Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.484
    Допаѓања:
    16.979
    Ехеее, луѓето се ќе направат и никој нема да ги разбере....
    А не насекое чкрап за на фб, чекирај се....
    Битен е моментот луѓе, доживувањето....
     
    На eliesaab, hermosa, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Зедов скришно само три јагоди и цела се нафрлив по нозе и врат....викаат дека се што е забрането е слатко, ама јагодиве нели стварно се слатки? :fubar:
    И пусто скришно...сите дознаа дека сум зела, ебати среќата
     
    На SV1911, Natali.3, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  3. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    862
    Пол:
    Женски
    Она кога ти снемува лосион за вадење на шминка а треба да извадиш водоотпорен туш BITCH можеби си отпорно на вода, ама не си отпорно на мноооогу вода! :devil:
    Овој мојов па уште ми вика ацетон стави, мисли и шминка со ацетон се брише, море сака мене да ме избрише изгледа ххаха
     
    На sweet-cherry, Golden, Lovy1 и 20 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.948
    Допаѓања:
    164.148
    Упичкематерине, само јас можам да бидам доволно долго затрескана во чудак.
    Се јавува... еве вторник, си пиеме...еден тука праи натални карти ми вика...
    Да, само јас можам да се заљубам у човек што пие со некој кој праи натални карти... уствари, да седне и со поп, и со монах, и со евнух, и со автомеханичар, и со судија, и со секој и да направи цела приказна...
    Натални карти... на-тал-ни кар-ти. Да!

    Оди си бе, оди си дома, спиј, опрај се... препукнав од смеење.Предобра мајчице Богородице... и пресладок бебе Исусе. А си легнав. Еве и подзаспав. Морал да сподели чунки од суштинска важност за иднината ни е. :rofl:
    Ама не... мојава Венера и неговиот Непутн не се слагале, ама артистички, интелектуално и фамилијарно скроз. Ама ете...туго несречо, ќе сум го изневерела... јас него... јаааас него ќе сум го изневерела и при тоа он бил тој што поише сакал, он пустиот бил заљубениот?! :rofl: Поверојатно и за мене и за лицето на светот дека нештото е обратно, но добро. Утре ќе земам кантарот да измерам. Шала на страна се надевам ќе му се отрезни тиквата и нема да го чујам муабетов никогаш повеќе.
    А до вчера викаше дека е идиот во хороскоп, сега натални карти прави човекот...

    Еве, си седам, си пијам чај и се џарам... се џарам во празно, си се кикотам во себе и се радувам на летово.
    Морав да си прераскажам, оти се смеам. Маж и хороскоп, маж и натални карти... па уште и маж пие во вторник со астролог...

    И ете ја мајка ми... чук, чук... замижана и бушава... Сега се јави? Во ова време? Не разбуди, кога ти викам само грешки правиш... Ах уел...арент уи ол грешки мамо?

    Да бидам искрена... повеќе ме расони фактот дека ќе плаќам пенали за каснење со тезата... малку како потресена сум...деновиве... до сега требаше... Абе до сега многу работи требаше, ама виша сила да му ебеш матер. Па уште и за што... за тапкање по рамо.
    На баба ми муабетот со комшиката - *надимакот мој* не се мажи она, ни учи, министерка ќе биде (патем магистер и министерка за баба ми и за покоен дедо ми се од исто значење и не, не е објасниво, во нивната рамка на светот тоа е така и крај :D) и те гледа онака вештерски, знае право во ребра да те здупчи со нејзиниот велелепен, а сепак едноставен сарказам.
    И шлагот - а пари за тоа што учиш ќе ти даваат ли? Не бабо, како да ти кажам, за лична сатисфакција... Што е тоа сатисфакција *надимакот*? Хм... лезет бабо, арно на душава ми оди. И она мудро на тоа - како да не, дедо ти ми бил и татко и мајка и маж и брат, да знаеш што е лезет да си имаш маж до тебе, три деца му родив, што разбирачка си имавме, вие денес не сакате да раѓате, за ништо не сакате да се секирате, се да ви е на готово до мама и тато. Со мајка и татко до море, со маж и преку море!!!
    И така... освен да финишираш со едно - те сакам бабо, од друго аир немаш... Имам пробано да одам до крај ама заврши со 1-0 во нејзина корист и брдо нервоза.

    Е така... шарен живот, обоен.
     
    На Golden, HarleyQuinn, Captain-Omni и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.313
    Пол:
    Женски
    Сакав да рецензирам еден филм, ама во меѓувреме нешто друго ме задржа, па завршив во сосема друга тема, да пишувам за сосема друго нешто.

    Во мојов живот прошле многу луѓе за кои сум мислела дека ми се вистински другарки. Од сите нив, кои ме оставија повредена и осамена, остана една која навистина успеа да го оправда епитетот „најдобра другарка“.

    Е баш таа моја најдобра другарка поминала низ секакви животни прилики и неприлики со мене. Не сум имала лесен живот, немала и сеуште нема ни таа. Можеме да не се видиме со месеци, но следниот миг кога ќе се сретнеме, реално или виртуелно, исто како да не сме се виделе од вчера: продолжуваме од каде што сме застанале минатиот пат. Но не можам да се помирам што животот е толку нефер. Нема да зборувам за мене, јас вложувам натприродни сили за да бидам позитивна наспроти шлаканиците што ми ги приредува животов. Истото го прави и таа. Но кога ќе ме здрма со непријатна вест, која по не знам кој пат како дежаву и' се случува, срцето ми го крши. Имам желба пред мене да застане некој претставник на овој живот, за да имам на кого да поставам некои прашања и да се изнавикам. Зошто? Нели доволно страда и без тоа? Нели заслужува конечно да биде среќна? До кога ќе биде повредувана? Има ли крај?
    Не е дека е работа на живот или смрт, но е нешто што би можело да и' донесе среќа која и' е потребна. Ме распрашува, бара мислење од мене, бара совет, а јас сум немоќна. Ми преостанува само да ја утешам. Да речам дека не смее да се откаже и дека ќе биде среќна. Мора да биде среќна. Затоа што по сите неволји треба да следува и оддишка...

    Ете така го пишувам овој пост повеќе од еден час. За неа не знам од каде ми извираа сите зборови, а тука едвај го составив текстов...(facepalm)
     
    На sweet-cherry, Sunshine.Sunshine, sparklie и 20 други им се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.231
    Пол:
    Женски
    Во потрага по еден фолдер со фотографии почнав да ги отварам сите. Еден куп спомени, некои моменти ги почувствував повторно, а во мојата глава како некоја снимка се повторуваа. Некои луѓе ги нема, со некои повеќе не се дружам, но со сите имам убави моменти и ги помнам по убави нешта.
    Наидов и на фотографија пред две години, роденден прославен во Њу ејџ, не ми е јасно зошто сум го направила тоа :D Сечам сладолед торта додека тој од страна ми дофрлува и ме смее. Само дел од неговите панталони се гледа на фотографијата, но мене цела вечер ми помина низ мисливе. Со него доживеав многу, премногу. Му верував, се предадов целосно, а после него се затворив толку многу за други момци што почнувам да се прашувам кој ми е проблемот. Ми недостига да имам некој, да сакам и да бидам сакана ама не можам. Се лажам и се играм ко дете, правам муабети со луѓе кои не ми се допаѓаат ама на крајот се смејам сама на себе и се нервирам зошто си го правам тоа. И повеќе од свесна сум што сакам, што ми треба, што би одело и што не може да оди. И така дојде 3 по полноќ, а јас сеуште правам муабет со тип кој не ми се допаѓа, па уште спомнувам и дејт, гледам фотографии и се враќам на спомени, а во позадина ми одат некои глупави песни.
    Толку сум збунета што ни нормално не можам да спијам. Потребен ми е сон. ​
     
    На sweet-cherry, Sunshine.Sunshine, Valerin и 30 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.288
    Допаѓања:
    81.863
    Пол:
    Женски
    Уште додека бев средношколка спознав дека не ми треба текила или било каков алкохол за да се расположам, да играм дур ме држат нозе и да пеам на сет глас.
    Всушност, можеби си пронајдов идеални места за излегување, каде одат луѓе од мој калибар и се пушта она кое мене ми е во душата.
    И многу ми гази по нерви кога некој бара да покажам разбирање за сите оние кои буквално се прават првоодделенски ранец и не знаат до каде можат со алкохолот.
    „Ама знаеш, јас сум срамежлива, морам малку да се опуштам“ муабети не палат кај мене, зашто не познавам некој посрамежлив и позатворен од самата себе, а еве сепак успевам да бидам добро друштво.
    Ма ќе играм, иако не познавам некој кој игра полошо од мене :rofl: и ќе пеам, гајле ми е дали некој ќе се замара со моите танцувачки способности, од оние вокалните не можам да се пожалам, никогаш не стигнав до фазата „пукање стакла“, против некои работи не се оди. :lol:
    А и тотално е нелогично, во друштво на најдрагите да бидеш сноб, да стоиш и да префрлаш тежина од една на друга штикла наизменично и да типкаш по екранот од телефонот.
    Нејсе, не е моја работа, ние си поминавме прекрасно, немав излезено со најблиските можеби со месеци. :dance:

    И сега сфаќам дека цела вечер сум му пеела неприкладна песна на саканиот мој, ама не е до мене - ме понесе рокенрол ритамот од прекрасната преработка на песната од Ена Веко.:P:P

    Ми се исполни и една дамнешна желба (не, не дипломирав преку ноќ :rofl:), за прв пат видов ѕвезда што паѓа и останав фрапирана.
    Уште сум под импресии, со која брзина ми помина пред очи - дури сфатив што е, ја снема.
    Низ глава ми поминаа толку многу работи, па кога ме праша дали сум замислила желба, се сепнав и целата бев нешто како: Чекај, што ?! Желба ?! Што ?! Каква желба ?? :sweat:
    Не знам кој нормален човек би имал време да испроцесира замислување желба во дел од секунда додека мозокот му е исклучен поради силна возбуда или пак може само мојот процесор е премногу бавен откако се отвори летната сезона. :wasntme:
    Не знам, можеби е среќа, можеби е само обична и банална појава на која ѝ придадов преголемо значење, ама не одрекувам дека после толку гадни, да, баш гадни нешта, редно е да се случи нешто убаво.
    Не ми треба ништо освен тоа да бидам позитивна, затоа што позитивноста сама по себе, како магнет влече и среќа, а тоа е она кое го сакам за себе. Зашто со текот на времето сфаќаш дека ништо друго не ти е толку потребно колку неа, а и навистина не жалиме за она кое сме го правеле сè додека нè правело среќни.
    Гајле ми е, ќе бидам среќна.

    Патем, исто како Бени - и јас по навика ќе си легнам со мокра коса, не зашто заборавам да ја исушам, туку затоа што дечко ми ќе ме убие ако уште еднаш го слушне мојот фен-сатана денес.
    Плачам за нов фен, на овој деновите очигледно му се броени и брчи како луд, но нејсе - живеам опасно и утре гарант ќе се разбудам со мигрена.
    Кога ќе размислам поубаво, толку ме мрзи да се помрднам од мојата најудобна позиција во моментов, што само би го поклопила компјутеров и би си легнала на чистите постелнини кои ми мирисаат на лето со него.
    Тоа што треба да станам за помалку од четири саати не е тема на муабет, се навикнав, тоа ми беше поактуелно пред три години, сега ми е секојдневие. :D

    Бидете среќни, светот е мнооогу поубав кога по него чекориш насмеан и позитивен.
     
    На sweet-cherry, simoncelicius, anuskaNESTLE и 35 други им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Ме потсети Мишела со муабетот за ѕвездите...... Овде нема ,,светлечко,, загадување, секоја ноќ имаме чест да бидеме сведоци на појавувањето на милиони и милиони ѕвезди. Немам видено вакво нешто, и мислам дека никогаш нема ни да видам. Не можам да ви опишам како е да се возиш навечер, има една песна што ја пуштаат на радио цело време - сејв а хорс, рајд а каубој - е, па, умираш од смеа кога ја слушаш, ако не е мразарници те дувка малце ветренце од прозорот, ако е мразарници те дувка греење од колата:rofl:, собрани сте луѓе од целиот свет...... Со различна боја на кожа, различни очи, мајке ми и различен англиски, ама уживашшшшшшш и дишиш длабоко, се разбираш со насмевки, па пак дишиш со пооооолн здив, и си викаш, Господе, фала ти....

    Кога сме веќе и кај муабетот за различни очи, и различни луѓе споени на едно место, ни дојдоа момичиња од Истокот. А, бе... машини. И покажуваш ЕДНАШ како да направи нешто, те гледа вака :nod:, и за 5 секунди прави петпати подобро неголи ти што воопшто некогаш си направил или ќе направиш. Е, момево има некои 140 цм, некои 35кг, ама брате мој, крева, дига, бутка, влече, МАШИНА бре. И објаснував кој и е шеф кој не и е. Мислеше ја дека сум и шефот, не не среќо, само ја барем нема да те командам и да искористам тоа што не знаеш, има стоки амерички што ќе те искористат максимално. Строго конзервативно пораснати, два дена ја учам да оди со исправена глава и да зборува погласно. Срам и беше во очи да ме погледне. Ако ја споредиме со моржот амерички, 180 на 180 (висина и тежина) што не може да подигне нешто потешко од литар кока кола или што не знае да ти каже ништо друго освен тешко ми еееееее, ми се спие, ми се јаде, ми се прди, ова ме боли, она ме боли, ехееееее... Оваа обавезно ти се заблагодарува, и покажав сендвич како да си направи, мислам ќе ме бацеше, ја викнав да дојде со нас, се прерадува, и ги ставив алиштата во сушара и и ја вклучив, пресреќна, само оди и слика наоколу, се смешка и ти се заблагодарува по милионити пат.

    Не ми се веруваше, неспоредливи се, а стоеја една до друга. Како је вас Бог споијо... Оваа живее на една рака ориз, ја отепав од карање, ИТ ИТ ИТ, ми вика дисгастинг :rofl:.... И дадов да јаде мафини, ја намолив да проба некако, моржов се дави, крка, лапа, осеќала потреба од шеќер, 5 ги лапна како за добро утро, а од утрото до вечерта, ехе... оф Господе, помогни и... ова малово ни две ни три, го проба, епа мислам буквално и го плукна во фаца.... Не знам чија фаца беше пошокирана.... Кога почна да вика - ТУ СВИТ ТУ СВИТТТТТТТТ ТУ СВИТТТТТ; НО ЛАЈК ИТ, УИ НОУ ИТ ДИС... Цркнав, се поболев:rofl:

    Ееееее туго моја, мада што имало правда, и најавија да си ги собере парталите и гитла, а тој што сака да работи да остане... затоа што капитализам, јебеш, ви реков уште тогаш дека ја да сум и шеф досега пола од тука ќе беа дома.... и така за жал или не, моржот не напушти... Штета, ќе нема кој да вечера по трипати плус, како на такмичење и на тајмер да беше што побрзо и повеќе да изеде, ќе нема кој да ми кука после моја десетчасовна смена каде што имам сила само да се истуширам и да се комирам, дека ја болел грбот оти си преспала накриво, мрш таму, мрзи бре, мрзи, флегми.

    Животот оди во нормала, донекаде. Си купив М палто, а влегов и во С, само ај за поголема комоција.... или ја сум ослабела и сум се исушила, или системов тука е ненормален. Добив блузичка со неколку иксчиња напред и ми е некаде малку над коленици, а мислам дека со уште некој во блузата баш комотно ќе ја носиме, таман како за двајца. На луѓево тука им треба многу вода, трипати смалени ресторански порции и некој диктатор, па да видат кај се раѓа лебот.

    Читам за емигрантите и ми се плаче.... овде богаташи не знаат што попрво да направат од бес, па толку арогантни луѓе на едно место немам видено одамна... Знаев дека ќе има богаташи, ЦЕО, актери, писатели, сопственици на што ти знам што.... Ама толку се затворени во нивниот мал, богаташки, ограничен свет, ги жалам искрено. Каде се нормалните луѓе од лани, каде се интелигентните луѓенца што мирно и со уживање си читаа книги на травата, што ти се смешкаа на секое поминување, што беа заинтересирани од каде сме и кои сме и што сме... што не научија по име, што не не третираа како да имаме шуга ако се разминевме после работа... Овде те гледа и во погледот и се гледа, едноставно знаеш дека те осудува. А за што ме осудува госпоѓата, де уште еднаш? Што сум сама во три лепе си пм ли? Што зборувам два странски јазика? Што и ги кревам нечистите гаќи по неа? Што не ми дала судбината среќа моите да се нафташи или да ја имаме предноста да сме од богата земја? Те гледа како да си од некоја џунгла симнат, како да и се гадиш, као демек АХ ДА, ЗНАЕШ ЛИ КОЈА СУМ ЈАС... Ни знам, ни ме интересира, најискрено. А верувајте, секогаш ама секогаш, без исклучок, дотерани сме, со пеглани униформи, пицикато, исчешлани, бањати, намирисани, изгледаме мноооооогу културно и љубезно и секогаш пристапуваме со насмевка, ама џабе... џабе ти се сите пари на светот ако си таков...

    Да ви кажам право, може на малиот прст да ми се фане, та и она та и сите други.
    Е така.
     
    На *Ench@nted*, sweet-cherry, blackstyle и 51 други им се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Се будaм, те oбoжaвaм, не знaм штo дa прaвaм.
    Мaкедoнијa и пoнaтaму тoне вo прoблеми.

    Си рaзмислувaв, дo кoјa тoчкa требa дa се врие, зa дa испaриме кoнечнo? Чуму пак наезда од мисли, кога ништо не можам трајно да сменам? До кој степен човек пробува, па се губи? Милион фронтови и несреќи, луѓе со ставови ничим изазвани, прашалници кои чекаат одговор и погибел. Неверојатно е како со годините станувам се’ пострашен идеалист, наместо да се опраам. И поправам. Не оди. Љубов се’ помалку, а луѓе плачат за корка надеж, за топол допир. Светот стана одвратно место за живеење, ќе си речеш. Ма, неее!
    Светот отсекогаш потфрлал. Ние, луѓето сме тие што му даваат таква форма, скица, илијада и сто лица.
    Свет, природа, луѓе. Бла бла бла. Само сакам да те гушкам уствари.


    Сакав да кажам дека ќе имам некое предавање на годинашниов TED околу љубовта. Тоа е првата и последна надежна радост за која се држам храбро. Ќе читам и ќе зборувам веќе речени работи, но од срце.
    Многу промени за овие неколку месеци, уште ги процесирам и се надевам дека ќе бидам свесна за последиците. Се надевам. Не знам ништо сигурно веќе. Пловидба на нејасно море.

    Во меѓувреме, правам храна и мислам на неговиот смешен сумоборачки реп. Ја љубам неговата коса и неговата несмасност.
    Да, љубов, тоа остана.
     
    На Doozy, Giovanna, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  10. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.758
    Пол:
    Женски
    Има такви луѓе кои тврдат дека не те сакаат и тоа никаква причина не си им дал за тоа, но редовно те следат што правиш, како правиш,што кажуваш, што се случува во твојот живот,се диват скришно на тоа…
    Дефиницијата за таквите е очигледна. :)

    Добро утро. :sun::coffee:
     
    На Sunshine.Sunshine, sparklie, samovila.red. и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Сета вода во морето не може да го потоне бродот се додека не навлезе внатре во него...Истото и со негативноста не може да те повлечи надолу се додека таа не е навлезена во тебе.
     
    На samovila.red., Lella, crazylady и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Паметните луѓе не навредуваат, тие само ќе извлечат заклучок и тивко ќе те исфрлат од својот живот.
     
    На sweet-cherry, hermosa, samovila.red. и 11 други им се допаѓа ова.
  13. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.831
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сум му благодарна на чичкото на автобуска. :) Ти си добар човек.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    земав да читам една книга се вика "10 нешта од кои на жената можат да и го уништат животот" ама книгава има 200 страни читнав само малку а има продолжение за мажот-посебна книга
    ја вратив првата книгата љубовни жалопојки концентрацијата ми бега;)
    , ја земав " сексот и офисот" од Хелен Гарли Браун до сега е интересна понатаму ке видиме
     
  15. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.313
    Пол:
    Женски
    Лелееее, се превртувам од смеење. :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Еден апел до ФЕМИНА: Ќе ве молам да и' отстапите место на @Doozy во вид на некоја колумна, ама без преработка на текстовиве!!! Ова заслужува такво нешто! Само направете нешто по прашањево на нејзиниве постови, луѓе, одамна немам читано вакви текстови! :rofl::rofl::rofl: Ова извира од душа и без премногу размислување, како што е изворно во нејзината глава и така го пренесува тука! (y)(y)(y)(y)(y)

    EPIC!!! 8)
     
    На sweet-cherry, Sunshine.Sunshine, Captain-Omni и 34 други им се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Секогаш се заљубувам во некој што не можам да го имам и се опседнувам со него. Се случува оваа опсесија да трае со години и се однесува само на познати актери, манекени и сл. Моментално сум опседната со Крис Хемсворт, познат како Тор.
    Наоѓам време да се опуштам навечер, учам колку што сметам дека е потребно и се трудам да бидам среќна сега кога сум дома. Ве оставам со подзинати усти. Имајте пријатен остаток од денот :D
    Chris-Hemsworth-People-Magazine-Photoshoot-01.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    На Sunshine.Sunshine, eliesaab, Anabelle.Amorette и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Она кога на сред напнат период со хаос во главата од учење ќе си дадеш оддишка со еден шопинг на кој ќе си подариш некое парче со кои одамна си сакала да се подновиш, а сега случајно конечно си го нашла на (демек само :lol:) шетање и разгледување низ продавници... а како шлаг на тоа и фактот дека облечена во лелеава кошула, бели фармерки и без чадор си се вратила точно на време за да ја избегнеш олујата за некои неполни 15тина минути, ха! 8)

    И да, нема нешто порелаксирачко од долг туш, после кој следи отворање на омилениот плакар во купатило од кој се шират измешани мириси на свежина , на омилената козметика и чисти пешкири... и омекнувачот од мама на алиштата. :angel:
    Од освежениот воздух измешан со мирисот на липите, во кој уживаш во најудобните алишта во вечерните летни часови на тераса...
    #littlethings :sun:

    Изволите една песна за омекнување душа... :hug:

     
    На sweet-cherry, Sunshine.Sunshine, Lella и 19 други им се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    и двете најдобри другарки што ги имав и двете станале горделиви-и двете се во врска
    бидејки јас сеуште не сум во врска и се чуствувам како изгубена
    а сакам да организирам едно кафе за неколку луге на денот на мојот роденден некако нема да биде интересно без нив штознам ке видиме има време;)
     
  19. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.629
    Пол:
    Женски
    СДК Happy International BVB Day!!!!! :rock::l:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Ketchup, LUCERKA и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Таквите пак, што си зборуваат на носот како демек привилегија е да го слушнеш нивниот глас, па не сакам ниту да ми се обраќаат.
    Сериозно? Исти ми се со оние кои пружат рака како да очекуваат ќе и ја бакнеш место да се поздравиш. Пружи рака ко човек, збори јасно и гласно, да го е*ам, знам дека сите не сме исти, ама потребата да бидеш гледана како некоја нежна принцеза ми е пресмешна.

    Таква пресметливост во тонот е глума, ама лоша глума. Па и по потреба, ако се погоди некој маж, ќе го снижат уште повеќе и ќе го излигават до нивниот максимум. И сето тоа сите го забележуваме, и се смееме, и нема потреба мислам за такво глупирање.
     
    На anuskaNESTLE, Sexybaby86, Captain-Omni и 5 други им се допаѓа ова.