Фала ви на сите Не можам од кревет сама да станам до кога ќе бидам ваква беспомошна? Природно се породив со епидурал од нула до десет прсти се отворив за 3 саати многу лесно, е тек после беше борбата 4 саати да испадне. Сечена сум малку, сега за сега не ме боли али од епидуралов немам осет да мокрам сама. Само знам дека ми се мокри. И со сестра до веце и тоа не ми успеа.
Со среќа нека е жива и здрава што побрзо да закрепните дај боже да не е нешто сериозно Ви држам среќа!
Притискаа ли на стомакот за да испадне? И кај мене беше така, се отворив од провокација, но бебе не сакаше да испадне, па ај ме виткаа со ќебиња, притискаа на стомакот и на крај со вакуум. Искуство околу мокрењево немам, ама кај мене не фати епидуралот, односно држешњ само пола час, а потоа ги осеќав болките но ми се парализираше едната страна. Последица од епидуралот. Претпоствувам и кај тебе е нешто слично. За еден ден ми се врати осетот, се надевам имкај тебе ќе биде така.
Честитки МАЈЧЕ! Да сте живи и здрави, само убавини да ве следат. Не се грижи, и моето бебче имаше проблем со дишењето, малку на доза кислород, за ден ,два супер ќе си е Ве гушкам
@FreeMind Честитам мамичке, се ќе биде добро, сигурно брзо ќе се опоравите. Не се секирам пошто сепак Германија е тоа. Позитивна мисла и ќе помине се додека трепнеш.
Честитки! Нека е жива и здрава, на тебе брзо опоравување. И мојата беше два дена на кислород, после трети само со мала поддршка кислород, четврти ден веќе без ич, ке биде во ред не се грижи. За брзо да си се гушкате дома
Без притискање и вакум испадна. Едноставно од епидуралната снемав контракции и одеше многу тешко испаѓањето. Многу. Убаво фати кај мене се до испаѓањето не чувствував ништо. Али еве сеуште немам осет да измокрам.
Прашав бидејќи рече дека одело бавно, па некогаш мораат малку да асистираат. Телото после пораѓајот осеќа сеуште огромна исцрпеност и постпородилниот период може да е подеднакво тежок како и со царски, па и обично одење до веце може да е тешко. Како и да е, ти посакувам побрзо опоравување и бебушка да си ја држиш во раце што побрзо. Некогаш не оди се 100% по книга но важно добро се завршува и си во сигурно раце кои те следат и ќе реагираат за што и да е. Верувам во текот на денот ќе се врати и кај тебе осетот.
@FreeMind cestitki mila. Zdrava, vesela i najsrekna da bide princezata. Se ke si dojde na svoe mesto, samo trpenie
Јас не можев да се измокрам после пораѓај. Имав оток доле кај другарката. Нека те ѕирнат не е страшно. Со ладни облоги се среди.
Нема оток ме гледаат. Отрпнато ми е местото сеуште и ако седнам на шоља чувствувам таков силен притисок мислам сите органи ќе ми паднат внатре. И плус не иде, не капнува ни капка. Со катетар ми ја вадат мокрачата и ме мијат со некое дезинфекционо средство. Крварам како крава. Се надевам до вечер ќе станам од кревет сепак луѓе со царски станаа за ден ова моево не би требало да е страшно.
@FreeMind 31.01 многу убав ден честитки мила жива и здрава и ти и твојата керкичка ви посакувам поскоро опоравување
Честитки здрава и жива да е малата инаетчика, а тебе ти посакувам побрзо опоравување крварењето е нормално јас до месец дена крварев и тоа обилно, со мокрењето незнам веројатно од епидуралот треба да мине време да имаш осет.. Се ќе мине во најдобар ред дај си време на себе и на телото да се оправи, човече израсна и породи