Имам уште многу малце од Сона гелот и ќе си го порачам. Па ќе ви пишам за некој месец впечатоци, ама според составот, ќе ја биде работата. Пу пу да не се урекнам
Ми треба мислење за iunik tea tree relief serum и some by mi AHA-BHA-PHA 30 days Miracle Serum. Kој е подобар за мрсна кожа склона кон акни ?
Јас го користев some by mi aha bha pha серумот и тоникот , за мрсна кожа склона кон акни е одличен, ми го осветли тенот , не ми излегуваа нови акни и делува на флеките , а од истата линија на iunik го користев хидратантниот гел-крем и е предобар исто.Нема да згрешиш одлична комбинација се. П.с сега од some by mi го користам snail truecica и има исто дејство и ефекти и е уште подобар за флеки и црвенило, но и акни секако.
Не баш драга, ја ретинол никогаш не препорачувам (особено не за брчки), а башка полисорбат 20 е дел навтен дериват. Остатокот од состојките е ок.
Не можам да ти пишам порака па затоа ти пишувам тука. Ги видов двата серуми (Витамин Ц и хијалуронската киселина) на Гарниер во Рамстор. Ги продаваа за околу 300 денари. Ова беше во оној Рамстор во центар, трговскиот но би требало да ги има и низ останатите низ Скопје.
не, не се користи ретинол, ниту салицилна киселина. Се уште не се испитани на трудници и мајки што дојат. Ретинолот не се препорачува дури за време кога планираш да останеш бремена
Ништо страшно, ќе ти се најде за понатака. Чувај си го неотворен, ако рокот на амбалажата е во ред би требало да биде добар за употреба.
Може да се користат гликолна, млечна и азелаинска киселина од хемиските ексфолијанти со концентрација до 10%. Може и витамин Ц. Исто може и ензимски пилинзи да се користат. @eli25