Болките се нормални, како расте бебе така боли се на тебе само без паника. Јас се надевам пред да почне август ќе завршам работа само со Господ Напред.
Добро е Ивани значи се си е добро, сега ти е смирена и психата што велам јас. Бебушка расне и ќе има слатки болки.
Снеже од утре е на одмор? И сестрата? Направив утка закажав за на трансфузиолохија и си го заборавив упатот да го земам.
Тие што имате абдоминален серклаж и успеавте да ја износите бременоста до крај, каде се пораѓа те? Дали кај истиот доктор што ви направи серклаж?
Не мора кај истиот Мене серклаж ми правеше Обедниковски во Бт, а се пораѓав Ск на клиника, Самарџиски и Ливринова Претходно морав да лежам таму, па ме пораѓаа тие. Инаку планирав во Струга да се пораѓам, во државна Можиш кај сакаш да се пораѓаш.
Ти благодарам на одговорот, јас правев серклаж кај Димитров и мислев дека мора тој да ме породи... Секако мене ми е рано, 8+2 сум но сакав да ги расчистам дилемите на време
Каде го правеше серклажот? Јас утре треба да правам исто отворен абдоменален, ќем го правам кај панчевски во систина. Ти како помина? Малце ме фака страв
Јас го правев во Плодност, Битола. Супер поминав, нема потреба да се плашиш. Воопшто не е страшно, слушај препораки на доктор за после серклаж и се ќе е во ред Со лесно утре и со лесно да ја поминеш цела бременост
И јас имам закажано заботворен серклаж кај Панчевски, те молам пиши ми како помина операцијата, јас сум 12та недела
Завршививме, добро помина операцијата, кажи ми ти која недела се породи, која тежина ти беше бебето, читав дека анестрзијата може да им некои несакани дејства врз бебето...
Јас се породив во 36та, 2300гр беше ќерка ми, супер витална. Ама секоја бременост си е различна приказна Имав лоша историја претходно и не можеш да споредуваш, со никоја бременост Верувај дека се ќе биде во најдобар ред и навистина ќе биде! Тоа што го мислиш, истото ќе ти се случува Слушај доктори што ќе ти речат, размислувај како ќе го поминуваш времето со бебче и мисли позитивно! Се ќе биде во ред
Извини те пукнав со прашањава ме интересира дали функционираше најнормално со серклажот или внимаваше, лежеше повеќе?
Зошто извини, уживај Што и да треба прашај си, затоа е форумов. Сме го поминале тоа, знаеме како е Јас имав тешка историја претходно и откако разбрав дека сум бремена, додека се породив цело време лежев, станување само до вц и за контроли За твојата состојба најдобро да ти кажи Панчевски, прашувај го СЕ што те интересира. Претпоставувам дека не треба баш најнормално, ама можи не треба и цело време лежење. Консултирај се со Панчевски обавезно. Ако треба список направи на дневните активности што ги имаш и после со него заокружи што можеш, што не Јас мојот доктор СЕ го прашував, дури дали смеам кафе да си сварам и да поседам 5-10мин за да го испијам дозволено ми беше и тоа Слушај доктори и најважно од се, верувај! Верувај дека ќе си ја износиш бременоста и ќе се гушкаш со бебче