МОЕ МИСЛЕЊЕ. Се што се случува во природата по природен пат е природно. Не знам како појасно да го изразам својот став во врска со ова. Мајчинството е природно. Хомосексуалноста е природна. Болестите се природни.(освен тие што не се) Сексот е природен. Психопатите се природни. Се што настанало како резултат на природниот развој на човекот, на еволуцијата, е очигледно природно бидејќи никој не застанал и вештачки не ги створил претходно наведените работи. Значи не го користете изразот „не е природно“ оти очигледно е природно чим настанало по природен пат. Е сега дека тие работи се делат на добри и лоши тоа е вистина. Мора да има рамнотежа во светот, yin и yang. Конкретно сакам за хомосексуалноста да кажам. Оти се научиле едно па две не е природно. Е па очигледно, чим се случва во природата, по природен пат- е природно. Ни јас ни некој друг не ојдовме и генетски не ги измодифициравме хормоните на луѓето за да бидат геј! Значи од дамнешни времиња има докази за хомосексуалност и очигледно природно си настанала. И плус, значи дефенитивно хомосекуалност има во повеќе од 400 видови на живи суштества. Ете хипотетички ако велиме дека луѓето од „бес“ го прават тоа свесно, како ќе ми објасните зошто лавојте го прат? Оти е природно, инстинктивно, несвесно. Бидете вие против хомосексуалноста ако сакате, не ми смета различен став од мојот. Сфаќам дека не може сите како мене да размислуваат. Ама дека е природно, е природно.
Зошто бре во последно време мислам дека една иста личност има повеќе никови,на форумов, ту машки ту женски. А се мислам една личност е ,и тоа маж. Мој ме инсект никад не вара. Ќе видиме...
Тоа што ти го велиш не е природно,сето тоа се болести кои човекот свесно ги прави користејќи ја својата слободна воља...Господ бадијала не создал од секоја врста по еден пар,машко и женско...тогаш ке правел по една врста ако било нормално.
Во овие слободни денови досега скриптата ја фатив само за да убијам мува....добро напредувам, барем сум ја допрела скриптата....300 страни на српско хрватски кога ќе ги видам одма одбивна ми станува и скрипта и професор, а толку е срцка човек
На прагот на 18-ката, па да почастам За сите по нешто Настрана ова, ама затоа пак цел ден си филозофирам.Пропратно некои компарации си вршам и грешките си ги наоѓам.Најкриво ми е за онаа кога се трудам на сите да им погодам.Тогаш само сакам некоја силна шлаканица в лице, да ме освести.Само што бев нашла начин да се оттргнам од мисливе и да вежбам за тестот, мене шишето вода ми се истури врз листовите Па, вечер и свечено во електронска форма ќе ми честитаат.Да видам баш што честитка ќе биде.За ова де, екстерно.
Некои луѓе некогаш толку си ја истакнуваат интелигенцијата, која несомнено ја поседуваат, и од „силните рефлектори“ не забележуваат дека повредуваат луѓе кои не заслужуваат да бидат повредени. Ако нешто не кажувам, ако на нешто не возвраќам, не значи дека живеам на Марс и дека поим немам што се случува. Само не сакам да влезам во игра на надмудрување со личност со која порадо би се смеела до зори и би пиела кафе ко луда. Зошто некои работи толку болат понекогаш? „Пријателите се пријатели се‘ додека не престанат да бидат тоа.“
Она кога сестра ти се јавува точно во 00:00 да ти честита роденден,а по пет минути ја гледаш на скајп со торта и 21 една свеќичка. Ми вели:-Посакај желба,а јас ќе ги дувнам за тебе... Нема зборови со кои можам да ја искажам среќата,после 20 години,секогаш успева да ме изненади. А јас,еве ме 21-америчка полнолетност Ниту изгледам постаро,ниту се чувствувам.Никогаш не сум одбележувала родендени,никогаш не сум се замарала премногу,но блиските секогаш успеваат да ми направат посебен тој ден. За убава вечер,од мене частење торта
Со должна почит, ова е МОЕ МИСЛЕЊЕ потенцирано! Не ми треба разубедување. А и глупости си напишала. По слободна воља никој не би одбрал да е геј или психопат или да има рак. Која е логиката? Во прашање се гени, еволуција итн. А и ако веќе си го смешала Господ, тогаш нели сите сме создадени по негова слика и сме негови чеда? Тогаш и хомосексуалците се и треба малце поубаво да размислите.
Не ми се верува ама мака ми е што не бев на работа денес Како втора фамилија ми се луѓето од работа, што просто сакам да се штипнам за да видам дека не се лажам. Работата ја тераме низ смеа, со радост одам таму бе. А на дечко ми му се качив на глава веќе со муабети за колегите и колешките , прво ме трпеше сеа не сум била веќе нова за да замарам толку.
океј е, ОКЕЈ Е, како нездрава проверувај мејл на секои петнаесет минути, зошто не ми враќаат, уај, уаааааааај? Во депресии, сто пати ја прашав мајка оти како таа да го има одговорот. И еве, дури сега гледам дека на погрешна адреса сум пратила.
http://themindunleashed.org/2015/05...-when-this-man-shows-up-i-got-goosebumps.html Жими се сакам да сум Марина Абрамович и да тепам пари од уана би модерна уметност, да се зјапам со луѓе. Па и онака кога се возам во автобус се зјапам со луѓе и кој попрво ќе попушти... добро сеа, ако некој ептен е упорен, тоа значи дека е психо и поарно ви е да се откажете... И не, ова не е било кој стрејнџр, туку нејзината најголема љубов во животот кој не го видела не знам колку години и тој чул за нејзниот перформанс и се појавил... Башка што драма сум бре секој пат кога ќе го сретнам. Ова се дешава, Се гледаме, па се пцуеме,а некад и трепериме... и солзиме...