1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопски фестивал

Дискусија во 'Музика' започната од mims-89, 12 ноември 2013.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Во тек е случувањето на Скопскиот фестивал 2013 година. После неколку години пауза, лани повторно стартираше фестивалов. Немаше прогласување победници ниту доделување награди.
    Како што разбрав оваа година ќе имало парични награди и тоа убави суми.
    Како што гледав до сега една песна само ми остави впечаток, за понатаму ќе видиме. Али штом го прочитав Копров на композицијата на Џафер ми стана јасно кој ќе биде победникот :angel:
    Кристина Арнаудова е длабоко навлезена со С.А.Р.С. филм, толку, немам друг коментар. :x Се изглупира максимално со тој wanna be рок изглед и социјална песничка.
     
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.641
    Пол:
    Женски
    еееј абе јас за малце ќе заборавев...на која дата е скопскиот фестивал,пренос,време? :?:
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Моментално се случува, има пренос на МТВ. Ама штотуку завршија песните, сега би требало да биде гласањето.
     
  4. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Ме освои песнава, неколку пати ја слушам откако заврши фестивалот. Веќе ми е омилена.
    http://www.youtube.com/watch?v=FZTIswmDIVM

    Не е лоша и победничката на Ламбе. И на Тамара ми се допадна.
     
  5. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    :inlove: Елена беше прекрасна,а и Ламбе.
    Колку е природен и емотивен,срцка е
     
  6. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Го проследив фестивалот и можам да кажам дека го имаше потребниот сјај кој се врзува за него години наназад. Песните и изведувачите беа на ниво потребно за овој фестивал.
    Кога го слушнав Ламбе веднаш ми остави впечаток и според мене заслужено го освои првото место.
    Тамара имаше одлична песна,која слободно можам да кажам дека ме потсети на Adele - Skyfall не со намера да ја споредувам туку од причина што ми звучеше моќно и светски.
    Како што кажа mims-89 не знам што и беше поентата на Кристина Арнаудова со изборот на песничката ама тотална утка, само ќе спомнам дека последната нејзина песна од Мак фест беше прекрасна, очекував нешто такво и овде ама ме разочара.
    Се на се имаше добри песни кои допрва ќе се вртат по радио станиците.
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас не го гледав фестивалот, само ги слушнав Елена и Тамара, бидејќи само нивните песни успеав да ги најдам на YouTube. На Елена песната е прекрасна, а на Тамара ми е дежа ву.

    Туку сакав да прашам - што е форава со песната на Ламбе? :^)
    Имало некоја фрка околу гласањето? Го ставиле на насловна на Вест, ама не можам да ја најдам песната... Ѕирнав само слики, Дани машала качила некое кило повеќе :wasntme:
     
  8. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Сериозно ви се допадна онаа ревија на преплатени плагијатори со дефицит на инспирација и очигледно и на љубов кон музиката кои само се затскриваат зад името на некогаш престижниот фестивал? Имав во план да пишувам уште, ама ќе се воздржам.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Мене Тамара ме изненади,конкретно со пеењето.
    Песната ми е нeкако слична на претходните кои ги имала.
    Се гледа дека има вложено во пеењето,т.е во гласот,за разлика од порано кога се "давеше" само на настапи.

    Песната на Ламбе би се допадна.Несакам да коментирам дали е наместено или не,зошто било кој да победеше пак ќе се збореше дека е местенка.Он барем пее,за разлика од Елена Ристеска.
    Со здравје да си ги троши паричките. :D
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ooo мисли си дека Ламбе ќе ги троши. Џеј Џеј ќе си ги лапне 20000 евра. И тој остана да добива први места по фестивали... жалосно.
    А иначе со гласањево работата беше што уствари неможеше да се гласа за одредени песни,не стигаа гласовите и не се регистрираа. Тоа ти е класична македонска работа, местени фестивали, се ќе направат за пари... |(
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Пишував за Ламбе во друга тема, страшна работа.

    Елена одлична, немам коментар. Диме иако ми се допаѓа, песната му беше слаба.
    Ристо С. главен инвентар на фестивали, легендата вели не пропуштил ниту еден.

    Сценографијата и оркестарот перфектни, ама песните во глобала не ми се допаднаа. Врне врне, Џоко и неговиот рибарски аутфит, Горан Каран одличен. Не знам дали е само мој впечатокот, ама за пола песни слободно можам да кажам беа модифицирани од веќе постоечки, срамота!

    За мене Елена заслужи 1-во место место нејзиното другарче.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Никој не го заслужи првото место ниту парите. Заглавивме во неквалитет. Беда.
     
  13. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Иако вчера настапот на Елена го доживеав ко што еден на твитер пиша - "Дојде, се развика и си отиде", денес не можам да ја извадам песната од глава, многу ми се засвиѓа :D :D

    Според мене, одлично изгледаше фестивалов, оркестар во живо е секогаш полн погодок, дава сосема друга атмосфера, одлична ;)
     
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Не гледав, само на youtube што се поставени некои од песните ги видов. Погледнав за модата на фестивалот што беа сликани комбинациите и Дани непријатно ме изненади, ако не пишуваше дека е она немаше шанси да ја познаам. Околу 10 кила како да има качено, таман се среди онака згодна, као вежбала ова она, па пак на ова, штета.
     
  15. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    За жал, немав можност да го гледам Скопскиот фестивал оваа година, но видов и слушнав некои од песните на youtube, искрено, мене ми се допадна песната на Ламбе, па честитки за победата и со здравје нека си ги троши паричките, убава сума си заработи за 3минути :D
    И на Тамара песната не беше лоша, иако многу повеќе ми се допадна како изгледа, и на Елена песната добра е :)

    Прочитав за песната на Кристина Арнаудова негативни критики тука, а не можам да најдам линк да ја слушнам, не знам ни како се вика де, ај ако може линкче :)
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Македонската музичка сцена долго време е на дно ама сега јавно покажа дека тоа навистина е така.
    За правење и пеење добри песни никаде ги нема, си вртат нивни бедни свирки и даваат интервјуа по бедни тв и списанија. И да немаше парична награда на Скопски фестивал, повторно никој немаше да се пријави. Значи зинале за пари а дошле со катастрофа песни (како и секогаш). Ако веќе сакаа пари можеле да се потрудат повеќе. Иако некои си признаваа мислејќи со тоа ќе соберат поени, некои не признаваа дека им е за парите, како на пр.сељакон Џафер - што биле 20 илјади евра, ооо мочко еден ти ни 5 не си видел ама ај.
    Не ги гледав сите песни ама од она што го видов не сум изненадена.
    Прво за изгледот на пејачите/чките, кичерај невиден, мислиш со фризурине плавушки на бранови сакале Мерлин стил да постигнат ама барем да се договореле една да изгледа како Мерлин друга како Дајана трета како Клеопатра.
    Толку да нема емоции во изведбите не ми се верува. Ламбе прво место-не заебавај, па пееше без тон во гласот, како и секогаш, вештачки и без шарм. Исто и другиве, кој се дереше, кој врескаше, кој сакаше да покаже види кој/а сум. Тој што зема трето место можел да облече посаглам кошула а не индиски тепих, ама сега ќе му остане некој денар од наградата па ќе си купи, ама парите не се битни туку стилот.
    Нека се засрамат сите, Тоше и мртов издава песни и тоа далеку поквалитетни од овие тркачкиве за пари. Мислам дека беше единствен пејач кој ги засенуваше сите не само со глас, туку и со шарм, емоции,топлина во песната, став. Не знам дали повторно ќе се роди таков пејач.
    Да ја пуштеа -Све је ово премало за крај, ќе ги собереше сите награди, па нека ги поделеа парите на сиромашните.
    За сега квалитетен глас ми е Лозаноски ама не видов дали пеел вчера.
     
    На Hipster, Kacjushka, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    598
    Го следев цел ама искрено ме разочара! Како бомбастично го најавуваа,ама очигледно мислеле само на главната награда,очигледно 20.000 евра им биле бомбастични!
    Од 24 песни мене 3 дали ми се допаднаа...
    Можеби песните всушност и не беа толку лоши колку што немаше кој да ги донесе на сцена,да ги интерпретира!
    Највише ми се допадна Сара Мејс-Врне,врне-најразлична песна од сите,нетипична за Скопски ама со шмек и одлична музика и интерпретација...
    На Елена ми се бендиса многу ама кој вокал да ја испее,се измачи кутрата... Тука ќе ги вбројам Тамара и Димитар Андоновски ама онака просечно...
    Победникот блед,млитав настап,песна ок, просечна ама никако за победа!
    За стјлингот не ми се ни коментира,пола од нив беа облечени као за дома или обично искачање као на пр.Ѓоко Танески,Кристина Арнаудова итн..
    На Елена и се смеат сите што и била финтата со Богородица,па барем се потрудила да биде нешто различно а и во склоп со текстот на песната...
    Се на се,очекував повеќе...
    И секако на крај ќе заборавев да споменам дека оркестарот си беше како и секогаш на ниво! Тоа е единственото нешто што му даде шмек на фестивалов! ;)
     
  18. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Не ме интересираат стајлинзи и такви работи, чисто процедурално, кога го видов Ламбе одма ме потсети на еден луд научник од Супермен. Инаку Ламбе си е ок. Ваљда само лош избор на облека. Или мојата фантазија.
     

    Прикачени фајлови:

    • mad sc.jpg
      mad sc.jpg
      Големина на фајлот:
      17,4 KB
      Прегледи:
      219
    • lambe.jpg
      lambe.jpg
      Големина на фајлот:
      24,2 KB
      Прегледи:
      219
  19. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    На прв поглед стајлингот на Ламбе од Скопски Фестивал многу потсетува на оној на Тоше кога беше на Евровизија со “Ангел си ти“.. или можеби само мене така ми се причини :^)
     
  20. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Не го гледав целиот фестивал, али поголем дел од песните ги слушав...и прв впечаток ми беше дека е натпревар кој од кој појќе да се изнадере, посебно женските изведувачки, а Елена на крај мислам беше врв од сите :D
    Мора да признаам дека оркестарот и изведбата во живо беа на ниво и му дадоа тежина на фестивалот.
    Не знам шо да коментирам за квалитетот на песните...имаше и добри ама некако толку е капацитетов на нашава естрада. Наградите беа примамливи и кој и да каже дека не се пријавил за парите-лаже.
    Дали било наместено или не, не знам, ама барем Ламбе беше добар и мислам заслужи да победи, со здравје да си ги троши парите т.е. дел од нив пошто нели ќе ги дели со композиторот Јованов.