за нешто, а е далеку од вистината, кип ит рил и терајте по соништата.
    И запамтете - луѓето сакаат паметни, ама не попаметни од нив. Неискусниот ќе стане искусен и ќе ги надмине тие околу него, тоа е голем ризик.

    Понеделнички шмркам и тешко одлучувам кој пат да го фатам, со две понуди во ракав, се додека не е конкретно ти викаат - уау, одлична шанса, ти немаш поим како е се супер, а потоа абе слушај, све супер, ама вака и вака се работите, за сега е така, ама во иднина ќе биде така како што зборевме. Абе ај...
     
    На Hipster, Snow-Star, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    На Гордана 10 би додала....несамо да е итар туку треба да има свој став и да си има свое Јас.Челичед да е, имун и би додала да си држи до себе и своите принципи.
    Еден човечки совет би дала....БИДЕТЕ ЛОШИ...само така нема никој да се осуди да Ве гази.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.528
    Пол:
    Женски
    За сите љубители на книги, ѕирнете ја странава на penguin, мене многу ми се допадна.
    http://www.littleblackclassics.com/

    Ако кликнете на пингвинот, ќе ви даде цитат од некој класик, кога ќе кликнете на цитатот дознавате од која книга е. Ги има 80 книги, не знам дали ги има кај нас, ама со оглед на тоа дека се класици, ако ве заинтересира нешто, сите ги има онлајн во epub, pdf формат бесплатно и легално. :)

    Инаку денес решив да фрлам се што не користам, да си ја средам собата и да ја нацртам како што сакам да изгледа, за конечно да ја реновирам. Едвај чекам нова соба, сакам чисти линии и бели ѕидови, портокаловата што ми ја ставил генијалниот архитект претходно ме убива, цело време имам жолтеникаво светло во соба. И еве ме, со тешко срце фрлам предмети што не сум ги користела со години, ама пуста приврзаност за глупости.
     
    На marama, Lella, Elena69221 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    СДК за љубовта нема мера. Само што ќе си речеш оти сега љубам најмногу, таа се зголемува. Секогаш кога ќе помислиш оти е тоа најголемата количина што можеш да ја добиеш и пружиш, нов посилен бран те опклопува.

    Што да ви кажам повеќе, невестата се снајде, спрема свадба на големо(waiting), од буквално мртва тишина добив галама и штуткање:lol:, фустан од соништата, и се она што го планирав се изгуби некаде низ претходните две-три години, ништо не било така]:):tmi: Останува само здравје да не служи!
    Вие другарки да сте ми добри, здрави и весели :angel:
     
    На marama, crazylady, Candid и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.281
    Допаѓања:
    81.856
    Пол:
    Женски
    Понеделник и прв ден добиено се урнебесна комбинација! :drunk:
    Посебно кога ќе додадеш и гужви пред лифтови, гужви во сообраќај, нервозни фацијални експресии (зошто побогу, уште од седум сабајле? Како да се нервираат луѓево дека едноставно треба да започнат со дневните обврски ?!), мме кој прв почна. (wtf)
    Се чувствувам како корпа за отпадоци без дно и туку се мислам кое тенџере да го начнам и која кутија со слатки да ја ископам од замрзнувачот.

    Патем, со мајка ми сме на „пет минути другарки, три дена снаа и јатрва (no love among the bitchez :rofl::rofl:).“
    Една во полн ек со хормони до плафон, другата во климакс, ни фали само уште една кенкава тинејџерка пред добивање, за татко ми официјално да скрене и да се откаже од нас преку курир.мк.
    Добро, затоа пак го имаме брат ми; доволно ни е напнато по дома и без присуство на уште едно женско битие. :tmi:
     
    На marama, Candid, Lella и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.209
    Пол:
    Женски
    Ги имаше овие во Академска книга, околу 140-150 ден. парче беа ако не се лажам. Барем беа penguin classics. Порано ги имаше и во Англискиот Центар спроти Рамстор, ама таму беа далеку поскапи. Башка не сум ни била одамна таму, мислам дека веќе немаат голем избор на книги.
     
    На mackica1, Sexybaby86, Lilit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Е тоа, човек треба да е злобен, за поубаво да си помине во животот.Оти луѓето денес не ценат, а и знаат да ги преминат сите граници на однесување, па мислат можат со другите мајтап да си играат.
     
    На referentka и buba4e89 им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Болеста се лечи, ама мизеријата не.
     
    Последна измена: 23 февруари 2015