Машала убаво бебе. Честитки, да е жива и здрава, а на тебе мајче уживање во мајчинството. @Mari-Ja да не се породи? Ја нема овие денови.
@LanaDelR да сте живи и здрави, уживај во најпрекрасниот период од животот! Ми се допаѓа што си позитивна и што си пишала дека чувството е прекрасно.
Мешковцииии Да ве известам дека денес во 12:45ч станав МАМА Се роди синко во 38+0 недели. Тежок 3330кг и 52см најубав на мајка. Ме породија со закажан царски со целосна анестезија. И поминав супер еве сега се трудам да спијам за од утре да сум свежа за синко. Ве гушкам најмили и со лесно на сите вас Ќе ми фали дружбата со вас; но кога ќе можам ќе ве читкам
@sofi2107 честиткиии Да биде жив и здрав и најсреќни да сте . Леле што убаво , со душа го чекам овој момент. Со лесно и побрзо да се опоравиш , гушки .
Честитки мила. Да ви носи само среќа и убави моменти цел живот.. Сега уживај во мајчинството, изгушкај го синко од мене и не не заборавај, кога ќе можеш пушти абер како сте.
@sofi2107 живо и здраво нека е, секогаш да сте горди и најсреќни родители! Со лесно нека е опоравувањето и уживај во гушкањето со синчето што седеше во меше 9 месеци, не можам да си замислам какво е чувството... Поздрав од