Јас збезнав кога гледав.Посакав да се најдам до неа и да и нанесам толкава болка за да жали што се родила.Кучка една
Пoвтoрнo гo видoв. Пoсле десет гoдини влезе низ врaтa oнoј кoј нaјмaлку oчекувaв дa гo видaм. Не им верувaв нa oчиве. Амa тoј беше, срцевo силнo зaтупкa, чиниш oд грaди ќе излетa. Љубoвтa oд фaкултетските денoви. Не се прoменил, мoжеби сaмo тoa штo имa пoмaлку кoсa... си спoмнaв кaкo се губев вo негoвите прегрaтки.... oдвaј се сoзедoв. Се врaтијa стaри спoмени, меѓу нив и тoa кoлку ме пoвреди. И сaмo сфaтив кoлку сум среќнa штo гo имaм мoјoт чoвек дo мене, вистинскиoт. И кoлку неизмернo гo сaкaм. Дa, и стaрaтa љубoв уште живее, сфaтив денес. Амa сфaтив и декa прaвилнo oдлучив пред десет гoдини....
Постојат ситуации кога силината на зборовите потклекнува пред емотивниот ентериер. Прегратката ни е неописливо потребна што добива димензија на моќно оружје кое несомнено ги потиснува останатите форми на вербално и физичко разнежнување. Голтаме неизмерено количество обединети чувства низ склопените погледи играјќи си со допирот на рацете низ телесната површина како интимен чин што не би си дале за право да го претвориме во сликовит приказ доловен во туѓиот круг. Адреналинската циркулација магнетно ги придвижува сетилата како рој честички што го градат атомот на задоволство. Молкот и тишината се сојузници во прегратката. И нека останат така наклонети... Затоа што има минути кои ненајавено носат неповторлива убавина пред која длабоко би се поклонила и доминацијата на разумот.
се сретнав сосема случајно со еден познаник пред неколку дена ми предложи заедничка активност за денес ама се чуствувам преморена а плус тоа треба да повторам Кинески видов една колешка од факс ама зборуваше на мобилен па не сакав да ја вознемирувам-ми беше мило што ја видов
Да се најдам во лелеаво фустанче седната на трева со ваква ретро прекраснотија до мене, во недопрена природа со опојна мешавина од ароми на разни цветови и мозок максимално препуштен на крилјата на инспирацијата... цел ден и еден куп страници не би ми биле доволни!
Не го гледам, дефинитивно. Два дена секаде го наоѓам постирано фб, тука ама не ,не го гледам. Само не ми е јасно, некои (не можам да ги наречам луѓе), се раѓаат без срце или ????
I'm back. Преубаво беше на екскурзија супер си поминавме иако беше и напорно затоа што имавме доста долг пат, над 5000км поминати заедно одење и враќање. Автобусот ни стана втор дом, а и сега се чувствувам како да се возам. Колку што сум седела в автобус овие 7 дена немам седено цел живот. Како и да е супер беше. Еве и една фотографија од Барцелона
Сакам алкохол во вистински чаши. Бело вино во своја чаша, црвено во своја, шампањско во своја, имам посебни чаши за пиво, за ракија, за виски, за коњак, за бејлис, за текила. Имам точна големина и ширина на чашите. Никако не може да се случи да пијам бело вино во чаша за шампањско или пиво во чаша за вода.Сакам да го уживам алкоохолот како што треба, да го осетам на устата, на јазикот, да го помирисам, да ме наежи и да ми биде најубавото нешто во денот. Првата голтка е најубавиот дел од алкохолот. А денес би пиела од шише.
Какви луѓе постојат Како можи,како можи незнам да го мава бебето.То толку нежно и мило,а ова кравата го отепа.Нема страв од ништо та?!? За ова одма бркање од работа и затвор!!!!!!!!!!!!
Ден 1. Повторно назад. Без форсирање. Пресврти и предизвици. Обврски и стресови. Ден за одмор и за уживање. А, сега, ноќта за спиење, затоа што утрото е секогаш попаметно од ноќта! #Добра ноќ!
Јас не би била јас,доколку не се изгорам со нешто , и да ми се направи лузна баш пред некој свечен настан Овие денови Марфи многу ме дружи, се нешто ми уништува , ми расипува бев вредна денес , чистев готвев и набрзинка си ја погалив рерната ,која беше лоша и ме апна на рака не дека се изгорив многу , ама зошто од неспретност да одам изгорена на рака ,баш за в недела ( за крштевката на душичето мое)
Среќен 1ви Мај! П.С. доколку одите во природа, бидете добри и фрлајте го ѓубрето на одредените места за тоа! Чувајте ја природата
Spankovciiii dobri vi utro! Ajde neka e cestit denot na trudot, pa potrudete se malce, bapnete skarata negde, fino drustvo, fin muabet, jadenje, pienje, zagarantirana zabava Imajte ubav den!
Си го криев блогот од моите зашто знаев како ќе изреагираат. Вчера татко ми видел текст за мене на stipka и ми го нашол блогот, ми се јави да ми каже дека сум позната и сега по дома ми се обраќаат со Вие. И после од кај сум ја добила јас смислата за хумор. Епа ете.
Сдк ептен озбилно го сфатив денот на трудот. Денес скара нема, па јас си се фатив за работа од сабајле. Сега да ја успијам ќерка ми и да се релаксирам со едно филмче. Убав ден денес, сонце пука. Сите што сте во природа имајте убав помин.
Во средата се вратив од посета на чизмата,то ест Италија.Прва карта за отворање беше Венеција.Сакам пак таму!Градот на вода толку ме воодушеви,што посакав повторно да се најдам на мостот на воздишките,повторно да ја видам Дуждевата палата,да ги изнасликам мостовите,да ги погледнам маските... Тука на ова прекрасно место,кое порано беше една од најјаките Републики,ја јадев првата италијанска пица.Њами,њами,њами!Значи да!Италијанската пица е нешто препресупернајубаво!Изгледа беше со свинска салама,ама превкусна.Си купив прекрасен ранец од тие сокаците што ги шетавме,се израдував кога ги гледав како гулабите се врткаат наоколу на плоштадот Свети Марко,пред црквата.Па се погоди ние да сме таму баш за празникот на градот!Следната карта беше Фиренца,каде морам да признаам многу се воодушевив и го видов споменикот Давид,а вистинскиот беше во музејот.Но видов и симболот на градот,фонтаната со прасето кое исполнува желби,купував во H&M...но и се загинавме со другарките тука!Хахахахахах тоа ќе се памети вечно мислам.Едвај излеговме до метро страницата.Ама беше многу возбудливо и смешно.Моравме да отвориме и друга карта,онаа по која водат сите патишта.Ете ме Рим! Дојдов,те видов,се воодушевив!Колосеумот,римскиот форум,сето тоа е нешто што сонував да го видам бидејќи историјата премногу ја обожавам,па ова беше како добивка на лотарија за мене!И посетата на гробот на Севти Кирил...ех...Но бевме и на гости кај папата!Да,да го видов и Ватикан!И тоа го дочекав...Сикстинската капела ја видов!Досега само на фотографии,е сега ја видов и во живо!Е и успеав да го видам стадионот на Бари,но не успеавме да одиме до кај Свети Никола,но здравје-не ни било пишано тогаш да одиме!Моравме да се вратиме назад преку Игуменица.Италијо,каква ли е таа магија што ме маѓепса пак да посакувам да дојдам?Нема да ме заситиш,колку и да доаѓам,нема да се заситам од тебе! Ви посакувам на сите кои не сте биле,а сте посакувале да одете,да одите во Италија! Имајте сите убав ден,честит Ден на трудот и ако сте во природа внимавајте и на неа,не ја загадувајте!Убаво да си поминете каде и да сте! Гушки п.с. и по една пица за сите