Не мисли на лошо,мене во 18та недела ми го ставија серклажот и си држеше до самиот крај т.е во болница ми го тргнаа заради покачен притисок планираа да ме породат веќе. Иначе си држеше без никаков проблем,ниту инфекција имав со 10 мм цервикс во 33 недела јас се породив во 37+3 и тоа пак ќе кажам во болница ми го отстранија конецот.
Не мисли на лошо ич не го размислувај како опција. Знам дека неизвесноста во нашиве бремености не плаши, но мене форумов и разговорот и разменетото искуство со секоја од вас иако не ве познавам мислам дека ме оддржи овие 11 недели и сеуште ме држи. Беше на преглед минатата недела, има некаква промена?
Бев на преглед и направив брисеви и чисти се, сега во Среда сум кај Јане во ремедика на преглед пак за да се одлучи што ќе се прави ама јас сепак сум за серклаж да ми стават. Моментално ми е компатибилно грлото само што е скратено. Докторот ми рече за во 14та недела е мн рано за серклаж… во среда веќе ќе бидам 16та па ќе видиме. Дали после серклаж исто строго се лежи? Може ли да ми го опишете еден ваш ден лежам генерално цело време веќе една недела одам само до вц и да си направам за јадење, и мн кратко по дома знам да прошетам (пошто имам и 4годишно дете) Фала ви❤️
По серклажот само лежење. Знаев и јас да станам да земам од фрижидер храна, или краток туш, или кругче низ дневна, но одкако грлото дополнително ми се скрати во Декември сега не станувам воопшто. Само до тоалет и одма назад. Лежам 24/7 со перница под задник и нозе, не смеам да се бањам често (си дозволувам 3-4 минути туш еднаш во 8 дена колку косата набрзина да ја измијам), мијам заби, јадам и пијам строго во кревет. Не се фокусирам на далечни термини, целта ми е 'уште оваа недела' за да издржам полесно. Пробувам да читам, да слушам музика или да гледам серии ама има денови кога не можам да го направам ни тоа но сватив дека и тоа е океј. Во мојот случај верувам дека да не ми стаеја серклаж немаше да издржам волку ( не сум медицинско лице, можеби не е така, но физички осеќам колку не можам да го носам стомакот и колку тежи надолу). Само позитивна мисла, ќе издржиш
Браво за издржливоста, психата е најбитна работа во ситуацијава и позитивна мисла, и јас не гледам и не се фокусирам на уште колку имам до крај пошто осеќам дека ми ствара анксиозност и паника. Имам опција да работам од дома и тоа и тоа ми е супер сега за сега ми поминува побрзо времето и не мислам. Ти имаш стварно уште малку ќе биде се добро, штом до тука си стигнала ќе издржиш уште некоја недела, не сме ни први ни последни, само е битно да е се добро❤️
Јас летоска ставив серклаж во 20та недела и потоа 9 недели строго лежење. Само до тоалет и секој вторник на контрола кај докторот. Навечер немаше серија и филм што не ги изгледав, но исто така имав среќа што од работа ми дозволија да работам од дома па не отворив патолошка и преку ден со перниците под мене, масичка за лаптоп на нозе и така во полулежечка позиција работев. Секоја сабота влегував во нова гестациска и секоја недела си поставував цел да издржам до следната и да влезам во први безбедни недели па после во други безбедни недели и веќе средина на август докторот ми рече дека можам да станувам и да шетнувам по 10 минути. После во септември веќе и се вратив на работа по неколку саати неделно и дури и цел курс кај Јасна го проследив со физичко присуство. Конецот ми го извадија 37 недела, а се породив точно во 39 недела, природно. Така што, само опуштено и без многу многу overthinking. И среќно и со лесно
Фала на инфо ❤️ јас исто работам од дома ама генерално сум свртена на лева страна во полулегната позиција и малку свиткани нозете и така ми стои и лаптопот на масичка страв ми е да легнам вертикално со лаптопот над мене може да ми објасниш точно како функционираше со лаптопот пошто не сум сигурна дека правам како што треба. (Се извинувам однапред за глупи прашања) поздрав❤️
Нема глупави прашања И јас лежев на лево често, за да не ја оптеретам и вена кава. Иначе ставав перници под нозе, да ми бидат кренати најмногу што може, и под гз исто имав 2-3 перници, а масичката за лаптопот ми беше потпрена/подигната на трудничката перница кај бутовите, подалеку од стомакот, не знам дали добро објаснив. Ама во секој случај, собери ги сите перници од дома и намести се така да немаш притисок на долниот дел, некако како да лебди тој дел.
Грлото ептен се скрати и меко беше. Во 16 недела 27мм, во 19та 23мм и веќе во 20та во петокот бев на преглед и одма во понеделник сабајле на операција. Ставив во Систина кај Дракулевски.
Денес полна 37ма, со цервикс 1,5 од Декември. Сеуште сум со конец, денес сум на преглед. Сите што сте на иста мака без губење надеж
Lele bravo! Odlicni vesti! Se raduvam za tebe! Veke si vo najbezbednata zona, mozes konecno malku da se opustis. So lesno i ocekuvam vo skoro vreme da ni pises so preubavi vesti
Те молам ако го тргаат серклажот пред породување да споделиш како е . Мене на бокс ми го тргаа и не изгледаше како конец туку како железна спирала . Во Хрватска ми кажаа 36-37 на преглед се тргнал и се чекале болки породилни . Браво мама , браво
И јас лежев исто така,ме породија кога влегов во 37 недела,пред царски го извадиле серклажот не ни осетив,во безбедна зона си,со лесно
Здраво девојки Да се пофалам после 3 спонтани , конизација , еднометриоза две хистероскопии после една година од абдоменален серклаж сум бремена Дали има некоја да сподели некое искуство за бременост со абдоменален серклаж. Љубов до сите ❤️
Мене во Систина Панчевски ми го тргна во 36та. Зошто понатаму само поголем притисок се прсви врз конецот и да не е баш пријатно чувство додека го вадат
Јас имав успешна бременост со абдоминален износена до 38 ма со закажан царски. Супер се беше, си лежев поголемиот дел од бременоста, супер ми издржа и грлото не се оптерети воопшто а сум со скратено од конизација. Имај во предвид само дека може да чуствуваш повеќе сензации и затегања поради него ама ништо страшно чисто да знаеш. Има групи на фб странски со искуства со ваков серклаж и 99% се успешни. Поздрав и секое добро
Па мене ми беше гадно искрено. Кога ќе размислам може подобро пред пораѓај на една болка и кога фокусот ти е на друго да ти извадат отколку вака ко мене во 36та. Па после во 39та си се породив и пребрзо се отварав