ајде да видиме кој е колку себичен во врска..дали се посебични машките или женските? за што се себични? и колку тоа ви смета?
Себичност....ми смета и тоа ужасно. Не само во врска, туку секаде. Но да не забегувам од темава. Мразам егоистични фраери кои воопшто не ни размислуваат дали си добила, дали те дрма ПМС, дали сакаш и дали си расположена за секс; фраери кои не разбираат како е кога ти го нема мачето една недела и кога не можеш да спиеш затоа што си се искарала со најдобрата другарка. Во врска не треба да изиграваш дух од ламбата и да му исполнуваш желби некому. Тоа е нешто кое се потпира на компромиси и усогласувања. Само во еден слушај ја оправдувам себичноста во врска: кога се јавува наизменично кај едниот и другиот.
Да ви кажам искрено, мене најмногу ме иритира себичност во сексот. Ке си сврши тој, з за тебе-Цветко го боли. И го гледаш виси над тебе, ти се поти и стенка , ти си лежиш ко глупава со голема желба за уште, а уште поголема да му ја акнеш една и да се ничкоса.
Има и за ова решение, ќе си бараш втора партија Инаку и мене ме иритира себичноста, мразам кога некој мисли само на себе, да си касне, да си се напие, на пр. а за другите баш му е гајле дали ќе има, битно таа личност ќе си се засити.... Мразам и кога некој во друштво цело време се истакнува и само тој /таа збори, како другите да се присутни на монодрама...Мразам кога некој од кого очекуваш да ти помогне, ќе си легне и нема ни да те погледне...а знае дека баш тогаш таа помош ти е најпотребна...тоа се за мене случаеви на себичност...во моментов тоа ми е најтазе
Така си е тоа, ке си бара и втора и трета, ама очигледно дека му фали нешто па дозволува да не ја задоволи девојката од прва. А уште и "презадоволен" ако нема душа за втора да доживее... го обравме бостанот. Себичен бе. А и не знам од кој разлог, кога него помалку важно ке му е да доживее оргазам, отколку женска утре да го фали како растура во кревет. Себичноќа бе ти се вика тоа... море нерационалност.
Мене многу ме нервира себичноста општо во врската . Јас лично и кога искачам со дечко ми нема мои твои пари него кој прв се фати за џеб или кој има повеќе пари во моментот . Се дешавало ако ми треба 20 денари за вода а јас ако имам 100 , он да ми даде ситно или обратно . И немало после као ај ќе ми вратиш ова она , денес он платил или јас утре другиот .
Јас немам вакви проблеми ние во овој поглед сме рамноправни...Никој од нас не е себичен во однос на другиот секогаш ги делиме работите...Не е битно кој ќе земе повеќе,а кој помалку...
И кај нас е исто ,некогаш плаќам јас некогаш тој зависи кој колку пари има и дали воопшто има. Не сум некоја материјалистка која чека само дечкото да ја чести и тој за се и плаќа неубаво се чуствувам ако дојде два пати по ред тој да плати па не секогаш да плаќа . За да опстои една врска неможе да постои себичност ,кога го сакаш некој и си спремен да го поделиш со него целиот живот иста куќа ,ист покрив ,финансиски средства ,да споделуваш и убави и тажни моменти ,и во добро и во зло како што се вика па што останува збор за некои ситни работи која да плати за кафето и слично . Понекогаш дома кога имаме нешто за ручек убаво зготвено ми е мака ако не му однесам да проба и тој во некое чинивче . Романтично ми е и кога ќе си поделиме мастика ,мало чоколадо или јаболко. Сакам да делам се со него . Мразам себични луѓе и не би можела да опстојам во врска со некој таков.
Невина сум и не знам како ти е, ама ме пресмеа. Втор да ме насмее некој на глас од форумов. Јас лично мразам кога некој е себичен во врската, сум имала такви случаеви и дај боже да сум лишена од истите во иднина. -.-
А кој не мрази себичност во врска или пак бог да чува во брак. Ама девојки да бидеме реални, некогаш и ние жените плачиме за ќотек. Јас барем за мене да си кажам,неретко сакам да ми ги читаат мислите, ич неќам да барам нешто, а потоа ако не го добијам се лутам и се силам дека ете бил себичен со мене. И тоа борба паѓа во докажување, а недај боже да сум во пмс, тешко нему. Се слушам сама себе и знам дека сум крајно нелогична ама нема бреее, женско его, бог да чува. За мене пак мислам дека и претерувам во давањето, од дете си ги давав последните пари по другарки, или велосипедот, тие се возат до дома, а јас си одам пешадија, едно пола сат сама. Исто е и сега во бракот, кај што има љубов не смее да има место за себичност. А особено во почитување на чувства и расположение,не може тој убиен од работа јас да го терам да се журкаме по кафани оти ете мене ми се излегува.
себична сум кога не сум доволно заљубена.. кога не е тој вистинскиот што може да ме спушти на земја и да ме сопре во моите себични цели..
Мислам дека нема многу веза тоа дали е "презадоволен" или не е, некои едноставно немаат душа за повеќекратни партии, јбг. А иначе и моите најголеми проблеми во врската ми биле со себичноста во сексот. Значи благословени да бидат цурите што можат да свршат повеќекратно, барем така не е проблем кога ќе финишира таа прва. Проблемот е со вас пречувствителните што после свршување само ќе ти кажат ТРГНИ СЕ БЕ, СТОЈ, НЕ МОЖАМ ПОВЕЌЕ, и онака повеќе од хумани причини ќе ти се понуди да те доврши мануелно, ама бидејќи таа си е задоволна, гледа само да те извади од ред т.е. уште малце и рани да те направи...
Мразам себичност во секаков облик во било кој однос! И во врска и во другарство и себичност за материјални работи и себичност во искажување чувства.Секогаш споделувам и сум отворена за дружење и во љубовта давам несебично.(можеби некогаш ова ме кожта многу но таков човек сум ) Мразам кога некој ми глуми повреден од љубов,па сега ќе е претпазлив да не згреши,ќе е затворен кон мене.Ако ме сакаш,те сакам,ако не планираш ништо ајт нек се угоде!
Не сум себична кога сум во врска, барем не кога сум заљубена. Сакам да му биде убаво и правам се што можам за да биде така, сакам да си делам работи со него и не си гледам само за себе. Во врска не смее да постои себичност.
не ја почитувам оваа особина но понекогаш се факам себеси во дадена ситуација како сум била малку себична ама не ми се зема за зло пошто тоа е тоа така симпатично
Понекогаш сите сме несвесно себични. Порано бев многу себична во љубовта зашто никој не ми бил толку битен за јас да делам нешто што сметам дека не го заслужува.Но сега откако си го сретнав душичето мое,се смени се Се трудам во секој поглед да му биде убаво.Давам многу,но и добивам многу.Тоа е взаемно
Има и себични машки и себични женски, не знам кои се полоши. Имам искуство со личност која не сакаше ништо да и биде забрането а сакаше да забранува. Од толкава себичност се лутеше за се и сешто ако не е по негово. Не знам како издржав со таква особа година ипол.
Ова многу ме нервира. Не треба да гледаш само за себе. Каква врска е таа кај што не ти е гајле за партнерот? Кога си ги гледаш само своите интереси?