Не сум од Куманово, но блиски роднини ми живеат таму. Вујко, тетка, братучеди... Кога бев девојка секое лето барем месец дена поминував во Куманово. Многу ми се допаѓаа луѓето што живеат таму!!! Со нив никогаш не ми беше досадно... Многу се забавни, позитивни, полни со енергија ... Сега, секогаш кога имам време знам да навратам во Куманово... и луѓето сеуште се исти... и покрај сите проблеми што ги имаат со безработицата и безпарицата!!! Кумановци, бидете храбри и силни, ќе помине овој кошмар... Ви посакувам ноќта да ја поминете во мирен сон и сабајле без звукот на пушките да се напиете кафе!!!
Те молам Господе само војна да нема .. Срце ме боли кога ќе се сетам како сум плачела скриена зад фотелја молејќи се да се врати тато жив .. Немој пак тој пекол да биде Господе, чувај не сите , неможам да поднесам уште загуби
Crimson i bubic од вашите постови солзи ми дојдоа... се надевам дека никогаш веќе нема да почувстувате страв, тага и желба за некој ваш сакан да се врати жив и здрав. :'( Се надевам на подобро утро и се надевам дека никогаш веќе ни вие ни никој нема да има трауми и лоши спомени.
25 години ги јадеме истите г***а! Прво од Б.Ц, потоа од Љ.Г, сега од Н.Г. Не сакам ни имињата да им ги пишам! Ние сме печени за протекторат, кога веќе самите не знаеме да се оправиме.
Никогаш нема да ги сфатам и сварам луѓето кои кога те среќаваат на улица, додека се ракуваат со тебе те одмеруваат од глава до пети како изгледаш! Возрасни жени, мајки, баби! Па после сакаме тие децата да си ги воспитаат на неповршност и да знаат да ценат некој што ќе каже и како ќе го каже, а не што носи! Врвот ми беше неодамна кога тоа го доживеав од жена која може да ми биде баба. Да не може да се изначуди човек! Како не се срамат овакви луѓе од нивниот гест или пак си мислат дека некој е слеп за да не забележи нешто што е толку очигледно? Човецулец... никогаш не знаеш со каква глупост ќе те пресретне и изненади...
Е баш вака... зборовиве на Кримсон и Бубич мислам како капак дека ми ја претворија грутката во грло од информациите со кои сме опкружени денеска, во солзи. Налет нека е повторување на траумите на оние кои се сеќаваат и отварање нови рани... Колку и да е невозможно мислете позитивно и не им дозволувајте на стравовите да ве обземат. Од се срце ви посакувам мирна ноќ на сите и почеток на денот без истрели, се да се среди и ова да биде прв и последен ден во кој ќе зрачи толку тага и страв меѓу редовите тука...
Сум поминала многу вакви настани од осамостојувањето на нашата мила Македонија, од настаните на бит пазар, знамето во Гостивар, конфликтот во 2001, се до овој денес. И секогаш сум чувствувала страв. Денес чувствувам гнев, не страв. Никогаш во живот не сум била толку гневна на се', на човечка алчност, злоба, на она што човек е подготвен да направи за лична корист, колку треба да е некој без морал да знае дека жртвува нечиј живот да ги оправда своите злодела, кој сака нека е. Денес прв пат се запрашав дали оваа наша државичка која многу си ја сакаме, ја сакаме сите подеднакво или не?Се запрашав дали не ми е сеуште доцна да си ги соберам парталите и да заминам таму од каде три пати се враќам со убедување дека убав е животот тука, дека подобро е едно кафе со твоите блиски, отколку лагоден живот без никој свој. Дали има надеж за оваа наша државичка? Дали има иднина за нашите деца?
Лесно им е на едните да кажат дека се ова денес е сценарио на ВМРО. Лесно им е на другите да кажат дека се е поради бомбите на Заев. Лесно е да кажеме дека сѐ е поради политичките партии. Но, знаете, ние што и да кажеме, лесно ни е, затоа што тоа само го кажуваме... Но, што кажуваат оние на кои денес им погинаа синови, сопрузи, татковци... Тие повеќе не кажуваат, онемени се од болка... Верувајте... Затоа, свестете се, можеби утре или задутре, не дај боже, нема да ни биде се така лесно и на нас... Сочувствувајте со оние кои ги изгубија најмилите и барем денес не ги спомнувајте ни едните ни другите! Вечна им слава на загинатите херои, нека почиваат во мир...
Луѓе ве молам, ве молам, не се плашете,бидете силни они тоа го сакат да влеат страв во коски на народот ете така се гради диктатура!Здраво Северна Кореја. Само тоа слушам сакам да си одам од државава од секој, од секој значи!Кој ќе остане во пустелија, ај ако не сите да земеме да си одеме па нека се шират они после.Ама ќе нема од кого да крадат.Крвта ни ја исцицаа веќе! Шо луѓе ќе беа, има ли трошка човечност во нив камен да беше до сега ќе пукнеше и ќе си дадеше оставка!!! И пак и пак и пак се повторува истата судбина, истото во 2001 истото пред сто истото пред двеста години, невини умираат за туѓи фотељи борејки се за идеали!Проклети сме ние македонците, арно викаат црно семе! Ахххх мме, Господ нека ги казни кога веќе нема закони... Нека почиваат во мир загинатите, а ние живите да се држеме заедно.
Sto im trebase na moite roditeli posle 3 god i bas sega da si pojad vo makedonija ..dusa mi se razboli.. Daj boze utre da mi javat deka e smirena situaciata i deka si trgat za doma
Денес од тоа што се случуваше во Куманово и Луничка што ја постира сликата ме потсети на 2001. #2001: - Седев пред пенџер и се чудев што се случува надвор, и на секои 5-10 минути, ке се слушнеше некаков силен звук како гром да удрил, а ја малечка и не знаев каков е тој звук. Дојде мама, и таква испаничена ми вика: Зошто седиш овде, не смееш да седиш, надвор има војна, пукаат, може да залута некој куршум..што ќе правам тогаш без тебе? ...- А, ја, пустото малечко од 5 години, не ни разбирав што е тоа војна. Не се сеќавам после тоа многу, ама знам вечерта дојде тато и рече на мама: Жено, мене ми рекоја да останем овде да се борим зошто состојбата е влошена, а исто ни вие не можете да останете овде под никаков услов. Уште вечерта си ги спакувавме алиштата и рано сабајлето требаше да тргнеме накај Скопје. Сабајлето едвај некако тато не однесе накај Ск, оти по улици живо пиле немаше. Кога дојде моментот за разделување, осетив како да ми се кине срцето, ми беше страв за него, што повеќе ако не го видам?... Едно време седевме кај тетка ми, потоа у Стив Наумов бевме, беше малтретирање навака натака за нас оти дада ми не ни имаше 1 год полна, беше бебуле. А, само господ знаеше колкава болка имав во душава што бев разделена од тато, секој ден се молев да остане жив и здрав, да го видим повторно, да ме гушне силно..... Кога го видов после долго време, не знам, не може да се опише љубовта што ја имав кон него...знам само после тоа, цело време се мотав околу него, само ме гушкаше
После мојот роден град БИТОЛА,од малечка имав желба да го посетам КУМАНОВО, иако за жал не ми се отворила можност да одам сеуште , секогаш го чуствував градот могу пријатно,ете некои желби имав како малечка дека тоа ке ми биде мојот втор дом , дека таму ќе се омажам,имав кратка врска со дете од таму, се запознавме Грција на одмор,ама не ни било пишано,судбина ете ( не се знае никогаш нели ?!)денес после овие немили настани сум потресена, и сакам да не му фали ништо на градот, ни на луѓето,и ветувам дека нема да остане празно ветување мојата посета , и кој знае можеби ке ви станам сограѓанка Куманово,мојата љубов и мисли се со тебе
Од немајкаде пуштив машина да испере.Развеав бели чаршави.(Не)свесно и јас се предавам.Еден ден пукање јас сум веќе како знаме на половина копје.
Сега за сега е мирно. Пукотници имаше околу 7.10 ч. утрово. Траеја околу половина час. Моментално ништо не се слуша.
Колку може да се промени се за една ноќ,неколку часа.Во петокот беше прекрасно времето,плоштадот на Куманово беше преполн со деца кои играа,цртаа по повод денот на Европа.Песните одекнуваа низ целиот град,насмеани луѓе се шетаа ,без никакви грижи.Вечерта исто така беше преполна ,го прошетавв целиот град.Имаше деца во луна паркот ,постари во кафичите ,се беше така нормално.Се до 4 часот. Ме разбудија пукотници кои беа во голема близина до мојата куќа,мајка ми и татко ми ме тераа да одам во дневната бидејки е посигурно.Братучетка ми не можеа да ја извлечат од куќата бидејки беше опколена со полиција,метци летаа насекаде... Душата ме заболе кога видов дека има осум загинати,ова утро пак се разбудив со пукотници.Цела ноќ се превртував прашувајќи се што ќе се случи утре,оваа недела.Се молам да не продолжат немириве,ова никогаш не се заборава ,осумте невини полицајци никогаш нема да се вратат.Се молам истата бројка да не се зголеми и ова да се заврши. Нека почиваат во мир хероите...
Aко видам уште една слика од полицаец над која е напишано „нема кој нема да лајкне“ ќе убијам некој. Е*ати желните за лајкови.