Што убавина најдовте во омбре фризури не ми е јасно, ко изгорени сите во косите, чвркнати од сонцето. Денеска видов преубава девојка, природна нормално без грам шминка на неа, да се заљубиш на прв поглед. И ми дојде инстант идеја да се шишам како неа, ама џабе Бриџит, не е до косата. Интересно, знам за женско да кажам понекогаш -леле види ја колку е убава, и да се загледам ко маж што жена не видел со години, а за маж така да кажам многу ретко, скоро никогаш. Не сум обратна, само надворешен изглед е нешто што никогаш не ме фасцинирало премногу кај мажите. Дури не му слушнам глас, не видам гестови и манири, не можам да кажам дека е убав.
Жени со вишок самодоверба кои се поставуваат како садисти и мажи со мањак самодоверба кои сакаат да им се докажуваат... тоа е шитот. Нејсе... Има девојки прелепотици што ми се, ама кога ќе видам дека имаат лоши нозе, одма не ми се лепотици. А тоа нема врска со висината, нозете можат да и бидат долги до Солун, ако не и се пропорционални со телото и немаат убава форма... одма не ми е ништо убаво. Многу се воодушевувам на убава женска нога. Да бев маж слабост кај жена ќе ми беа убави нозе. Значи убаво бут, колено, убав лист и убав глужд! Иако нали... жена е многу повеќе од нога. Туку има и такви, ем со лоши нозе, ем со лоша душа и без харизма, што да прават тие кутрите? Дај ми господе сила и желба да вежбам, ова на готово не се добива, ама пола фала тебе, пола фала на дедо ми барем што се прави и здрави, за другото ќе се потрудам сама. Мх бре... лепотици! Мислам на нозеве.
Седеме кај мене, и наеднаш го гледам намрштен. Јас: Добар ли си срце? Нешто да не ти е тешко? Тој: Не сум добар мила, ако не ти го кажам ова, ќе пукнам. Многу време го кријам од тебе. Јас: Е кажи де, затоа сум јас тука, да ми кажеш се што те мачи. Тој: Aбе..де одведи ме до ВЦ, ме срам од мајка ти да поминам, од прегеска се стискам. Во тој момент ќе го убиев, готово. Незнам со колку перници го тепав, го сокршив од ќотек. Ме дандалоса ѓубре едно!
Гениj е оноj човек коj секоjа почната работа jа доведува до краj. Се надевам дека заклучоков ќе ме мотивира и мотивира и мотивира...
На девојката што ми ги правеше ноктите не можев да и објаснам што всушност сакам...не дека знаев ама ај.И на крај и викам вака- Јас сум девојка која смело оди по пат со сите весели бои на неа,несакам темно туку весели летни бои,знам и со секој нокт во различна боја да сум и со цела облека на мене во нескладни бои,па според тоа оставам на тебе.Си се насмеа ама и ме прочита.Си имам баш слатки шарени ноктиња
Кога ќе стекнеме способност да се послужиме со она што ни го сервира животот ќе сфатиме дека сме научиле да пиеме од секоја чаша. Некогаш голтките само ќе ги вкусиме, друг пат ќе се опуштиме во нивниот мирис, а има и такви моментите кога со поглед ќе ги одминеме и пак им се враќаме. Само треба да знаеме дека не е секој пијалок достоен по содржина да го проголтаме до крај.
Сакам да кажам чувството кога поминуваш низ дебар маало сабајле во 8 часот а сите кафичи се полни со интересни и весели луѓе кои седнале да го испијат првото утринско кафе со добро друштво. Сите нешто се смешкаат си зборат исполнети од енергија, арно и јас не си поседив малку.
Изгледот не е важен - рече девојката од насловната страна... Некогаш скапите фустани се „шминка“ за евтината душа, и во денешно време релативно лесно е да „му замачкаш“ очи некому. Набилданиот батка не мора да значи дека е силен, нашминканата женска не мора да значи дека е убава... Ама тоа е. И книгата ја одбираме според кориците.>
Запознајте ја Дора, мојот мал плашлив "експлорер" Дора е доказ дека среќата е во малите нешта. Имајте убав ден
#ОнаКога стигнуваш меѓу последните на полуматурската вечер, и кога ќе се симнеш од кола, сите те зјапаат тебе Пу пу пу да ме серат кокошките Нема кој а не ми рече дека сум била најубава вчера Од директорка до соученик Право да ви кажам, и јас многу си се допаѓам како изгледав вчера. (кој нарцис сум) Имаше многу убава атмосфера во ресторанот. Си признаа наставниците, најубава и највесела полуматурска до сега Какви се не ора, танга, денсања. Ми остана дилема само дали ние игравме поише или наставниците И да, се исфрцкав и изнавртев во фустанот за сите пари
Oвa липиве низ Скoпје ми јa пoлнaт плуќaвa сo летo и веќе не знaм штo пoпрвo... А, и oвa. Мoрaм дa престaнaм дa си ги прaвaм искaчaнкиве вaкa интересни зaшo ќе ме издишaт. Убaв ден. Вaшa М,
http://www.crnobelo.com/zabava/zivo...pravite-na-vasheto-kuce-koga-go-ostavate-tuka Ме потресе толку многу, а не сум ни љубител на кучиња. Јас не знам како има некој срце да остави животно таму..
Потполно исто! Ај што загледувам женски во фаца, ама ако не се свртам и "задниот" дел да го видам, ќе пукнам! По машки скоро и да не гледам, освен ако не се избаци некое мужиште така, па да не можеш да го одбегнеш, ама затоа женски меркам од глава до пети, како напален камионџија сум.
Е овде да ги полнам батериите и да изгубам ориентација за време без никаков reality check... цел ден не би ми бил доволен!
Жално е кога на човек единствениот луксуз кој го имал во животот му е престојот во болница. Жално е кога жена која го изгубила своето чедо,жали и за својот живот кој и поминал во црнина.А фустаните во боја фаќаат прашина во плакарот. Да се потресеш од такви размислувања