Створил име, не се сомневам во неговата стучност. Не дека нема пропусти и он. Има и други што се многу стручни. Од клиника има искрено и многу добри доктори ама односот е поинаков, ваму се плаќа доста треба да имаат друг однос за да имаат пациенти. Кој би идел ако е дрзок и безобразен за ниедни пари човек не би отишол.
Која недела го направи третиот скрининг ? Јас сум за една недела на регуларен преглед кај неа, 31 ќе бидам ама си закажав нормален преглед, не ми спомна ништо претх пат докторката за трет скрининг. Дали има тоа врска …
29та Повеќе е како регуларен преглед искрено, толку и ми наплатија, не како скрининг. Трет викаат затоа што мерат се пак детално, ама па на секој преглед она се ми мери.
Јас од беа сум презадоволна. Се ми објаснуваше детално, не се многу долги прегледите кај беа ама што треба да види ќе види. Жената е цар.
Мојата докторка е повеќе за неа него за димчев кога си збориме интерно, па се мислам кој да одберам бидејќи мојава докторка е инвитро специјалист не верувам дека ќе ме породи вероватно сега од втор скрининг ќе ме спушти веќе доле и претпоставувам затоа ми даде совет за Гордана бидејќи она тера до крај
Девојки здраво Матичната утре ми закажа приска и прв скрининг на гак. Бидејќи ми е прва бременост, би сакала да прашам каде точно се влегува на Гак? Дали од главниот влез од кај рампата надоле по скалите лево или скроз од другата страна ?
Можеш и од таму да влезеш, одма после рампата има влез лево. Тука влагаш кај амбулантите, и после ќе одиш напред кај амбулантата за скриниг за да не кружиш. Јас се од тука влагав.
Денеска бев на ехо кај докторката на приватно што одам сакаше да ме види пред нова година. Ми го мереше грлото на матката и рече добро е јас некако на друго бев сконцентрирана незнам ми промакна колку рече дека е, и рече има малку слаџ, и покажав крвна слика од петокот дека бев настината ниско црп мирно све вика ај да видиме после нова година и не ми даде терапија. Се консултирав со еден колега на гак е специјализант вика за две недели пак да мерите грло, ако се намали терапија да се земе. Ме замисли не ми рече нешто посебно докторкава. Може ли некој ако знае кое е од овие параметри должината на грлото? И што мислите треба да реагирам за терапија?
Не се гледа баш најдобро ама грлото е. Ме интересира чисто да споредам со скринингот од пред 4 недели
За слаџ, да обавезно барај терапија, инфекција е тоа и крати грло. 43ваљда е грлово, супер е и повеќе од супер, ама за слаџ обавезно терапија.
Толку е. Иначе димензии обично дава доле десно во мм. Ама ова е над 4цм грло во секој случај. За слаџ барај второ мислење, со антбиотик ќе се среди, не оставај на случајности.
За слаџ антибиотик веднаш, инфекција е јас минатата бременост ја имав за жал. Јас би консултирала одма специјалист друг. Грлото според мерки е над 4тоа е супер ама слаџот е сериозна работа не се остава без антибиотик, најчесто сумамед
На ќошот од едната слика има доле 3.57 cm слабо се гледа а на скринигот 12та недела вкупно три вредности се 3.58cm кога ќе ги соберам. Хм.. Дали е тоа вредноста. На скринингот од гак нема пишано ништо.
Тоа рече колегава вика даваме на гак терапија пред да почне да се крати. Ако се скрати треба да се мирува и терапија.
Од она што имам читано и 3,50 да е е ок димензија, така да тоа не се оптеретувај. Фокусирај се на решавање на слаџот одма тој носи лоши работи, знам од искуство специјалисти и интравенозно што вметнуваат снтибиотик за слаџ ама и сумамедот генерално помага во највеќе од случаите. Оди на специјалист приватен одма некој ептен добар итно да препише се што треба немој да оставаш
Му се јавив на матичниов, ајде вика дојди утре да те видам му кажав дека сум била на гак кај другаров заш алергични се на приватниве клиники чим им ги спомнеш... Ќе видам утре со него па ако треба ќе појдам и на друго место. Незнам и Котларова за раб ја слушнав нешто и кажав дека бев и ме праша како помина на ехо и кажав и она ништо не спомна.
Убаво нека разгледа утре, за слаџ да видат и канал најдобро е вагинално со сонда, преку стомак не се гледа да знаеш. Па ќе пишеш што ќе каже. Не се паничи, ама сепак биди предострожна, јас ти праќам ептен среќа и позитива
Да така денеска и ме гледаше. Фала многу, да подобро е да се делува на време нешто ете денеска ме натера да идам, работава беше ако сте во можност поминете да те видам ми рече докторкава. И викам ај ако стигнам дека бев претходната недела кај матичниот ( тој до сега грло не ми мерел) и добро што стигнав да отидам.