Зошто жена не се чувствува секој ден убаво,секси,актрактивно,пожелно и удобно во своето тело ... туку само кога е во овулација.Јас денес приметив дека знаци на овулација сигурно се кога се чувствуваш баш така. Денеска е денот........
Лежам и не можам да заспијам, мојов до мене во некој 7ми сон веќе е. Отворен прозор, од надвор се слуша басот од дискотеките во парк, и се присетив на 3та, 4та средно и прва факултет кога неделно минимум по два пати одев. Сега си мислам, дали до толку "остарев", затоа што не би го сменила овој момент каде лежам будна, а љубовчето до мене прета во некој негов сон и повремено ми ја бара раката дали сум до него, за диско преполно луѓе, повеќето несреќни и дојдени само за да ги видат, со погледи потонати во фрустрација и немир. Ова се моментите кои прават да чувствувам, ситни, мали, совршени.
Убаво ми е, а и неубаво. Толку сигурна, а несигурна. Да си дупла Вага е хорор луѓе, хорор. Никогаш не знаеш што да одлучиш, што е подобро и дали ќе одлучиш правилно. Не знам дали живеам како што треба или грешам, а најмногу ме плаши што ќе сфатам само пред да умрам. 2 минути стабилна, 15 минути се дрмам како земјотрес од 9,5 по Рихтер. И секој ден така...Добро е, не е, добро е, не е...
Обично кога ќе ми се случи нешто што ме вознемирува,секогаш тоа го чувам во себе и се обидувам да не мислам на тоа надевајќи се дека ќе исчезне тоа грдо чувство.Но,неможеме да бегаме од тоа што е во нас,од самите себе,и секогаш после една недела или две ќе се изнаплачам или ќе и го кажам на другарка или ќе го напишам негде.Сега почнувам да си стварам навика секогаш да си запишувам што ми лежи на душата,па дури и си симнав апликација за тоа. Друго,сакав да кажам дека не ми се верува дека изгубив другарка што ја знам цел живот.И го чував тоа во себе многу долго,дури и предолго и на крај ми текна на се,незнам кој беше крив за тоа,изгледа јас затоа што бев многу лоша другарка.Јас ја зезнав работата,незнам зашто не ме болеше многу на почетокот,изгледа затоа што секогаш се смирувавме и можеби си мислев дека се ќе се врати како што беше.Не се обидував да ги средам работите ама пак чекав.Сега нешто ме потсети на неа затоа мораше да се искажам,знам дека ништо нема да биде како порано и стварно го прифаќам тоа,некои работи ме научија да ги прифатам сите работи во животот,мада тие лошите секогаш потешко ги прифаќам,но ги прифаќам,тоа е важно.Може не сме свесни ама секогаш прифаќаме некои работи без разлика дали се лоши или добри,понекогаш немаме избор.Како и да е,многу ми е мило што останав со тие што за малце ќе ги изгубев затоа што,пак ќе кажам,бев многу лоша другарка.И научив некои работи,научив на пример како да бидам подобра другарка,сепак жал ми е што мораше на таков начин да научам.
Тешко е кога одиш низ животот, а немаш крајна дестинација и цел кон која се стремиш. Уште потешко е кога гледаш дека тој до тебе нема никакви амбиции, никаква иницијатива, за ништо... Да не ве полнам со негативна енергија, подобро да се исклучам...
Финтата со новиот јутјуб, фантастично е што кога ќе клинкете туѓ линк со супер песна на фб, после ти вади цела плејлиста на приоритетите на постирачот. Така-така, све моје зоре, а? Хлиеријс. Од глупиов период имам само еден добар исход. Знам дека засекогаш ќе ми спие во срцето, а јас во неговот. И плачење и смеење и кога ќе ми легне на колена додека си го пијам кафето и фантазирам. И уште да се одлучиме каде ќе ја фрлиме котвата. Денес, си лебдам. Се молат свадбарски освестените феминки да ми пишат во порака, те такви што знаат да решат свадбарска дилема што да се носи. *Стилистов* мој се возбудува дека немам време, да сум му дошла да ме мери, а јас уствари не знам што сакам да носам, имам дилема, а не сакам да бидам сељанка... сакам да бидам и обична и не толку обична. Патем одете вие кај Кокев- Мокев, Елена Лука, Драми чуда... муж, па уште и од Косово, до сега ми се докажа по околина, е сега ако уште мене ме бендиса, пазар ќе му отворам тука, ветувам!!! Шминка решена, Арменд Рамадани и точка, неприкосновено ми е човечево!
Каква комбинација, си читам книга и си пијам виски Џули Џејмс, лесна литература, лесно расположение. За три дена и е роденден на мојата најдобра другарка, и верувале или не, повеќе се радувам на нејзиниот отколку на својот. Поубаво си поминувам некако И уште нешто... Дознав дека 17 години не сум си го знаела хороскопскиот знак. Лав сум била, не девица Што ти е 21ви август... Подзнакот сеуште ми остана девица, ама симболот лавче не сум си го заприметила. А знаев дека имам нешто лавовско, косата ми е грива невидена.
ретко кој е човек во денешно време факт е дека курсот кинески е неголку скалила над другите луге-ми се укажа шанса учев(иако дечкото со кој се договаравме ме зезна и не дојде) лугево што ме познаваат абе ке си испоцркаат од љубомора-почнувајки од другарките па сви остали(ко да добив 7ца на лото) a тоа што траеше 7 или 8 месеци е друг проблем бог да чува незнам од каде дознав дека чини повеке од 10 000 денари еден степен а ти вака бесплатно го учиш и професорот со шеги да беше ама и строг професионалец како и жена му(кога танцувавме) жими еднаш за нова Година а што месецов ги повлеков документите од колеџот на никого не му е гајле и не можам да се помирам со тоа само дипломирање ми е во паметот па магистер да станев немаше волку љубомора да имам околу себе и уште не сум добила ни сертификат уште
Попрво би го чистела споменикот на Аце со четка за заби, отколку да седнам и да учам. Екстерно, I'm coming.
Кога ќе сфатиме дека е погрешно да бараме само момци кои се "наш тип", ќе видиме колку прекрасни можности сме пропуштиле, само затоа што не биле "наш тип".
Како може да бидеш толку бесчувствителен? Зарем ниеднаш не се сети на мене? Знаеш ли колку те сакам? Зарем толку лесно треба да те заборавам? Ти продолжи понатаму како ништо да не се случило, а моето срце уште еднаш се скрши. Камо да можеше таа ноќ да се врати, камо да можеше таа ноќ да трае засекогаш..
Eден предлог од мене, молим лепо..! За сите нови членови што се зачленуваат овој период, крај на мај и почеток на јуни, кога почнува трчаницата околу екстерно, не ќе беше лошо пред регистрација место captcha и слични ствари - да им се стави положување свечена заклетва: Јас (име и презиме), свечено ветувам дека нема на сите можни членови што сум ги видел/а во темата за одговори за екстерно, барајќи им ги по профили одговорите по сите можни предмети. И ова едно 3 пати да треба да се кликне, плус задолжителна слика од некое подвижно топче во хипнотизирачки стил за да биде сигурно дека ќе се оствари горенаведеното. Мислам, има и некои што отвараат профил пораки за да прочитаат по некое интересно речениче, а не еден куп молби за одговори по разни предмети, и тоа на латиница...
Никогаш, никогаш, никогаш немојте луѓето да ги делите според религијата и националноста. Има луѓе кои имаат добра душа иако можеби немаат иста вероисповед или националност како и вие.
Секој ден имам навика да си седам со баба ми и да разговараме долго време. Денес, баш ме интересираше да видам што ќе каже, кога ја прашав како се запознале со дедо, и дали тој и е прва и единствена љубов. -Внуко моја, јас и дедо ти беме комшии. Во тоа време, сите беме на една иста улица собрани и мораш некој да го бендисаш. Знаеш јас како го бендисав дедо ти? Кога ми падна таа една дрвена влечка во кал, па тој отиде да ми ја извади, и оп, од тогаш се почна. Една влечка во калта, еве сега ќе стигнеме скоро до нашата златна свадба. Мојата прва и единствена љубов. Ахх. Абе овие стариве, нели се најсрцки? И јас сакам некогаш да дочекам златна свадба, и да имам толку љубов и сјај во очите, кога ќе зборувам за мажот ми, и после 50 години.
Зошто секогаш не повредуваат најблиските? Зошто не повредуваат оние кои сакаме да не сакаат а на некој начин и треба тоа да го прават? Зошто? Зарем не знаат колку не боли тоа што ни го прават? Те мразам! Со кое право се однесуваш вака со мене? Не беше со мене во моментите кои ми беше најпотребна. Не беше до мене кога се градев себе си како личост и кога чекорев кон моите успеси. Со кое право сега се гордееш со мене? Со кое лице? Имаш ли лице? Како го правиш ова?! Не те гребе ли совеста? Не те ли боли? Ништо не чуствуваш? Не беше до мене во моментите во кои бев срамнета со земја, па зошто сега ме демнеш како некоја сенка и не ме оставаш на мир? Зошто не ме оставиш да си продолжам по патот сега кога научив да живеам без тебе? Остави ме...најдобро е така...