Јас сакам да ви се заблагодарам на сите! Ми бевте огромна поддршка овие девет месеца. Иако не коментирав многу, секојдневно ги читав сите ваши постови и во голем број случаи ми помогнавте премногу, како психички така и физички ( омилен детал ми беше ладно млеко пред спиење против киселини - се преродив ). Денес моето бебче дојде на свет. Сите детали ќе ги пишам во соодветните теми Имајте среќни и убави денови, и секако најлесен пораѓај!
Денес се роди и моето бебуле! Две - три недели порано, но супер се осеќаме и двајцата Чуството го посакувам на сите.
Да ти е здрав и жив синот, тебе побрзо опоравување, пиши ни како си поминала Јас пишував за млекото дека многу ми помага, драго ми е што ти помогнало и тебе.
Честитки до новите мамички, живи и здрави да ви се бебушите! @manako1 посебно по соленките ја помнам.
Женички денес и јас се олеснив на свет дојде мојата принцеза во 39та недела и некој ден. Супер сме се опоравуваме,па се читаме понатаму во категорија бебе! Фала за убавите совети,поддршка и дружење во текот на целат бременост,многу ми помогнавте, ве сакаме и гушкаме