Крем бананчиња за доручек, Ерика Баду во позадина, ако нешто знам да правам најдобро, тоа е да уживам.
Додека му се наканам да го испијам, првото кафе веќе се изладило. Само што го сварив второто, половина се истури и за малку ќе се изгорев. -кратка тажачка приказна-
Не ти било судено кафе да пиеш денес А тоа што ти се истурило старите велат дека му се пиело на некој друг. Ете ме потсети дека и јас од сабајле не пиев кафе. Ако го сварам сега да не ми се истури и мене. А за ладење гарант ќе се олади ако почнам и со други обврски. Јас ладно "турско" кафе не сакам. Туку ако си малку ненаспан гарант ќе те разбуди некој силен ринг тон со јака песМа во чекална А успеав и да им одолеам на спојлерите во Game of thrones, дека не ја гледав последнава серија.
Ми велеше дека секогаш ти било убаво. Но само си ме лажел. Да ти беше немаше да заминиш во прегратки на друга. Мене навистина ми беше убаво со тебе, затоа што те сакав. Но само сум мислела дека ми е убаво. Сега ми е поубаво со човекот кој ме сака искрено и ќе направи се за јас да бидам среќана. Ете тоа сакам да го знаеш
Ви завидувам на сите вас кои се задоволувате со живот од калап. Кои не си дозволувате и свесно и несвесно да посакувате повеќе. Кои немате желби и соништа. Кои одите по тенка права линија. Кои ми викате - ЌЕ СЕ КАЕШ ШТО НЕ СИ СЕ ОМАЖИЛА ПОРАНО И НЕ СИ РОДИЛА. На кои амбицијата ви е - сигурна работа и каква-таква платичка. Кои немате апетит да вложувате уште повеќе во себе. За кои животот е само процедура која треба да ја поминете според правилата. Ви завидувам искрено. Лесна ви е живеачката, барем сега, за во иднина, не сакам да сум ви во кожа кога ќе дојдат фрустрациите од лош брак, од беспарица, од чувство на безвредност и нереализираност. Ви завидувам затоа што никогаш немате чувство и прашање - ДАЛИ НАПРАВИВ ДОВОЛНО? Ви завидувам на црно белиот свет, но никако сивиот, а уште помалку што ја немате желбата да го обоите и да бидете среќни. Од први животот ќе ми се смени за нијасна, до две-три. И тоа е добро. Ама не можам да ги слушам повеќе муабетите - сигурна работа, брак и деца, се нервирам. Се нервирам од идејата дека треба животот да го сведам на нулта постоење, крпење и нервози. Не би рекла дека каде што има љубов, пари не се проблем. Пред се... не ни има љубов... се што гледам е некаков интерес, дали за паричен од едниот партнер или емоционален затоа што немате храброст да побарате повеќе некаде на друго место, удобност затоа што излегување од сигурната зона понекогаш значи и болка, ако не и секогаш. Свесно трпите понижувања и компромиси и се заложувате со идеја дека некој ќе се промени за вас. Не... она кое што ви пречело засекогаш ќе ви пречи и менувањето значи многу повеќе. Или можеш да прифатиш дека од време на време тој ќе ти се раздере со или без причина, дека срка манџа од тенџере, дека мљацка кога јаде, дека те игнорира и смета дека си му слугинка (на потсвесно ниво во дел од секунда), дека знае да се напие и да прави сцени или не можеш и си заминуваш. И да, лесно е... ама вие дами не знаете да си го побарате своето и место тоа, викате да на понудата на брак, а сите околу вас прават ањњњњ, колку убаво... во бајковите атмосфера, а сосема поразлична реалност. Тоа е толку депресивно. Каков живот живеете? По чии правила? Ви завидувам што никогаш не сте имале желба барем до сега да откриете кои сте вие навистина, а кои не сте. Што е квантификатор за вистинска среќа?
Можеби имам и претходно искоментирано, ама секоја година кога доаѓа сезона на матури во мене чуствувам некој револт. Безработица, ниски плати, едвај крај со крај се сврзува во месецот, а матурски ко свадби. Ова му доаѓа како „ Немам леб да јадем“ - рече и нервозно го тресна ајфонот од маса. Но не се криви само децата, уште покриви се родителите кои лечат комплекси преку нив. Матурите станаа предмет на докажување. Кој ќе направи поголема, пораскошна, кој ќе има поскап фустан, костим и сл. Инаку предметот за славење е сосема друга дискусија. Завршил средно. Бре голема работа. Се испревртеа сите општествени вредности. Завршив основно, средно, дипломирав и кај и да е ќе магистрирам. За ни еден повод не организирав прослава во кафана, ниту дома. Само најблиските 10тина души со скромен ручек и толку. А не дека не можев. Туку за мене се тоа е глупост. Парите што ги заштедив си ги искористив за одмори. Извинете сите што ќе се идентификувате со постов, ништо лично.
Ахх ете и јас матуранка станав . Како и сите и ние денеска организиравм забава со свирки со се' и се собравме генерацијава да прославиме. Големата забава беше од училиште, па потоа продолжи вчаршија... Толку весело , распеано, разиграно, а времево жешко (нас возбудените од среќа не ни пречеше). Ова не се заборава јас да ви кажам... И првио поклон веќе го добив и многу му се заблагодарувам на сите за искрените честитки.
Четири матури, три полу матури, една свршувачка и две свадби. Два родендена и едно крштевање... на повидок да добијам два близнака Не не сум трудна само ќе станам тетка на еден принц и една принцеза Е нека е за убаво ама паричников овој месец ќе почне да ми плаче Сте за по едно ич не сум досадна ако бре пише озбилна
Многу паметно од мене што сум симнала фотошоп на Руски. И сега не можам ни да го сменам јазикот затоа што нели, не разбирам Руски.
Нема да се повтори 2014 готово е! Стравот ќе постои тука негде ама опасноста е далеку! Друго што сдк е дека конечно ги изгушкав. Душава ми е полна.Не ја испуштив малата од раце неможев, прв пат ја гледам а и таа ширеше раце по мене кога за момент требаше да ја нахрани другарка ми, всушност ја држев и додека јадеше. Срцево ми пее бре од среќа, тоа мало човече ми значи премногу. Ги љубам и едвај чекам пак да ги изгушкам. Пријатен ден феминки
СДК ... Ми треба едно апартманче на Вест Сајд М. , или Ист Сајд или негде во кругот на Менх. ... Ми треба една златна картица и една личност по мој терк и доволно силна, за да можеме да се поднесуваме еден со друг. Друго фала му на Господ се имам. The end Почнав ептен да се чувствувам тука своја на своето ... (ама ... ќе видиме, сега за сега е една визија и желба)
Деновиве малку напорно ми дојде со учење, секој ден полагање а и на сето тоа капак барање на нов стан со цимерка ми за догодина. Ѕвоневме, баравме,шетавме ама тоа што го видовме, само би ставила три точки. Нема да зборувам за тоа што се не видовме што се издава. Акцентот би го ставила на тоа што се не видов во стан во кој живеат студентки.Нагласува-НТКИ. Не зборувам дека видов еден стан,па да коментирам. Во неколку станови што влеговме верувајте се зачудив! Па, на машките им е почисто бре. Влегуваме во еден стан, во едната соба три кревети,на сите три кревети расфрлано алишта-цел гардеробер изваден..Во другата соба еден кревет расфрлан, на масата имаше стара паштета,чорапи,книги. Садоперот беше полн,преполн со неизмиени чинии/чаши.Кога влеговме во вецето корпата преполна со ѓубре. Некст стоп- следен стан. Девојчињата си биле на викенд појдени дома, а станот го оставиле во ,,цут состојба,,. Со цимерка ми само се погледнавме една со друга. Добро како ли живеете девојки???? Знаете кога ми е малку расфрлано? Кога секој ден полагам и спијам, јадам,учам,спијам. Па и тогаш ми е среден и кревет и алишта и книги. Признавам дека навечер пошто немам време,имам за учење оставам чиниите од вечерата но утре после полагање средувам и тоа. Дечко ми би го земала пример за секое машко,ма и за женско. Колку само му е средено во станот.(студент е). Не интимни инфекции, не болести, незнам што се нема да закачат. Катастрофа!!! Како можат да живеат во такво место? Наместо женски-да им биде средено, леле не сакам да се сетам на сликата во неколку станови. Станува збор за здравје! За срамота!
Значи цел ден му вртам муабет на мојот херој дека е дозволено и татковците да присуствуваат на пораѓајот и цел ден ми ја избегнува темата. Полесно му е да е пука по планините -ХЕРОЈСТВО.
Како успевате да си легнете пред полноќ? Веќе некое време недостатокот од сон си го зема данокот, наутро мразам се живо и диво и се борам со креветот. И велам утре си легнувам рано и истата приказна ме фаќа дремка а некаде околу 11 ми се ококоруваат очињата и се нешто имам недовршено. Друго, за матурските да се вклучам и јас , клише муабет ама секоја година се врти. Откачете им се на децата бре, нека уживаат И трето, тешко ми оди со годиниве да научам дека пред секој не се кажува се, дури и за банални работи бе, за тебе може е бош муабет а таа веќе триста теории скроила за твојот живот.
Добро бре, бива ли некој во оваа држава да извести што се случува кога повеќе од еден час веќе си вежбаат хеликоптериве околу аеродром? Значи самиот звук и тоа навечер не е убав бре, не е.
какво е чувството... кога ке си ги видиш своите зборови во ист редослед без ниедна измена како некој си ги употребува како би се издигнал и направил паметен пред група народ....се надевам душо(пошто знам дека овде ме читаш) дека барем си научил/а нешто од нив, зошто некој ги осетил на своја кожа