Честитки на сите мајки кои се породија од 20 март па навака. Не бев во можност да пишувам овој период, бидејчќи и јас се породив но во пети месец. Овој пат така морало да биде. Судбина!
Лило жал ми е за твојата загуба, јас имав биохемиска па уште не можам да го преболам, а не можам ни да замислам како ти е на тебе а си стигнала до пола кревај глава горе, собирај сила ,така требало да биде, Господ уште поголема среќа ќе ти даде Ако не ти е тешко и болно пиши ја причината. Те гушкам
Софи незнам ни јас што се случи. На сите контроли се се беше во ред, напредуваше како што треба. И скринингот беше ок. Но едноставно му застана срценцето. На контрола отидов бидејќи сакав да го видам полот но докторот ми рече едноставно нема срцева реакција. Морав да се породам веднаш затоа што веќе две недели беше починато во мојата утроба и во фаза на распаѓање се наоѓаше. Па одлучив да одам во приватна клиника. Тоа е така морало да биде
Нема зборови што може да те утешат. Многу добро знам. Ќе ти дадам само еден добронамерен совет, тагувај! Дозволи си да се помириш со загубата, ќе ти биде многу полесно во иднина. Ако треба викај, урлај, крши, испразни се од себе. И не се затварај во себе, разговарај со блиските, искажи си ги чувствата. Дај си време да се излечиш психички и после тоа главата горе и гледање само напред. Нема да ти речам ќе заборавиш, никогаш нема да заборавиш, ама болката ќе стивне и ќе остане само сеќавање. Ако ти треба некој за разговор слободно пиши ми, тука сум во секое време. Те гушкам
Многу ми е жал мила, твојов случај ме потсети на мене што ми се случи пред 1год. но за среќа гинекологот го откри тоа на првиот скрининг и ми кажа дека срцето на бебето ќе издржи до 6ти месец од бременоста, тоа е заболување што ретко кој доктор може да го открие а жалосно гледам кај нас многу често се случува. Ти посакувам побрз опоравак