Да и на прв и на втор и псоле уште неколку пати.Мојата матична има навика на секој преглед да ми мери така увидовме на преглед во 28 недела ,дека 27 мм па ми препиша и терапија и лежење
Доколку сакаш на приватно во авицена мислам дека е околу 4000 денари. Скрининг секако праве матичниот гинеколог.
Се прави на ГАК, јас правев. Инаку бесплатен е, само треба матичниот гинеколог да ти закаже преку мој термин. Нека не те мафта дека нема термини, биди поупорна, мене сакаше да ме убеди кај нив да си платам приватно.
Прати си термини на мојтермин,и одма ке се јавиш кај матичната за да и кажеш.Фетален скрининг соба 37
Мене ми се падна Д-р Слаѓана Симеонова Крстевска. Предобра е се ти објаснува. Околу 45 минути ме гледаше сигурно. Јас имав ко за беља ковид во 5ти месец, па мораше во ковид делот на ГАК да ми го прави. Искрено, не би знаела како се поделени по амбуланти, ваљда матичната може да види на мој термин.
Секој ден отварај,зашто отвараат и на дневно ниво по еден до два ....Ти посакувам да си начекаш термин
Јас мислам дека не вреди приватно да идеш за Приската. Самиот тест по себе не е многу веродостоен, во смисла дека само е показател, не ти дијагностицира ништо конкретно. Ептен ако ти покаже приската нешто сомнително, па тогаш да плаќаш приватно за нифти или слични тестови.
Да ве прашам за вториот скрининг, планирам да го правам во Систина, па читав во Труднички муабети за д-р Драшко, не разбирам дали се закажува кај тој доктор по индикација само или треба сами да си побараме да не види докторот?
Фала ти. А за скринингот, совет да одам плус на приватно или само кај матичниот во ординација да си го направам? Искрено не знам што треба да очекувам да ми кажат...
Покрај вториот скрининг, што за него го препорачувам др. Димчев, веќе се советува и за фетална ехокардиографија. Тој "скрининг" се прави 23-24 недела, доколку имаш индикации е морален - ако те препратиле од втор скрининг, доколку не, е пожелен само.
Јас бев во Систина и плус кај матичната, така некако ми се поклопија прегледите и некако посигурно се осеќав дека двајца го направија прегледот и поминав добро. Ако можеш да си дозволиш, јас ти препорачувам да направиш и приватно.
Ок супер чим така, ќе си побарам да ме види и Драшко. Инаку веќе закажав кај Јорданчо Иванов за скринингот, се надевам ќе поминеме добро.