дали примавте дома некаква терапија по ставањето на серклаж, освен утрогестан? вчера ми ставија серклаж, 16та недела сум. ви благодарам за одговорот
Вагинално, има подобар ефект и е близу цервикс, го зацврстува зидот на цервиксот и помага за да не се отвори. Додека орално организмот преработува само 30 % и не дава доволен ефект. Се зима до 35,6 недела.
Ме интересира нешто.. Имам скратен цервикс, беше се нормално наеднаш се скрати, не се знае дали и следната бременост ќе го имам овој проблем. Прашањето ми е...по некоја моја логика и нешто што имам читано дека доколку трудница со скратен цервикс се пораѓа природно, дополнително го иритира цервиксот за да следната бременост биде потешка од првата, и е можно цело време да е со прст два отворена. Па во овој случај побезбедно е царски...Дали е вистина, дали некој доктор го има ова потврдено? Јас имам следен преглед наредна недела и баш ќе прашам ама ме интересираше и ваши мислења.
Мене па различно ми кажуваат. Едни сабајле пиј утрогестан, навечер вагинално. Некои само вагинално, други само да пијам. Ужас никако да се усогласат матичен, д-р што ме следи на скрининг и д-р што ме водеше додека лежев на ГАК
Водам бременост во Германија и имав разговор со повеќе специјалисти за тоа прашање вагинално или орално. Сите од нив се со ист став. Утрогестанот/ Прогестерон е хормон кој најдобро се апсорбира доколку е земен вагинално, бидејќи е најблизу до цервикс, орално апсорбира само околу 30%. Орално се зимаат само во случај на вагинална инфекција, а за скратен цервикс помагаат и те како.
Примам сеуште, цервикс 1,5, моментално 36г.н. Во 22г.н ме фатија контракции и од 4.0 за 7 дена стигна до 1.0 Од тогаш натаму со утрогест, магнезиум и лежење во кревет цело време со последни сили, бројам денови..
Супер е во 36та да е 1,5. Мојот е сега 2,4см (35+ сум), а ми беше 1,9 во 31ва недела. Ти си веќе во безбедна зона, за кратко ќе се запознаеш со бебенцето. Мене ми кажаа да почекам до 37ма барем
Немам серклаж, почна да се крати цервиксот во трет триместар, и не беше дозволено серклаж. Само да се мирува. Доколку немам болки да си почекам до 37-38 недела. А доколку имам болки, повеќе скратен цервикс, почнам да се отварам, пукне водењак не било проблем и порано да биде пораѓајот Термин по последна менструација е 06.10
Супер, баш ми е мило. добро е што и без серклаж дотука стигнавме. Мислам дека сепак мирувањето овде заврши најмногу работа.
Здраво на сите, јас сум 26 недела со близнаци, должина на цервикс = 22мм и 17мм, зависно кај кој доктор. Дали некој има искуство со серклаж во оваа недела? Генерално читам дека не е препорачливо толку касно да се прави, па ако некој има искуство, ве молам пишете. Фала многу
Касно е за серклаж, со близнаци не се препорачува. И јас сум со близнаци тие недели почна и кај мене да се крати, мирував пиев утрогестан и уште едни вагиналети пет дена ставав и толку. Сега сум скоро 36 недела.
Дечки и јас да споделам искуство со серклаж. 21 недела сум,втора бременост ми е. Со првата немав ников проблем. Едноставно прокрварев и одма кај матичната која ми измери 17мм грло на матката. Уште утредента отидов кај Палчевски во систина кој ми ја закажа интервенцијата за наредниот ден. Се помина добро, се чувствувам како ништо да не е правено, само главата што ме боли од анестезијата. Неможам да најдам некој дали пишал за бебето и влијанието врз него од анестезијата. Дали има последици и сл. Поздрав
ЗДраво, мене исто ми стави Палчевски серклаж во август, во 16та недела, со измерени 18мм на грлото на матката. Анестезијата е мала количина, за да не трае повеќе од 15мин, колку што и трае интервенцијата. СПоред докторите за толку кратко време нема опасност за бебето.
Фала ти на одговорот. Сега како си? Дали уште си во лежечка позиција? . На контроли колку често одиш и дали одиш кај Палчевски?
Да, во лежење го поминувам денот. Најдолгото стоење ми е 10-15мин за бањање или да си спремам појадок. Прилично сум дисциплинирана и со ваков начин на функционирање, после 7 недели грлото беше зголемено за 6мм. НА контрола првиот пат бев после 3недели од ставање на серклажот,кај Палчевски, а после 4недели,во 22бев на скрининг кај Панчевски и го замолив и грлото да ми го измери. Во принцип договорени сме со ПАЛчевски прегледите да се на 4недели. Ок сум, на моменти кога ќе се залежи бебуш доле ме фаќа шубе дека знае да клоцка таму и ми притиска па не можам да мочкам ☺,