Колку ме нервираат луѓето кои го забораваат значењето на зборот Благодарам....Ко, да е којзнае колку тежок зборот па не можат да го изговорат. Знам дека звучам како некоја баба ....ама ми е преку глава од неблагодарни суштества. Не барам клањање, не барам ништо за возврат. Но барем почести ме со едно Благодарам, затоа што го губев моето време на тебе а можев на некој друг. Пред да ја завршам твојата незавршена работа знаеше да молиш и да проколнуваш а откако ја завршив иронично ми се насмеа и ми рече ..-Де, де па за тебе ова е ситница! Е сега, како што ти го заборави зборот Благодарам, така ќе го заборавам и јас твоето битие. What goes around comes around, bad karma baby
И се лулкавме на нишки од јаболков цвет исцртани во воздухот... Плутавме по рамнодениците на есента...вдишувајќи го последниот нејзин здив... Си ги предававме душите еден на друг додека го минувавме мостот на мечтите... Дињи под стаклените облаците и јагоди со мирис на утринска роса... Ме опејуваше во секој негов здив со секое допирање на усните..цврсто колку неговиот инат, кршливо колку мојот страв дека ќе го изгубам... Остана парче душа на тој таван со поглед кон ѕвездите..оти секогаш оставаме парче душа таму кај што ни било убаво... Ви недостигал ли некој толку многу, што ви се дешавало да се будите длабоко во ноќта, и будни да го гледате и чувствувате покрај вас? Мене да... секоја вечер....
Времето прави да се чуствувам депресивна и да неможам да се справам со чуствата кои ги потиснувам длабоко во себе,несакам да ги искажам пред нив ,несакам да почуствуваат дека сум тажна ...
Се осеќам исцрпено. Лошо. Депресивно. Би требало ова да е мојот најсреќен ден или еден од посреќните. А јас се осеќам ужасно. Зошто? Секогаш кога би требало да сум најсреќна после фуријата од ко ќе заминат сите почнувам да се осеќам само, напуштено, лошо. Ти честитат сите ти посакуват најдобри желби се најдобро сите баш сите. Ама... тој што треба да е до тебе, тој што си го сакал најмногу на свет не е до тебе кога ти треба најмногу кој би се радувал најмногу. Тато сакам да си тука до мене. Ми фалиш ужасно ми фалиш. Ми се чини таа празнина никогаш нема да ја снема никогаш нема да се пополни. Зошто господ ми ги зема луѓето што најмногу ги сакам. Можеби не ги ни зема тој кој знае... И така од претпоставениот најсреќен ден станва ужас прав ужас. И се така секој најсреќен ден. Го мразам! П.С. Се извинувам за демотивирачкиот пост. Ама ако не кажам, па макар и напишам негде ќе пукнам.
Толку сум насмеана, ведра, со желба да се муабетам и со жената со која се разминувам додека е вакво времево дождливо, прекрасно што изгледам како некој болен садист попрво. Сите брзаат некаде да стигнат и таму кај што никој не ги чека, јас си го зедов мојот чадор и си пешачам без везе ко за себе. Ми помина пубертетското доба кога на секоја мала промена мене расположението ми се менуваше, сега сум баш вистинско мартовско дете.
Кога се занимавам со љубов, послабо ме фаќа депре. Имуна сум дури и на врнежливо време. Се што е лошо и гадно ми делува така далечно. Се прашувам заљубена сум во љубовта или во човеков?! Штодае упичкуматерину ми прија! Еве си бев до продавница, поминав поред штабот на ВМРО, се собрале на состанок, ги фаќа паника...не ми дојде да им влезам и да им се развикам - СИТЕ ЌЕ УМРЕТЕ ЕДЕН ДЕН БЕ АЛЧНИ ЕДНИ, КАЈ ЌЕ ВИ ОДИ ДУШАТА. #хехе НА!
Татко ми е СЕ во мојот живот. За мајка ми, за баба ми, за дедо ми, сестра ми, не го чувствувам истото чувство како што го чувствувам спрема татко ми. Не е дека не ги сакам, напротив, но татко ми на поинаков начин го гледам. Можеби ќе речете дека треба сите исто да ги сакам, но ете таква сум. Во мојот живот си имам зацртано само 1 личност за која би дала коски, кожа се што е на мене без око да ми трепне. Нека ме одерат мене, само татко ми да не го чепкаат. Ако не ги видам мајка ми, сестра ми 1 ден, ми е знаете.. онака, утре секако ќе ги видам. А ако не го видам татко ми? Ќе се расплачам, секако. Таква сум, таткина галеничка. Уште од мала било така, и така и ќе остане.
Не секoгaш и не сите сaкaaт дa гo слушнaт oнa вистинскoтo. Пoвеќетo сaкaaт дa верувaaт вo нештo штo тие сaмите си гo зaмислиле. Дури и ќе ви се нaлутaт aкo глaснo јa прикaжете реaлнoстa. Дa, дa, сите други ќе бидaт нaјдoбри, нaјсупер сaмo зaштo се смешкaaт, си ќутaт и ги тaпшaaт пo рaмo, a вие ќе бидете тие лoшите, тие штo мнoгу збoрaт, тие штo се' знaaт... Не се лути нa себе и нa сoпствените бљувoтини, туку нa тебе штo јa сooчувaш сo истите тие нејзини бљувoтини. Кaкo бе не бев oд oние ќути-бутни. Абе смеј се сaмo и уживaј. Ах бе, aх, јaс сите дa ги oпрaвaм, дa им oтвoриш oчи, дa не прaвaт грешки, дa немaaт пoследици и пaк јaс кривa. Oстaј ги бре, oстaј ги некa се зaглaвaт дo гушa вo сoпствените фекaлии. Не знaм ни зoштo вooпштo ме прaшувaaт зa мислење кoгa oд стaрт знaaт декa ќе кaжaм нештo штo немa дa им се дoпaдне. Уште не нaучив дa се прaвaм нa тoшo, тaкa штo јaс ќе си кaжaм пa лутете се aкo сaкaте и дo утре сaбaјле. И oнaкa, пoрaнo или пoдoцнa реaлнoстa ќе ве удри oд земјa.
Најлошо е да дојдете во ситуација кога не знаете дали на некој треба да му се смеете или да го жалите. Допишување и муабет на телефон предизвикува радост и желба да се пофалиме во рано тинејџерските години но некои луѓе многу доцнат. МНОГУ!!!
ОК.јас разбирам дека општо,многу често ми се случуваат малерски работи,и такви ствари. Ама од толку многу маркети во твојот и не толку мал град,кој левел на коинциденција е да ја сретнеш мајката на дечко ти во ист и не толку голем маркет !? Од каде да знам како треба да изреагирам во таква и не толку згодна ситуација. Да избегам ? беше предоцна,се што се сеќавам е дека со довикување пропелтечив неколку збора од типот..еве и јас пазарам хехе.А потоа се вртев низ равтовите како кокошка на која штотуку и ја отсекле главата. Молејќи се да не ја сретнам на радиус од еден метар на пример. Среќата беше на моја страна....но не за долго за жал...
После 150 години се уклучувам на темава... Периодов животов ми е исполнет до мах, мастерот се движи во нагорна линија, почнав да се гледам со еден дечко кој очигледно си ги гледам "boyfriend material" единствен е! Идеме натака полека нели... Периодов сум исполнета среќна, заљубена, немам време да размислувам за глупости. Имам нова фризура нешто омбре ау малку каснам... ама нема везе И така незнам периодов ми е се убаво и розево Се осеќам како четр-шнаесет годишна типка Останете ми поздравени многу љубов до Вас!
Е ова не ми требаше Си седам ја, решена да заспием и као и увек мора да си проверим дали уште врне снег пред да легнем, ама мајка му стара, таа улична беше исклучена и одеднаш забележав црно... Кхм кхм...човек ли е?, качен ли е па мести струјата? или не.?..(а да ми дојдат уште поморничави слики у главава, пред тоа некој си свиркаше и клопоташе надвор како и увек, ваљда беа тие што чистат ѓубре). И оп, Ајрон со нејзините дабал очи здогледува жица и човек..ме фати паника, мислев човек се обесил и затоа снема струја баш таму...(успаничена на ниво, очиве вака ) Срцево 300 на саат, викам мора да викнем итна, зошто сабајле ќе чујам некој се обесил па ќе ми биде тешко на душава И така главата моја, планираше да викне итна помош, ами арно не викнав хахаха Го будим татко ми и он таков ..што ти е!? - И ја, абе тате има чуек обесен надвор дојди да видиш......дојде, провери, и ми вика:- за јорганон пружен од комшивкана ме разбуди!? Ухх...не знаете кога го чув ова, какво олеснуање на душава ми дојде Ај бидна што бидна ова, сега ми пројде спавачкава... Ах комшивке, комшивке, што стрес ми зададе П.С добро ви утро на сите, имајте убав ден
Никогаш немам отидено со мајка ми надвор од МКД на патување. Секогаш била скормната балканска жена која ја давала жртвата за своите деца, и останала послушна покрај својот маж. И приредив осмомартовско изненадување.. Јас и таа само во Грчка.. и купив книгичe и спремив гњавежи и сум пресреќа, зошто заслужува многу повеќе од она што можам да и го дадам.
Знаете зошто децата ви плачат на педијатар? Па демек потресени мајки, стоите надвор додека им зимаат крв. Престанете да ги плашите децата, ќе те носам кај докторката на буц буц, ете затоа.Трауми им правите бе еееј, аман.