Сакам да кажам дека бегам од државава на некое време,ќе одам да си го посетам мм ии ќе си поуживам летово..2 месеци го немам виденоо,едвај чекам Ќе шеткааам малку и такаа Поздравче во обравчеее
1 - Роденден ми е. Повелете на торта. 2 - He можам да се радувам, ми умре кученцето, три месеци беше . Плавооко душиче, ќе ми недостасуваш.
СДК ... Многу е симпатично и предизвикувачки добро кога знаеш дека си прв во нешто. , Мислам, шансите се големи да сум првата личност која виде, истражи и почувствува нешто што допрва ќе биде светска атракција од прв ранг ... Многу блиску до ова место стојат споменици и спомени на една голема светска трагедија. Хах, се потсетив на истата година кога се случуваше кај нас конфликтот и кога се случи тоа неочекувано лошо сценарио тука. Измешани чувства имавза момент. Но, кога се искачив на највисокиот врв во највисоката зграда во западниот дел од светот, имав едно чувство ... Како е да го "освоиш" светот. ,
Кога погледот ќе ни го плени шареноликиот килим од цветови и во целиот раскошен сјај го бараме оној што е посебен за нас, што може да ни ги растресе сетилата и да ни исцрта толку убава насмевка како никогаш озарена од сончевите зраци, сфаќаме дека нешто недостасува за да ја комплетираме глетката. А таа без насмевката е како небо без облаци. Не дека не постои, тука е некаде, присутен во свое издание. Но, ете, задоцнил... Затаил во процесот на никнување. Ист воздух, иста почва, иста вода, а сепак има нешто што го прави поразличен од другите. Сигурна сум дека кога ќе расцвета ќе биде најубавиот цвет меѓу убавите. Инаку, не би бил за нас.
сдк за 2 дена и пола деценија откако се зачленив овде. Ија како страшно звучи деценија јебем ти сунце, подобро е 5 години да чуеш отколку пола деценија. Одма поинаку звучи. Сега сестра ми би паднала во депресија колку тоа времето брзо мине, а во животот ништо не и се мења
Бесна сум, бесна и лута на себе. Како секогаш успевам да ги зае*ам работите? Како? Не ми се верува... Ја изгубив единствената шанса кој ми се пружи да излезам од оваа држва и да продолжам со школување и тренинзи на друго место, но како и секогаш, успеав да ги оплескам работите. Ако не го сторев тоа ќе се зачудев, затоа што тоа не би била вистинската јас. Онаа која има дарба да ги зезне сите работи кои се од суштинско значење. Ама и покрај ова, болката која ми ја предизвика оваа ситуација, ништо не може да ми ја намали и ублажи. А 11.06.2015 е датум кој никогаш нема да го заборавам и засекогаш ќе остане врежан во мојата меморија. За да ме потсеќа на тоа колку неразумна можам да бидам. Само што жалосно во оваа ситуација е фактотот дека морам да се помирам со тоа дека ја пропуштив оваа шанса. И да продолжам да го правам она што досега не го правев, со надеж дека можеби некој ден повторно ќе добијам иста таква шанса и ќе успеам да ја искористам овој пат.
Многу интересно. Ме споредија со една што ич не ја сакам (а и она мене), а они уствари мислеле дека сме искулирани и не поштувале двете. Исто пис на јазик сме биле. И ај сега? А колегава (не ми е уствари колега, соработник) вика, леле тебе како ти би ти стоеле цигари, штета што не пушиш, природно имаш бич поглед што ниедна не може ни со глума да го постигне. Колешкава добацува, а уствари неа фацата цело време и е - не ме боли стап за никој и ништо, а уствари многу ја боли за се, зашо така? Шо се замараш ма, поише плата да не ти дадат? Ме ребраат зошто се карав и терав правда, ама па... кое ви е тоа однесување бе, помлади соработници да пуштате за сериозни ствар? Кое искуство и плата имаат за да вие им давате толкава одговорност бе ало? Нормални ли сте? Е така! А стварно неам ќар, ама имам нервоза на глупоќа. Патем, алверде закон дезодоранси имаат, мирисам на трава и природа дур се потам, башка чајов го испарувам како првото вовче - чајниче, пареа искача од мене. Петочиште, дај ми мудрост и трпение, исто така богу на одморите среди ми еден одмор што побрзо, така изненаден, ама знаеш точно и специфично со кои мои луѓе. А ти богу на лепотата, целулитчево замазни ми го скроз и некое киленце смали ми. Ех одамна не сум била толку напната да не ми се јаде. Ми се чини од 6то одделение пред тест математика, сериозна сум.
Како ми почна денот... напраив од тој квизот за soulmate и бившиот ми излезе. Ако е така, јако сум се нае*ала.Не планирам тоа да ме боцка у текот на денот. Нема веќе таква сила шо ќе ме вади од Vortex. И решив , одсега па натаму јас ќе одлучувам со кого ќе се дружам, излегувам и ... А не со сите што ќе посакаат и кога они ќе посакаат да ме бараат! Ако треба и сама ќе живеам. Не ми требаат. Ама повторувам , не ми требаат! И Петооооок жени
За да ме изненади не планира ништо посебно туку го прави моментално онаа што најмногу може да ме изненади и насмее и секогаш му успева. Тоа за мене е дарба Еве на пример денеска ме изненади уште од сабалје,мислејќи дека е втора смена осеќам како станува и се спрема за на работа, му велам : да не си грешка,втора смена си ?! А тој : ти наспиј се и уживај додека си дојдам од работа,а вечер спремај се за забава Абе напротив повеќе работа ми отвори од среќа исчистив,ручекот кај и да е ќе почнам да го спремам а и веќе мислам што да облечам вечер Се осеќам како тинејџерка кога ќе ја повикат на состанок Можеби е чудно што оваа не е којзнае што ама кога работата влијае на човек и неможеш да си дозволиш малку уживање е многу лошо а оваа сега баш ме погоди и израдува во прав момент Пред некој ден кажав дека сеедно ми е дали е викенд или обичен ден но деновиве ќе осетам прав викенд сигурно Вие да си уживате сите каде и да сте ,и да си се радувате обавезно,затоа што така се ќе ви биде многу поубаво
Најубаво ми е кога ќе се разбудам сабајле и маца спие до мене. Миличка, јас ќе ја почешкам на вратчето и она ќе ги отвори очињата и ќе ме изполиже цела по лицето. Ќе ја изгушкам и ќе си станеме. Јас правам доручек, а она ме гледа. Што и да јадам, сака да си проба, па и да не и е убаво Вистинско сонце ми е
Не знам зошто,но кога прочитав црвена кралица веднаш ми текна на ова Он топик.Деновиве сум ептен среќна и радосна,сфатив дека ширењето позитивности е добра работа и со тоа можам да усреќам некој.
Тотално разочарана и исфрустрирана од околината, морам без влакна на јазикот да кажам што мислам и осеќам. Ова незначи дека се вбројува целокупното општество, СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИТЕ! Ме запрепастува колку како нација гледаме да си напакостиме на било кој начин и во било кое време, се огадувам од ништожни постапки без разлика на позадината. Неверојатно е колку се повеќето јагниња додека им е потребно нешто, одпосле како гладен волк ќе те распарчат. Испод секое ниво ни е културата, соодносот, колегијалноста, најосновни принципи немаат луѓево, ми иде нам џенем да фатам некогаш иако премногу го сакам градов во кој сум се родила. Финото однесување се доведува на тоа да представува понуда кон нешто друго. Епа еве затоа не газеле и ќе не газат, потценуваат и исмејуваат. Ако сами не се заштитуваме и помагаме, кој друг би го сторил тоа за нас? Идните генерации учат баш од предходните, штета што се е избледено и не е како порано. Се извинувам ако претерав, мораше негде да се искажам.
Лилит маааа! Не издржав да не се истестирам и сеа сум у депресија. Мораше најлошото да ми испадне, а што убаво си бев Покахонтас . The math teacher You are the worst psychopath. Not only do you use the worst torture methods, like equations and trigonometry, but also your favorite victims are children... You are a sick man who deserves to be put in an asylum for life.
Ахахаха А јас го почнав тестот и тамам на крајот во калкулирањето ми се укочи и не успеав да дознаам каков психо сум. П.С. Јас сум Рапузел, ама не го шернав јавно.
Ќе слушаш за мене- уште многу. Случајни минувачи и подалечни пријатели ќе те прашуваат за мене. Можеби дел од нив ќе ја фалат мојата убавина, некои ќе бидат воодушевени од моите успеси- а ти? Што ќе им одговориш ти, мил мој? Ќе ја свртиш главата и ќе се правиш дека никогаш во животот не си ме познавал? Или едноставно низ смеа ќе признаеш дека си ми го загорчил животот? Прашај ги. Слободно распрашај се дали сега мојот живот е претворен во црна дамка или гордо стојам со крената глава конечно задоволна што дел од моите соништа можам да ги држам во рака. Грст од желби ја цртаат мојата судбина на синото небо. А тебе те носам како веќе испрана флека на омилениот фустан. Месеци и години ми требаа да ја избришам таа невкусна дамка, но инсистирав. Знаеш, успеваш само тогаш кога си упорен. Ти, не помислувај дека ми го зацрне животот. Фустанот остана црн, но флеката избледе, сега впрочем стана речиси невидлива.