Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Turtle

    Turtle Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    45
    Знаете, она чувство кога не знаете каде припаѓате, или подобро кажано кога никаде не припаѓате...Очите ве печат од солзите кои не сакате да ги пуштите па полека ги голтате низ стегнатото грло.Она чувство кога боли, кога сакате да го испуштите најгласниот вресок, но се плашите дека ни тоа нема да помине и помогне. Кога сте опкружени со многу блиски и далечни пријатели, сродни и помалку сродни души, но осамени... А знаете дека назад нема, има само непознат простор кој е пред вас,а од кого најмногу се плашите...
    Она кога сфаќате дека животот е бескрајна приказна без свој почеток и крај, недовршена страница, недосонувана илузија...
     
    На anuskaNESTLE, Lady Phoenix, T.e.d.d.y и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.369
    Пол:
    Женски
    Се движам по нагорна линија,:party:
     
    На Stories, Lady Phoenix, Abrakadabra и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    18.006
    СДК дека навистина сум среќна. Имам семејство кое ме поддржува, најпрекрасното бебуле на овој свет по некоја случајност е моја внука :D, дечко кој е жив доказ дека правите мажи сеуште постојат и после речиси 5 години сме заљубени како и првиот ден. А да, конечно завршувам со испитите и почнувам со спремање на магистерска. Што уште можам да посакам? Само нека ми ги чува Господ саканите, друго ништо не ми треба. :)
     
    На sweet-cherry, Snow-Star, mal.ecka и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Денешниве млади луѓенца заборавиле на вистинската вредност на љубовта,заборавиле на чест и почитување,ова е уште еден доказ дека светот иде напокау,вистинските вредности на животот полека но сигурно се губат.
     
    На sweet-cherry, SparkyAngel, Turtle и 9 други им се допаѓа ова.
  5. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    12.628
    Пол:
    Женски
    Среќа е кога :
    -ќе си го погодите тушот(од прва):whew:
    -ќе се излакирате како што треба :rock:
    -нема да ве болат нозете од штиклите иако сте стоеле на нив цела вечер:wasntme:
    -после депилација нема да ви испаднат брунки како да имате баба шарка :angel:
    -ќе го соблечете градникот после напорен ден:smirk:
    и уште многууу други ситници кои не прават среќни, а на кои не им обрнуваме внимание.
    *Најсреќни луѓе не се оние кои го имаат најдоброто, туку оние кои во секоја работа наогаат по нешто добро. :d:
    :sun::sun::sun:
     
    На anuskaNESTLE, SparkyAngel, <3 pleza4e <3 и 22 други им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.739
    Пол:
    Женски
    Оној момент кога дома сервирам чоколаден пудинг и чекам одобрување од судиите (од домашните де :lol:)
    Не дека правам прв пат, ама никако не ми излегуваше до толку добро за да нема ниедна грутка внатре.А на мене пустата, ми се тресат рацете да не случајно најдат некоја замерка за лажиците шеќер, оти обично или ќе се промаши дел од процедурата, или совршено ќе излезе.Ај да не се жалам, ова второто бидна.
    **
    Уште еден доказ дека имаме никаков кадар.Посебно во поштите.И ич немаше да ме чуди колкава култура имаат тие таму што работат се‘ додека не видов како вработената (читај жена во години) омаловажува друга жена која културно ја замоли да и‘ пополни една уплатница.И најчудно од се‘ е што никој не си реагира (каде патем имаше и доста повозрасни луѓе, ама како беше онаа: поарно молчи си.), секој си гледа за себе и си течат работите.Избувнувам во вакви моменти, а отстрана лавина коментари-не се мешај.

    Чисто ме интересира, за вакви нешта, има кај да се пријави?
    И еден апел до останатите: нема ништо да ви биде ако реагирате.
    **
    Имам едни комшии кои подолго време не можеа да добијат свое бебе.Се намачија со испитувања, тестови, трчање натаму-наваму по болници, но им се исплати трудот.Ете сега имаат дете кое си игра низ дворот, со црвенкасти образи и плави очи.Тој се радува, овие уште повеќе.Пред некој ден ми вели: ,,види дада, ова е за тебе‘‘.И ми подаде детелинка :sun:
     
    На sweet-cherry, SparkyAngel, Lady Phoenix и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Значи најдоброто нешто што фацебук можеше да направи е со "on this day you have memory * years ago " да ги видам сите тие статуси и глупости и песни што сум ги пишувал изминатите 5-6-7 год , сите бруки и срамови да се избришат додека е време.

    А да и моментално комшијата од 9ти има секс , знам бидејќи му е отворен прозорецот и се слуша како се дере жена му , низ цело маало се слуша , џабе завеси што турил. Али ако , барем некој нека има секс.
     
    Последна измена: 13 јуни 2015
    На SparkyAngel, Captain-Omni, Nausicaa и 21 други им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Денес ја испраќаме сестра ми на аеродром, а меѓудругото почнавме и муабет за тоа кој има страв од летање. Мајка ми ни е најголема паничарка, а мене да ми речеше некој во истиот момент ќе се качев во авион. Ни куфер не ми треба :lol: Па татко ми ми вика: А ти знаеш ли дека мајка ти благодарение на мене за прв пат леташе со авион?
    Татко ми додека бил во војска, редовно си читал Нова Македонија. Тогаш имало некакви купончиња за наградна игра, па откако ги собрал, ги пратил на име на мајка ми. Мајка ми појма си немала дека учествува во наградната игра, па шок ја мавнало кога Мето Јовановски ја извлекол за главната награда патување :D
    Мајка ми: Ееее, тогаш 4 авиони сменив во еден ден :D И одма си ги замислив и двајцата - татко ми послаб, со бркчиња, чита весници во војска. А мајка ми со виткана коса, обетки како копчиња, фустан со точки и црвен кармин :makeup:

    Денес слават 28 години од брак.
    Да ни се живи и здрави, среќни и весели и уште многу годишнини да дочекаат заедно :inlove:
     
    На sweet-cherry, anuskaNESTLE, cresa-jagoda и 39 други им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... македончето никогаш нема да научи да се радува на туѓата исполнетост, среќа ... успех ...
    Секоја чест на исклучоци, ги има ама ретки се. А другиот дел веројатно од немоќноста да се има она што го има другиот, полесно е да мрчи и завидува. Тоа, воопшто не помага. :|
    Прифатете ја среќата на другите, така и вие ќе почувствувате дел од истата. И бидете сигурни, никогаш не знаете кога вашиот живот ќе добие голема позитивна пресвртница. Секој заслужува таква шанса. :nod:
     
    На sweet-cherry, anuskaNESTLE, SparkyAngel и 27 други им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Доволно е еден потег или еден збор кажан непромислено за да се уништи цела доверба и да се изгуби цела почит што ја имаш стекнато кај човек.
    Ништо веќе нема да ме предомисли за тебе. Моите родители ми се идоли и на нив се уледувам, а под нив секогаш беше ти. Замисли од сите луѓе баш ти ми беше пример и предизвик за да постигнам нешто.
    Се пропадна во вода. Парите те заслепија, ти го зедоа паметот а толку добар човек беше.
    Уживај во парите, уживај во функцијата, само да знаеш дека во моите очи си на дното.
     
    На Abrakadabra, BurstBerry, samovila.red. и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Абе ајде гледајте си за себе , вашите животи се идеални хмм не би рекла.
    Доста се замарате со туѓите проблеми и гледате да наштетите на некого а заборавате да се погледнете во огледало да ја видите вашата вистинска вредност ! ;) Лицемерие до бескрај на овој свет!!!!
     
    На presiosaP, eliesaab и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.851
    Допаѓања:
    142.476
    Се трудев да се изолирам, да не се замарам, да не ги гледам, да си викам, ај деца се, не знаат.
    Ама ова што го видов денеска, ме изиритира, како што вообичаено знае, и морам да си кажам.

    Драги полуматурантки, кога веќе немате родители или не се грижат за вас, јас имам да ви кажам како ве гледа светот. И не ве гледа баш најпозитивно.

    ПОЛУМАТУРА НЕ ПОСТОИ! Славење дека си завршил осмо одделение е бесмислено. Славење дека си завршил задолжително основно образование, каде те описменуваат, не значи дека си постигнал многу-многу во животот. Само си се описменил. Факт е дека има земји во светот каде има неписмени, каде нема задолжително образование, ама тоа не е причина да купиш фустан од Елена Лука, штикли од 10 сантиметри за твјот уште неразвиен рбет и нозе, да ставиш килограм шминка на детското бубуњичаво лице од кое се гледаат пубертеските мозолки, да одиш на пробна фризура за да имаш совршена на „битната“ вечер, да одиш на солариум, да ставаш тетоважи, да покажуваш деколте на сеуште неразвиени цицки. Покажување на цицки од страна на дете, а доволено од некој возрасен, е лудост. Цицки до пола извадени на полуматуратка е голотија на ДЕТЕ! Не на девојка. Дел од вас уште немаат ни менструација, или им е сеуште нередовна. Не сте девојки, деца сте. Што е втора вечер полуматура? Како втора вечер Нова година? Тоа е вечерта кога треба да се дојаде јадењето од вчера? Нели по ресторани бевте, што дојадувавте? Сериозно правевте прослава со 50 родини дома? Да се пофалите дека знаете да пишувате и множите?

    Драги родители, веројатно лекцијата за тоа како се дава љубов на дете сте ја утнале. Знам дека знаете, ама немате храброст да си признаете пред себе си дека дете на 14 години не знаете да воспитате. Не ми се закачувајте со она: немаш дете не знаеш. Знам, оти бев и јас дете и оти јас сакам да одам на полуматура во кусо фустанче. Оти другарките рекоа дека ќе одат така. Но за разлика од вас, мајка ми ми кажа НЕ. Им се јави на мајките на моите другарки и заедно бевме да купиме детски фустанчиња и сандали без штикли. Оти дете голо на улица не кажува за детето, кажува за родителот. Кажува дека не сте го научиле на вистинските вредности, дека и дозволувате на вашата ќерка да се шета полугола за да привлече внимание, дека успех во животот е завршено осмо одделение, наместо да и кажете дека други се успесите во животот. Затоа што кукате како е скапо во државава, како се не чинело, ама затоа морате да купите ајфон за детето, да и платите фустан од 800 евра во Елена Лука и од 200 за втора вечер, оти мора Дадар да ја шминка нејзината млада фаца уште неуништена од шминки со неговите сто пати користени сунгерчиња, дека мора да се фарба и да гори коса за да е убава и тоа да го плати 2000 денари за една вечер?

    Сериозно немате проблем со 10 сантима штикли за дете? Со цицките на ќерка ви пред луѓе? Колку пати ја носевте на проба за фустанот, а колку пати седевте со неа да и помогнете за учење? Што и покажавте, дека повеќе време и посветувате кога оди да се разубавува, наместо да учи?

    Не викам дека нема да заврши факултет, ќе заврши. Кога имате пари за скапи фустани и ајфони, имате и за да и платите приватен факултет, каде за убавината ќе добие 10ки, и ќе правите дипломска.

    Важното е, дали некогаш ќе успеете да славите зрелост, памет и вистински успех на ќерка ви? Или тогаш друг ќе ви биде крив за нејзините неуспеси. Премногу е тешко да сфатите и да си признаете дека сте ја заебале гадно работата како родител, па за лошото воспитување, однесување и сите останати неуспеси, крив ќе ви биде друг.

    Вашите пријатели ќе ви кажат: најубава е, топ е, срцка, мва, ама зад вас ви се смејат. Жал ми е, ама еве морам да ви кажам. Ако ја учите ќерка ви на материјални работи, лоши родители сте. Многу лоши. Уште полоши ако на полуматура вашата ќерка била на 10ка штикла, деколте и пунџа. Сте и го убиле детството. А тоа ви е работа како родители, да дадете убаво детство. А вие сте го убиле.

    ПС. Друг пат ќе пишам и за џивџиматура.
     
    На sweet-cherry, SparkyAngel, Captain-Omni и 31 други им се допаѓа ова.
  13. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Не хејтам:!:
    Ете така се живее... Тенерифе, Дубаи, Малдиви и сето тоа благодарение на татичко и мамичка кои се голем фактор со сомнителен капитал.
    Во случај ако не сте од среќниците израснати со златна лажичка пожелно е да сте припадничка на женскиот пол, многу полесно ќе си поминете во животот, ама под услов да имате природна лепота (барем колку-толку) и најважно од се' со вродено чувство за умилкување и подготвеност по секоја цена да ја остварите својата цел. Следно, ќе си најдете некој дечко кој припаѓа на првата категорија, категоријата на среќници (е сега ако нема дечко ќе се задоволите и со некој чичко), ќе ја искористите својата лепота и вроденото чувство, ќе се залепите за него како крлеж и ќе цицате, цицате додека можете, па можеби и ќе ги почувствувате благодетите предодредени за првата категорија.
    Имам и трета категорија, која е вистинска реткост - ендемски вид. Луѓе кои со својот труд и интелект успеале да направат нешто во животот, ама тие баш и не се расфрлаат како првите или барем не се рекламираат на Фејсбук и Инстаграм.
    Е сега ако не припаѓате на ниту една од овие мои категории ви преостанува да си го живеете животот најдобро што умеете! Во спротивно целодневното висење на профилите на првите, вторите, ајде и третите ќе ви ги зголеми и така големите фрустрации.
     
    На SparkyAngel, Annath, Lady Phoenix и 17 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.863
    Допаѓања:
    101.713
    Пол:
    Женски
    Признавам...те гледам скришно,не можам да ти се нагледам.И ме нервира што тебе те нервира што те гледам.Знам дека ни сама не знаеш зошто ти смета тоа,знам ,бев на твои години.Само што јас не бев никогаш како ти,а ти каква си сега и каква ќе бидеш...тиквичке.
     
    На Captain-Omni, Annath, Stories и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Сакам едноставни, онакви нерасипани души кои не знаат да се замараат со туѓи животи, анализирајќи во потрага да се најде кај секого нешто негативно што би ја исполнило потребата за мрчење. Кои нема никогаш во друштво да ги слушнеш да кукаат и намуртено да потенцираат што уште им фали да бидат навистина среќни, туку напротив - знаат да се фокусираат на убавото во сè и ги заматуваат мааните и негативностите гледајќи ја сликата на животот, како на туѓите, така и на својот. ^_^

    Луѓе кои не ти даваат причина да внимаваш на тоа што и како ќе кажеш пред нив во зависност од нивното моментално расположение, туку знаеш дека со нив секогаш можеш да бидеш целосно своја, да се пошегуваш и развеселиш до максимум, без да мислиш дали со нешто би можела да ги навредиш... и секогаш искрено и непосредно ќе ти го кажат тоа што им е на ум, без да ти дадат простор да размислуваш што всушност кријат во себе, без неискажани зборови и комплицирање на едноставното.

    Е, баш тие, можеби ретки на денешно време меѓу сите филозофи, мрчатори и емоционални вампири, се среќа да ги имаш околу себе и секој нареден пат кога ќе ги видиш - да се наполниш со нивните позитивни вибрации и да се потсетиш колку е животот убав. Најголема среќа се! :sun:

    Имајте убав остаток од викендот и да, без разлика дали од време поминато со блиските или од некоја, случајна кратка пријатна средба со непозната личност и разменета љубезност и по некој учтив збор, собирајте позитивна енергија од секаде кадешто ви е достапна! :f:
     
    На sweet-cherry, SparkyAngel, Lella и 19 други им се допаѓа ова.
  16. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.807
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам дека ..

    1. Кога е ладно, сите се жалат дека е ладно. Кога е топло сите се жалат дека е топло. Ама кога лугето се жалат за овие 2 работи, јас се жалам од нивното жалење.

    2. Возењето со автобус до одредена дестинација во Сабота и Недела е за 15 минути побрзо одтколку во нормален работен ден.

    3. Првиот збор при креирање на некоја точка ми е "парадокс" :o

    4. Што да правиме ние кои што не се совпаѓаме со Македонскиот менталитет ? Тешко нас ..

    5. Во тековниов период многу средношколци магично ќе ги намалат вишокот на килограми затоа што матурата им ја вади маста ..

    6. Додека сме веќе кај жалењето... нема толку луге кои што повеќе за грижат за туѓите животи одколку што има луге кои се жалат за лугето кои се гружат за туѓите животи .. :?:

    7. Ако сакаш КОЈА БИЛО мисла или вистинита информација да ја направиш во негативна конотација а притоа немаш идеја, обрати се кај уредникот на Шител, гарантирано ќе ти го реши проблемот.

    8. Каков предизвик би било тоа за намалување на лугето што зјапаат у телефон додека одат по улица со кликање рандом по нивните екрани ? Бескорисно или опасно ?

    9. Носталгија по .. ах ..

    10. Денеска е Сабота 13-ти .. ШО НЕ ПАНИЧИТЕ СЕГА БЕ ?
     
    Последна измена: 13 јуни 2015
    На Ivy89, LUCERKA, Snow-Star и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Olli28

    Olli28 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Еднo мнoгу вaжнo нештo штo нaучив. Кaжувaј им нa луѓетo кaкo се чувствувaш зa нив, не чекaј тие мaгичнo дa дoзнaaт. Акo не нaеднaш, кaжи им делумнo. Дaј им кoмплимент, изненaди ги, пoкaжи декa се грижиш, кoлку штo мислиш декa е дoвoлнo. Прaви мaли, нo вaжни чекoри. Сo тек нa време, ќе немa пoтребa мнoгу дa се трудиш зa дa гo дoзнaaт и oстaтoкoт.
     
    На sparklie, joy1, Abrakadabra и 3 други им се допаѓа ова.
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.147
    Пол:
    Женски
    Некогаш чувствуваме потреба да потзастанеме и по еден направен чекор.
    Заморот наттежнал над степенот на издржливост и одлучувачки храбро ставаме една голема запирка која не знаеме дали ќе имаме сила да ја отстраниме од големото поле. Она што може да не крене од тлото е ненајдената појава на точката во релативно кратки случувања без да не нападнат мистериозните прашалници во множество со непознати.
    Таков е животот од перспектива на случувањата.
    Запирки, по некоја точка, многу прашалници и чести извичници...
    Најмалку што посакувам да видам е празна линија.
    Нема ништо, а сепак нешто владее со белината.
     
    Последна измена: 13 јуни 2015
    На Ivy89, Snow-Star, Sunshine.Sunshine и 6 други им се допаѓа ова.
  19. 1slavjanka

    1slavjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Ако некој некогаш ви излезе во пресрет и ви направи некоја услуга или одвои време за вас ценете го тоа!!
     
    На Lella, JollyGirl, Sunshine.Sunshine и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Be ide pudra na valkan obraz, visoka stikla na najniska intelegencija, nitu pak skapa obleka na eftini lugje...ne ide!!!
    p.s. Se sto mozes da kupis so pari, eftino e... Dobra nokj feminki I feminci dragi :D
    10845945_735880963155484_2848271205787579884_n.jpeg
     
    На Lella, Viktorijaaa5, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.