Труднички муабети Здраво мешиња! Јас на 30/03/2014 во 11:10 часот на свет го донесов момчето со најубавите очи, очи полни среќа, љубов и невиност. Мојот син, центарот на мојот свет! Имав многу тежок пораѓај, се мачев цели 36 часа, ќе ви раскажувам во породилни приказни штом се одморам малку. Најважно е тоа што сме и двајцата живи и здрави! Јас многу уморна, но истовремено и посреќна никогаш не сум била! Она што клоцаше и преткаше во мојот стомак, го држам во своите раце! НЕМА ПОУБАВО ЧУВСТВО! Ти благодарам Господе за овој толку скапоцен подарок!
Честитки Јаготче да е здраво и живо синчето големо да расти со мама и тато заедно,само радости да ви носи поздрав до тебе уживај си сега и гушкајте се
мамички јас конечно се породив ептен сум среќна поминав и подобро од очекувањата , сега сме домче и уживкаме со принцеската поздрав до сите