Гордана Јанкуловска: „Во вакви моменти, полесно е да се избегне одговорноста отколку да се остане овде и да се соочи со ситуацијата.“ Во превод: „Не, драги колеги новинари, не планирам да преземам никаква одговорност. И не туку барајте преку леб погача, зашто јас барем се појавувам тука со крокодилски солзи и давам изјави, а да беше некој друг можда ќе избегаше од државава на одмор на тропски острови. Добро де, можда и јас ќе избегам, ама не одма. Да не биде апла дека бегам.“ Ми се повраќа И аман со тие статуси за тоа колку ви е жал, за тоа како оддавате почит и пишувате верзии на „Сердарот“. Не може да ви е жал онолку колку што навистина им е жал на оние кои не спиеја таа ноќ затоа што се плашеле за сопствената безбедност или затоа што го чекале сопругот да се врати дома. И да и‘ се плукнам на непостоечката новинарска етика кога даваат преноси од еден болен и интимен чин како што е погребот. Луѓето се во жалост, загубија дел од себе, а вие се тепате кој ќе има подобра снимка од подобар агол за подобар рејтинг. Да ви се плукнам, новинарски кучиња едни! Јас се спремам за работа и се молам малку од малку да има работна атмосфера. Очајно се трудам да избегам од се‘ што се случува. За Фемина од Охрид, Хипица Хипицоска.
Aman vise so Baba Vanga ! Seriozno, ednas emituvavte serii, ni prviot pat ne ja gledavme. Prikazna za prorocicata? Mislam, who cares ??? Namesto da objavuvate sto se slucuva ni go zamarate mozokot so bezvezni raboti turski serii I glupavi dokumentarci. E#@! $ programata
Денес моето душиче полни една годинка. Не можам да замислам колку празен ми беше животот тогаш. Откога тој се роди, имам една причина повеќе за живот. Второ братучетче - прво комшиче. Брат му ние го изразнавме, и него ние ќе го израснеме. Ете не знам, не знам колку празнина ќе имав изминатава година ако тој не ме засмејуваше со своите глупости, ако не се насмевнуваше со тие некови минијатурни запчиња, ако не ме изморуваше трчајќи заедно со него со часови... Никогаш не сум имала повеќе трпение за нешто. Само јас можев да го држам за раце за да шетаме низ куќата, јас можев да му пеам песнички (за чудо само на мојот глас игра на тие песнички ), јас можев да играм со него Ринги ринги јаја додека не се измори, јас можев да се качувам со него стопати по скалите нагоре-надолу, а и само јас му дозволував да си игра со вратата. Среќен роденден, среќо моја, цел живот од убави работи да не куртулиш. Ти невино душиче мало, си најмилото суштество што некогаш сум го видела. Ми дојде како добитна комбинација и ми го направи животот трипати повесел отколку што беше. Ме врати во времето кога и јас се радував на „неважни работи“, и ме потсети дека така треба. Со својата упорност да си играш со едно конкретно нешто, ме научи дека секогаш треба да ги правиме работите што ние ги сакаме, а не што другите ги сакаат. Со целата таа енергија и елан за живот што ги имаш ме научи многу повеќе работи отколку што некој возрасен би ме научил. И да, колку и да пораснеш, ти секогаш ќе бидеј Марјанче за мене. Те сака твојата... дада? Не, го мразам тој збор. Спојлер: П.С. Исрено сочувство до семејствата на паднатите херои. Вашата болка не се мери со зборови. За другите, останете силни, ќе помине, сè ќе помине. Издржете, нашите молитви секогаш ќе бидат со вас.
Едно време...можеби пред 2 години коа беа популарни бев "инто" пунџи кои се праеја од чорапи, па бидејќи поише ми одговараа оние од брат ми.. наравно нели нив ги "крадев" и користев. И пошо секогаш знаев да ги заметкам некаде и да забораам кај сум ги остаила..едно време буквално го имав остаено без чорапи. Сабајле додека си куцкам така на тастатура го слушам и вели на мајка ми: некако..ми снемуваат чорапи, на онаа сестра ми гарант пак и кликнала некоја фикс идеа па сеа праи фустанчиња од нив. хахахахаха Да ми е најжив и најздрав
Оти секоја пролет таа се плашеше дека место славеј, како одекнуваат истрели ќе чуе наместо цветови крв земјата нејзина ќе ја покрие. Слава им на сите македонски синови кои ги полижија своите животи пред олтарот на татковината оти хероите никогаш не умираат. Векот не ги заборава времето не ги бледнее. Живеат во срцата. Почивајте во мир. Ви се поклонувам,и запишувам во срцево мое.
Sdk deka nemozam poveke vaka pa nikoj ne me razbira sakam so site da sum ok. Zosto onie koj treba najmogu da ti pomonat gi nema. Denes e eden od onie denovi vo koj se custvuvam navistina i iskreno LOSO
Да знаев дека има толку многу луѓе во државава кои завршиле факултет за одбрана, мирно ќе спиев во саботата. Наеднаш, вчера по ручек, се разбудија од сон сите кои имаат 20 годишно искуство во одбрана, сите со 10ки на мировни студии, и наеднаш, сите имаат точен и официјален став кој кај згрешил и знаат што требало да се направи. После свадба бајраци се вика во наше село. Прво бев изненадена од тоа колку мислат дека знаат, после се помирив. Кај нас сите се за се експерти, сите се знаат. Еден не вика, еве јас ова не знам, да прашам. Сите учени, по 4 факултети со по 10 години искуство во секоја област се, иако се само 25 години, со факултет од тоалет папир, и работно искуство како секретарка на тато. Не е лошо да имаш став, ама да не се двоумиш и прашуваш дали е точен, не е знак на самоувереност и точност, туку глупавост. Филозофите секогаш се прашувале себе си каде грешат, имале осет за интроспекција. Денеска нема такво нешто. Имам чувство дека кога мајка ми викаше, да те чува Господ од учено-недоучено, дури сега ја сфатив што сакала да каже. Млади кои немаат основно познавање од базични работи, убедени се дека имаат одлично познавање за одбрана, воена стратегија, мир и безбедност. Како што сите се архитекти, на пример. Сите се доктори, оти еднаш напрчиле нозе на гинеколог. Одма знаат дека докторот со 12 години факултет не знае, ама они... се знаат. Не е лошо да имаш став, макар и погрешен, лошо е да мислиш дека си паметен, кога си глуп. Не е лошо да имаш став, ама да не се погледнеш себе си, и да изнавреѓаш друг, понекогаш не е дека си глуп, можда имало пропуст во вопитанието. Викаат, Бог со сила може да земе, ама не може со сила да даде.
Деновиве немам едно кафе испено, а да не е со нервози, пред твитер, фејсбук, форумов. нешто да дознаам барем колку да се смирам, ама не, секогаш обратното. Децо, така, законот на природата ли, шо знам. Ми е жал за некои луѓе, мислам, не ми е жал, нека и е. Толку страв да се имало да се остане сам со себе, значи плачете духот да ви биде врзан од некој, плачете за ропство. Нова генерација иде, еве, јас со две раце ќе потпишам дека е прекрасна. Не е мрзлива, темпераментна е. Јас можам да се носам со таков темперамент, вие? Или упорно барате некој да покорите или некој да ве покори?
Лекција на денот. Решив еден ден да не се жалам за ништо. Не зажалив за оваа одлука... http://www.crnobelo.com/zabava/inte...e-se-zalam-za-nisto-ne-zazaliv-za-ovaa-odluka
Од овој момент ќе си го живеам животот како сакам, ќе си гледам мене да ми е најубаво, а другите кој ги е*е. Доста се нервирав за/заради другите. Не ми е гајле повеќе за никој. Мој живот, мои правила.
Значи кога ќе видам кој неписмењаци водат ала некои политички разговори се препукват кутрите карат по Заев по Грујо мајки шајки со тие микроскопските испрани мозоци од партите,а незнат една реченица како што треба да состават ми се повраќа значи уби чу се...
Не можам и не можам да сфатам кој профил на луѓе, какви изроди се тие кои упорно ги подржуваат терористиве.Ваму се дигнале протестираат намачени и малетретирани биле, по социјалниве мрежи поддршка изразуваат па си мислам за таква работа не треба само болен во умот да си туку и глуп ! Овие јавно си кажуваат имале за цел да напаѓаат школи,болници,полициски станици,некој од нив како целна точна имал случајни минувачи на Камени мост.Значи не планирале да бираат.Не отишле у етнички чисти места по Македонија, туку баш во места со етнички диверзитет.Па на случајниве минувачи на чело не им пишува што се, у болница бомбата нема да ги погоди Македонциве само, а Албанците читави да ги остави.Побогу вашите жени и деца можеа тој ден да отидат на преглед или да прошетаат по Камени мост или да си играат во некој школски двор.Каков човек треба да си курбан фамилијата да си ја ставиш и да рипнеш да протестираш или да ги подржуваш оние кои утре немаше два пати да размислат метак во глава да ти свирнат.Ама ако си таков не ни заслужуваш подобро. Па не значи дека некој ако е од моја националност под дифолт ќе рипнам да го бранам,аман веќе од изопачени и испрани мозоци. И сериозно ми се гади од двојниве стандарди.И од овие што пробуваат да ја извртат суштината на изминативе протести.Протестите беа против полициската бруталност која de facto беше оправдана и се правеа напори да помине незабележано, се протестира поради ставот на повисоките функционери и нивната индиферентност на полициската бруталност.И сега не значи дека настанот со Мартин Нешковски се анулира со настанов од пред некој ден и пу пу не важи.Ова што се случи пред 2 дена не беше прилика да се покажат полицајциве на дело и ние да ги фалиме.Не ни плукавме претходно по целата полиција, туку на ставот од повисоките функционери и на партиски војничиња кои преку врски имаат влезено без да се запази најпрвин нивната психолошка спремност.Нормално секоја чест на оние кои се најдоа на терен и се бореа да ја зачуваат нашата безбедност.Имајте барем трошка почит кон нив на кои 2 дена им летаа куршуми над глава.Слава им и на погинатите. И еден синдром што го забележав деновиве од кој посебно сум згрозена, колку attention whores ( мислам и на машки и на женски) имаме човече.Па уште кога видов некој таму сликал книшки и од НОБ од дедовциве, аман газот си го продадовте за лајкови, па не браќа, не татко, не комшии кој и да имавте на терен не значи дека требаше извештаи на фејсбук да се пишува.Па слики со погинатите, да се наежи човек на што све е спремна човечката суета и желба за внимание.Пошто не гледам друга цел.Слика со другар,татко,брат може да се стави во било кој ден од годината. Каков народ сме, еднаш не сме знаеле да си ја затнеме устата во право време и да викнеме кога треба, се обратно правиме.
СДК уште сум вознемирена од ситуацијата што скоро се случи. Цел викенд го поминав на интернет, очекувајќи новости. А планирав да поучам нешто, крај на година се ближи, но не. Како да учиш во ваква ситуација. Не дека имам блиски во Куманово, но сепак...Овде на форумов беше единственото место од каде што се добиваа брзи информации, па следев што се пишуваше. Паметам кога бев мала, татко ми ми кажуваше како тоа терористите се многу лоши луѓе. Јас тогаш го прашав: „А ако седам мирна вака, дали ќе ме отепаат?“ Одговорот што ми го даде беше краток и јасен: „Да.“ Толку многу се зачудив тогаш. Мало дете бев, го гледав светот со розеви очила и мислев дека сите луѓе се добри ако и ти си добар. Колку погрешно сум мислела. Тоа некако ми ги отвори очите и од тогаш како што растев се повеќе се сомневав во луѓето. Многу ме боли душата за овие 8 полицајци што загинаа бранејќи ја татковината. Многу. Врв ми беше вчера утрото кога го прочитав тоа за Жарко Кузмановски, еден од загинатите, од страна на една мајка што го сретнала со нејзиното дете. Не можев да издржам, заплакав. Па толку ли е суров животот... Како и да е, се надевам ова беше крајно, дека нема да има вакви настани во иднина. Се надевам....
Да не беше форумов немаше да знам што точно се случуваше викендов. Жално навистина. Сочуство до фамилиите што изгубија драги личности и желби за побрзо закрепнување на повредените. Никогаш повторно да не не снајде ваков ужас.
Се скршив...никогаш по кревка не сум била. Не можам да го опишам чувството што ме стега во градиве. Болка, тапа што тишти измешана со лошо претчуство и страв. Постојано со солзи во очите си ги гледам дечињата, ги гушкам силно...скришно плачам, денес ниту еднаш не се насмеав, читам по социјалниве мрежи...ме фаќа паника и немир,,,расправија со сопругот да не читам глупости...барем да имав нешто за смирување. И постојано истото прашање; Дали вчера заврши се?