абе вчера ги видовте ли на небото пак тие авиони што исфрлаат некаков си прашок ли што ли ја знам што цело небо го ишараа со бели линии кои наводно го расипиваат времето? зарем ако тоа е вистина пак ли ке се справуваме со ладното време и дождови ,добро кај им е совеста (ако воопшто тоа е така)
Звучнициве од компјутеров датираат од времето на Тито. Во период додека се гледав со последниот момак, едниов звучник ми откажа. Додуша, се потруди момаков да ми го поправи, ама откако престанавме да се гледаме, откажа скроз. The end of an era Цело време ги користам така (тој расипаниот ми служеше само за зголемување на гласот, а здравиот испушташе звук). Ги носам и на работа и учениците ме зезаат дека ќе собереле пари да ми купат нови Денес овој „умрениов“ магично проработе и еве го си тера веќе еден час, мака нема. Во тек ли е Судбинава со модернава технологија па ми испраќа знаци преку електронскиве уреди во домов?
СДК... Насоки и бои што инаетливо контрираат на обидите да го заземат потребното место во посакуваната хармонична слика ни ја заматуваат целта. Правиме непремостливи вртења низ многубројните проби за да ги премостиме линиите. Впрегнати размислувања под водство на една вклучена сијаличка оптимистички се пуштаат во потрага по победничкиот резултат. Рубиковата коцка сложува пораки... Ќе успееме ли да ја решиме секој својата загатка?
Сонце, милозвучна песна на птиците, уживање на тераса.. И ти со мене, мхм мхм, што убав почеток на денов си имав. Па и уште поубавa вечер се надевам
Денес по кој знае кој пат се уверив дека,колку повеќе арно им правиш толку не те ценат и гледаат да ти ја исцицаат преостанатата крв.ОК де ајде така нека биде , има РАМА одповеќе крв, хумана е таа и навикната на се. Едно иронично на здравје
вчерашниот премногу висок настан читање на Кинески поеми а имаше и изведба на оперета, зумба танци организиран од Кинеското катче беше навистина прекрасен, се видов со две познанички изложуваши беа Кинеското катче и Турскиот центар-дури имав можност да ми го напишат моето име со калиграфија(посебна азбука со кинеското писмо) добив информации за курсеви за основен Турски и изработка на накит-вториов курс трае цела година цини 6000 денари на два пати по 3000 мотото гласеше: една книга, една роза си добив 3 рози: бела , розева, и црвена
Напорен ден,Битола-Скопје- интервју,стрес,труд давање све од себе,по незнам кој пат не не се жалам само молам бога да се исплати све,само бог знај колку ми е тешко во душата зошто го правам ова и како го правам,само тој и јас...
Луѓе, нека отвори некој тема како Фемина инстаграм, само за купени јадења, или јадења од ресторани и такви работи. Како ресторан едишн, да има негде да се ставаат и слики од такви јадења. Не ставам слики, па ми нема смисла да ја отворам, ама ете, кој сака нека отвори.
Јас само да кажам ... It's one more to go (fly)! Па ќе ве читам од друг дел на светов, а и ќе ве дружам кога ќе можам.
Овие срања што ги поминувам за поарно утре, многу печат и болат кога си гледаш буквално под кожата. Ама за арно... Менторката ми вика барем знаеш дека понатака лесно ќе пливаш... Па знам дека е така. Не сакам да звучам депресивно, ама во последниве години откако се зафатив со работи кои се надвор од кутијата ( и не затоа што сум јас како што имате тенденција да разбирате, туку е нешто кое што се учи ако имаш желба) сериозно пред очиве имам друг филтер на согледување на работите како се навистина... ги гледам сите овие луѓе од мојава генерација кои стапуваат во бракови и знам каква иднина ќе им имаат... И се чувствувам тажно. Толку млади, а толку глупави, толку неспоиви, а убедени во зоната на комфорот дека тоа е тоа... ах уел... Како можете да сте толку заспани? Нема да дозволам моите деца да бидат жртва на мојата мрза да кажам не и да продолжам во друга насока или да се вратам онаму каде што најмногу припаѓав,а не за да некому бидам родител, наместо партнер. Долги стогодишни врски, бебе, инерција, животни околности, им дошле годините (кој кажал така?), за да добијат потврда, за да избегаат од дома, за да избегаат од себе... и оп, брак... а веќе гледаат во различни насоки. Депресивно индид. А веќе им се гледаат процепите во врската и односот, кој има се, освен почит и вистинска љубов. Што е вистинска љубов? Или го прифаќаш таков каков што е или воопшто не си со него. А неретко мислат дека се венчаат со својот партнер, а впрочем тие веќе се венчани со улогата на сопруг на неговата мајка, па потоа ќе се читаме по темите за свекрвите, дедовците и така натака... Како така млади, а толку затворени? Толку ли брзате да се успокоите во удобството наместо да гледате со лупа што носите во себе? Мислам дека во иднина немате никакво право да се жалите колку, о колку ви е претешко... зошто имате избор. Се е околу ресторанот, се е околу венчаницата, се е околу украсите, околу фотографиите,околу лажниот сјај кој по 15 години ќе стане рѓа и деца во пубертет кои сериозно ве мразат, а со партнерот не можете ни да смислите дека би воделе љубов, полесно ви е да излезете со вашите 4 другарки и фрустрирано да се истиштите, а потоа да фантазирате за тоа што навистина би сакале. Неретко слушам коментар од млади жени од по 36 години со деца и брак како викаат - сакам да почувствувам вистинска љубов... имаат кариера, пари, имот... и пропаднат брак од кој се плашат да излезат... И така... има уште многу пици за јадење пред стапнување на лудиот камен. А замислете си имав принц во погрешно време. Ај може мисли исто како и мене, па некаде околу моите 30 ќе се сретнеме пак (уствари знам дека мисли, што се правам наивна).
Пред некое време решив дека е редно да почнам да бришам некои луѓе од животот. Луѓе кои ми прават повеќе лошо него добро, луѓе кои ми го расипуваат расположението, луѓе кои психички ме малтретираат, луѓе на кои сум им дала многу повеќе шанси отколку што заслужиле... Бев цврсто решена, сметајќи го тоа како прв чекор кон подобрување на самата себе си, на моето расположение, на моето здравје, и општо на мојот живот. И таман почнав - по неколку дена ми се јавува најтазе бившиот (кој е воедно и зацементиран на прво место на листата на погореопишани луѓе), да ми се пофали дека ќе се сели, и тоа баш тука во моето маало. Самата помисла дека ќе го видам ми го расипува расположението, и еве веќе една недела цело време сум како на игли. Не можам да уживам во сонцето на балкон, зашто обавезно поминуваат тој/сестра му/другарите/другарките, не можам до продавница да појдам зашто ме ужаснува помислата дека би можела да го сретнам таму, не можам раат да си прошетам низ маало зашто знам дека ако налетам на него, од два збора муабет ќе ми се упропасти денот. Ехх... Како што не била Ленка родена за тие пусти тутуни, така и јас не бев родена да видам среќа во животов. Барем не подолготрајна.
Најгрд дел од сексот е кога ќе ми го соблечеш прслукот, ти реков. Во таа темнина не можев да забележам всушност колку те сакам. А, потоа легнав на твоите гради па како и вообичаено,- ми мирисаш на тебе, ти реков. А ти ми се изнасмеа. Знаеше на што точно мислам, тоа беше болна смеа, смеа за да не заплачеш. Знаеше и дека сме си вистинските љубови, а нив не им е судено да останат заедно. Сакав да викнам колку што ме држи гласот, прво од задоволство, а потоа .... Потоа од сите мои грешки. Сега морам да заминам, така е најдобро. А знам, дека и по 50 години, во илјадници ќе те пронајдам по мирисот.. Не од парфемот. Од твојата кожа. Мирис кој засекогаш остави белег на мојот живот.
Се сетив на протестот на сексуалните рабптници во Скопје. Околу 2500 проситутки, масерки, ескорт дами, стриптизерки, хотлајн операторки и неколку дедовци пензионери излегоа да се пожалат за лошите услови во државава. Намерно или не, кажаа дека придружничките кои се на листа на неколку фенси хотели во Скопје, не придружуваат мажи колку да бидат со нив во јавност, туку и за потоа да имаат секс со нив, за одреден износ на пари. Кажаа и дека масерките не масираат грбови, туку полови органи. Кажаа дека стриптизерките имаат секс за пари. Потоа кажаа дека се заболуваат од полови болести за чие лечење треба сами да дадат пари, а еве уште не знам од која полова болест се оболеле хот лајн операторките. Наводно, гонореата, сифилисот, сидата и слични болести биле професионални болести и за нив требало да им се исплаќа надоместок во висина од 100 % од плата. Океј, нека земаат плата. Ќе работат приватно, макрото ќе се вика директор на трговско друштво „Оргазам“, ќе си плаќаат здравствено и пензиско, ќе добиваат кеш за зголемен ризик на работно место, особено садо-мазо услугите, ќе имаат гратис гинеколошки и уролошки прегледи. Дневна заработка на една проститука во Македонија е околу 300-500 евра. Ова вклучува секс (50 евра за 20 минути, идентични цени како и во Амстердам), придружба навечер на некој старец кој не може да се ожени, и подароци кои не се пари (ајфони, злато и слично). 300-500 евра е просекот дневен. Неделата кога имаат месечен циклус, заработуваат помалку, поради намален опсег на услуги. Цениве ги кажувам, за да се направи една паралела со парите кои ги собраа Твитерџиите пред 5-6 месеци од продавањето на календарот во кој тие беа голи. Собраа севкупно 7000 денари Не евра, денари, за едукација на сексуалните работнички. Се соблекоа голи за оние кои немаат време од секс да се облечат И кои тие пари ги заработуваат за еден час услуги Како и да е, научивме нешто. Во Македонија има двајца пензионери кои нудат сексуални услуги, и за кои државата треба да плаќа здравтвено осигурување. Интелегенцијата се соблекува гола по различни идеи, за да собере пари за оние кои имаат повеќе и од нив.
Најубаво е кога ќе стане сеедно, оти тогаш знаеш дека веќе ништо не може да те допре толку силно како пропадната желба или неостварено очекување..ми требаше ова време, време само за мене. Да си расчистам со се што требаше да се расчисти, а јас свесно го буткав под тепих. Епа веќе не е под тепих, сеа е баш таму кај што требаше одамна да биде, на вистинското место - во контејнер. Си го чекав и дочекав расцутувањево на јоргованов, а мирисот негов ме пречекува на секој влез и излез од дворов... ми се шират сите пори, упиваат мирис, мир, спокој.. и за момент лебдам низ воздухот. И да ви кажам, во право се!! Промените навистина почнуваат од косата!! Ако не верувате - пробајте, ве предизвикувам. Имајте убав викенд. Смејте се и љубите оти тоа е најбитно. Позитивното си влече по себе позитивност. Ве гушкам.
Од детството ми фалат одморите со мајка ми и татко ми во камп Љубаништа. Ете за тоа ме фаќа носталгија . Расправиите пред тргање како не ми се иде со нив на одмор и како ке ми биде досадно 20 дена во таа пустелија.Од детството ми фали пливањето со мајка ми и љубовта која ми ја вроди кон тој спорт. Постојаното форсирање за посместување на сопствениот лимит и сопствените граници. Од детството ми фали играњето табла со татко ми ,тој наш традиционален "спорт" проследен со викотници и расправии за тоа кој повеке краде и лаже коа ги фрла коцките. Од детството ми фали натегањето со мајка ми во колку саат да се приберам од град и пазарењето за некоја минута повеке. Од детството ми фали станувањето во 4 саат сабајле со татко ми за да гледаме НБА кошарка . Од детството ми фали моментот кога татко ми ми ја даваше колата пред да положам за возачка, на диво да ја возам низ камповите во Охрид пропратено со неговото сулудо урлање-Смени во втора смени во втора ! Ке ми ја изгориш ламелата на колата ќе нема како да се вратиме дома !! Од детството ми фалат многу моменти ......
Секогаш кога треба да напишам посвета на некоја картичка, книга, честитка или било што, рацете ми се пресекуваат. Го држам омиленото пенкало за оваа намена во рака, додека чувствувам како прстите ми се потат и некоја блага струја ме дрма, па се тресам како лист во есен. Не важам за спонтана личност, но кога пишувам сум тотална спротивност на самата себе - спонтаните потези ми се прекрасни и добивам нови и интересни фонтови, а од оние однапред осмислените добивам некои извитоперени, кадрави и несиметрични букви кои бегаат од линијата и изгледаат како пис оф ш*т. Можеби тоа ми е знак дека така треба да правам и низ животов, ама кој ќе ти каже...
Наравоучение од денеска: дури и на мобилен кога ѕвониш кај некого, за секој случај најпрвин увери си се дека е гласот на личноста што ја бараш... бидејќи верувале или не, има и 18+ луѓе кои мобилниот си го оставаат насекаде низ дома и кај кои може да се случи некој од домашните да се зафати да одговори место нив. Посебно кога се работи за блиска другарка со која знаете да се зезате на некои смешни прекари, бидете на сигурно пред да почнете со некој откачен поздрав... или пак да почнете одма со прекори ако е личноста некоја што има обичај да доцни. Бруки...
Само едно ме чуди - толку, толку многу често, поради сопствената и туѓата несмасност, се судирам со некој, ми (му) го сече(ам) патот... И секогаш без исклучок, без оглед чија била вината, се извинувам и НАСМЕВНУВАМ, од причина што кога ненамерно ќе лупнам некој и притоа ќе ми се насмевне, мене ми се разубавува денот. Единствена реакција која јас ја добивам кога ќе се насмеам е да ме погледнат под око у стил - што не е во ред со оваа или да ме прошишаат, а ми се случи пред некој ден една женска да врисне, како свиња пред колење, а само ја подбутнав. Или се плашите од бори или секој ден не ви е денот или не сте практикувале доволно љубезност, четврто нема...