Денес го чув најнежниот опис на татко ми кога прв пат ме земал во раце - валжни плави очиња ме гледаат, а не те ни чувствував колку си тешка, ѕвездена прашинка... Што технички може да значи и еден тон, ама баш симпатично звучи...
Моментот кога при читање книга, баш при крајот на страницата наидуваш на некоја реченица во кoja се пронаоѓаш, те предизвикува да се задлабочиш во меморијата чепкајќи по поврзани случки и во филозофски размислувања за животот... за на крај да сфатиш дека уствари си заборавила што се случува во цела страница и повторно ја препрочитуваш од почеток. Аm I the only one..?
имам еден дегенерик во клас и цело време ме гледа како да сум од марс падната кога се глупирам ама јас сум целата лике wrid is kool and i rool the wrld хехехе фала интернету фала пораки полоши од семе синапово специјална сум како да работам во специјал фала ти и на тебе бојан што немаш друга работа и се замараш со мојот живот 100% ми љубомориш лилеее ај одам на маникур
Сакам да кажам дека плачам ко мало дете од жал за дедо Љубе. Еве копиран текст доколку не сте запознаени со случајот: Се сеќавате ли на дедо Љубе од с. Којково? Дедо Љубе цел живот помагал, им ги спасувал животите на залутаните планинари, им помагал на затрупаните рудари колеги и многу пати дури го ризикувал и сопствениот живот. Сега е време и ние да му помогнеме на дедо Љубе. Живее во трошна куќа со својата баба која беше мета на силеџии во која се случи и немил настан. Бранејќи се од насилниците кои влегле во неговиот дом и го нападнале него и неговата баба, биле мачени, тепани и на крај и врзани. Некако успеал да ги одврзе ортомите и испукал со пушката за да се одбрани. Денес на дедо Љубе му се суди и на неговите 75 години оди пешки еден час и половина за да стигне на рочиште. За дедо Љубе обезбедивме правна помош, она што би можеле се парични донации за кои накнадно ќе биде договорен начинот и времето на собирање. Ве молам луѓе ако имате срце да го поддржиме дедо Љубе ми се скрши срцето сега кога го гледав прилогот на телевизија. На фејсбук има страна за поддршка на дедо Љубе наречена „Слобода за дедо Љубе“. Секако доколку се согласувате со тоа дека треба да му биде простено за тоа што си го штител животот негов и на неговата неподвижна женичка... <3 Дедо срце <3 Ма какви луѓе можат да МАЧАТ стар дедо и стара баба?????????? КАКВИ???? Ај што крадат, ама да ги мачат.... Не можам...
Денес гo фaтив нa делo келнерoт кaкo ме имитирa кaкo јaдaм. Дoби некoлку oстри пoгледи и не дoби бaкшиш. Мoчкo. Стрaственa женa сум јaс, не мoжaм дa јaдaм кaкo препaрирaнa, кoгa јaдaм се внесувaм и кoристaм и прибoр и рaце и земaм гoлеми зaлaци, си прибирaм и oд други тaњири, кoј штo не јaди, нa кoј штo му oстaнaлo. Не сум некултурнa, сaмo си јaдaм сo мерaк. Не ви е елитен рестoрaнoт пa дo тoлку дa се пaзaм, нa сред тргoвски сте ебaве.
Не, не и не!! Не можете од една водолија да очекувате да бира меѓу нешто! Не можете да ја ограничувате! Не знаете кој притисок и која казна е тоа за неа!!!! Највеќе мразам кога треба да бирам една ствар помеѓу 2 или повеќе понудени. Не е можно тоа. Неам една омилена песна, боја, актер, дестинација..зошто имам премногу!! Не можам да се лимитирам со само едно нешто...дури и за ситници и баналности! Моите избори се сведуваат на поише од една опција или сите понудени, или воопшто ниедна, ама никогаш само една. Толку е едноставно!!
поглупаво девојка од мене не постои не сум лекомислена не сум глупава имам поцврст карактер имам ама бе брате кога ке се вратам на минатото се каам премногу и за бивши и за врски и за се леле до кога вака бе човече дури и музиката почнува да ми смета-прв знак на депресија а вртоглавици овие два дена сум ни на небо ни на земја до каде вака незнам
Си седам јас онака, одмарам од "учење", и слушам на телевизија зборуваат германски. Ја мајката. Почнав внимателно да слушам за да видам дали разбирам. Филмов беше српски, а зборуваа и на германски. Слушав внимателно, и за чудо разбрав се што се зборуваше. Ама оди слушај што се зборувам на вистинска германска телевизија. 300 на саат зборуваат, и додека да си го премоташ тоа во глава, да сфатиш за што се зборува, тие почнале да зборуваат за нешто трето. Многу сакам да учам јазици. Летово ќе почнам да учам шпански. А за англиски пак, да не почнам да . Се фаќам себеси како размислувам на англиски. И тоа премногу често. Море, за странски јазици ме бива, а за македонски јок. Се сетив на една смешна случка од кога бев помала. Со брат ми бевме сами дома, мајка ми и татко ми беа на свадба, брат ми става млеко во чаша и истури на земјата, и на англиски вика ХЕЕЕЛП, а јас тогаш бев мала и бев ќутуче за јазик и му одговарам: Help ja ju no! И ден денес кога се сетам се смеам до солзи.
Сакам да им се извинам на @IronLady @Anabelle.Amorette @Someonespecial зошто се изгубив од чат...причина? - ми се јавија на телефон па се забораив едно 2 ипол саата извинете женски...
пред некое време ми се случи нешто многу лошо што буквано ме турна на земја.животот убаво се пошегува со мене.и додека повторно се изградував над рушевините што останаа,само една личност ме фати за рака да ме извлече од таму.да ме спаси.тоа е мама. СДК родителската љубов е единствена,безусловна.родителите некогаш грешат но никогаш не мислат лошо. и додека сите други ке ти завртат грб,мама е тука рака да ти подаде. ценете го тоа.
Сабота вечер си седам дома и ми е досадно. Се присетив на моменти не баш убави, моменти кога сум го колнела животот и сум била во тешка ситуација, си размислив убаво и со велам море убаво ми е, супер ми е и покрај тоа што си седам дома а ми се излегува со добро друштво.
Сдк после толку време еве ме во оваа тема...Само да ве позз ситте јас сум добра одлична .....позз до сите се најдобро
Некои момци единствената шанса за да допрат женско тело ја имаат во гужвите по ноќните клубови. Мислам аллооо кое е тоа манијачко ''случајно'' допирање при разминување
Синоќа во дискотека едно сељачиште толку силно ме плесна по гз што се забодев во една маса и истурив 2-3 пијачки
1ви Март конечно нов месец што звучи свежо. Чувството кога купуваш нов број на списание за мода и ја впиваш секоја страна. Шаренилото од пролетна колекција по продавниците што предизвикува воздишки. Капучино на сонце, кожна јакна и поглед на Водно. Скокоткање во стомакот, циркулација од пешачењена свеж воздуш што најавува уште малку пролет, фрлете ги шаловите и чизмите време е за љубов.