Во целиот животински свет, мајката и таткото се грижат за своето малденче додека да се осигураат дека е способно само да лета/оди/лази, само да се храни. Потоа го оставаат само да направи неколку лета/прошетки, само да најде храна, и на крај го пуштаат да си отиде, да се снајде само, да создаде семејство самао во кое малденчето е ги учи своите млади како да преживеат. Само кај човекот, родителите се дел од неговиот животот додека можат да одат и да му се мешаат во животот. Ќе го научат како да се храни, ама цел живот ќе биде - сакаш мама да ти направи за јадење, или полошата верзија - жено, мама готви поубаво до тебе. Само кај човекот откако ќе застане на свои нозе, малденчото не оди само да се снајде, туку зема плата и се храни и живее со мама, за д аможе да троши пари на пиење и парталчиња. Само кај човекот, откако младенчето ќе се создаде ново семејство, бабата мора да се грижи за него, наместо мајката сама. Само кај човекот со 5 пати на ден се слушаме со родителите по телефон ако не живееме со нив, гледаме назад во старото место во новото семејство и на првата тешкотија не се бориме сами туку чекаме мама да ни каже што да правиме. Свесна сум дека човекот се разликува од животните по разумот, ама да имавме доволно разум, по мои критериуми немаше да се убиваме меѓусебе. Затоа разумот го исклучувам и стојам на тоа дека она малку разум повеќе од животните што го имаме го користиме да ги намалиме инстинктите за преживување и да станеме одгледувани цел живт, да ги обвинуваме сите, место да се бориме, да се жалиме кога поголемиот ќе не изеде и да трчаме во скутот на мама по првата кавга со сопругот. Не знам каде во еволуцијата е утнат делот каде младите треба да се одвојат од првобитното семејство и да основаат свое за кое ќе се борат. Па дури и да немаат свое, да не бидат цел живот зависни од родителите. Дали родителите не знаеле да ги кажат чекорите, летот на своите млади, дали тие не доволиле овие да зачекорат самостојно, потајно надевајќи се дека нема да бидат осамени, дали можеби животот ги научил дека мораат да бидат дел од животот на децата засекогаш и овие да останат емотивно и физички неспособни само за живот? Дали на децата не им се расте? Дали знаат се што треба за да си отидат од семејството, ама заради удобноста остануваат деца цел живот?
Си се прашувам понекогаш зарем не можев да се родам со поубави црти на лицето, со подолги нозе, би ми било полесно. Сериозно... Може и во мене е проблемот. Дозволив една не толку вредна личност толку многу да ми влијае на самодовербата. Толку сум осамена... можеби е време повторно да посетам психијатар. Тешко ми е што и најблиските пријателки ми велат дека нешто со мене не е во ред. А зошто тоа го мислат? Досега машко ми нема пријдено... Не знам која е причината, дали сум преладна или не знам како да играм. Но, ете тоа ги тера луѓето да сметаат дека имам некој недостаток. И џабе ми се сите комплименти за мојот изглед, кога ете тој што треба да ме примети еден поглед не ми упатува. Тешко ми е, едноставно јас овде не припаѓам. Сакам да отидам далеку, да извадам бугарски пасош и прва прилика да си го сменам опкружувањето и да си почнам од почеток. За помалку од една година животот толку многу ме сјеба. Но, среќничка сум. Моите родители, па и мојот брат понекогаш ми се толку голема подршка. Тие се се што имам, ништо друго немам. Не можев да бидам посреќна, можев само да сонувам за вакви прекрасни родители кои буквално се што ми е потребно, може и повеќе од што треба ми овозможуваат. Сепак си имам проблем. Се надевам ќе го решам што е можно побрзо. И си ветувам само едно... дека нема повторно да ги казнам со тоа што ќе си посегнам по животот. И не, не сакам да ме сфатите погрешно, не го сторив тоа поради машко, поради пријатели. Едноставно сум премногу отфрлена или барем така се чувствувам. Претешко ми е. Но, ќе го средам тоа летово, дури по цена целосно да се променам, нова личност да станам. Па среќа догодина, во ново училиште... морам да го сменам старото, морам нешто да променам за мое добро. И уште нешто, мамо и тато ПРЕМНОГУ ве сакам, исто и тебе бате
Да можев 1000 пати ке ти лајкнев.Накратко еден пример само... Излеговме од заедница скоро,и свекрва ми место аерлија му вика на маж ми:Е сега да видам кој ке ти готви?? Мислам wtf?Како да никој не научил сам да се пере,пегла или готви.Ништо без мамината сукња нели
Сакам да кажам дека 5 ипол факинг години сум на форумов! Тоа се многу доживувања, искуство... многу работи кои поминав споделив тука, помеѓу вас. Иако одреден период ме немаше, ве читав, само гледав поинаку на работите. Кога ќе го вратам филмот кога се зачленив овде, што ми се случувало во животот, а што сега.... незамисливо е.... несфатливо! Многу работи се променија, многу. Едни на мноогу поубаво, други на не, и то, така оди животот. Ми недостига ова катче, овде помеѓу одредена постава созреав доволно. Благодарам жени, од срце. Бројче
Skupilo se staro drustvo Mislam deka site porasnavme i nadminavme nekoi raboti, od pred 4-5 godini. Kade bevme, a kade sme sega.... Eh...
Во Велес се е средено, чисто, зелено, со разни цвеќиња и дрва. Само палми немавме. Сега и нив ги добивме...Да не не мислите
Не можам значи рааат велосипед да возам, значи не можам во последно време од иритација да се качам на точачето и да не пцујам цел пат. Значи -поооди ,пооди ете ти кола на тротар, пооди, пооди ете ти автобуска станица на сред тротар ни полево ни подесно, ни понаред ни поназад ,ами точно на сред тротоар. Да сакаш да отидиш до кеј да возиш ,прво ти се заканува едно патувачко малтретирање со 4949550- пати симнување од точак за да продолжиш како нормален велосипедист до местото каде има ВЕЛИСИПЕДСКА ПАТЕКА на која ете по некоја случајност нема КОЛИ.
Не постои машко што сака мозокот да го одмори барем 10тина минути од помислата на секс. Значи страшна работа. Се што ќе кажеш и направиш одма е протолкувано во сексуален контекст. Зошто сме толку различни? Па дури и мачките ги гледам низ двор се бркаат. Мачката бега, а мачорот трча по неа и ако ја начека и се качува аман остави ја човече не и е до тоа, море без осет.... Ех, тоа е кога немаш (имаш, ама не сакаш да ги видиш книгите) попаметна работа. Ќе ги гледаш мачките колку пати се клецнале и ќе се испокараш со секој од машки род што те погледнал накриво.
Ок, очигледно само мојата фамилија кога разговара за најобични теми изгледа од страна како да се расправаме. Мислам, медитерански темперамент на нивооууу, се осеќам ко да сме од шпанска серија излезени. Обичното „оди до продавница“ ќе се кажее со милион гестикулации. Среќа заобиколени сме со двор инаку до третата комшија ќе се слушаме. Вечер се собираме со уште погласни и повесели роднини и еве не знам. А имам другарка што кај неа дома се ептен тивки па не можам да ги слушнам, по сто пати ги прашувам што, што. И така не се учи кај мене дома зашто триста перипетии ни се случуваат на ден. Со женски сум живеала па не сме биле бучни и спонтани како што се овие моите. Еве сега, татко го пуштил Прл Џем, и мојот Ник Кејв не се слуша. како да му се обратам? Ги сакааам, многу ги сакааам!
Axaxaxaxaxxaaxxaxax.... Nemoj da mi zameris morav da se iznasmeam smeski e palmata Za nekoj mesec i niv ke gi snema so vakov narod.
@Cka Затоа кај животните преживуваат само најспособните, а кај нас луѓето се размножуваат и оние паразитите. Тажната вистина.
If u aint got no haters u aint poppin bitch Денов ми е музика,учење,музика,учење.Малку повеќе финансии и малку помалку испити и одлична ќе бидам..А сега за сега сум само добра.Лето доаѓа,супер ќе ни е животот.Поздрав до сите