Мене она сајтон за одредување на возраст според слика ми вика дека имам 18 години, не па луѓе... Да не сум чула ни збор, јер младоликост. Ај ваљда кога ќе се пензионирам кога ќе купувам хаљина за прослава конечно ќе ме прашуваат продавачките, девојче за апсолвентска? Јас каков први мај имав и покрај тоа што се разболев, никој немал! Така да знаете! Јебал ме и Солун и бутур, мож у Скопје, ама... Скопје, Скопје, подобра одлука никад не сум донела. Добро не донесов јас, туку третиот крајник, ама тоа ти е исто.
Одминува веќе и вториот ден од мојот омилен месец Мај Денеска за првпат во мојот живот на овој ден не сум до сестра ми Денеска и е роденден, сама неможам да си поверувам дека порасна и таа,дека веќе самата може да со снаоѓа во животот и дека многу работи може да ги завршува без моја помош ... Како што велат дека децата за мајката секогаш се мали така велам и јас за сестра ми За првпат сум толку долго далеку од неа,за првпат не сум ја видела повеќе од 20 дена,иако секој ден се слушаме и комуницираме не е исто,ми фали,премногу ми фали до мене Бројам денови да заминам малку кај моите да ги гушнам и да се смееме сите заедно,да го почуствувам мирисот на мојот дом,да си ги видам милите луѓе кои ми недостигаат повеќе од се ... Преубаво ми започна овој месец и знам дека ќе се случат уште многу убавини. Мора и овој Мај да го поминам онака како што посакувам и да забележам уште многу моменти во мојата меморија
Сдк ништо во врска со празникот само ова, ме допре до срце http://www.telma.com.mk/vesti/gragjani-organiziraat-pomosh-za-migrantite Секоја чест!!!
Сабота вечер во еден огромен град, прекрасен поглед со милиони запалени светла а овде за разлика од кaj нас луѓето не се раздвижени туку се чини дека полека градот заспива, сите се прибираат дома и настанува некоја чудна тишина. Не ми се верува дка покрај ваква убавина овде ми фали локалиното кафуле во која пиев кафе секоја сабота, толку едноставно место кое не е ни приближно на ништо овде ама сепак во овој момент радо би се менувала за топлото макијато во моето маало. Овде и воздухот поинаку мириса, и приквечерта не е исто посебна како дома...озбилно на моменти ме сепнува мирисот на расцветан јоргован кој што го имав во дворот, ме боли на некој начин кога ќе се сетам. Денес имав една долга прошетка со цимерката овде, црномуреста девојка со потекло од Нигерија со која буквално два збора не се разбравме и пред малку ми црта на лист нешто слично на забава на кров на некоја зграда, мислам дека сакаше да ме повика а јас дури непристојно ја искулирав и се затворив во соба. Ми треба под итно балканска крв овде да ме крене на нозе и да се опуштам конечно, чувствувам дека многу работи пропуштам со својата затвореност и отуѓеност од се што не го чувствувам за блиско и свое. Ке се опраам се надевам, кај и да е...
Некои едноставно забораваат на нас. Колку и да сме биле блиски, за два дена забораваат на се`. Јас дефинитивно не сум од тие. Сеуште се сеќавам на далечните разговори со оние кои што некогаш ми значеле (и сеуште ми значат). Туку, остајте тоа... Ми вети дека засекогаш ќе биде до мене. Ми вели сакал иднина со мене. А јас само потврдувам... Не дека не сакам, но сеуште е рано, барем според мене. Останува само да ја донесеме иднината заедно (или не). Колеблива сум. Премногу. Многу нешта се случија за краток период, но не сум овде често за да ви пишувам. Се надевам дека нема да ве заборавам и дека ќе ви пишувам почесто. Поздрав девојки и момци.
Е добра ви вечер Одамна ве читам, веќе години можат да се избројат. Арно ама, мрза Харли, никако профил да си направам. Немав каде да одам вака саботно и конечно ја одвоив минутката која ми беше потребна и се зачленив тука наместо да блеам во сино-белиот екран. Знам дека вреди! Си осеќам во душичево. И да не излезе постов бааѓи досаден, да ви кажам нешто за себе. Само неколку неважни работи.. (зар неважните работи не се најинтересни кога запознаваш некого, дури и виртуелно?) Џокер ми е симпатија. Веројатно си забележавте со помош на ников... Двојна девица сум во хороскоп, и да, првото нешто кое го забележав во едно актуелно кафуле беше прашината собрана на рандом предмет кој наликуваше на вентилатор. Само кога станува збор за исхраната, не се хранам ултра здраво како типична девица. Нутелата ми е најголема љубов, а истовремено имам потпросечна тежина. Чинам дека сум испила океан чоколадно млеко во животов, и никако да се здебелам! Многу ситничарам. И паничам! Обожувам да анализирам луѓе, па дури и фиктивни ликови. Понекогаш сум премногу луда за да се дружите со мене. Гласно се смеам, уживам, се глупирам, и ретко размислувам за последиците од сето тоа. Хакуна Матата! Одвај чекам да дојде лето! Од музика... слушам се, освен метал и хардкор турбофолк. Но и покрај тоа, знам да гледам пинкове ѕвезде со баба за да поминувам време со неа. Англискиот ми е како мајчин, а и повеќе се пронаоѓам во странски (англиски,американски) песни, емисии и серии. Повеќе сум плачела на Бамби отколку што мислам дека би плачела по било кое момче. Кога бев малечка, мама ме учеше да бидам лошотија со момчињата! Втора година средно сум, но допрва ќе им ја покажувам својата „лошоќа’’. Се шегувам, многу сум easy-going. ОБОЖУВАМ ДА ГЛЕДАМ ЦРТАНИ! Оптимист сум. И имам неограничена љубов кон луѓето. Имајте убава вечер. Peace!
#Среќа е и кога уживаш прскајќи се со вода со другарките Епа вчера убав, сончев ден, нас топло и идеја сјајна ни блесна Наполни шише со вода и прскај се околу себе Е да, ги соблековме и обувките за да се бркаме побрзо Немаше нешто суво на нас самите Буквално жива вода Е де, ние уживавме, бевме среќни па сега дали ќе настинеме или не.. Ваквите денови да се архивираат, и да се множат во иднина Останете ми поздравени, уживајте, бидете среќни и весели !
Зарем мора да се објави слика од жена која штотуку се породила и едвај дошла при свест ?! Ја разбирам среќата и на најблиските и на сопругот и на сите али која е потребата да се прави албум со штотуку роденото бебенце кое сеуште си ги нема отворено очите како што треба,кое дошло на свет само пред 3-4 часа .... Оваа не е хејтање нели ???
Еден од знаците на зрелост е кога личност која ти значи и минува низ тежок период во нервоза - ќе ти каже некој лош збор без навистина да го мисли тоа, а ти ќе се обидеш да ја разбереш нејзината ситуација наместо во афектна состојба да вратиш со иста мера...
Мојата душичка веќе не е бебе мало , од денес е детенце..денес анѓелот на ТЕТА слави прв роденден и крштевка, му посакувам да биде нај среќен и нај сакан на цел свет Се е веќе спремно, ја наместивме масата за кумовите уште од вечерва, бидејќи од 6 сатот сабајле фаќаме патот под нас со мама и снашка по фризери и шминкери,за добро да е само, ама тета абер нема од сон, саатот е 2 по полноќ а тета си седи на фемина се шегувам ,ќе издржам и ќе бидам весела и разиграна штом ќе започне музикатапоздрав до сите , и посакувам на сите да пишувате и доживувате само убави работи секогаш!!!
E ajde ubavo da si pominete utre rama neka mu bide sreken rodendenot da ima srekno detstvo I se najubavo maliot angel pozz
Еј, неостварен сону.... Еј, плавоок.... Знаеш колку те сакам? Будалче мое... Верувам еден ден, верувам се ќе биде, ќе не биде......
Наградена за втората годишнина на форумот Обично избегнувам пишувања за овој тип, ама ќе направам само една мала ретроспекција.Ако изминативе две години се случуваа сра*а во мојот живот и ме измачуваа прашања доцна во ноќта, сфатив дека се‘ се случува со причина, а одговорите доаѓаат сами по себе. Прв пат, вечерва не можам да заспијам.Ама не од тага, туку од среќа.И да, душава ми се стопли Спојлер
Не, не се откажувам. Срцето не го откажува него... Никогаш нема да го откаже... Го сакам и што сака нека биде.... Можеби немаш доволно верба дека ќе ве биде.....Бидејќи ние еднаш се споивме и беше нешто незаменливо и баш она вистинско и силно.. Сплет на околности... Се разделивме... Упорна сум и стојам на ставот... Верувам.
Има огромна разлика од желбата да испаднеш добар човек, и да си добар човек. Има огромна разлика од желбата да испаднеш добар другар, и да си добар другар. Разликата помеѓу мене и мојата поранешна најдобра другарка. Ме болат сите спомени и луди нешта кои ги правевме заедно, и многу ме боли тоа што се промени на начин на кој не ни сонував дека ќе се промени. Мене ми требаше вистинско пријателство. Нејзе и требаше хранење на егото. Површно пријателство засновано на комплименти, коментари на фб слики, глумење еден на друг. А јас ја немам вештината да оддржам едно такво, фејк, фотошопирано пријателство. Секоја им чест што можат да изглумат цели врски и пријателства кои траат со години, јас одвај изглумувам два-три реда муабет со оние кои баш и не ми се допаѓаат. И никогаш не сум се обидувала да бидам добар човек во очите на другите. Само сум се грижела за сите нив како да сум им мајка. А искрено се грижам за луѓето околу мене. Не сакам никој да страда, не сакам никого да повредам. Затоа ако мојата најдобра другарка облече фустан кој ги истакнува нејзините недостатоци, нема да ја излажам како што би направиле повеќето, туку ќе и кажам дека не и стои убаво и дека треба да носи друг. Не сакам другите да и се смеат. Не сакам да биде повредена. Зарем луѓето сега бараат мачкање на очи наместо искреност? Хранење на его наместо искрено пријателство? Не можам да се вклопам со нив. Не можам да ги сфатам! Ми недостасува детството. Изгледа дека иронично, тогаш имавме најзрели и најискрени пријателства. Си се враќам со песничкава