Да нѐ гледа некој од страна мене и мајка ми, сигурно ќе си помисли дека правиме некакви тајни заговори додека шепкаме седнати во дневна после полноќ Изгледа имаме ист биоритам, отприлика во исто време легнуваме, па тогаш можеме да се видиме. Пред некое време нешто читкарав пред спиење, средував некои работи, па доаѓа и ми вика: Чекај да те видам пред да си легнам. И така муабетот што почна со прашања од типот Што има ново? заврши со разврзување теории и планови, па останавме будни до 3ипол сабајле. Ѝ ги кажувам плановите, што работам моментално, кон што целам, каде се гледам себеси во иднина... Ми чита грижа на лицето, знае дека ако тргнам во таа насока ме чека напорен пат, ќе имам многу што да ризикувам, ама знае дека овојпат сум решителна. Можеби за прв пат во животот. Па ми вика: Знам дека џабе ќе ти викам да не се нервираш, да не се секираш, ама еден ден и ти ќе сфатиш. Дојде време да се радуваме на секоја секунда што ја имаме. Некако целиот муабет со нејзе ми даде спокојство, ми ја смири душата. Следниот ден станав рано, милион обврски во глава, спремна да излезам низ врата, а мајка ми: Каде ти без доручек? Одам во кујна, а таму ме чекаат тазе мекици на маса Викам што било убаво кога за викенд си дома Денес ѝ е роденден, па бидејќи немаше да се видиме сабајлево, земав самолепливи ливчиња во различни бои и ѝ оставив убави пораки на огледало. Не е којзнае што, ама ете, убаво да ѝ почне денот. Ја заслужува целата среќа на светов!
Голема благодарност до сите родители кои од своите деца усеале да создадат комплетни био-психо-социјални дебили ,без елементарно чувство за одговорност и емпатија ,а со високо развиени психолошки одбранбени механизми. До каде ,бре , луѓенца мои ситнодушни ,до каде со тие изговори ,со тоа цимолкање ,со тоа наговарам ти керко - сети се снао? Кој ви е виновен ако не можете да ја поднесете вистината ,а таа е дека не можат вашите сироти мизантропски дечиња цел живот да се кријат позади преземените идентитети и карактерни особини ,оти ние вака малку попаметниве сме ите како во состојба сето тоа да го забележиме. Мој совет - ако си ништо ,биди едно гордо ништо со стремеж да стане нешто ,оти секој излажан успех те прави уште поголем дебил!
Некаде околу 3 после полноќ -Разбуди се ,касно е ,треба да те носам дома. -Мммм...почекај уште 5 минути ,сакам да те погушкам уште малку... По 5 минути -Ајде ,поминаа петте минути ,треба да те носам дома А требаше само да рече -Од вечерва повеќе не те носам дома. Ова ќе биде твојот дом.
Последниве неколку месеци душава како да ми немаше душа. Како да чувствував болка, а не ме болеше. Како да се навикнав да живеам со болка. Како да бев рамнодушна за се. Како товаров на душава да не ми беше тежок. Љубев без чувства, како навика, како секојдневна рутина која морам да ја завршам. Но, ме боли што толкава љубов некако неславно заврши. Криво ми е. И дадов милион шанси, но не вреди. А сега дадов, но на нова љубов. И после толку време, живнав. Се почувствував исполнето, среќно. Ме направи среќна, посакувана, посакав пак да љубам. Му го дадов срцево само со еден допир, само со еден бакнеж.Го посакав засекогаш да биде мој. Ми вети. Бев среќна. Конечно видов мала светлина во целиот тој мрак. Бев жива. Но, само за момент. Мора да замине. Ќе има ли крај на мојава сага?! Аман животе, дозволи ми да го направам среќен, дозволи ми да му ја подарам душава, дозволи ми да го сакам, да му покажам дека вреди да го сакам, дозволи ми да заспива покрај мене, дозволи ми животе.. Знам дека можам да го сакам колку што заслужува тој, знам дека можам да се борам за него, знам дека можам да му покажам што е љубов. Ах, животе, дозволи ми да го чувам како капка вода на дланка, себично, само за мене, да бидеме бескрајно среќни. Проклет да си животе.
сдк... Се чувствувам добро,моментално се е како што сакам,некои работи кои сакав да ги направам,ги направив и сум многу задоволна.Се надевам дека и понатаму ќе биде се во ред.Се спремам полека физички за летото,сакам ова лето,всушност оваа година да ја искористам максимално,на секаков начин. За крај имам едно прашање,кое може да ми го одговорите во порака,бидејќи многу ме интересира што мислите. Дали после долгогодишна врска се раскинува на партнерот и му кажуваш да си оди и дека не сакаш да го гледаш,само поради тоа што во моментот така ти текнало а се е во ред,само поради тоа што партнерот зборувал "гласно"(а нормално за сите)?-Дали е тоа нормално или само јас мислам дека не е ? Можеби е глупаво прашањево,ама тука со пишување не можам да ви доловам убаво,за жал.
Dlaboko veruvam deka velicinata na eden covek ne se prepoznava po toa kolku toj umee, znae I moze tuku po toa kolku toj e spremen da podeli so onie koi istoto toa go nemaat, ne go znaat I ne go mozat...
Нервозна сум. Ги пребројувам буквите од нашите имиња. Ги прередувам. Анаграм од две имиња со слични букви. Сама себе се карам затоа што правам глупости. Не сакам несредени односи меѓу луѓе, а нешто во мене не ми дава да почнам да средувам. Порадо би ги оставила сите и би заминала, ама не сум таков човек. Затоа, незаслужените извинувања под рака и ќе го направам тоа што морам. Затоа што порадо би проголтала некои глупости, отколку да се борам со туѓи фрустрации, па на крај да заврши како борба со сама себе. Не ми одговара временската зона очигледно.
Мразам кога немам што да правам. Навикнав на брзо темпо и еве денеска не знам што со себе. Собава е изгланцана, алиштата под конец, чевлите такоџе. Си направив и ланче од стари тракатаници, испеков и лиснати кифлички...а има уште минимум 4 часа пред да си легнам. Тул ми ечат во позадина, ја замаглуваат атмосферата дури мрзоволно се преселувам од соба во соба. Нека почне неделава, да не се осеќам бескорисно. Ме прогонува слатко-горчлива грешка. Знаете, убава, ама глупава кога ќе ја продлабочиш со трезвен ум. Мали неизвесности, големи залаци. Граничам меѓу спремноста и стравот, ама првото преовладува. Си викам, па подобро ќе си бркам и остварувам ситни соништа отколку да коментирам статии за некаква си небитна и непозната Цуца. (ху д фак?!?!) А кое замарање иде од деца што кичмен столб искривија ради вакви идоли. Си чекам пред соблекувална и слушам немало да ѝ личи. Излегува со карирана кошула, ја враќа и зема V-израз маица. Другаркава - одушевљење за одлуката. А дали 16 ги имаа... Ај ако не после 30та сите во црно! И 25, и 40, па и 55 кога ќе наполнам, ако сакам ќе носам старки и кошулчиња и ќе ми е смешно кога нештата ќе звучат перверзно без соговорникот да примети. И пак нема да ми е јасно како тоа зборува дали „ми личи“. Не перам пари, не се дрогирам, не крадам, не се проституирам во окер хулахопки со крупна мрежа, нит се тртам пред чичковци во клубови (али затоа ама ми тргнало со помали 2-3 години да ми идат...градинка да отворам. Каљопа's night care. Special offer - чунга лунга со тетоважа, лизаљка од поголемите и сокче од јаболко за 50). Бизниси... А шубај деца има.
Гледам и се чудам... Просто неверојатен ми е фактот колку многу креативни луѓе живеат во оваа наша чудесна земја... На моменти им се восхитувам и поклонувам на нивните таленти, но најчесто ми е криво што креативноста и иновативноста им е усмерена на погрешно место... Така, пополека им изумира или им се претопува и сплотува во едноумието и во општоприфатените норми и кодекси на однесување! Жално!
Не знам дали сум единствена, ама мислам дека колку години и да имам, пак ќе ми паѓа незгодно кога повозрасна особа што ја познавам при среќавање на улица ќе ja поздравам со Здраво, а таа со озбилна фаца ќе ми одговори со Добар ден/добровечер... #исповед
Малеее нема да ме сакал веке ако ослабам хахаха фала тии брад да знам коа нема да ми одговараш ке станам даска
Се променив. Го променив моето мислење. Размислувам на попозитивен начин. Комуницирам повеќе, се дружам колку што можам повеќе. Се надоградувам се повеќе и повеќе. Не се плашам да го искажам своето мислење, макар да наидам и на контра мислење, или пак недоразбирање. Се надевам дека конечно научив што е важно во животот, а што не. Среќна сум. Малите нешта ме прават среќна. Најситните работи во денот ме расположуваат, ми влеваат радост и среќа. Знам дека можам и знам дека ќе успеам.
Го сакам бе! Знам дека рано е се тоа ау... Ама тоа е тоа, имам врска каква што цел живот сум посакувала. Со некој што со поглед ќе се разбираш, или што ке ти убаво да си молчите заедно... неможам да го изнагледам. Ме инспирира, мотивира подобар човек да бидам колку и лејм да звучи. Неможам љубов да се изнагледам во неговите кафеаво зеленки очиња. Он е мој единствен, омилен и незаменлив geek!
сакам да молчам ама не можам, ме боли ова што го кажуваш, сетисе размисли кои беа последните зборови од разговорот кои во солзи ти ги реков. Чекај, почекај 6 проклети месеци и се ќе беше поинаку, а ти што направи издржа само 3 ЖАЛАМ
Уште некој месец, скоро една година од матура. На тој ден, тој беше толку весел, мил, и со неговото ангелско лице само се смееше Да, беше искулирано, опуштено типче, знаеше секогаш од часови порано да си заминеше, но ептен беше добар, имаше толкаво големо срце, од кое извира грст топлина која зрачеше насекаде. Неговиот млад живот, згасна баш кога требаше да бира по кој пат од животот ќе продолжи. Преголема тага беше, и за нас, а посебно за мајката и таткото кое го изгубија своето чедо. Да славиме една година од матура, и една година без него, не е исто. Премногу фали, премногу голема тага ни остави зад нас. Се надевам дека ќе дојде и тој ден, кога ќе ја изнесат правдата на виделина. Почивај во мир Ангелу
Сите се сменивме, се оддалечивме еден од друг. Веќе не ги ни познавам. Ги гледам во очи, а освен празнина нема ништо. Каде се спомените што сме ги споделиле? Се` заборавивте? Исчезна тоа? Хм... Изгледа сум единствена која емоционално ги вреднува нештата...
Колку вешто ги одбегнувам темите од Фитнес... Веќе почнувам да осеќам грижа на совест што немам вежбано четири месеци. Требаше одамна да се појави грижата, ама тоа е... Кога ќе изгубиш рутина, после е тешко да се вратиш во нормала, потребна ти е огромна мотивација за да ти го мрдне задникот од стол. Надвор рана пролет, време е и јас да се разбудам од зимски сон.