Девојки го користам на Накоми вит Ц 15% наутро. После употреба го чувствувам ептен леплив и тежок на лице. До мојата кожа е или таков е серумот?
Мислење за серумите со витамин Ц на Гарниер? Има сега гледам и некој нов во продажба , ноќен. Стварно не знам кој да го земам. На La roche posay не ми се купува веќе зошто за 2 месеца треба,да се искористи. На Накоми мн леплив ми беше некако и ме печеше лицето од него. За Алверде и Балеа читам немаат витамин Ц внатре воопшто. Освен ете да каже некоја и овие дали ги користела на Виши исто брзо во последно време ми оксидираше.
Јас го користев на Гарниер тој денски што е и воопшто не ми се допадна,ефект немав никаков а кога ќе го нанесев мн тешко го осеќав на лице како мрсен е и така се осеќа преку цел ден без разлика после што ќе ставев спф
Јас го земав на Накоми и забележав дека е леплив кога ќе ставам 4-5 капки. Намалив на 3 и после 4-5 мин откако ќе упие воопшто не е леплив.
Не си ги давај парите, Гарние витамин Ц не ми се допадна ни мене. Не ми е пробан ноќниот, обичниот го користев еден период и го баталив, се префрлив на Пурито. Тој ми е супер, ама е поголема количина (шишето е 60мл) и поспоро се троши. Ама скроз ми е погоден. Би го купила пак, иако за следен пат би сакала нешто со малку појака концентрација.
Не сум задоволна. Нема ефект. Пишува дека помага против темни дамки. Не си давај пари за џабе. Ова е дневниот серум.