1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сертификати

Дискусија во 'Образование' започната од danichap, 18 август 2011.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    дали имате искуство со полагањето на сертификати за странски јазици?
    кое е васето мислење на оваа тема, дали се тие потребни/ неопходни?
    моземе да споделиме искуства, информации и мислења на оваа тема.
    мене лиЧно ми беа неопходни за да аплицирам и запоЧнам со моите студии,имам полагано ibt toefl за англискиот и a1.a2.b1.b2.c1 и dsh за германскиот

    како корисна литература мозам да ги препораЧам
    Longman Preparation course for the Toefl Test и
    em neu Deutsch als Fremdsprache од Hueber
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. xoxoxo

    xoxoxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Јас досега не сум полагала, но секако дека се неопходни доколку аплицираш за студии или работа во странство, а богами и кај нас ги бараат во некои фирми :)

    Можеш да споделиш информации за TOEFL, каде го полагаше, колку пари, дали беше тежок и сл. Лошата страна на ТОЕФЛ И ИЕЛТС е во тоа шти имаат рок на траење и тоа само две години :(
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Официјалниот рок на траење на TOEFL е на жалост само 2 години, меѓутоа ова правило важи само за упис при разновидни образовни инстутуции, при аплицирање за работа сѐ уште овој сертификат се гледа мерило за познавање на англискиот без временско ограничување.
    Јас конкретно не го полагав во Македонија, меѓутоа цените и принципот се исти насекаде.
    Тестот кошташе околу 120 еу.
    Пред да го уплатам, во рамките на школата полагав еден друг тест, за да проценат до кое ниво ми е англискиот јазик. За оние што не го имаат задоволителното ниво им препорачуваа да ислушаат 1-2 степени пред да се обидат со toefl.

    Кај овој тест лошото е што и да ти е англискиот мајчин јазик, може да се случи да не го положиш или да имаш полоши резултати од некој на кого англискиот му е втор јазик.
    Многу е важно да се совладаат потребните техники. Јас го имав потребното ниво на анг. меѓутоа ми препорачаа краток курс(мислам дека беа 10 часови) каде што беше објаснето значењето, текот, техниките на овој тест,совети за литература и една toefl проба. Цената беше околу 140 еу.
    internet based toefl(ibt)
    слушање 30 бода
    читање 30 бода
    зборување 30 бода
    пишување 30 бода

    Минимумот што е потребен за една академска институција е 79, а подобрите уни 90.
    Заедно со останатите апликанти се наоѓаш во една огромна просторија, секој седнува пред комп, со слушалките на уши и почнуваш.
    Читање- имаш неколку текста, со прашања под секој. Текстовите се од најразлични области, мислам дека јас имав од астрономија, микробиологија, медицина, физика, хемија. Зададени се неколку можни одговори кои се слични и двосмислени, треба вистинскиот да го штиклираш.

    Слушање- слушаш текстови, фаќаш белешки од она што си проценил дека е најважно и потоа одговараш на зададени прашања.

    Зборење-овој дел е за мене лично најтезок. Поставуваат прашање, имаш краток временски период да составиш белешки(не се сеќавам точно колку секунди беше) и веднаш треба да почнеш да зборуваш и да дадеш одговор на прашањето во траење од неколку минути. Многу често може да се случи да си одличен оратор со супер англиски но едноставно да се здрвиш или да немаш што да кажеш на темата. Прашањата беа од стилот: како запознаваш другари/дргарки, зошто сметаш дека би бил добар претседател, повеке сакаш ванила или чоколадо сладолед и зошто, повеке сакаш кино или театар и зошто...оние техники тука беа многу важни.
    И на крај се пишуваат 2 есеи, на предходно зададени два кратки текстови, еден со нормална содржина и еден на академско ниво.
    За резултатите се чека околу 2 месеци мислам. Доколку сакаш втор примерок од сертификатот, мислам дека се уплаќаше он лине околу 10-15 евра за накнадно да пратат уште еден.
    Се надевам информацииве ќе им бидат од корист на сите што се заинтересирани за овој тест.
     
    Последна измена од модератор: 12 јуни 2017
    На Espadrila и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  4. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Се подготвувам за полагање на IELTS, General Training ниво.

    Кога ја уплатив сумата (8300ден) и ги испратив потребните документи во British Council, ми пратија линк со тестови за подготовка, Road to IELTS Online. Денеска примив маил дека една недела пред тестирањето ке има подготвителни часови на кои ке бидат објаснети деловите од тестот и ке давале совети за постигнување подобри резултати. Часовите чинат 1000 денари и се мислам дали да одам? Не сум од Скопје.... Имам книга, тестовите оnline, генерално знам како изгледа тестот, јазикот го владеам одлично па сакав да прашам дали некој ги посетувал овие часови и дали вреди да се оди?
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Шана, дали го полагаше тестот, беше ли на подготвителни часови, како помина?
    Јас сега се думам дали и каков тест да полагам.

    Се мислам помеѓу FCE, TOEFL и IELTS.
    Плус, малку сум за'рѓана, па ќе ми треба време за подготовка...
    Девојки, ако имате некои совети или искуства во врска со темава, или каде би ме упатиле за полагање, ве молам пишете.
     
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Пред две години јас полагав CAE(Certificate in Advanced English) што му доаѓа едно ниво повисоко од FCE ама спаѓаат во истата група на сертификати ЕSOL (English for Speakers of Other Language) само различно ниво. Овие тестови се од Кембриџ/Оксфорд и има различни нивоа (Освен тоа највисокото ниво Профишенси, шти ретко кој го полага)

    Во Скопје, може да се полага само преку British Council, имаат простории во универзитетска библиотека. Во зависност од нивото различно се плаќа па така мислам FCE беше околу 100 евра, CAE околу 150 евра. Тестот има 5 дела reading, writing, speaking, listening и use of english. Ако сакате кажете ќе ви објаснам надолго и нашироко за секој од нив :D
    За мене не беше којзнае колку тешко ама стварно се спремав ем идев на часови ем и дома сама си вежбав. Е сега колку што знам имаат направено и некои промени, ама тие идат во прилог на оние што полагаат.
    Иначе за тоа каде е прифатен, насекаде во Европа без проблеми го прифаќаат сертификатот, јас баш се спремам да аплицирам за Еразмус и стои или ваква диплома или TOEFL или IELTS. Не сум сигурна само во Америка како е, затоа што кога се распрашував за студирање таму му рекоа дека оние барале исклучиво TOEFL, ама кој ги знае може за различна намена да е различно.

    Не знам што уште да ви кажам, ако сакате нешто да ме прашате слободно.
     
    На Cka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Баш ова ме интересираше, каде се полага, друга феминка веќе ме извести дека книгите за подготовка можат да се купат во Англискиот центар и чинат околу 1300 ден.
    Значи само цената за полагање изнесува 150 евра, затоа што гледам различни приватни училишта кои нудат часови за подготовка на CAE Advanced и цената е тука некаде за часовите, што значи дека за едното и другото треба да одвојам некаде околу 300 евра, така?

    А каде земаше ти часови ТајгерЛејди? И колку време траеше подготовката, тука на сајтовиве гледам нема наведено временска рамка...

    И фала многу за одговорот.
    :hai:
     
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас одев на англиски уште од основно во истото приватно школо Филос, и таму околу две години не спремаа за Адванс (јас полагав во четврта средно) што е многу.

    Искрено, ако ти идат јазици и знаеш англиски можеш мислам и сама да го спремиш. Обично по школиве за една година ги спремаат за Адванс. Јас би ти препорачала обавезно да ги проучиш тие книгите каде има упатства што се бара од секоја вежба и како да и пристапиш, онака баш некои клучни ситници кои многу ќе ти помогнат. Тој делот writing исто е доста важен, носи многу поени а не е комплициран, целата филозофија е да ја запазиш формата и да ја опфатиш темата. За reading и use of english ти треба пракса, рутина. Во Бритиш Каунсл има книги со вежби, а можеш да побараш и на интернет има многу примери и вежби. Listening е жива глупост, најсериозно. Ако гледаш серии и филмови (а мислам дека гледаш :D ) обавезно овие британскиве гледај ги без превод, за да ти се навикне увото, мене ова ми помогна 100 пати повеќе од тоа што на курс вежбавме. Speaking разгледај ги правилата.
    Јас кога полагав овој дел ме зезна односно партерот кој не ми даде да дојдам до збор, и како морон некој имав малку поени на ова а цел живот зборам англиски |(

    За книгите тие од Бритиш можеш и да ги изнајмиш мислам па да ги фотокопираш, поефтино може ќе ти се фати. Иначе да за испитот е 150 евра, ама најдобро отиди во Бритиш и прашај си, ќе ти кажам точно што како, кога треба да се пријавиш и слично.
    А ако планираш да идеш на курс, распрашај се по пријатели, роднини каде стварно спремаат. Јас знам дека во Центар за странски јазици убаво спремале ама мислам поскапички се тие. Ти прво преслушај си се дали стварно ти треба некој да те спрема.
     
  9. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    А кој е баран повеќе, CAE или TOEFL?
     
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Зависи за што ти треба.
    ТОЕФЛ најчесто го бараат при прием на фак. (посебно во странство).
     
  11. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    За вработување ми е повеќе...
     
  12. slatki4kapp

    slatki4kapp Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Девојки молам за помош
    Дали можете да ми кажете нешто повеќе за TOEFL тестот?
    Ќе го полагам на 11 мај, но многу ми е страв :)
    Кажете ми дали тестот е тежок?
     
  13. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Планирав да полагам за FCE, ги имам завршено 8те степени курс и 8миот беше како подготовка за FCE, книгата се викаше ready for FCE ,но не собрав пари,време :talk: :talk: ,...да си бидам искрена ми фалеше желба :tmi: т.е ме мрзеше :worried: па оставив за кога ќе имам потреба од таков сертификат |( :)
     
  14. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    Ако некој/а полага IELTS може на оваа страна да побара, има доста корисни информации :* http://learnenglish.britishcouncil.org/en/ . Има и граматика и вокабулар и информации за испитот. Поздрав! :) .
     
  15. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Да не ми беа сертификатите, немаше да ми дадат ни да аплицирам за приемниот (за во странство знорувам)

    Имам полагано за петмина стручни технички науки во Грција, имам сертификат од Мајкрософт, и од Универзитети од Шефилд и од еден од Холандија (незнам како се викаше). Без овие немаше да ми дадат место ни за приемен, кога видов колку децата од светот се спремни ми се заврте.. Учат лугето не спијат ко пола наша држава..
     
    На Taccka и richgirl998 им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.109
    Пол:
    Женски
    Имам завршено 8 степени по англиски и сакам да полагам за сертификат. Ама никако да се нафатам. Ме фаќа мрза. :D
     
  17. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
  18. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Женски го има некоја полагано TOEIC? Кај што одев на курс професорката ни кажуваше дека овој бил многу добар, нешто како FCE со тоа што полесно било да се положи и плус немал ограничен рок на важност.. Некој да сподели искуство? Баш од кога мислам да се распрашам ама па сеа со факултетов и време ќе немам ама сепак секоја информација е добродојдена :)
     
  19. sindi87

    sindi87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали може да ми кажете нешто повеќе за TOEFL тестот и кое школо или професор би ми го препорачале за добро да се подготвам?
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Може каснам али ај.
    Не е лесно, а не е ни тешко.
    Да не го положиш нема шанса!
    Си има делови, пишување, слушање...незнам не ми текнува даље..
    Значи ти даваат книга од центарот кај што учиш и цд мислам дека имаше...се спремаш
    Толку ми текнува за сеа одамна полагав :D