Во уништена и токсична дистописка иднина, постои заедница од 10.000 луѓе кои живеат во огромен подземен силос кој има стотици катови длабочина; таму луѓето живеат во општество полно со строги закони и прописи за кои веруваат дека се наменети да ги заштитат. Ја почнав пред некоја недела и за најбрз можен рок ги изгледав достапните епизоди, доста заразна е. Уште не е излезена цела прва сезона, уште 2 епизоди има до крајот на првата. Ја гледа ли некој овде? Ја препорачувам на секој што сака Sci-Fi драми.
Многу сакам серии со вакви дистописки елементи. Ребека Фергусон беше само причина плус за да ја поттурнам серијава и да почнам со гледање што поскоро. Ептен ја засакав од Белата кралица. Изгледав две епизоди, на почеток сум, но доста ме влече и сигурно ќе ја завршам за брзо. Ќе пишам поопширно кога ќе ја завршам, да ми се присобере материјал за коментирање. И стварно, никој друг не ја гледа серијава?
Ја изгледав за 3 дена. Предобра според мој вкус. Едно мислиш, друго искача, трето е вистината Читав дека прва сезона е само вовед во причата, втора сезона ќе била доста поинтересна, односно заплет. Едвај чекам
Тек сеа гледам дека има тема за серијава. Една од поомилените годинава ми е, ептен ми се допадна. Самата приказна е интересна, концептот на бункер под земја во кој има цело едно разработено општество. Луѓето не излегуваат надвор затоа што сметаат дека е загадено и се умира. Најголемата казна за еден престапник е праќање надвор да го бришат прозорот преку кој гледаат надвор од бункерот. А што ако нештата не се такви какви што главните велат дека се? Пар луѓе пробуваат да ја откријат вистината за бункерот и тоа што е надвор. Прашања за втора сезона: Спојлер: Само за тие што ја изгледале сезоната до крај Што има во другите бункери? Зошто има повеќе бункери? Што се десило на Земјата и зошто се изградени бункерите? И секако, дали Џулиет ќе влезе во нов бункер?
Спојлер: За тие што ја изгледале сезоната до крај Ја мислам дека во сите бункери си живеат луѓе како и во првичниот Силос, ноо можно е да биде со друга тематика односно друга прича зашо живеат под земја и дали воопшто знаат дека живеат под земја. Мислам дека силосите се еден вид на ,,проект ,, од некој си таму. Нешто слично како Westworld ако го имаш гледано.
јаооооо ајде пак ке треба да си го активирам профилот на HBO ако си гледала некоја епизода од 2ра кажи ми дали вреди да враќам акаунт за сезоната ( мислам дека да )
Apple TV е, ја нема на хбо серијава. Да не си се помешала со некоја друга? Инаку да, супер е почетокот на новата сезона, само една епизода има излезено досега.
заборавив дека го гледав онлајн а не на ХБО. Нека излезат повеќе епизоди и да барам по онлајн страните како луда за да го гледам
Иста намера имав, да ми се соберат повеќе епизоди ама си реков ај што ќе ми се изнатрупаат, подобро да ја изгледам. Не издржав ама и не зажалив, добар почеток па ќе видиме.