Конечно се чувствувам одморено и наспано. А синоќа нозете не си ги чувствував,не можев ниту чекор да направам. Но ако, тоа е сепак сладок замор, бидејќи си поминав, прекрасен и исполнет ден со @crimson . Многу шетање, сликање, муабет, печење на сонце, потење и секако малку шопинг. Не е битно каде и како, со прекрасни луѓе е секаде најубаво.
Во целата конфузна и апатична глетка што не пречекува секојдневно, нема поубаво чувство од моментот кога ќе не заплисне силен спомен од детството, па макар и за миг. Истото чувство како некогаш, детски поглед и зборови, спокојство и насмевки, достижни сонови, чиста среќа и семејна хармонија... Слика на убав и реален живот за каков што можеме само да читаме низ литературните страници. А во една од нив ја прикачив приказната за моите незаборавни црвени обувки од детството. Мали, минијатурни, удобни, лесни... При секој поглед ги доживував толку блиски, а чувството на приврзаност кон нив ми беше на ниво на необично другарство. Без некаква посебност по својот изглед ме пленија на начин на кој само децата знаат да реагираат. И не ми беа важни ни бројот, ни моделот, ни дизајнот, само да се црвени. Се што беше изработено во црвена боја се ми беше точно. Нејасни детски размислувања за светот на возрасните. Брзината со која чекорев тогаш сега е намалена за повеќе од половина, иако километражата што ја поминав е прилично голема. Црвените чевли со кои се движам на тлото во т.н. модерна епоха, за жал не ми овозможуваат ни сигурен од. Се е поразлично од тогаш. Среќата што некогаш ја чувствував со нив беше полетна, а денес е само стилски симбол. Ништо повеќе за да ме трогне... Нераскинлива врска која се уште ме демне преточена во незаборавно сеќавање.
Се е убаво додека трае, потврдувам по којзнае кој пат. И жалам, жалам што повеќе ќе ги нема тие убави моменти. Ќе ми недостигаат. И се плашам, многу. Има можност да се повторат, но можеби и нема. Ех, само се да биде во ред. Чекам долго време и кога ќе дочекам се чудам што да правам. Летниот распуст за мене е веќе започнат, си имам планови, како и секоја година, но се надевам дека оваа ќе ги исполнам. Не сум ги наместила убаво слушалките во дупчето, и после се чудам зошто едната не работи, а нови се. Омилените песни на најгласно и мозокот на пасење трева... Имајте убав ден, уживајте во сонцето.
Мислењето ми го избришаа. Како и да е, секогаш ќе бидам против крадени статуси, твитови, а особено на цели постови од друг форум. Драга Пирана, ако те интересира како заврши приказната од „твојот“ пост со кочијата, пиши ми, ќе ми биде мило да ти раскажам, па дури и да те спојам со девојката која го напиша. @Pirana Мислам ќе и биде мило да знае дека постот кој е од срце напишан, е сеуште читан Би било добар повод за кафе со неа. На темата - готвам денеска. Од рани зори сум станата, направив кафе, па бевме на појадок, на прошетка и сега печам месо. Што ќе се случи, веројатно ќе видите во Фемина инстаграм. Бевме на едно полуксузно место на појадок, и од околу 100тина маси, се беше резервирано. Келнерката објасни дека за викенд е секогаш така и дека мора две недели порано да се јавиме ако сакаме маса. Ама ај да не ни е џабе патот, ни даде маса на ќош која беше резервирана за од 14 часот, па можевме да седнеме за појадок. Понекогаш не ми е јасно, како бе луѓево плачат, пари за леб немало, а по луксузниве места, се е резервирано, не може ччовек да јаде ако не договори. Како секој викенд се оди на шопинг у Солун, а немале пари за алишта. Како секоја вечер се пијани, а немале пари. Како сите одат по одмори, а плачат нема пари?? Да не можеби случајно некој дебело лаже? Или само е навика да се кука, оти ако се среќни ќе им завидува некој? Да не можеби викаат како старите на времето, грдо дете родив, за да не и го урочат? Стверно не знам... Можда е некој паралелен свет во кој сите оналајн за леб плачат, а во реален живот без ајфон 5ка не можат да функционираат. Како и да е... да видам месото да не изгори.
Се познава кога човек е вистински фин, и кога се лигави само за да добие нешто. Или не знам, изгледа само јас ги препознавам.
Здодевен ден, како и секоја недела. Во средата патувам, ќе ми помогне да ги исчистам мислите, ќе ми помогне во многу работи и се надевам дека ќе успеам да мрднам уште неколку чекори напред. Простив на многу личности и се чувствувам одлично и подготвена за нови авантури. Убав е животот.
Се прашувам само, кој им ја даде идејата дека со тие црвени/сини/зелени лептир машни се презгодни? ..Леприкони..
Тоа се тие моменти кога се шетам со мајка ми и некој на улица ќе ни се обрати со „девојчиња“ или некој познаник ќе ни рече дека сме како сестри. Мамо, се гордеам со твојата младоликост и ти благодарам за тој ген!
Леле, колку мрза ме има фатено.. денеска цел ден се натегам да почнам 1 од 8те теми статистика што ми се за методогијата за тезата. И се нешто наоѓам некое глупаво оправдување или ќе ми се пријаде. А ако не искористам до крај на месец да ја завршам таа обврска знам дека времето ќе почне да ме гази и обврските да ми се натрупуваат... И си повторувам цело време во себе "Remember in every transition there is an opportunity!" МИ ТРЕБА ОДМОР! Еден викенд скромно, ништо wow. Одмор каде што ќе можам мозокот на пасење да го ставам, да си сликам зајдисонце да уживам во звукот на брановите, и да си легнам гушната стуткана до Него.. Ајде назад во реалноста... останете ми поздравени ^^ Многу љубов до Вас!
Конечно сама дома. И еве ме мили феминки, после долг период да ве читам малку. Кај мене, триста промени. Се трудам да се смеам почесто. Се трудам да сум позитивна. Некако успевам. Ни јас не знам како. Еве ме, денес распеана и насмеана, без никаква болка или мака. Добро, мака имам, ама не би да ја споделувам... И повеќе не е моја мака, туку семејна, но... Ништо, остајте го муабетот. Еве да ви се пофалам, имам нови очила. Си ветив дека овие ќе ги носам секој ден бидејќи не сакам уште повеќе да ми се намали видот. Деновиве и ќе ја скратувам косата. Од волку долга, ќе отиде половина од неа. И така...
Нема ништо поубаво кога целата куќа ти мириса на пролет Чиста постелнина,чисти завеси,никаде нема ни малку прашина ... напорно е да се постигне се ама задоволството е многу поубаво кога мирисаш убави мириси Еј помина и овој викенд а мене веќе одамна ми е сеедно дали е викенд или обичен ден
Кој знае колку е тешко да живееш во постојана болка,а ништо да бе правиш за да излезеш од неа затоа што секоја промена ќе боли. Кој апсурд. Сакам да ме боли, до коска, да знам што е и од каде е, ама после па убаво ми е...ослободувањето,среќата...
Па, конечно не ми се стемни пред очи кога денес на сител почнуваше брачен судија. Обично, секоја недела, тоа време сум седела со книгите пред мене во депресии зошто имам толку многу за учење, а во меѓувреме вртам со далечинското по програмите. Finally free!
Си барам летна работа. such a fun thing to do. Ноуп. Значи ексик. Оти не можи да има нормални летни работи како во нормалните поразвиени земји? Изборот е келнерка, шанкерка, во маркет. Толку. Сериозно. Лани работев како шанкерка ама ми беше мачно дека до 2.. Сакам преку ден да работам како нормална личност, и според то ми останва во продавница или маркет. Имате некој во маркет работено? Тешко е? Шо е работата? Сериозно да знам дали да аплицирам на едно место. Џизс Крајст. Ама сакам да си одам на убав одмор и затоа ќе морам да си работам..
^ Барам работа ама молам Бога да не најдам.Во развиените земји за работа преку лето министри ги ставаат, помалку среќните директори. Многу е тешко инаку во маркет, треба на каса да си или роба да редиш, не знам како ќе издржиш месец или два.