Bas sega se ukluciv i jas da go pisam ova,no ti bese pobrza. Preubav den navistina i mnogu mnogu mi bese milo sto ve zapoznav i vo zivo site tri.Bas bi sakala ova da se povtori,ubavo druzenje,a i uz pat naucivme ponesto novo,a i sekako si dobivme i poklonce.
СДК утре заминувам на екскурзија, не сум тука 7 дена, до в четврток (барем ако не најдам таму слободно WiFi ). Како што имам кажано одиме Шпанија, Франција и Италија, многу долг пат и многу градови за посетување, но вреди. Ама гледам сега на топломеров, ми покажува дека имам 37 температура. Баш сега ме најде. Ама немам гајле, ќе издржам, ова не се пропушта. Премногу сум возбудена едвај чекам да заминеме.
Во недостаток од начини на искажување на мојот револт и гнев кон трулите работи. Жени со пресметани движења кои демек суптилно ја откриваат нивната нежна уметничка страна, па сами толку лесно се побиваат. Оти мора толку да покажувате економичност и пресметливост во стилот на вашето живеење. Оти мора секој ден да стегате ситуации и луѓе околу вас, луѓе кои не се плашат да признаат дека се изгубени и дека се барат себе во самите и нивните креации, а не преку ЕВЕ ВИДИ МЕ, НА! Зашто ви е мака да останете на само со себе без да направете селфи од тоа како сте прекрасни по дома. Толку убави девојки, а толку неспособни да ја согледат својата вистинска убавина.
Во последниве неколку дена воопшто не пишував. Па, денес решив да надокнадам. Пак започнав книга, по не знам кој пат. Но, овојпат морам да ја довршам. Си ветувам себеси! Не смеам да се разочарам. Првите 3 страници се испишани, имињата се измислени, имам план што како треба да се одвива. Добро е како за почеток.
Moj deda već dugo ore nebeske njive, ali baka još čuva sve stvari i sliku našeg sveca. Na dan kad sam rođen, tu je posađen orah, i u avliji pod gustom krošnjom sad igraju se deca. Neki novi klinci... Денес баш овака...
Ја сонвав куќата на баба ми и на дедо ми кои се покојни. Починаа во рок од 3 години двата по смртта на мајка ми, чисто од жал. Не беа болни од ништо, од жал си заминаја. Многу ги сакав. Наеднаш многу луѓе ми заминаја онаму. На гробишта пораснав... Да не почнувам пак со меланхолиите. Друг ми беше муабетот. Ја сонвав куќата во која пораснав... Сега е продаена и реновирана... Сонвав дека сум внатре и го сонвав секој детаљ од одаите, дури го осетив мирисот на куќата! Не можам да опишам колку ми значеше сонот. И колку ми беше мило ко се разбудив дека ете потсвесно мојот ум ме потсети на баба ми и дедо ми. Осетив потреба денес да ги паметам. Да ги оживам накратко пред пак да заборавам. И каде на друго место, ако не во СДК на фемина. Баба ми беше грациозна жена. Со став. Памтам косата си ја фарбаше црвенкаста, и секогаш беше дотерана. Ми купваше работи колку шо не можам тука да опишам. Ама се! Баба како баба, благи, смоки, играчки, алиштаааа СЕ! Памтам ќе одев таму и ќе спиев 3-4 дена и таа ме носеше до продавница секој ден, и пред да одиме си ја праеше косата и си клаваше карминче обавезно. Горда и строга. Таа беше глава на семејството. Дедо ми пак душа човек. Спротивност чиста. Мил, добар, срдечен. Многу сакаше да ни го тера ќефот на нас внуците. Неговата работа беше да оди по планини и да бери чаеви, печурки итн и да ги продава. Еднаш од планина собра 2 вреќи лисја. Имаше тераса голема, и ја покри целата со лисјата. Целата! На средина постели ќебе и кладе кошница со јадење. И не однесе нас внуците на „излет“ на терасата. Многу бевме среќни. Често памтам со него градевме бункери дома со столици и ќебиња и после внатре ми раскажваше приказни за планините, и за мечките, и за се... Многу драги спомени ми се овие. Бидејќи се кратки! Прекратки!!! Би сакала барем да можам почесто да ги сонвам и нив и мајка ми и некакви вакви спомени и топли чувства. <3
Времето лета, животот си врви. Шансите не треба да се пропуштаат, особено не ако ни се плеткаат пред нос. Дури и да направите грешка, не е страшно. Од грешките се учи. Од пасивното непреземање ништо - не.
Ваков ден одамна сум немала.. Исплнет со многу љубов насмевка и луѓе кои ги сакам би сакала сите денови дс ми се вакви Продолжувам со славењето на роденденот Имајте убава вечер
Денес Брат ми , ме почести 50 евра, ех што убавко ми дојдоа веднаш направив план , што се ќе купувам утре!! А на брат ми му посакувам , почесто да биде среќата на негова страна во однос на игрите на среќа и спортските прогнозирања и типувања, за да ме чести почесто не дека друг пат не ми дал ни денар ,но не земав јас бидејќи има дете и сопруга , не е должен да ми дава пари од платата, ама ова е сосема друго ( ионака парите му дојдоа сами )
Денес научив дека сепак е убаво да го правиш тоа што го сакаш, без разлика дали имаш друштво или не. Така ми се одеше во кино на The age of Adeline уште денес, и си отидов сама. И најубаво друштво си бев. Всушност и што ќе ми е друштво за гледање филм? Доволна сум си сама на себе.
СДК моите отидоа во странство, а ја сум сама дома. Буквално мислам ќе почнам да зборам со ѕидовите...оф уште 3 дена вака. Сфатив едно, дека семејството стварно ми е големо богатство и дека да не се они ја стварно не би можела. А инаку имав јаки планови дека сама дома...ама ништо, ужас.
Лејт најт токс уит мајка... Со оглед на тоа дека првото пазарење во животов ми било на 4 години во блиската продавница, нетипично за толкаво дете - пиво за татко, прилично многу ми ја објаснува сегашноста. Мислам... во кеса, со стаклени шишиња ме пуштиле во продавница, ме чекале пред порта и се газеле од смеење... баш пресмешно. А секвенца два. На одмор, млади брачни пар-моиве се лудираат во вода, а јас на обала рикам плачам да ме земат, со гумата, па влагам до колена и почнувам да ја тегнам гумата нагоре надоле, арно ама гумата ме повлекува надоле и ... почнувам да се давам во 10 сантими вода... Мајка ми не знаела дали да се смее или да ме спасува, уствари дали уопште да ме спасува или да победи дарвиновата теорија. Се сеќавам само дека ме извлече и јас целата таф-таф-таф трепкам дишам, а женава се смее со солзи. Што не ќе дознаеш нешто комично за себе си... И уште едно мислење од тука денес ми завршило како твит. Се надевам дека ова нема да заслужи награда за супер твит, а утре ќе се потрудам да си го најдам мислењето и да си го доставам кај дотичната особа. Впрочем цитат на мајка ми е... Това ти е, некој се труди да е хумористичен, а некој си ја живее траги комедијата. Често ми се чудат како не ми е доста од сарказам, а... да знаат дека некако природно ми доаѓа од здокурч од сите животни непогоди. И ајде да речам дека најголем ишју ме оставил дечко, ами по здравје кога те тепало и систем кога те утепал, бога ми... не можеш да си рамнодушен. Да, јас не сум вештачки гуфи и трапаво смешна, животов ми е траги комичен, буквално. Ние по дома плачеме па се смееме на смрт, плачеме па се смееме на болест, се караме гласно, се смееме уште погласно, се лечиме со сарказам и иронија и се сакаме бескрајно. Во своите 50ти имам две деца дома кои доживуваат втора младост - пак се заљубуваат еден во друг и конечно ме откачуваат мене како нивна единствена грижа. Да сме само живи здрави.
Сега си правам анализа колку сум била љубоморна уште од мали нозе Само дете низ дома сум била до 5 ипол годишна возраст. Сите околу мене, купи ова купи она, цело внимание кон мене насочено абе уживанции. И, ако се приближеше некое дете до мајка ми, или да го крене во раце не дај боже узбуни кревав. Одма мислев дека мене не ме сака више, ќе кршев што ќе ми дојде при рака, го корнев детето за коса. После цел ден не и зборував на мајка ми. Или татко ми ако зборуваше со друга жена (без разлика таа дали ми е тетка, стрина, кума, пријателка со моите) одма мислев нас ќе не остави и ќе замине со неа Па и нему не му зборував, лута ќе му бидам по 3 дена..... Или на поседок кога ќе бевме со братучед ми на село кај баба и дедо, тешко на нив кога ќе ми текне што сум правела ако му дадат нему нешто прво, а не мене.... После кога се роди брат ми... ех, тоа не е за муабет правење. Пољубоморно суштество дефинитивно немало. Знам мајка ми ми викаше дека главата му е мека и да внимавам да не го удрам, и јас за инат го стегав по главче, го штипкав по нозе и еднаш знам дека го турнав од кревет и тој кутриот баш на глава падна. Иии, што е најлошо и ден денес не сум нешто подобра Оваа љубомора ќе ме земе на душа еден ден. На секое поле во животот присутна е и мојата (одвратна) пријателка љубомората. За среќа не толку мнооооогу како порано, ама сепак.... Оди си веќе еднаш од мене, будало една.
Во време каде секојдневно гледаме како се сечат дрва низ главниов град, од денес се сметам за среќна личност што добар дел од маалово е сеуште со зеленило. Со мерак да испиеш кафе на тераса.
Сдк во денешно време неможеш никому да му веруваш. Единствена личност на која можеш да и веруваш во целост е самата себе. Некои луѓе правејќи лошо се ситат од тагата на другите луѓе. А знаат ли која им е целта? Зошто? Поради која причина? -Не верувам дека знаат бидејќи воопшто не размислуваат! Луѓе гледајте си го својот живот и не правете се премногу паметни затоа што секогаш има и попаметни од вас и вашето его кое поради од најневажни работи е зголемено! Фуј Како прво некои луѓе немаат основна воспитаност како треба да се однесуваат спрема сите луѓе, пази СИТЕ! Епа сите се луѓе без разлика на околностите на личноста, сите ги имаат истите права, морални вредности. А кога ке видам дека тоа е сведено на 0,01% од 100% според она што се случува во околностите револтирана сум! Така да се немаше грам мозок ако не во големиот барем во малиот. Ако нешто не ти одговара или не е како што си замислуваш не значи дека имаш право на непринципиелен и несодветен начин да се однесуваш! Ако не ти одговара капчето на глава и чао пријатно твојата некултура нема потреба да ја искажуваш и покажуваш а вратата ја знаеш кај е, а може и од секаде е слободно па можеш да си заминеш. И на такво ниско ниво на некултура ЈАС никогаш не би се спуштила. Си ги знам своите вредности и да се спуштам на ниво како некој кој не е на 0, под 0 е, во мину влегува, значи НИКОГАШ!!!!!!!
Уште малку ќе одам на 7 дневната екскурзија која долго ја очекував... Среќна и возбудена сум а сега може да одам на една попладневна дремка
Гледам, слушам и не можам да поверувам започнавме да се гледаме и однесуваме како сретства за подмачкување...цитирам "сега се ми оди во животот подмачкано", а додека си во нивниот почетнички живот се кротки мачина, но сега сега се однесуваат лавовско, а не знаат дека се обични хиени, лешинари... Започнавме да лечиме и мачкаме некои наши чудни, откачени психопатски фетиши со помош на кревок народ, жално...