Ме нервираат статии од типот: 394832904 карактеристики на здрава врска, 4419 правила за среќна врска, 534 знаци дека тој е вистинскиот, 243254 знаци дека тој не е вистинскиот, 35354 работи што треба да ги направите за да имате добра врска, 8795 знаци дека треба да раскинете БЛА БЛА БЛА БЛА. СЕКОЈА врска е различна, и СЕКОЈ е свесен во каква врска е, со каков човек е, и дали е среќен или е несреќен, и тоа е негов избор. Не ми требаат знаци да знам кога да раскинам, а не ми треба ни упатство како да постапувам во врската. 99,9 % од овие правила за среќна врска, или од знаци дека треба да раскинете, не функционираат кај никој, отвараш, читаш, meh , затвараш.
Морам да хејтам еве ветувам уште сега и веќе нема! Колку треба да ти фалат жички во главата за да се чекнеш на погреб, тестот за бременост да го сликаш и шернеш, секој ден да сликаш што јадеш, полугола да се сликаш (боље е гола барем све на мегдан ќе е), секое искачање ајдеее фотосесија, пијачките, детето се родило на ренген мора одма да се озрачи од камерата, крштевки, свадби абе све све све мора ли да се стави?! Релано среќните моменти не се доловуваат со слика и со зборови, се дожувуваат со душа и срце и непостои збор кој може приближно да ја опише ниваната убавина и сјај!
Позитивна, иако знаат да бидат стварно големи идиоти, уживај, шетај, истражувај , научи се да ти влегува од едното и да ти излегува од другото уво... и покажи им заби! Колку похрабро зачекориш во животот толку подобри работи ќе ти донесе. Храбро напред, не можеш ништо да изгубиш, можеш само да добиеш многу нови искуства, пријателства и смеи... Кај мене некна беше -5 ноќта, ама баш лабава температура, ни пуштија и греење.... и јас ти праќам огроооооооомен поздрав, и тебе и на сите што прават нешто ново за првпат во животот... имајте прекрасно лето.
Во мигови на лично соочување со сопственото јас, го активирам чувството на овластување со цел да го отворам пакетот во душата што е белег на мојот идентитет. Его и (не) човечност... Хронолошки ја преиспитам самосвеста со критички тон за тоа што успевам да ја задржам будна во ситуации кога тоа се бара безмилосно подмолно без да е отворено предочено. Ја прифаќам тезата aко се сака нешто, може да се научи, иако не сум поборник за истата кога се во прашање немилосрдни ситуации поврзани со животните справувања кои знаат да го згаснат и она мало парче волја што дише. И признавам дека не сакав и затоа не можев да научам да се вбројам во мнозинската група маскирани бунтовници затоа што не се препознавам таму. Избраниот пат за да го зграпчат посакуваниот дел за себе, за мене значи преминување во туѓа сопственост. Во битката за себепронаоѓање го оттргнувам погледот од сметот затоа што е премногу труло и валкано. Мириса на се, само не на достоинство и култура. Нарушена комуникација го разобличува погледот на цивилизиран свет. Стојам настрана од ситуацијата да паднам во мрежата со пластелин и да дозволам некој да обликува фигури по сопствена потреба од мојот идентитет. Ја одржувам вегетацијата на начин што не бара голема експонираност во тимската дружина пропратена со лицемерен лаеж, а сепак повремено испуштам крик за да потврдам дека сум присутна некаде и меѓу некои. Со вештина ги полевам корените на тактиката како проверен метод на контролирање на точките за поставување во нивните координати. Создавам сопствен прозорец низ кој и трасирам пат на светлината за да обезбедам континуирана амбициозност во тренингот за одржување на кондиционата форма. Самодовербата ми е предизвик во дејствувањето кон определена цел. Се водам од дефиницијата дека личното искуство е најдобар учител. Колку за информација, пакетот со благодарност не го поместувам од локацијата. Го оставам за деновите исполнети со достојни моменти за признание. До тогаш, инфериорно набљудувам низ призмата на секојдневното лудило. Не знам дали повеќе вдишувам или издишувам контаминирани гласови. Само знам дека разговорите водени во сопствената глава се полесни од оние во реалноста.
Gospog rekol : NA TAA SKALA KE STOJS Znaci ni nadolu ni nagore,ako zastedis pari ke gi dades: po dokdori,za lekovi... DALI KE DOJDE VREME KOGA kE KASNEME I NIE OD MEDOD?
Создадена да уживам во убавините, сега да ме преселат на Бора Бора, можам комотно засекогаш да си живеам таму.
СДК @Summerlover ќе ти здосади таму цел живот, јас би во Канкун или Акаулко да живеам инаку друго сакав да кажам, а бе да не имаме нова порно мафија на форумот , како што гледам како затерале новите по темите
СДК дека ми се приповрати на муабетот на една т.н. (самонаречена) граѓанка (цитирам) ,,...само сељаците пазарат во КАМ и во СТОКОМАК, оди во ВЕРО Господ да те види...,, Очекуваше аплауз за овој исказ можеби ? Сељачина една селска...да не си ми идна роднина ќе те набутав кај што припаѓаш ! Не значи ако во озводот ти стои место на раѓање - Скопје и дека си скопјанка !!?! Вистиснките скопјани се културни и не се однесуваат така !
Не знам за тебе, ама мене, освен наведениве, ме нервираат уште еден тип на статии, кои се' почесто ги сретнувам по интернетов во последно време. Отприлика вака одат: „Направил/а тоа и тоа и на крај резултатот ќе ве зачуди“. Абе ајде, што збориш?! Ќе ме зачуди? „Пет дена го пиела овој чудесен пијалок, крајниот резултат ќе ве вчудоневиди!“, „Ја виткала косата секоја вечер во маица, резултатите ќе ве изненадат!“ No sh*t! Со ваквиве инсинуации во наслов што ги даваат само ме одвраќаат да видам што пишува, а може некогаш и за нешто паметно ќе се работи. Ама штом видам наслов од ваков тип, не отварам да прочитам! Што е тоа што може да ме восхити/зачуди/изненади во една статија, кога уште во насловов покажуваат ниво на интелегенција под 80? Што?
Одбивам да верувам дека личност која те родила и изгледала може толку лошо да се однесува со тебе како да си ѓубре, или крпа за чистење. Толкаво зло еве не знам, немам видено досега.
И ова ми текна - кога ке дошло ред керка и да си фати дечко таа немало да и дозволи од Карпош 3 понатака и од Аеродром понатака ..... (некои си координати кажа...) да живее дечкото оти не мислела со сељаци да има работа. Абе само мене ли вакви луѓе во последно време ми се пикаат под нос или ги има многу, незнам ??!?
Задоволна сум... Полека почнува puzzle-от да се склопува. Како што знам да кажам се движам со брзина на чекорчиња на желка, ама битно е дека не стагнирам и не тапкам во едно место. Никогаш не сум учела и читала материјали волку активно колку што читам периодов. На 1ви Јули започнувам нешто ново, нов предизвик во кој верувам дека многу работи ќе научам. Од друга се повеќе и повеќе се заљубувам во Него, што по малку и страв ме фаќа. Пресовршен ми е, дечко како што од секогаш сум сакала! Мислам дека со тек на време се научивме да не ги комплицираме работите и да бидеме поедноставни и да уживаме во ситниците. Вчера си правевме планови за летово кој како ке има слободно време и финансии за некаде да отидеме на get away (продолжен) weekend или недела дена некаде на одмор. Како и да е, едно е сигурно предизвик ќе ми биде летово 3 работи паралелно да ги "терам" без да ги запоставам. Не смеам да ги запоставам! Имајте убав ден, отидов јас да си земам сладолед и да се освежам. поздрав и многу љубов до Вас. ^^
што ми се случи вчера: бев договорена со еден тип за на кафе ама тој немал пари во џеб па седнавме на клупа троа разговор падна и еден бакнеж а тој да ти бил коцкар и јас ко јас реков не сме за заедно, почнав да бегна почна да ме следи-и јас од другата страна отидов па ме фати па му пружив рака пред сите и си отидов на кафе и го сретнав дечкото што ме испрати до дома(на мајка ми што не и се допадна) си сменивме бројчиња па се сретнавме со еден дечко со кој ја имаме истата проблематика(веке бевме на кафе со друг другар овој не го познавам) и окапавме па си призна дека веке е во врска со 33 годишна девојка мене нешто ме пресече а кажав дека ми се свига дечко со сини очи изгледа дека јас прва го пресеков јас запалена почнав да зборувам 100 на саати на крај се сретнав со три девојки се гушнав со една од нив после едно коктелче до половина испив купив 100 гр. кикиритки попладнево во рок од 2 часа мислев ке полетам до 4 дечки со кои се сретнав и запознав од вчера
Ова според мене е најпростиот муабет што сум го прочитала оти некој го кажал. Ја жалам таа исфрустрирана проста будала. Инаку јас одам туку речи секојдневно и во Веро и во Кам оти ми се блиску и никаква разлика не сум приметила во народот, освен во парите.
Ама дека е исфрустрирана будала и на други полиња сум ја тестирала, ама многу ме иритираат луѓе кои прават сепарација - сељак во КАМ а остали во ВЕРО. Значи таквите ми доаѓа да им лепнам една заушка и да ги пратам во тоа селото од кај што дошле..уште на опинците кал имаат а овде муда за бубрези продаваат. Е !!! ТОА Е СЕЉАК !!!
Сите имаме желби и потреби кои се само наши и никој не смее да ни каже дека не чинат. И кога некој ќе ве прекори за нешто што сте го направиле или нешто што нема да му се допадне прашајте го дали и вие како неговите родители треба да бидете алкохоличари, насилници, мразачи или оговарачи?! Сите ние сме обликувани според рамката во која не ставиле родителите и блиското опкружување, но живиот дух во нас внатре, секогаш ќе има потреба да излезе и да го излие својот мерак по улиците... Ја почитувам колективната свест, знаењето за ред и поредок, сфаќањето на општествените норми и правила и потчинувањето на истите. Но исто толку многу го сакам индивиуалниот блесок на личностите кои имаат со што да засветат и сметам дека никој не смее да им забрани да го исфрлат од себе тој порив. Секој човек е посебен склоп од мисли, желби и потреби и секој кој се противи на она што тлее во него внатре, кога тогаш ќе зажали што се обидувал да го спика својот емотивен дебел газ во општетвено прифатливите XXS фармерки. Скопје периодов живее со липите. Каде и да одиш мирисот на цветовите опива, го вади уметникот и романтичниот заводник дури и во најроботски настроените човечиња. Така е и со нашите души во Скопје, можеби три годишни времиња ќе мируваат и силно ќе се држат за белите дробови, но во лето, мора да го искашламе целото виножито надвор од нас.
Ќе го искоментирам само тоа што го болдирав, другото не ти го чепкам. Јас еве кога ќе ги видам двете цртки на тестот за бременост, не само што ќе го насликам и споделам на форумов туку и ќе го урамам. И не сметам дека тоа значи дека ти фалат жички, повеќе би фалеле жички ако на некој му смета туѓата и долгоочекувана радост и коментирање на истото. Не правам муабет за претерано сликање на бебињата, но споделување на една слика од своето бебе на фб исто така не го сметам за "фалење на жички". Тоа е радост која е убаво да се сподели. А за чекирање од погреб до сега немам слушнато.