...и тогаш се случува некој да ве размонтира,до најситно делче.И повеќе не можете да се составите иако давате се од себе.Џабе е се. Среќата е тешко видлива во мојот дом и мојава земја.
Oд кога знам за себе и кога некој би ме прашал која е моја најдоминантна особина, покрај емотивноста неизбежно ќе биде да ја кажам ПРЕзагриженоста. Јас не паметам ова мое срце некогаш да не било во грч, па макар била и некоја мала и од непресудно значење ситуација. Во мојата шашава глава ќе се створат такви налудничави комбинации, што и самата не можам да си сфатам од каде ли ми овие супермоќи? Ама знам - жените во нашата фамилија се сите такви panic alarms, па зашто јас да бидам исклучок... - Баба ми покојна на пример, си мислеше дека кога ќе се подскараат со дедо ми онака од досада не од друго, тој ќе отиде и ќе се обеси од нервоза. Немој случајно да го снема од дворот во тој момент... Еее, дури тогаш нАли се кршат прсти на велико и веќе во нејзината глава тој е со јамка на вратот. - Еднаш од работа, со исклучен тел. заминав кај колешка на кафе непланирано и мајка ми женава чекала, чекала, ѕвонела - телефонот исклучен неколку часа, кревање паника кај тетка ми и аУтоматски ја пратила тета да шпиунира по кафичите дали седам во некој, а на оваа не оти не и било незгодно, ама очи ќе и вади на постарата сестра, па заминала да си ја изврши прописно задачата. - Дошла бабичка еден ден да ме посети дома, моите беа надвор од Мкд, јас си заминав на ДорЈан ненајавена, ѕвонела, тропала по врата и тако заминување кај другата тетка сега да ја викне да дојде и она да тропаат и двете и ако ме нема , да ја скршат вратата оти баби помислила немој да сум си направила нешто , зашто баш тогаш па како за беља раскинав со еден дечко па да не сум разочарано, а оно ја шлапкам нозе у ДорЈан. Да редам ли уште? И како после да не сум такво на врв срце за се и да не си мислам уште од пелени дека татко ми нема да дојде да ме земе откај баба ми кога ќе се врати од работа и јас ќе си останам бездомниче? Абе преку две минути прашував КОГА и ДАЛИ ќе ме земат сигурно, еј! Налудничава оваа наша женска лоза, поштено е да се признае. Ама па, лични сме си, домаќинки, паметни, па налудничавата загриженост за непотребни работи еве нека ни ја одбијат на лепота. Инаку, неделава - период на две за мене многу битни случувања. Што беше до мене, сторено. Останува да се чека и да се надева (почнав зборов да го мразам од залудно надевање!). Добра ви ноќ!
Ме боли тоа што знам дека никогаш нема да успееме, ме боли тоа што знам дека никогаш нема да ме сакаш толку колку јас те сакам тебе, ме боли тоа што не сме еден за друг, а толку многу сакав да бидеме. Ме боли тоа што сум спремна да ти дадам и веќе ти дадов се, а тебе не ти паѓа на памет. Знам дека никогаш нема да го добијам тоа од тебе. Само не знам зошто упорно си го трошам времето со тебе, со некој што не знае да ме цени и никогаш нема да ме засака. Не знам зошто сум со некој, за кој сум свесна дека не ме заслужува и зошто ми е толку тешко да ти кажам збогум... Еве, седам со солзи во очите и собирам храброст за тој чекор. Ама длабоко во мене знам дека не сум спремна и дека никогаш нема ни да бидам. Знам дека срце ќе ми се скрши, а не можам да поминам пак преку тоа. Ми се плаче од тоа колку не ти значам...
Една година со феминаа... Пф, па тоа не е ништо, не чекаат уште многу! Сакам да кажам дека тука сретнав прекрасни луѓе, луѓе кои воопшто не ги ни познавам а ги чувствувам како блиски... тука сме да си направиме лаф муабет,да си дадеме по некој совет,да се изнасмееме за сите пари ама и по малку да се подкараме. Дрн дрн јариња, ај да не ја должам многу, изволте...
Ништо не ми игра со нервите ко она кога некој ќе сподели нешто у стил цитатон на Ајнштајн за човечката глупавост, што више упознајем људе, то више волим животиње или две работи ме изненадуваат - интелЕгенцијата кај животните и глупавоста кај луѓето, пропратено со нивен глуп коментар, по можност на латиница. Очигледно немаш запознаено гладен лав. Е, тогаш се активира она тинејџерското во мене да јадам трици. Го знаеш оно ем глупо до недоглед, ем неписмено, ем седмолично, па другиве криви. Мора бе на некого да сме одвратни, на некого да идеме на нерви, па трет и ќе не сака. Нормално е! Јебо ве, не значи тоа одма дека вредиме повеќе и дека другиве се хејтери и треба со ретардирани, прекористени (и туѓи) фрази „да ги уништуваме“. Може едноставно не чинам за нешто, и друг го забележал и потенцирал тоа. Па голем Тасе. Сами си прават голема работа од глупост, па се потресуваат, а секој втор муабет е како не се замараат. Важи.
vredi da se vidi kucencevo dusice kako pravi so racete kako navistina da se moli vredi da se vidi i da ve raspolozi
Цел живот ми беа побитни чувствата на луѓето кои ги сакам одколку моите. На него да му е добро, на нив да им е добро, на неа да и добро јас ќе се снајдам. Доаѓа момент кога се тоа се истрошува, не останува ништо, едноставно немаш што повеќе да понудиш - баш тоа ми се случи, јас повеќе немам што да ти понудам и неможам и несакам да го прифатам тоа што сега ти можеш и сакаш да ми го понудиш. Животу... Најлошото што може да им се случи на луѓето кои несебично се даваат себеси е тоа да се потрошат, мене тоа ми се случи. Го достигнав плафонот и паднав на земја. Одеднаш ние таквите стануваме бесчувствителни, ладни, неможе ништо да те допре ни повреди повеќе, нема ни солзи за плачење. Толку онака ми е гајле за се и за сите, толку сега си газам се пред себе и ич око не ми трепка за туѓите потреби и чувства затоа што јас веќе немам потреби и чувства. Кога би можело да се измери тоа нешто слично како на кардиограм моето би покажало само права линија. Уф.
Она кога татко ти ќе го пратиш по Баланс и ти се јавува по телефон: Како рече? Јогобела? Што сакам да кажам, не знам ни јас. Креветот уште си седи ненаместен. Па.. кој му брани, нека си седи. Праев пита сабајлево, и ја утнав диетата. Али до вечер нема ништо да јадам! Ама ќе излажам ако кажам дека уште не ми се јаде. У ствари знаеш што? Чекај... Си апнав уште малце. Глуп пмс, еј! А и на двете нозе истегнав мускул, едвај се преместувам од кревет на кревет. А требаше на кеј. Аха, сигурно. И така... недеља је дан за бајнајне. Евтина струја, батоооооооо, навали. Точно така. Досадно ми е. Ај, бидете поздравени.
Убавите крушки не ги јада свињите, тие се наоѓаат на највисоката и недостапна гранка, осамено полека сами скапуваат!
Одредени мириси и вкусови чуваат повеќе од спомени од било какви снимки и фотографии. Си купив смрзнати вишни и го најдов стариот рецепт за овошен колач во еден тефтер на мајка ми. Уште куќава не замирисала на познатиот мирис, а мене веќе ми доаѓаат слики од една зима на планина, кога мајка ми и баба ми нѐ пречекуваа со чај и таков колач. Цел ден поминат во игра на снег, а потоа малку да одмориме и заблажиме душа. Го разгледувам тефтерот, страниците веќе пожолтени, на некои од нив траги од чоколадо и мои шкртаници со фломастер И како што ги читам имињата, така ми доаѓаат сеќавања на мирисот и вкусот на десертите. Чупава Ката - најсмешно име ми беше кога бев помала А за Црнец без јајца тогаш не ми беше јасно што е толку смешно Туку, многу мразам кога ќе видам дека мерната единица во некој рецепт е „една шолја“, па и не е прецизирано каква. На кулинар како мајка ми не ни ѝ требаат мерки за некои рецепти, она сè прави од око. Ама јас морам да имам запишано црно на бело колку, како, што. А врв на такви запишани рецепти беше татко ми со баклавата - напишал „се става во рерна да се пече на 200 степени до крај“. Каков крај бе тато? За него тоа значи 50тина минути, за мене додека не почне да чури
Вчера ми се оженил еден од најмилите бивши, а јас сеуште пијам какао во чашата што тој ми ја подари на времето Мајка ми па ми ја краде цело време, она повеќе го сакала од мене Имам едно најново внуче ама и најубаво. Една мила ѕвезда, очиња љубипитни, а па како се смее. Синоќа си игравме, денес си игравме и мирисам на него. Ама ова бебе мириса баш на бебе, а не на бебешки производи. И прв пат да не ми пречат лигички на новата кошула иако не можев ни да се пресоблечам, а морав да излезам. И така кога си држам бебенце во раце си викам ех да имав сега едно мое. Брзо ми поминува, до наредно држење во прегратки на бебуш.
Не сум партиски определена ,односно ми сметаат многу работи и од владеачкава империја и од другите коалиции, опозиции и слично! Аман ќе кажам само аман, од овие лажните патриоти, кои да пукне пушка ќе избегаат веднаш, а на фб ми се прават јунаци , ми постираат статуси и слики за Гоце за Даме за Христо, а врв на се е кога одат да им носат панихиди на починатите борци, а уствари се е тоа само за популарност , или за да си го оправдаат работното место добиено преку партиски врски и книшки....не да испадне свој леб јадам туѓо гајле берам , ама ми се смачи од вакви лигуши ,кои не им отишле со панихида на сопствените дедо и баба!
За 3 дена е мај.И го сакам и го мразам мајот.Го сакам дека се ближи крајот на учебната година.Ама пак по сите предмети професорите ни имат закажано тестој,испрашвања,проекти. А да ке има и екстерно.А тие шо бојкотират, не дека ми пречи,потполно ги подржвам,ама со то ги комплицират работите,3 недели немат учено.Паааа можи ке треба и на лето да се оди на училиште.Ама ајде можи ке го укинат екстерното Иииии друго немам шо да кажам.Поздрав
Секс фали на народов. Гледаат по туѓи дворови, место во своите. Кога ќе имаат секс доволно, нема да имаат време да гледаат кој што и како правел, ќе бидат поопуштени, посреќни, попозитивни. Ама... Малце секс, многу фрустрации, комплекси на површина...
Што со профилите на веќе трагично загинатите? Имав едно другарче од фејсбук, го имав од пред некоја недела, сам ме додаде и пишувавме, за денес да дознаам дека починал. Го удрил воз ( најверојатно ). Се потресов, бог да го прости лесна му земја. Но јас неможам да го гледам профилот и да ми стои во пријатели, а немам срце да го избришам грев ќе ме фати. Додуша се плашам, се млади умираат. Требаше да игра на апсолвентска наеднаш се случи трагедија. Се ежам додека го пишувам ова, веќе ми е страв и за својот живот.
Вчера спремај се, спремај се, и ми дојде тетката со црвената кола, ме почасти со нејзиното присуство, па ништо од излегувањето, викендов свиткана во кревет, нерасположена, ама не се давам. Па кога ми се овие денови од месецот ептен сум стрвна. Затоа и во 10 часот навечер фаќам да правам нешто за мцкање, така највусно е навечер под ќебенце со топли кифлички и јогурт. Добра ноќ мили феминки