Зошто тато вчера не си дојде дома, прашање кое јас го поставував 2001 та, а сега овие мали душички ;'(
Јас вчера сабајле станав за на работа во 5 часот,се нормално се спреѓив, го испив првото утринско кафе и појдов на работа.Мојата фирма е веднаш до Диво Насеље.Слушнав како пукотници ама занемарив и продолжив да одам.Мислев ништо не е страшно и сериозно.Кога стигнав до пазарот тогаш сфатив....насекаде имаше специјалци и демонстрации.Тие почнаа да викаат да бегаме, по сите работници..Тогаш сфатив, ме фати паника..Страшно беше се вратив дома преплашена..Пукање ,видео клипови на фб. Не сум паметна веќе да зборувам .Не знам што да мислам и кого да го обвинам за сето оваа??Кој е крив???Зошто оваа ни се случува??? Какви терористии.,чии луѓе се тиее???Платеници???? Што сакаат тие од нас? Не знам мене оваа од една страна ми делува како добро изрежиран филм..
Ме боли душата. Ништо не може да боли повеќе од ранетата душа. Ах, колку сакам да го вратам времето... Зошто по ѓаволите јас сум таа што ги прави грешките... Кажете ми зошто не учам од туѓите грешки? Боли душава. Боли кога ќе ми текне дека скршеното никогаш не може да биде исто ако се залепи. Боли, проклето премногу боли! Да ти се плукнам во животот смрден!!! Со што заслужив јас што ми се случуваат вакви работи? Само паѓање, само страдање... болиш животе, болиш!!!
Сакам да кажам дека благодарение на вестите на Сител јас сум помирна безразлика реално ситуацијата каква и да е. Патем почнав да добивам чести вртоглавици и да заборавам да јадам, ама ајде стресо си го зема своето. Ако потраи ова ќе си го фрлам здравјето. Пробвам да пишам дневници за утре и да цртам ама полоши цртежи и ракопис сум немала до сега што не знам дали да молам професорите да ми дозволат за следната недела да ги однесам комплетни дневниците ... Во глобала то е ... Ај да се надеваме дека ќе идат подобри денови. Јас никогаш не останувам на малку па сакам да кажам дека сега желбата да одам на курс(обука) за војниче е поголема од претходно само не знам дали тато би се согласил многу со тоа безразлика што му го трубам тоа од претходното лето. Сите држете се, да не се караме меѓу себе, сега не треба да се разединуваме туку да се спојуваме (постојано ја читам темата за Куманово и бев мн разочарана за големата разединетост таму ... )
Не дај боже по грешка да стиснете на далечинското и да уклучите Сител,оти мозокот ќе ви се исуши,еве ви кажувам. Ситуацијата во нашава никаква држава одамна нема никаква контрола,посебно што главни водачи ни се едни неписмени амеби,а пола народ е со испран мозок. Ова со Куманово само ја прели чашата. Тоа што душата ме боли за настраданите,невини души кои загинаа за ништо,тоа настрана... Ами како бе така господата горе не знаат кои нападнале и со кои ресурси? Па каде е господин Хорхе? И како е можно да се мешаат партии и националности кога гинат ЛУЃЕ,и Македонци и Албанци и Турци? Не знам,не знам веќе што чувствувам..ГНЕВ,ОМРАЗА и ОГРОМНО РАЗОЧАРУВАЊЕ,како стигнавме до овде?
маркетиншка / аматерска власт + корумпирани / партизирани институции + воајерски / сеирџиски народ = загарантиран хаос и пропаст
Цел ден седам и читам по портали за ситуацијава. А што всушност правам? Глава не дигнав од компјутерот денес и вчера. Сакам да си одам дома. Смирено е да, ама пак се плашам. Ми велат да останам тука на сигурно. Рацете ме болат од штракање цел ден. Не сум јадена цел ден. Не ми се ни јаде. Ми е смачено. Ми се плаче. Не размислувам трезно. Сакам пак да излезам слободно да шетам, сакам да се насмеам бар малку. Подочници до земја, психички ослабнав. Луѓето тука ми спремаат ручек а јас чувствувам грутка во грлото. Ќе чепнам нешто колку да не е без ич. Душата ме боли.
Сдк Спалната ми е на поткровје иммногу често влегуваат птици под стреата. Ја заспивам моментално ќерка ми и слушам некој звуци слични на пукање. Се стресов. И после ми текна дека е птицата. И така секој нареден пат јас се потресувам. За момент. Нека заврши веќе.
После минатата ноќ сфаќаме колку многу значи мирниот сон и чуваството на сигурност и безбедност. Дај боже ова да е крајот доста беа жртви
Ми се плаче ми се вреска ама нема кој да ме слушне. Има ли смисла моево постоење? Никој не ми ја разбира макава дури до сабајле да објаснувам, едноставно не им е гајле. Немаат осетено на своја кожа па не разбираат. И што понатаму? Каде? Како?
Dusa be ! Duri ni situacijava ne uspea da go pokoleba. Sepak si go spakuval kuferot I doaga kaj mene. Sakam koga pravi se za mene
Аман кај се погоди колоквиумска недела во вакви денови да почнува.. Цел викенд скоро на интернет го поминав, искрено ме потресе цела оваа ситуација. И ете сега учам колку што можам утре полагам.. Битно да се среди, да помине... ПС: При учењето ми се пријаде пудинг и си направив во ѓезве 1 чаша пудинг.
Сè, сè, ама... кога видов некои вчеравечер излезени по дискотеки, кафиќи итн. како ништо да не ни се случува во државава, ми се приповрати. Од каде ја најдовте таа волја, не ми е јасно?! Јасно ми е дека живот иде даље, ама бар денес и вчера да се воздржавте. Не ве погоди ситуацијава ни најмалку?! Почит и основна култура да се немало. — feeling pissed off. (Мој статус на ФБ.)
А јас имам гуштерчиња... и отпосле ми текнува дека се они...Среќа не се симнуваат надоле па да ме извадат од памет уште толку, а грев ни е да ги уловиме... Старите трауми само прашање е на време и тригер кога ќе те удрат... Од ова мора да се освестам и да се ослободам од стравот кој би ме мачел цел живот. Од петокот навака се е наопаку... Не можам да заспијам, главата ме боли. Имам тон заостаната работа, а среќа па утре сите се кој каде на пат, а јас сум сама па ќе можам да правам што сакам и да работам кога ќе се осеќам способна. Од прееска две табели во ексел не можам да средам...
Значи Хорхе и Гујо, подобро да не даваа прес по два дена трауми за народот ...ќе изгледаа помудри. Вака, ломотеа стихови склепани и ненаучени, како првачиња. Ќе сноси ли некој одговорност за ова или пак се под тепих и никому ништо...тераме ко да ништо не се случило? Феномен е оваа влада !!
Има моменти во кои се срамам што сум Македонка. Каков народ сме бре? Срамота. Секој мој збор е малку за да опишам кој револт го чувствувавм моментално. Абе засрамете се....
Незнам зошто ама го сакав,го обожавав,како да му го слушам гласот сегамерак ми беше да го гледам и слушам ВЕЧНА СЛАВА НА ТЕБЕ КОМАНДАНТ ВО ВИСТИНСКА СМИСЛА НА ЗБОРОТ, ВЕЧНА СЛАВА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КУМАНОВО