Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Буквално пораснав со фемина...ми фали назад времето и форумот не е тоа што беше.
    Ми ги нема омилените феминки, нема веќе групни поздрави, се осеќам како странец.
    Туку баталете тоа, само сум носталгична, за старото време, не само за форумот. :)

    Дојде мај, значи и летово ѕирка, почнаа да се прават планови каде ќе се оди оваа година на одмор.
    Плажа, сонце, море, мирис на сол, коктел, лежалка...тоа се дел од малите нешта што ме прават мноооооогу среќна. ^_^
    Премногу планови за летото, но само 3 месеци...дали ќе ги реализирам сите? Хм, можеби, но сепак 60% од нив секако ќе остварам. Потоа ме очекува нов почеток од животот. Средно. Нови луѓе...не се плашам од промени, сакам нови нешта, само се плашам повторно да не ми фали минатото, исто како што сега ми фали...
    Ииии да не ширам носталгија повеќе...имајте убав ден. Гушки. :hug:
     
    На kjukli, cresa-jagoda, Sunshine.Sunshine и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Еј абе кај си бе ти ?
    Абе еве ме...се знаеме ние со тебе?
    Не не се знаеме лично но брат ми те познава.
    Навистина се знајме со него, а кој ти е брат?
    Опашува слика од неговата саламурна гордост...
    Мацкооооооооооо погоди еден шо ми прати сега...
    Абе сигурно е вирус некој, не отварај...
    Аха да многу добар вирус...
    А јас абдал се плашам да и пишам здраво на мојава, да не ме помисли манијак(facepalm).
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.900
    Допаѓања:
    163.736
    Абе живот...
    Палиш кола и го наоѓаш пеплосан, му викаш ајде... Каде? Да живееш...
    Не сакам...
    Ме сакаш?
    Штурци во мај.
    И само стисок... во 11 наутро. За половина. Луѓе, штама, тук таму по некој.
    Со се мирисање коса, со се солзи и мрсули.

    Одох да го носам на ручек. А денов не знам каде ќе не однесе, мај е, се е можно...

     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    1.Да не ве залажуваат оние коктелчињата со егзотични бои,оти кријат многу ствари во нив,пример 2 чашки и патос си :D
    2.И да не се лажете себеси дека виното не ве фаќа и можете да испиете литри,пошто на крај пак мортус си.
    3.Знаеш дека си остарел кога малите дечиња ти кажуваат Добар ден, тетке ;(

    -Што дознав викендов,
    Мај 2015 :D

    ПС:Апел до постарите што варат ракија по дворови,не ја полнете во шишиња од вода оти ќе се најде некоја жедна будала како мене и ќе мисли дека е вода :drunk:
     
    На kjukli, cresa-jagoda, Lella и 18 други им се допаѓа ова.
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    106.356
    Пол:
    Женски
    Внимавај што посакуваш-може да ти се исполни!
     
    На cresa-jagoda, tirkenbal, kala21 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Каков ден човече... убавини.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    Сакам да кажам дека еве сменив аватар, еве ви една убава глетка од Охрид, да не ме карате за Бихтерка ете ја тргнав :P
    Ви посакувам убав ден, поубав од мојов|(
     
    На kjukli, Lella, kala21 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. BestFriends.99

    BestFriends.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2014
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Никогаш не очекувај ништо и никогаш нема да бидиш разочаран. 8-|
     
    На eliesaab, samovila.red., Olli28 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. bejli

    bejli Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Некoгaш oвде нa феминa пoминувaв дoбaр дел oд времетo. Не ми минувaше денoт без дa ги изнaчитaм нoвите мислењa вo СДК. Фoрумoт зa мене беше кaкo пoсебен свет, местo зa спoделувaње рaдoсти, прoблеми и дoбивaње искрени сoвети.
    Епa јaс се врaтив, нo сo нoв ник. Дoлгo време се oбидувaв дa се лoгирaм нa стaриoт прoфил нo безуспешнo.
    Милo ми е штo гледaм декa сеуште имa дел oд стaрите феминки, ми недoстaсувaвте.
     
    На eliesaab, Lella, zekzeki и 2 други им се допаѓа ова.
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.224
    Пол:
    Женски
    После не знам колку години со мајка ми излеговме заедно на шопинг. Прв пат после 23 години сама грижејќи се за нас, јас и купив на неа нешто, а таа за се што ќе фатев ми велеше - Не ми треба, си имам јас, не сакам да те трошам. А мерак ми беше, огромен да и купам нешто, нешто што знам дека ќе го носи. Цел живот таа ми купувала, ми бирала, ма не облекуваше со сестра ми како кукли.
    Денес после толку време сама да си купувам и бирам, ја оставив да учествува во тоа што ќе купам. Се почувствував пак како дете ама задоволството на нејзиното лице не можам да го опишам.
    Се враќаме дома, сестра ми не прашува колку пати сме се скарале и како мајка ми ми дозволила да ги купам работите. Изненадувањето беше големо на - Не се скаравме ниту еднаш; Мама ги одбра работиве. :D

    И не знам што ми е ама на прашањето колку години имам, одговорот ми иде накај 24 :D:D
     
    На SparkyAngel, samovila.red., kjukli и 27 други им се допаѓа ова.
  11. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Гледам дека веќе ништо нас луѓето не не радува .. Како некоја темна покривка да е послана над светов исткаена од завист , лажни пријателства , омраза и во најголем дел тага .. Да се плашиш на нешто да се израдуваш, срцето да ти се развесели .. Таман си отишол чекор напред секогаш ќе се најде некој да ти го замагли погледот , да те расплаче ..Но на крајот верувајте дека "тажните најубаво се смеат " ..
     
    На eliesaab, samovila.red., Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.480
    Допаѓања:
    35.128
    Пол:
    Женски
    Колку брзо поминува времето. Јас сеуште мислам дека вчера беше кога си спиев со куклите.
    Би сакала барем за миг да застане времето, да не поминува толку брзо. И знаете што најмногу би сакала? Да бидам повторно 11-12 години. Е, тие години ми беа најубавите години во мојот живот. За ништо не се грижев. Само едвај чекав да се наспијат другарчињата од маалото, па да истрчам на улицата да си играме цел ден. Додека тато носи, а мама меси, се е лесно во животов. Сега дали е лесен. :)
    Не брзајте, секако ќе пораснете, но дете никогаш нема да се вратете.
     
    На cresa-jagoda, Marossa, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
    Во Мај месец луѓето некако ми се поинакви.Сите ги гледам среќни, раздвижени, убаво облечени и насмеани!Во Мај луѓето некако ми се поубави.Мај е најубав месец за да се заљубиш.
    Липите почнуваат да цветаат, а целата улица кај мене е посеана со липи.Таму има една стара клупа која е сведок на младост и на лудост.И на многу љубов!
    И на една моја тајна авантура.Секогаш ми се искрадува насмевка под мустаќ кога поминувам од таму.Ме потсетува на едни ладни вечери и врели, страсни бакнежи.
    Казната моја е што никогаш нема да можам да доживеам бакнеж под липите колку и да го посакувам.Почнат ли да цветат липите почнува и мојата голгота, очите ми солзат, грлото ме пече, ми се суши и кивам ли та кивам!Којзнае како ли би изгледал тој бакнеж...Апчиху!Не, не, не...
    Друго што сакав да кажам...Пробувам да се средам самата себеси.Мислам дека кога ми е средена исхраната и биоритамот и осумдесет посто од работата е завршена.Ама ако...Полека, ама сигурно.Па ни Рим не е изграден за месец дена.

    Туку имам еден ирационален страв дека минатата година ќе се повтори.Минатата година ич не ми беше во полза што не сакам ни да мислам на неа.Иш, иш!Многу планови ми пропаднаа во вода.

    Ама откако братучетка ми ќе земе ново куче така и периодот што следува во животот ми е многу убав.Да се надеваме дека ќе фати мајата од минатиот пат.Знам, знам оти не ме сфаќате што сакам да кажам, а не можам да речам, знам оти направив салата од зборови ама и мислите ми се салата моментално...
    Она што сакав да кажам дека ќе ми треба целата среќа на овој свет за конечно да се средам, да ми се исполни желбичката по која пекам и конечно да соберам храброст, да пресечам и да го направам тоа што требаше да го направам одамна.За да не се повтори минатата година.
    Уф, дај Боже целиот универзум да биде во моја полза.(fingers)
     
    На SparkyAngel, kjukli, Marossa и 7 други им се допаѓа ова.
  14. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Јас не берам пари,парите ме берат мене - Чак Норис

    Јас сум
    што на ум
    тоа на друм
    имаш ли разум?
     
    На kjukli и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Абе кој што сака нека рече.. пролет си е пролет.
    [​IMG]
    Обожавам јорговани :inlove:.
    Знам дека звучи ментално ама додека ја барав сликава за да ја ставам тука мислам дека можев да го осетам нивниот мирис. Обожавам како Скопје ме предозирува периодов со мирисот на јоргованите :sun:.

    Се осеќам и нешто многу заљубена периодов :*: .
    Пролет ми е, љубов ми е :D.
    :d:

    за добра ноќ ;) :
    [​IMG]


    Имајте убава работна недела.
    Ваша М, :makeup:
     
    На kjukli, cresa-jagoda, Olli28 и 18 други им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Ме прогонува духот на него, а мене сеуште реално непроебол ми е неговиот лик и дело. Смешно звучи после скоро две години ама тоа е. Вистината, искрена до срж, како што и секогаш сум била.
    Опркужена со сум со негови стари (бивши) другари, од сите страни, дури и некои сакаат да бидат повеќе од тоа. Останувам на дистанца зашто не сакам да помисли дека го правам за инает. А не го правам, само кармата е кучка. Само ќе видиме дали за него или за мене.
    Тој е среќен, дали вистински дали не лажно не знам, битно на светот му кажува дека е среќен.
    Ќе лажам ако кажам дека ми е премило. Не ми е, пред се зашто со сета сила се обидува да избрише секој убав спомен од мене. Ме нагрдува како личност. Смешно им е на сите, ама мене не ми е. Пред се зашто делевме се, буквално се што некој сака или не сака да дели. Ме боли што осеќам како да сака да ме истисне од неговиот живот како да не сум постоела. Илјада четиристотини денови, од петни жили брише од него како да не постоеле. Не го почитувам, не можам, не го мразам, исто не можам. Ама ме боли, ме боли како да ништо до сега. Можеби протерувам ама сепак пак ќе повторам искрена сум.
    Решив да ставам крај одамна и тоа го добив. Отидов ама не заборавив. Звучам патетично како да сакам да пати, ама не е така. Само сакам, барем посакував да биде поразлично, да не ја наведунува главата кога ќе ги види моите луѓе, да не збори за мене како да сум кобникот на неговиот живот. И наеднаш како да не сум постоела.
    А сите ми велат, не бевте еден за друг, со олеснување, ти си некоја друга личност без него, своја и посебна, тогаш беше изгубена. Свесна сум за тоа и премногу, и веројатно тоа треба најмногу да ме боли. И ме боли, верувајте.
    И сега вечерва после толку време пишувам за него и отварам нова кутија цигари.
    Морам да го пуштам минатово што ме прави толку несвојствено несигурна. А јас не сум, јас сум баш самоуверенам колку бахато и да звучи тоа. Едноставно не гледам зашто да не би била, кога се спознавам себе си се повеќе и повеќе и се градам онака како што сакам да се градам.
    Нејсе живот иде даље, давам свечена зеклетва дека го закопувам тука, денес, сега.

    Хороскопот идеален, на секое поле.
    Ќе се оставарам интелектулано, тоа ми треба, тоа по кое талкав и сонував од 6 години.
    Наскоро.
    Љубовта и не е лоша. И на хартија и во реалноста. Виртуелни пораки со бубата, смешно зар не, ама за мене не е. Чекор напред. Ми трепереше срцето сред ноќ ветровита пред езеро и се смеев, се смеев од срце. Каде води не знам, ама води некаде, чекор по чекор. Решив да не силам ништо и никого оставам на коцките да се наместат. Љубовта не носи часовник. Чекор по чекор, коцката е фрлена сега и одиме до крај на играта. Игра која нема губитник само победници. Зашто кога љуби никој не губи, освен глава нели, ама за тоа е пре пре пре рано.
    Само срцево да го репарирам, полека се крпи, се рехабилитира, му треба време, зашто сепак сум проклето емотивно човече кое не се срами да каже дека сакало со сето срце и душа и дека сега нешто не е исто, останало на пола пат недоодено и сега не знае каде да продолжи. Како во лавиринт, го бара патотот. Ама играта има рисет, камо да имаше и срцето. Зашто вака само мачно е сам да го подесуваш мануелно наместо автоматски. Ама срцето не е метална кутија со запци и завртки, туку нешто длабоко покомплексно.


    За него, за буби и за себе. Ма не, само за себе и секој нов вреен лик, зашто во мојата малечка кутија од крв и месо нема простор веќе за носталгија. Зашто сепак и во спомените не се живее, се илузира.

     
    Последна измена: 4 мај 2015
    На samovila.red., kjukli, Marossa и 24 други им се допаѓа ова.
  17. bokace

    bokace Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Зашто оваа болка јас ја трпам ? Зашто мораше да отидеш кај анѓелите кога највеќе ми беше потребен се прашувам зошто?
    Животот е суров ... се секавам беше топла ноќ уште потопла ноќ од оваа после две години , јас млада не искусна се испашив ме здоболе а не знаев дека ќе боли уште повеќе .. се разбудив а само што заспав, те погалив и реков те сака мама.. и ден денешен ја повторувам истата реченица ама залудно е знам не можам да те вратам а не можам ни да те заменам.
    Сакам да кажам пред точно две години почна најголемата болка која траеше 24 саати ама не стигнав на време , се беше касно . Твојте ангелски очи сеуште ги сонувам ...
    Ден пред две години , го пишувам ова за да си ја намалам болката ,ден пред да заминеш пишувам за да посакам Срекен роденден на моето најубаво и најмило ангелче Лука ........;(
     
    На kjukli, Rama, Anabelle.Amorette и 2 други им се допаѓа ова.
  18. bejli

    bejli Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    И се прaшувaм зoштo кoгa сум сигурнa декa сум вo прaвo, стo пaти си гo врaќaм филмoт нaзaд зa дa си прoнaјдaм нaјмaлa грешкa, ситницa тaму кaде штo не пoстoи, сaмo зa дa си префрлaм винa нa грб и дa oпрaвдaм нечие oднесувaње.
     
    На maravillosa, Olli28, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.502
    Допаѓања:
    183.979
    Пол:
    Женски
    Стигнав дома па набрзинка еден краток репорт. :) Рехабилитација на ниво. :) ПЛИВАВ КОНЕЧНО :rofl:... тоа што водата беше камен.. нема врска :lol: Се подновив со 2 пара купаќи и спремна сум да се враќам назад по дупла доза од истово... не ми се чека до лето...:wasntme:

    Се надевам дека Ве наоѓам во добро расположение, во какво што Ве остаив. :)
    Добра Ви ноќ женички:l:
     
    На Lella, Anabelle.Amorette, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Луѓето простуваат лаги, но вистина никогаш.
    Луѓето простуваат лажна љубов, но искрена омраза никогаш...
     
    На maravillosa, samovila.red., kjukli и 8 други им се допаѓа ова.